Трка околу Пекинг
Трка околу Пекинг — етапна професионална велосипедска друмска трка, која се одржува во Кина. Нејзиното прво издание се одржало од 5 до 9 октомври 2011 година, како завршен настан на Светската турнеја на UCI 2011. Трката е партнерство помеѓу UCI и локалната власт на Пекинг и покрива период на соработка од четири години, од 2011 до 2014 година. Трката е наследство од Летните олимписки игри 2008 и го промовира Пекинг како глобален град.[1] Во септември 2014 година, UCI објавил дека изданието на трката во 2014 година ќе биде последно.[2]
За трката | |
---|---|
Датум | октомври |
Регион | Пекинг, Кина |
Месно име | 环北京职业公路自行车赛 |
Прекар | 环北京、环京赛 |
Дисциплина | Друмски |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Етапна трка |
Историја | |
Прво одржување | 2011 |
Одржувања | 4 |
Последно одржување | 2014 |
Прв победник | Тони Мартин (ГЕР) |
Најмногу победи | Тони Мартин (ГЕР) (2 победи) |
Последен победник | Филип Жилбер (БЕЛ) |
Победници
уредиГодина | Земја | Возач | Екипа |
---|---|---|---|
2011 | Германија | Тони Мартин | ХТЦ-Хајроад |
2012 | Германија | Тони Мартин | Омега Парма-Квик Степ |
2013 | Шпанија | Бењат Инчаусти | Мовистар Тим |
2014 | Белгија | Филип Жилбер | Ванти-Груп Гобер |
Наводи
уреди- ↑ „Трка околу Пекинг се придружува на календарот во светската турнеја“.
- ↑ Худ, Ендру (23 септември 2014). „UCI стави крај на Трката околу Пекинг, подготвува големи промени“. VeloNews. Посетено на 24 септември 2014.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Достигнувања на Cycling Archives