Роџер Федерер
Роџер Федерер (германски: Roger Federer, Базел, 8 август 1981) e професионален швајцарски тенисер, моментен светски број еден, кој успеал да остане на АТП листата рекордни 237 последователни недели,[6] а вкупно повеќе од 310 недела, што исто така претставува рекорд. Од 3 март 2019 тој е рангиран на четврти место од страна на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП). Многу тениски критичари и негови колеги, го сметаат за најдобар тенисер на сите времиња.[7][8][9][10][11][12][13][14][15][16][17]
Прекар | Федерер Експрес („Федекс“), Кралот Федерер[1][2][3][4] | |
Земја | Швајцарија | |
Место на живеење | Ботминген, Швајцарија | |
Дата на раѓање | 8 август 1981 | |
Место на раѓање | Базел, Швајцарија | |
Висина | 1.85m | |
Тежина | 85 кг [5] | |
Професионалец | 1998 | |
Игра со | • десна рака • еднорачен бекхенд | |
Заработка | $ 123,632,204 | |
Синглови | ||
Резултат: | 1251–275 | |
Титули во кариера: | 101 | |
Највисок дострел: | 1 (2 февруари 2004) | |
Резултати на Гренд Слемови | ||
Австралијан Опен | П (2004, 2006, 2007, 2010, 2017, 2018) | |
Ролан Гарос | П (2009) | |
Вимблдон | П (2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2009, 2012, 2017) | |
УС Опен | П (2004, 2005, 2006, 2007, 2008) | |
Двојки | ||
Резултат: | 131–93 | |
Титули во кариера: | 8 | |
Највисок дострел: | 24 (9 јуни 2003) | |
Инфокутијата е последен пат надоградена на: |
Федерер е рекордер по бројот на освоени титули на Гренд слем турнирите, 20 (6 на Отвореното тениско првенство на Австралија, 1 на Ролан Гарос, 8 на Вимблдон и 5 на Отвореното тениско првенство на САД). Тој исто така има освоено и 15 турнири од АТП Мастерс серијата, 4 турнири од Мастерс серијата и златен медал во игра на двојки, заедно со Станислас Вавринка на Летните олимписки игри - 2008, одржани во Пекинг. Федерер држи и многу други рекорди, меѓу кои најзначајни се 10 последователни учества во финалните мечеви на Гренд Слем турнирите (од Вимблдон 2005 до Отвореното првенство на САД во 2007), како и 20 последователни учества во полуфиналните мечеви на Гренд Слем турнирите (од Вимблдон 2004 до денес). Тој, исто така е и тенисерот со најголем број на победи на трева (65) и тврда подлога (56) во историјата на отворената ера во тенисот. Со победата на Ролан Гарос во 2009, Федерер стана шестиот тенисер кој победил на сите 4 Гренд Слем турнири.
Благодарение на сјајните успеси, Федерер е избран за спортист на годината според списанието Ларус, 4 години по ред (од 2005 до 2008), а за истото признание бил номиниран и во 2004, но не успеал да го добие.[18] Во 2009 година, АТП го избрал Роџер за најдобар играч на деценијата (2000-2009).[19] Во 2011 Федерер бил рангиран на 25. место на највлијателни славни личности според магазинот Форбс.[20]
Федерер е оженет за поранешната тенисерка Мирка Федерер (родена Мирослава Вавринец), која работи како негов менаџер за односи со јавноста. На 23 јули 2009 тие ги добија нивните први деца - близначките Мајла Роуз и Шарлин Рива. Федерер има двојно државјанство: швајцарско и јужноафриканско.
Приватен живот
уредиДетство и личен живот
уредиФедерер е роден во Бининген, во близина на Базел, во семејство на татко со швајцарско потекло Роберт Федерер, додека пак неговата мајка Линет Федерер потекнува од Јужноафриканската Република.[21] Тој денеска има две државјанства - швајцарско и јужноафриканско.[22] Пораснал во Мјунчестејн, во близина на Базел, во близина на француско-германската граница и како резултат на тоа Федерер зборува швајцарско германски, германски, француски и англиски јазик, но тој го смета германскиот за негов мајчин јазик.[21][23][24] По религија бил растен како римокатолик и го сретнал папата Бенедикт XVI додека играл на Меѓунароното првенство во Италија (2006) во Рим.[25] Како и сите машки персони во швајцарската федерација и Федерер бил принуден да оди и да и служи на швајцарската армија, но во 2003 бил принуден да се откаже поради проблемите кои ги имал со неговиот грб.[26]
Федерер е во брак со поранешната тенисерка Мирка Вавринец (сега Федерер). Тие се сретнале додека заедно се натпреварувале за Швајцарија на Олимписките игри во 2000 година. Вавринец се пензионирала после турнејата во 2002 како резултат на повредата на стапалото и од тогаш таа работи како негов менаџер со јавноста.[27] Нивната венчавка се случила на 11 април 2009, во Базел, на која биле поканети само мала група на луѓе во Венкехоф вилата (општина Риехен).[28] На 23 јули 2009, Мирка ги раѓа нивните први деца - близнаци, Мајла и Шарлин Рива.[29]
Достигнувања и хуманитарни акции
уредиФедерер поддржува голем број хуманитарни акции. Во 2003 година ја основал Фондацијата Роџер Федерер за да им помогне на социјално и економски обесправените луѓе и за да го промовира спортот.[30][31] Во 2005 година го ставил на аукција неговиот рекет со кој играл на Отвореното тениско првенство на САД за да им помогне на жртвите од ураганот Катрина.[32] Во 2006 година бил назначен за амбасадор на добра војла на УНИЦЕФ.[33] Оттогаш ги има посетено Јужна Африка и Тамил Наду, една од областите во Индија кои биле најмногу погодени од цунамито предизвикано од земјотресот во Индискиот Океан, во 2004 година.[34] Тој исто така учествувал во кампањите на УНИЦЕФ за подигање на свеста кај народот за сидата. Во 2010 година, по земјотресот во Хаити, Федерер се договорил со дел од врвните тенисери, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Енди Родик, Ким Клајстерс, Серена Вилијамс, Лејтон Хјуит и Сем Стосур, да се откажат од последниот ден за подготовки за Отвореното тениско првенство на Австралија и да организираат посебен добротворен настан наречен „Погодок за Хаити“ и сите собрани средства да бидат за жртвите од земјотресот во Хаити.[35] Бил назначен за млад глобален водач за 2010 година од страна на Светскиот економски форум како признание за неговото раководство, постигања и придонеси за општеството.
Тениска кариера
уредиДо 1998 година: Јуниорски години
уредиНајзначајните постигнувања на Федерер како јуниорски играч се на Вимблдон, каде успеал го победил Иракли Лабаѕе со 6-4, 6-4[36] на натпреварот во поединечна конкуренција, а во парови заедно со Оливиер Рошу го поразиле тимот на Мајкл Лодра и Енди Рам со 6-4, 6-4.[37] Во 1998 година, Федерер го изгубил турнирот на Отвореното тениско првенство на САД во јуниорска конкуренција против Давид Налбандиан со резултат 3-6, 5-7. Освоил четири други ИТФ натпревари во поединечна јуниорска конкуренција во неговата кариера, вклучувајќи го и престижниот Оринџ Боул каде го поразил Гуљелмо Кориа со 7-5, 6-3 во финалето.[38] 1998 година ја завршил како број еден јуниор во светот.
Од 1998 година до 2002 година: Рана кариера во АТП
уредиТурнирот во Гштaад во 1998 година бил првиот турнир на Роџер Федерер како професионалец, каде изгубил со 4-6, 4-6 од Лукас Арнолд Кер и не успеал да обезбеди настап меѓу последните шеснаесет.[39] Првото одиграно финале на Федерер било во 2000 година на турнирот во Марсеј каде изгубил со 6-2, 3-6, 6-7 од неговиот сонародник, Швајцарецот Марк Росет.[40] Федерер заедно со Мартина Хингис, претставувајќи ја Швајцарија, го освоил Хопман купот во 2001 година. Првата победа на Федерер била во 2001 година на турнирот во Милано кој се играл на затворено, каде го поразил Жулиен Бутер со резултат од 6-4, 6-7(7), 6-4. Во 2001 година, стигнал до првото Грен Слем четвртфинале на Отвореното тениско првенство на Франција и истата година стигнал и до четвртфиналето на Вимблдон поразувајќи го Пит Сампрас, шампионот кој четири пати ја бранел титулата. Најпрестижното финале до кое стигнал во овој период е финалето на Мастерсот во Мајами во 2002 година, каде изгубил од Андре Агаси со 3-6, 3-6, 6-3, 4-3 на тврда подлога.[41] Во 2002 година Федерер го освоил првиот турнир од Мастерс сериите, Мастерсот во Хамбург кој се играл на земја, победувајќи го Марат Сафин со 6-1, 6-3, 6-4. Благодарение на оваа победа се нашол помеѓу првите десет тенисери. Во овој период од неговата кариера, од 1998 година до 2002 година, одиграл десет финалиња од кои на шест изгубил, а на четири победил. Од 1998 година до 2002 година, Федерер одиграл шест финалиња во парови.[39][40][41][42][43] Значајни се поразот на Федерер и неговиот партнер Макс Мирни во финалето на Мастерсот во Индиан Велс во 2002 година и нивната победа во финалето на еден од турнирите на серијата 500 во Ротердам, кој се одиграл истата година. Претходната година Федерер го освоил турнирот во Ротердам заедно со партнерот Џонас Бјоркман.
Од 2003 година до 2006 година: Пробив и доминација
уредиВо 2003 година, Федерер ја освоил првата Гренд Слем титула во поединечна конкуренција, на Вимблдон, победувајќи го Марк Филипусис со 7-6(5), 6-2, 7-6(3).[44] Федерер го освоил својот прв и единствен турнир во парови на серијата Мастерс 1000 во Мајами заедно со Макс Мирни[45] и стигнал до финалето во поединечна конкуренција на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Рим, кој се играл на земја и изгубил.[44] Федерер успеал да стигне до девет финалиња на АТП турнејата и победил на седум од нив, вклучувајќи ги и турнирите од серијата 500 во Дубаи и Виена.[44] На крајот, Федерер го освоил првенството кој се одигрува на крајот на годината, победувајќи го Андре Агаси.[44]
Во текот на 2004 година, Федерер освоил три Гренд Слем титули во поединечна конкуренција за првпат во неговата кариера и бил првиот кој го направил тоа по Матс Виландер во 1988 година. Неговата прва Гренд слем титула на тврда подлога била на Отвореното тениско првенство на Австралија каде го победил Марат Сафин со 7-6(3), 6-4, 6-2.[46] Потоа ја освоил неговата втора титула на Вимблдон поразувајќи го Енди Родик со 4-6, 7-5, 7-6(3), 6-4. Во 2001 година, Федерер го поразил шампионот на Отвореното тениско првенство на САД, Лејтон Хјуит, со 6-0, 7-6(3), 6-0[46] и ја освоил првата титула на ова првенство. Федерер освоил три турнири од АТП серијата Мастерс 1000.[46] Едниот се играл на земја во Хамбург, а другите два се играле на тврда подлога во Индиан Велс и Канада.[46] Федерер го освоил и АТП турнирот од серијата 500 во Дубаи и ја завршил годината со победа по вторпат на првенството кој се игра на крајот на годината.[46]
Во 2005 година, Федерер не успеал да стигне до финалињата на првите два Гренд Слем турнири, губејќи во полуфиналето на Отвореното тениско првенство на Австралија од шампионот Сафин и во полуфиналето на Отвореното тениско првенство на Франција од шампионот Рафаел Надал.[47] Сепак, Федерер многу брзо ја докажал неговата доминација на трева освојувајќи го првенството Вимблдон со победа над Енди Родик од 6-2, 7-6(2), 6-4. На последното Гренд Слем финале, финалето на Отвореното тениско првенство на САД, Федерер го поразил Андре Агаси со 6-3, 2-6, 7-6(1), 6-1.[47] Федерер освоил четири турнири од АТП серијата Мастерс 1000: Индиан Велс, Мајами и Синсинати на тврда подлога и Хамбург на земја.[47] Покрај тоа, Федерер освоил два турнири од АТП серијата 500 во Ротердам и Дубаи. Во финалето на првенството кој се одигрува на крајот на годината, Федерер изгубил од Давид Налбандиан.
Во 2006 година, Федерер ги освоил титулите на трите Гренд Слем турнири во поединечна конкуренција, а во финалето на Отвореното тениско првенство на Франција изгубил од Надал со 1-6, 6-1, 6-4, 7-6(4). Ова била нивната прва средба на Гренд Слем финале.[48] Федерер го победил Надал во финалето на првенството Вимблдон со 6-0, 7-6(5), 6-7(2), 6-3, што го означува почетокот на нивното соперништво. На Отвореното тениско првенство на Австралија, Федерер го победил Маркос Багдатис со 5-7, 7-5, 6-0, 6-2,[48] а на Отвореното тениско првенство на САД, Федерер го поразил Родик, шампионот од 2003 година, со 6-2, 4-6, 7-5, 6-1.[48] Покрај тоа, Федерер стигнал до шест финалиња на АТП серијата Мастерс 1000, од кои победил на четири кои се играле на тврда подлога, а од Надал изгубил на две кои се играле на земја. Федерер го освоил турнирот од АТП серијата 500 во Токио и по третпат во неговата кариера го освоил првенствотоо кој се игра на крајот на годината.[48]
2007 - 2009 година
уредиВо 2007 година, Федерер стигнал до финалињата на сите четири Гренд Слем турнири и победил на три од нив. Го освоил Отвореното тениско првенство на Австралија, победувајќи го Фернандо Гонсалес со 7-6(2), 6-4, 6-4, на Вимблдон по вторпат го поразил Рафаел Надал со 7-6(7), 4-6, 7-6(3), 2-6, 6-2 и Отвореното тениско првенство на САД го освоил победувајќи го Новак Ѓоковиќ со 7-6(4), 7-6(2), 6-4. На Отвореното тениско првенство на Франција, Федерер изгубил од Надал со 6-3, 4-6, 6-3, 6-4.[49] Федерер стигнал до пет финалиња на АТП серијата Мастерс 1000, но победил само во Хамбург и Мадрид.[49] Федерер го освоил турнирот во Дубаи од серијата 500 и го освоил првенството кој се одигрува на крајот на годината.[49]
Олимписки медали | ||
Натпреварувач за Швајцарија | ||
---|---|---|
Тенис во машка конкуренција | ||
2008 Пекинг | двојки |
Во 2008 година, Федерер освиол една Гренд Слем титула, на Отвореното тениско првенство на САД каде го победил Британецот Енди Мареј со 6-2, 7-5, 6-2.[50] Федерер бил поразен од Надал на две Гренд Слем финалиња, на Отвореното тениско првенство на Франција со 6-1, 6-3, 6-0 и на Вимблдон со 6-4, 6-4, 6-7(5), 6-7(8), 9-7, кога се обидувал да ја освои шестата последувателна победа и да го собори рекордот на Бјорн Борг.[50] На Отвореното тениско првенство на Австралија изгубил во полуфиналето од Ѓоковиќ и тоа ставило крај на неговиот рекорд од десет последувателни финалиња. Федерер двапати изгубил од Надал во финалињата од серијата Мастерс 1000 одиграни на земја, во Монте Карло и Хамбург. Федерер освоил две титули на АТП 250 турнирите во Базел. Во парови, Федерер и Станислас Вавринка го освоиле златниот медал на Олимписките игри.[51]
Во 2009 година, Федерер освоил две Грен Слем титули, Отвореното тениско првенство на Франција поразувајќи го Робин Содерлинг со 6-1, 7-6(1), 6-4 и првенството Вимблдон поразувајќи го Енди Родик со 5-7, 7-6(6), 7-6(5), 3-6, 16-14.[52] На другите два Грен Слем турнири стигнал до финале. На Отвореното тениско првенство на Австралија изгубил од Надал со 7-5, 3-6, 7-6(3), 3-6, 6-2, а на Отвореното тениско првенство на САД изгубил од Хуан Мартин дел Потро со 3-6, 7-6(5), 4-6, 7-6(4), 6-2.[52] Федерер освоил уште два турнири. Првиот бил Мастерсот во Мадрид кој се играл на земја каде го победил Надал во финалето со 6-4, 6-4. Вториот бил во Синсинати каде го победил Ѓоковиќ со 6-1, 7-5, а подоцна изгубил од Ѓоковиќ во Базел со 6-4, 4-6, 6-2.[52] Федерер конечно ги освојува сите четири Гренд Слем турнири со освојувањето на титулата на Отвореното тениско првенство на Франција и постигнува рекорд од освоени петнаесет Гренд Слем титули во поединечна конкуренција, што е за една повеќе од Пит Сампрас кој има четиринаесет.[52]
2010 - 2011 година
уредиВо 2010 година, Федерер продолжува со своите успеси и со освојување на важните титули. Го освоил Отвореното тениско првенство на Автралија.[53] Во финалето го победил Енди Мареј со 6-3, 6-4, 7-6(11), кого исто така го победил во 2008 година во финалето на Отвореното тениско првенство на САД.[50][53] На Отвореното тениско првенство на Франција, Федерер не успеал да стигне до Гренд Слем полуфинале за првпат по Отвореното тениско првенство на Франција во 2004 година. Изгубил од Содерлинг со 3-6, 6-3, 7-5, 6-4 во четвртфиналето и го изгубил првото место на ранг-листата.[53] Сепак, на Отвореното тениско првенство на Франција го освоил неговиот 700ти меч и 150ти меч на земја.[53][54] На Федерер му недостигала само една недела за да се израмни со рекордот на Пит Сампрас кој 286 недели бил број еден во светот. Тоа е првпат по 2001 година Федерер да настапува на Вимблдон со само една освоена титула таа година. На големо изненадување, Федерер изгубил во четвртфиналето од Томас Бердих со 6-4, 3-6, 6-1, 6-4 и се спуштил на место број три на ранг-листата за првпат во речиси седум години, но го освоил својот 200ти Гренд слем меч во првата рунда.[53][55][56] На Отвореното тениско првенство на САД во 2010 година, Федерер стигнал до полуфиналето одмаздувајќи му се на Содерлинг за поразот во четвртфиналето на Отвореното тениско првенство на Франција. Федерер изгубил меч во пет сета од третиот носител и шампионот на Отвореното тениско првенство на Австралија во 2008 година, Новак Ѓоковиќ со 7-5, 1-6, 7-5, 2-6, 5-7. Федерер стигнал до четири финалиња на Мастерс 1000. На три од нив изгубил, а на едно победил. На Отвореното тениско првенство на Мадрид изгубил од Надал со 6-4, 7-6.[53] На Мастерсот во Канада, Федерер изгубил од Мареј.[57] На Мастерсот во Синсинати, Федерер ја освоил својата прва титула за време од осум месеци и е првиот тенисер по Агаси кој ја задржал титулата, победувајќи го Фиш во финалето.[58] Со Агаси се изедначил во бројот на победи на Мастерс турнирите, 17, а со Борг во вкупниот број на освоени титули и со само една титула бил позади Сампрас. Неговиот нареден настап бил во Шангај, каде изгубил од Енди Мареј по вторпат оваа година во финале на Мастерс серијата. Кон средината на јули, Федерер почнал да тренира со тренерот на Пит Сампрас, кој бил на пробна работа, а негова задача била да ги врати играта и кариерата на Федерер во вистинската насока. Федерер освоил две последувателни титули, на Отвореното тениско првенство на Стокхолм, дел од АТП 250 натпреварите и во Базел, еден од АТП 500 натпреварите со што постигнал резултат од освоени 65 титули во кариерата, израмнувајќи се и надминувајќи го Пит Сампрас со вкупно 64 титули во АТП турнејата. На крајот, Федерер го освоил првенството кој се одигрува на крајот на годината (сега познат како Мастерс куп), каде го победил неговиот соперник, Рафаел Надал, освојувајќи ја петтата титула од ова првенство. Полека се враќал на неговата стара форма, поразувајќи ги сите противници без изгубен сет, освен Надал. Откако Пол Анасон станал тренер на Федерер, тој настапувал на осум турнири. Победил на четири од нив, на два бил второпласиран и стигнал до полуфинале на другите два турнири. Од Вимблдон во 2010 година, односот на победите и поразите на Федерер бил 34:4 и пропуштил многу меч топки во двата изгубени натпревари, од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Отвореното тениско првенство на САД и од Гаел Монфис во полуфиналето на Мастерсот во Париз. Федерер не играл на Дејвис купот во 2010 година.
На стартот на 2011 сезоната, Федерер го победил Николај Давиденко 6-3 6-4 при што победил на Отвореното тениско првенство во Катар 2011 со што ја добил неговата трета титула после победите во 2005 и 2006 година. Федерер бил победен во сетовите за време на полуфиналињата на Отвореното тениско првенство во Австралија 2011 од страна на Новак Ѓоковиќ, со што за првпат од јули 2003 не победил на четири последователни Грен Слеми. Продолжил понатаму во финалето во Дубаи, но повторно загубил од Ѓоковиќ со 3–6 3–6. Федерер потоа влегол на првиот Мастер 1000 настан на годината, Отвореното тениско првенство во Индијан Велс 2011 каде што се соочил со Игор Андреев од Русија во првото коло 7–5 7–6(4), го победил Хуан Игнасио Чела во третото коло 6–0 6–2, во четвртото коло се пресметал со Американецот Рајан Харисон 7–6(4) 6–3, во осминафиналето го победил неговиот сонародник Станислас Вавринка 6–3 6–4. Подоцна паднал од второто на третото место на АТП списокот на најдобри рекети, со што на второто место дошол Ѓоковиќ 6–3, 3–6, 6–2. Федерер исто така успеал да стигне до дубл финалето заедно со швајцарскиот соиграч Станислас Вавринка, победувајќи го соперникот Рафаел Надал. Федерер и Вавринка биле победени од страна на Александр Долгоплов и Ксавиер Мализе 6–4, 6–7, 10–7 во дубл финалето. Федерер продолжил во Отвореното тениско првенство на Сони Ериксон 2011 во Мајами. Го победил Радек Степанек во второто коло 6–3, 6–3. Го победил и Хуан Монако 7–6, 6–4 како и Оливер Рокус 6–3, 6–1. Потоа и го победил Гилс Сајмон 3–0, кој се пензионирал поради неговата повреда на вратот. Со тоа стигнал до 23-от меч со неговиот најголем соперник Рафаел Надал. Надал доминирал низ мечот и успеал да го победи Федерер 6–3, 6–2. Роџер Федерер продолжил на Монте-Карло Ролекс Мастерс 2011 во Монте Карло, Монако. Во второто коло во импресивен меч успеал да го победи светскиот бр. 34 Филип Кохлшреибер со 6–2, 6–1. Федерер продолжил понатаму и победил и во третото коло на натпреварувањето каде што се пресметал со светскиот бр. 22 Марин Цилиќ и успеал да го победи Хрватот со 6–4, 6–3. Во четвртфиналето се соочил со Мелцер светски рекет бр.9 и неочекувано изгубил со 4–6, 4–6, со што тоа била прва победа за Мелцер во четири средби кои дотогаш ги имал со Федерер. Неговото следно појавување било на Мадрид Мастерс. Со голема тешкотија во првиот меч успеал да го пбеди Фелисиано Лопес после три изедначувања со резултат 7–6(13), 6–7(1), 7–6(7). Во следните кола успеал да ги победи Ксавиер Мализе и Робин Судерлинг со резулатите од 6–4, 6–3 и 7–6(2), 6–4. Во полуфиналето повторно дошло до средба со Рафаел Надал со кого се „борел“ за влез во финалето. Иако во првиот сет успеал да го земе, следните сетови Надал доминирал и успеал да го победи Федерер со 5–7, 6–1, 6–3. Федерер продолжил на Рим Мастерс 2011, којшто го отворил со победа над Французинот Џо-Вилфред Цонга со 6–4, 6–2. Се соочил и со Французинот Ричард Гаскет во третото коло, но изгубил навистина тесен меч во третиот сет со 6–4, 6(2)-7, 6(4)-7. Последното моментално појавување беше на Отвореното тениско првенство на Франција 2011.[59] Во првото коло го победил Фелисиано Лопес со резултат од 6–3, 6–4, 7–6(3). Се соочил со Максим Теиксиера во второто коло и успеал да ги земе сите три сета - 6–3, 6–0, 6–2. Го победил Србинот Јанко Типсаревиќ со резултат од 6–1, 6–4, 6–3. Успеал да стигне до полуфиналето на турнирот каде што го победил Новак Ѓоковиќ и го завршил неговиот рекорд - непобеденост од 43 недели и надеж за искачување на првото место на АТП листата со 7–6 (7–5), 6–3, 3–6, 7–6 (7–5). Во финалето изгубил од Надал со 7–5, 7–6, 5–7, 6–1.
2012 - 2014 година
уредиВо август 2014 година, во второто коло на турнирот во Синсинати, Федерер го победил Васек Поспишил со 2-1 (7-6, 5-7 и 6-2) и со тоа ја забележал 300. победа на турнирите од мастерс-серијата, како прв тенисер во историјата со таков учинок.[60] Подоцна, во октомври 2014 година, Федерер победил на турнирот во Шангај, со што, за првпат по подолго време се вратил на второто место на списокот на АТП, со 9 280 бодови, притоа прескокнувајќи го Рафаел Надал.[61][62]
2015-
уредиНа тенискиот турнир во Дубаи од серијата „АТП 500“, Федерер се пласирал во финалето, каде го победил Новак Ѓоковиќ во два сета (6-3, 7-5). Тоа било дваесеттата победа на Федерер против Ѓоковиќ во меѓусебните двобои. Така, Федерер го освоил својот 84. пехар на турнирите во поединечна конкуренција. Инаку, тоа била седма победа на Федерер на турнирот во Дубаи.[63]
На 22 март 2015 година, Федерер и Ѓоковиќ повторно се сретнале во финалето на турнирот во Индиан велс (Indian Wells). Притоа, во натпреварот што траел 2 часа и 17 минути, Ѓоковиќ остварил победа во три сета (6-3, 6-7, 6-2).[64] Претходно, во полуфиналето одиграно на 21 март, Федерер го победил Милош Раониќ во два сета (7-5, 6-4).
Соперништва
уредиФедерер – Надал
уредиРоџер Федерер и Рафаел Надал играат заедно од 2004 година и нивното соперништво е значаен дел во нивните кариери.[65][66][67][68][69]
Тие ги држеле првите две места на ранг-списокот на АТП турнејата до јули 2005 година до 14 септември 2009 година, кога Надал се спуштил на место број три во светот (Енди Мареј се искачил на второто место).[70] Тие се единствениот пар мажи кои успеале четири последувателни календарски години да бидат на врвот. Федерер бил рангиран број еден рекордни 237 недели, почнувајќи од февруари 2004 година. Надал кој е пет години помлад, во јули 2005 година се искачил на место број два и ја задржал таа позиција рекордни 160 последувателни недели, пред да го надмине Федерер во август 2008 година.[71] Надал води на нивните директни средби со 17-8. Со оглед на тоа што носителите на групите на турнирите се одредуваат според рангирањето, 19 од нивните натпревари биле финалиња на турнири, вклучувајќи го и рекордот на сите времиња од осум Гренд Слем финалиња. Од 2006 година до 2008 година тие играле на секое финале на Отвореното тениско првенство на Франција и на Вимблдон, а во 2009 година се сретнале во финалето на Отвореното тениско првенство на Австралија. Од тие седум средби, Надал победил на пет, губејќи на првите две на Вимблдон. Три од овие натпревари се одиграле во пет сета (Вимблдон во 2007 година и во 2008 година и Отвореното тениско првенство на Австралија во 2009 година), а финалето на Вимблдон во 2008 година било прогласено од страна на повеќе тениски аналитичари за најдобриот натпревар кој некогаш се одиграл.[72][73][74][75] Тие исто така играле и во рекордни девет финалиња од Мастерс серијата, вклучувајќи го и нивниот натпревар од пет часа во 2006 година на Мастерсот во Рим каде Надал победил на тајбрејкот во петтиот сет. Ниеден тенисер ги немал победено и Федерер и Надал на истиот Гренд Слем сѐ до 14 септември 2009 година кога Хуан Мартин дел Потро го поразил Надал во полуфиналето на Отвореното тениско првенство на САД, отворајќи го патот до финалето каде го поразил Федерер. Надал немал изгубено ниту едно финале на Отвореното тениско првенство на Франција (5), а Федерер бил непобедлив на Отвореното тениско првенство на САД сѐ додека не изгубил од дел Потро (5). Двајцата освоиле последувателни Гренд Слем турнири на три различни подлоги (Надал ги освоил Отвореното тениско првенство на Франција во 2008 година, Вимблдон во 2008 година и Отвореното тениско првенство на Австралија во 2009 година, а Федерер ги освоил Отвореното тениско првенство на САД во 2008 година, Отвореното тениско првенство на Франција во 2009 година и Вимблдон во 2009 година).
Федерер – Налбандиан
уредиДавид Налбандиан бил најголемиот соперник на Федерер во почетоците на неговата кариера. Двајцата тенисери имале извонредна јуниорска кариера. Федерер ја освоил титулата на Вимблдон во јуниорска конкуренција, а Налбандиан ја освоил титулата на Отвореното тениско првенство на САД во јуниорска конкуренција (поразувајќи го Федерер). Иако Федерер има мала предност во над Налбандиан, водејќи во резултатот од нивните средби со 10-8, откако станале професионалци, Налбандиан го победил Федерер во првите пет средби. Нивниот највпечатлив натпревар бил во 2005 година на Мастерс купот во Шангај каде Налбандиан по два изгубени сета од Федерер на крајот победил во тајбрејкот на петтиот сет. Налбандиан, Лејтон Хјуит и Енди Мареј го имаат победено Федерер осум пати. Само Рафаел Надал има повеќе победи над Федерер.
Федерер – Родик
уредиФедерер и Родик имаат долго, но непропорционално соперништво. Тие се имаат сретнато 22 пати и Федерер води во резултатот од нивните средби со 20-2. Родик ги има изгубено сите четири Гренд Слем финалиња од Федерер: Вимблдон во 2004 година, во 2005 година и во 2009 година и Отвореното тениско првенство на САД во 2006 година. На 2 февруари 2004 година, Федерер го потиснува Родик од местото број еден за да го започне неговото рекордно владеење на врвот од последувателни 237 недели. Од 2002 година до 2010 година, Федерер и Родик се единствените тенисери кои ја завршуваат секоја година рангирани меѓу првите десет.
Федерер – Хјуит
уредиФедерер и Лејтон Хјуит имаат играно заедно на 25 натпревари. Во почетокот на нивните кариери, Хјуит доминирал над Федерер победувајќи на седум од нивните први девет натпревари, вклучувајќи ја и победата во два сета во полуфиналето на Дејвис купот во 2003 година, која ѝ овозможила на Австралија да ја победи Швајцарија. Сепак, од 2004 година наваму, Федерер доминира во соперништвото со победа на 15 од последните 16 средби, поставувајќи рекорден резултат од 17-8 за нивните средби.[76] Ова е најдолгото соперништво на Федерер затоа што двајцата играле заедно како јуниори во 1996 година. Се имаат сретнато Гренд Слем финале, во 2004 година во финалето на Отвореното тениско првенство на САД каде Федерер победил со 6-0, 7-6, 6-0 и ја освоил неговата прва титула на Отвореното тениско првенство на САД. Федерер го води Хјуит со 8-0 на Грен Слем турнирите и има шест од нив поразувајќи го Хјуит.
Федерер – Ѓоковиќ
уредиФедерер и Новак Ѓоковиќ се имаат сретнато 37 пати на турнирите при што Федерер е во водство од 20–17.[63] Ѓоковиќ е единствениот играч покрај Надал, кој успеал да го победи Федерер повеќе од еднаш на Гренд Слем турнирите почнувајќи од 2004 и единствениот играч покрај Надал да го победи во последователен гренд слем турнир (Отвореното тениско првенство на САД 2010 и Отвореното тениско првенство на Австралија 2011). Поради постојаното исправање во играта и негово напредување на Ѓоковиќ во последните 3 години, многу експерти го вклучуваат Ѓоковиќ како втор најголем соперник на Федерер веднаш после Рафаел Надал. Експерти како Џон Мкејенро велат дека се случуваат големи промени во тенисот и ситуацијата меѓу Федерер, Ѓоковиќ и Надал ја опишува како „Тсоперништво“. Во 2011 Федерер ја прекина серијата на победи на Ѓоковиќ на Отвореното тениско првенство на Франција со победа во полуфиналето.
Федерер – Мареј
уредиФедерер и Мареј се имаат сретнато 14 пати, секогаш на тврда подлога и Мареј води со 8-6.[77] Федерер има победено на сите нивни Гренд Слем натпревари (Отвореното тениско првенство на САД во 2008 година[78] и Отвореното тениско првенство на Австралија во 2010 година[79]), но Мареј води со 3-1 во АТП 1000 турнирите. Трипати се имаат сретнато на АТП Мастерс купот. Мареј победил во 2008 година, а Федерер во 2009 година и во 2010 година. Покрај Надал, Мареј е единствениот тенисер рангиран во првите десет кој има позитивен резултат од средбите со Федерер.
Стил на играње
уредиЏими Конорс за успехот на Федерер изјавил:[80]
Во ера на професионалци, вие сте професионалец на земја, професионалец на трева или професионалец на тврда подлога... или сте Роџер Федерер.
Федерер на насловната страна на „Sports Illustrated“ после победата во Франција 2009. |
Федерер е тенисер кој е успешен на сите подлоги и е познат по неговиот елегантен стил на играње и лесните удари. Федерер најчесто игра на основната линија, но е добар и на мрежа. Денес е еден од најдобрите волеј играчи. Тој има многу делотворен смеч и многу делотворно изведува карактеристични удари во денешниот тенис, како што се бекхенд смеч, полуволеј и скок-смеч (забивање). Дејвид Фостер Валас ја опишал извонредната брзина, елеганција и огромната сила неговите форхенд удари како „голем течен камшик‟,[81] додека пак Џон Мекенро смета дека форхендот на Федерер е „најдобриот удар во нивниот спорт‟.[82] Федерер игра форхенд со едната рака и тоа внесува поголема разновидност во неговата игра. Федерер повремено користи слајс удари за да го намами противникот на мрежа и да освои бод. Федерер исто така освојува победоносни бодови преку топспин удари. Силниот бекхенд кој го поседува му помага да го контролира темпопто и да освојува бодови на мрежа.[81] Неговиот сервис е тежок да се опише затоа што секогаш сервира на сличен начин, независно од видот на сервисот или местото каде има намера да сервира и секогаш е свртен со грб кон својот противник за време на движењето. Најчесто клучните бодови за време на натпреварот ги освојува со добар сервис. Неговиот прв сервис вообичаено е околу 200 км/ч (125 mph)[83][84][85], но може да сервира и со брзина од 220 км/ч (137 mph).[83][84] Федерер е вешт во сервирање и волеј удари и овие тактики ги користел многу често во почетоците на неговата кариера.[86][87] Негова специјалност е полуволеј ударот од основната линија кој му овозможува да игра многу блиску до основната линија и да ги фаќа топчињата (дури и оние посилните) веднаш по нивното отскокнување со што на противникот му остава помалку време за да возврати на ударот. Во последниот период, Федерер го додал дроп шотот во неговата игра. Тој исто така може да го користи ударот меѓу нозе, со кој ја освоил меч топката на полуфиналето на Отвореното тениско првенство на САД во 2009 година против Новак Ѓоковиќ.[88]
Опрема, облека и рекламирање
уредиФедерер моментално игра со Wilson Six. One Tour BLX тениски рекет[89] кој се одликува со помала ударна површина од 90 инчи квадратни, тежина на жиците од 12,5 унци и дебелина од 17 mm. Големината на рачката е 4 3/8 инчи.[90] Затегнатоста на жиците на рекетот од Федерер е од 24 до 28 кг (од 52,9 до 61,7 фунти). Главните жици на рекетот се жици од природно потекло (Wilson Natural Gut 16 gauge), а вкрстените жици се од полиестер (Luxilon Big Banger ALU Power Rough 16L gauge). На прашањето за затегнатоста за жиците, Федерер одговара: „Тоа зависи од дневната температура, од топчињата со кои играм и од противникот. Значи може да забележите дека зависи од повеќе фактори, а не само од подлогата. Најважное како јас се чувствувам‟.[91]
Федерер е еден од спортистите со највисока заработувачка на светот. Има потпишано договор со Nike, компанијата за производство на обувки и облека.[92] За првенството Вимблдон во 2006 година, Nike дизајнирал палто со знак од три тениски рекети, кој ги симболизирал трите претходни победи на Вимблдон, а наредната година по победата на Првенството во 2006 година, бил додаден и четвртиот рекет.[93] На Вимблдон во 2008 година и повторно во 2009 година, Nike продолжил со овој тренд правејќи му сопствен волнен џемпер.[94] Роџер исто така има свое лого, буквите Р и Ф сбодови заедно.[95] Федерер ги рекламира Жилет,[96] Јура, швајцарска компанија за машини за кафе,[97] како и Мерцедес Бенз и Нет Џетс. Федерер исто така ги рекламира Ролекс часовниците,[98] иако претходно бил заштитно лица на Морис Лакруа. Во 2009 година, Федерер станал заштитно лице на швајцарската компанија за производство на чоколади, Линд.[99] Неговото рекламирање на Мерцедес Бенз во Кина се проширило со договорот кој го потпишал во 2010 година и станал партнер со сите претставништва на Мерцедес Бенз низ целиот свет.[100]
Рекорди
уредиРоџер држи многу рекорди во тениската историја од кои највпечатлив е можеби тоа дека успеал да го освои Отвореното првенство на Австралија, Вимблдон и Отвореното првенство на САД во иста година и тоа трипати во 2004, 2006 и 2007. Со 62 освоени турнири, Федерер е шести на листата тенисери со најмногу титули.
Успеал да сруши или да се изедначи со многу стари рекорди вклучувајќи ги:
- Изедначување со рекордот на Бјерн Борг од 5 последователни титули на Вимблдон 2007.
- Го срушил рекордот на „Опен“ ерата за најмногу последователни трофеи на Отвореното првенство на САД (пет) 2008.
- Остана на првата позиција на АТП листата рекордни 237 последователни недели, со што го срушил рекордот на Џими Конорс од 160 последователни недели и рекордот на Штефи Граф од 186 последователни недели како број 1 тенисерка во светот. Исто така Федерер е втор по вкупниот број проведени недели на број 1 на АТП.
- Роџер е единствен играч во историјата кој успеал да освои 5 последователни титули на Вимблдон и на Отвореното тениско првенство на САД.
- Го удвоил рекордот на последователни освоени финалиња кои претходно го држеле Бјерн Борг и Џон Мекинро кога во септември 2005 година, победи во неговото 24 последователно финале.
- Држи рекорди по бројот на последователни победи на трева (65) и бетон (56). Неговиот низ на треба е започнат на Вимблдон 2003, а прекинат на Вимблдон 2008, додека тој на бетон, започнат е на турнирот во Ротердам (2005), а прекинат на турнирот во Дубаи (2006).
- Три години по ред освојувал најмалку 10 турнира, што е рекорд.
- Тој е првиот тенисер во историјата кој успеал да освои повеќе од 10 милиони долари во една сезона. Исто така тој е тенисерот со најголема заработка во историјата.
- Тој е првиот тенисер во историјата кој забележал 300 победи на турнирите од мастерс-серијата.[60]
Статистика
уредиГренд Слем финални натпревари во сингл (28)
уредиПобедник (20)
уредиГодина | Турнир | Противник во финалето | Резултат |
2003 | Вимблдон | Марк Филипусис | 7:6(5), 6:2, 7:6(3) |
2004 | Отворено првенство на Австралија | Марат Сафин | 7:6(3), 6:4, 6:2 |
2004 | Вимблдон (2) | Енди Родик | 4:6, 7:5, 7:6(3), 6:4 |
2004 | Отворено првенство на САД | Лејтон Хјуит | 6:0, 7:6(3), 6:0 |
2005 | Вимблдон (3) | Енди Родик | 6:2, 7:6(2), 6:4 |
2005 | Отворено првенство на САД (2) | Андре Агаси | 6:3, 2:6, 7:6(1), 6:1 |
2006 | Отворено првенство на Австралија (2) | Маркос Багдатис | 5:7, 7:5, 6:0, 6:2 |
2006 | Вимблдон (4) | Рафаел Надал | 6:0, 7:6(5), 6:7(2), 6:3 |
2006 | Отворено првенство на САД (3) | Енди Родик | 6:2, 4:6, 7:5, 6:1 |
2007 | Отворено првенство на Австралија (3) | Фернандо Гонсалес | 7:6(2), 6:4, 6:4 |
2007 | Вимблдон (5) | Рафаел Надал | 7:6(7), 4:6, 7:6(3), 2:6, 6:2 |
2007 | Отворено првенство на САД (4) | Новак Ѓоковиќ | 7:6(4), 7:6(2), 6:4 |
2008 | Отворено првенство на САД (5) | Енди Марej | 6:2, 7:5, 6:2 |
2009 | Ролан Гарос | Робин Содерлинг | 6:1, 7:6(1), 6:4 |
2009 | Вимблдон (6) | Енди Родик | 5:7, 7:6(6), 7:6(5), 3:6, 16:14 |
2010 | Отворено првенство на Австралија (4) | Енди Марej | 6:3, 6:4, 7:6(11) |
2012 | Вимблдон (7) | Енди Мареј | 4:6, 7:5, 6:3, 6:4 |
2017 | Отворено првенство на Австралија (5) | Рафаел Надал | 6:4, 3:6, 6:1, 3:6, 6:3 |
Финалист (10)
уредиГодина | Турнир | Противник во финалето | Резултат |
2006 | Ролан Гарос | Рафаел Надал | 6:1, 1:6, 4:6, 6:7(4) |
2007 | Ролан Гарос (2) | Рафаел Надал | 3:6, 6:4, 3:6, 4:6 |
2008 | Ролан Гарос (3) | Рафаел Надал | 1:6, 3:6, 0:6 |
2008 | Вимблдон | Рафаел Надал | 4:6, 4:6, 7:6(5), 7:6(8), 7:9 |
2009 | Отворено првенство на Австралија | Рафаел Надал | 5:7, 6:3, 6:7(3), 6:3, 2:6 |
2009 | Отворено првенство на САД | Хуан Мартин дел Потро | 6:3, 6:7 (5), 6:4(3), 6:7 (4), 2:6 |
2011 | Ролан Гарос (4) | Рафаел Надал | 5:7, 6:7(3), 7:5, 1:6 |
2014 | Вимблдон (2) | Новак Ѓоковиќ | 7:6(9), 4:6, 6:7(4), 7:5, 4:6 |
2015 | Вимблдон (3) | Новак Ѓоковиќ | 6:7(1), 7:6(12), 4:6, 3:6 |
2015 | Отворено првенство на САД (2) | Новак Ѓоковиќ | 4:6, 7:5, 4:6, 4:6 |
Тенис мастерс куп-финалиња (5)
уредиПобеди (4)
уредиГодина | Град на одржување на турнирот | Противник во финалето | Резултат |
2003 | Хјустон | Андре Агаси | 6:3, 6:0, 6:4 |
2004 | Хјустон | Лејтон Хјуит | 6:3, 6:2 |
2006 | Шангај | Џејмс Блејк | 6:0, 6:3, 6:4 |
2007 | Шангај | Давид Ферер | 6:2, 6:3, 6:2 |
Второ место (1)
уредиГодина | Град на одржување на турнирот | Противник во финалето | Резултат |
2005 | Шангај | Давид Налбандијан | 6:7(4), 6:7(11), 6:2, 6:1, 7:6(3) |
Финалиња на турнирот од Мастерс серијата во сингл (27)
уредиПобеди (16)
уредиГодина | Шампион | Подлога | Противник во финалето | Резултат |
2002 | Хамбург | Земја | Марат Сафин | 6:1, 6:3, 6:4 |
2004 | Индијан Велс | Тврда | Тим Хенман | 6:3, 6:3 |
2004 | Хамбург (2) | Земја | Гуљелмо Корија | 4:6, 6:4, 6:2, 6:3 |
2004 | Торонто | Тврда | Енди Родик | 7:5, 6:3 |
2005 | Индијан Велс (2) | Тврда | Лејтон Хјуит | 6:2, 6:4, 6:4 |
2005 | Мајами | Тврда | Рафаел Надал | 2:6, 6:7(4), 7:6(5), 6:3, 6:1 |
2005 | Хамбург (3) | Земја | Ришар Гаске | 6:3, 7:5, 7:6(4) |
2005 | Синсинати | Тврда | Енди Родик | 6:3, 7:5 |
2006 | Индијан Велс (3) | Тврда | Џејмс Блејк | 7:5, 6:3, 6:0 |
2006 | Мајами (2) | Тврда | Иван Љубичић | 7:6(5), 7:6(4), 7:6(6) |
2006 | Торонто (2) | Тврда | Ришард Гаске | 2:6, 6:3, 6:2 |
2006 | Мадрид | Тврда (во затворено) | Фернандо Гонсалес | 7:5, 6:1, 6:0 |
2007 | Хамбург (4) | Замја | Рафаел Надал | 2:6, 6:2, 6:0 |
2007 | Синсинати (2) | Тврда | Џејмс Блејк | 6:1, 6:4 |
2010 | Мадрид | Земја | Рафаел Надал | 6:4, 6:4 |
2010 | Синсинати (3) | Тврда | Марди Фиш | 6–7(5–7), 7–6(7–1), 6–4 |
Второ место (10)
уредиГодина | Турнир | Подлога | Противник во финалето | Резултат |
2002 | Мајами | Тврда | Андре Агаси | 6:3, 6:3, 3:6, 6:4 |
2003 | Рим | Земја | Феликс Мантиља | 7:5, 6:2, 7:6(8) |
2006 | Монте Карло | Земја | Рафаел Надал | 6:2, 6:7(2), 6:3, 7:6(5) |
2006 | Рим (2) | Земја | Рафаел Надал | 6:7(0), 7:6(5), 6:4, 2:6, 7:6(5) |
2007 | Монте Карло (2) | Земја | Рафаел Надал | 6:4, 6:4 |
2007 | Монтреал | Тврда | Новак Ѓоковиќ | 7:6(2), 2:6, 7:6(2) |
2007 | Мадрид | Тврда | Давид Налбандијан | 1:6, 6:3, 6:3 |
2008 | Монте Карло (3) | Земја | Рафаел Надал | 7:5, 7:5 |
2008 | Хамбург | Земја | Рафаел Надал | 7:5, 6:7(3), 6:3 |
2010 | Мадрид (2) | Земја | Рафаел Надал | 4:6, 6:7(5) |
Финалиња во кариерата (100)
уредиСингл (88)
уредиПобедник (62)
уреди
|
|
|
Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Противник во финалето | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
1. | 4 февруари 2001 | Милано, Италија | Тепих (во затворено) | Жилиен Буте | 6:4, 6:7(7), 6:4 |
2. | 13 јануари 2002 | Сиднеј, Австралија | Тврда | Хуан Игнасио Чела | 6:3, 6:3 |
3. | 19 мај 2002 | Хамбург, Германија | Земја | Марат Сафин | 6:1, 6:3, 6:4 |
4. | 13 октомври 2002 | Виена, Австрија | Тврда (во затворено) | Јиржи Новак | 6:4, 6:1, 3:6, 6:4 |
5. | 16 февруари 2003 | Марсеј, Франција | Бетон (унутра) | Јонас Бјоркман | 6:2, 7:6(6) |
6. | 2 март 2003 | Дубаи, Обединети Арапски Емирати | Тврда | Јиржи Новак | 6:1, 7:6(2) |
7. | 4 мај 2003 | Минхен, Германија | Земја | Јарко Ниеминен | 6:1, 6:4 |
8. | 15 јуни 2003 | Хале, Германија | Трева | Николас Кифер | 6:1, 6:3 |
9. | 6 јули 2003 | Вимблдон, Лондон, Обединето Кралство | Трева | Марк Филипусис | 7:6(5), 6:2, 7:6(3) |
10. | 12 октомври 2003 | Виена, Австрија (2) | Тврда (во затворено) | Карлос Моја | 6:3, 6:3, 6:3 |
11. | 16 ноември 2003 | Мастерс Куп, Хјустон, САД | Тврда | Андре Агаси | 6:3, 6:0, 6:4 |
12. | 1 февруари 2004 | Отворено првенство на Австралкија, Мелбурн | Тврда | Марат Сафин | 7:6(3), 6:4, 6:2 |
13. | 7 март 2004 | Дубаи, Обединети Арапски Емирати (2) | Тврда | Фелисијано Лопес | 4:6, 6:1, 6:2 |
14. | 21 март 2004 | Индијан Велс, САД | Тврда | Тим Хенман | 6:3, 6:3 |
15. | 16 мај 2004 | Хамбург, Германија (2) | Земја | Гуљелмо Корија | 4:6, 6:4, 6:2, 6:3 |
16. | 13 јуни 2004 | Хале, Германија (2) | трева | Марди Фиш | 6:0, 6:3 |
17. | 4 јули 2004 | Вимблдон, Лондон, Обединето кралство (2) | Трева | Енди Родик | 4:6, 7:5, 7:6(3), 6:4 |
18. | 11 јули 2004 | Гаштад, Швајцарија | Земја | Игор Андреев | 6:2, 6:3, 5:7, 6:3 |
19. | 1 август 2004 | Торонто, Канада | Тврда | Енди Родик | 7:5, 6:3 |
20. | 12 септември 2004 | Отворено првенство на САД, Њујорк, САД | Тврд | Лејтон Хјуит | 6:0, 7:6(3), 6:0 |
21. | 3 октомври 2004 | Бангкок, Тајланд | Тврда (во затворено) | Енди Родик | 6:4, 6:0 |
22. | 21 ноември 2004 | Мастерс Куп, Хјустон, САД (2) | Тврда | Лејтон Хјуит | 6:3, 6:2 |
23. | 9 јануари 2005 | Доха, Катар | Тврда | Иван Љубичиќ | 6:3, 6:1 |
24. | 20 февруари 2005 | Ротердам, Холандија | Тврда (во затворено) | Иван Љубичиќ | 5:7, 7:5, 7:6(5) |
25. | 27 февруари 2005 | Дубаи, Обединети Арапски Емирати (3) | Тврда | Иван Љубичиќ | 6:1, 6:7(6), 6:3 |
26. | 20 март 2005 | Индијан Велс, Калифорнија, САД (2) | Тврда | Лејтон Хјуит | 6:2, 6:4, 6:4 |
27. | 3 април 2005 | Мајами, САД | Тврда | Рафаел Надал | 2:6, 6:7(4), 7:6(5), 6:3, 6:1 |
28. | 15 мај 2005 | Хамбург, Германија (3) | Земја | Ришар Гаске | 6:3, 7:5, 7:6(4) |
29. | 13 јуни 2005 | Хале, Германија (3) | Трева | Марат Сафин | 6:4, 6:7(6), 6:4 |
30. | 3 јули 2005 | Вимблдон, Лондон, Обединето Кралство (3) | Трева | Енди Родик | 6:2, 7:6(2), 6:4 |
31. | 21 август 2005 | Синсинати, САД | Бетон | Енди Родик | 6:3, 7:5 |
32. | 11 септември 2005 | Отворено првенство на САД, Њујорк, САД (2) | Бетон | Андре Агаси | 6:3, 2:6, 7:6(1), 6:1 |
33. | 2 октомври 2005 | Бангкок, Тајланд (2) | Тврда (во затворено) | Енди Мареј | 6:3, 7:5 |
34. | 8 јануари 2006 | Доха, Катар (2) | Тврда | Гаел Монфис | 6:3, 7:6(5) |
35. | 29 јануари 2006 | Отворено првенство на Австралија, Мелбурн (2) | Тврда | Маркос Багдатис | 5:7, 7:5, 6:0, 6:2 |
36. | 19 март 2006 | Индијан Велс, Калифорнија, САД (3) | Тврда | Џејмс Блејк | 7:5, 6:3, 6:0 |
37. | 2 април 2006 | Мајами, САД (2) | Тврда | Иван Љубичиќ | 7:6(5), 7:6(4), 7:6(6) |
38. | 18 јуни 2006 | Хале, Германија (4) | Трева | Томаш Бердих | 6:0, 6:7(4), 6:2 |
39. | 9 јули 2006 | Вимблдон, Лондон, Обединето Кралство (4) | Трева | Рафаел Надал | 6:0, 7:6(5), 6:7(2), 6:3 |
40. | 13 август 2006 | Торонто, Канада (2) | Тврда | Ришар Гаске | 2:6, 6:3, 6:2 |
41. | 10 септември 2006 | Отворено првенство на САД, Њујорк, САД (3) | Тврда | Енди Родик | 6:2, 4:6, 7:5, 6:1 |
42. | 8 октомври 2006 | Токио, Јапонија | Бетон | Тим Хенман | 6:3, 6:3 |
43. | 22 октомври 2006 | Мадрид, Шпанија | Тврда (во затворено) | Фернандо Гонсалес | 7:5, 6:1, 6:0 |
44. | 29 октомври 2006 | Базел, Швајцарија | Тепих (во затворено) | Фернандо Гонсалес | 6:3, 6:2, 7:6(3) |
45. | 19 ноември 2006 | Мастерс Куп, Шангај, Кина (3) | Тврда (во затворено) | Џејмс Блејк | 6:0, 6:3, 6:4 |
46. | 28 јануари 2007 | Отворено првенство на Австралија, Мелбурн (3) | Тврда | Фернандо Гонсалес | 7:6(2), 6:4, 6:4 |
47. | 3 март 2007 | Дубаи, Обединети Арапски Емирати (4) | Тврда | Михаил Јужни | 6:4, 6:3 |
48. | 20 мај 2007 | Хамбург, Германија (4) | Земја | Рафаел Надал | 2:6, 6:2, 6:0 |
49. | 8 јули 2007 | Вимблдон, Лондон, Обедунето Кралство (5) | Трева | Рафаел Надал | 7:6(7), 4:6, 7:6(3), 2:6, 6:2 |
50. | 19 август 2007 | Синсинати, САД (2) | Тврда | Џејмс Блејк | 6:1, 6:4 |
51. | 9 септември 2007 | Отворено првенство на САД, Њујорк, САД (4) | Тврда | Новак Ѓоковиќ | 7:6(4), 7:6(2), 6:4 |
52. | 28 октомври 2007 | Базел, Швајцарија (2) | Тврда (во затворено) | Јарко Ниеминен | 6:3, 6:4 |
53. | 18 новември 2007 | Мастерс Куп, Шангај, Кина (4) | Тврда (во затворено) | Давид Ферер | 6:2, 6:3, 6:2 |
54. | 20 април 2008 | Есторил Португалија | Земја | Николај Давиденко | 7:6(5), при 1:2 се предал |
55. | 15 јуни 2008 | Хале, Германија (5) | Трева | Филип Колшрајбер | 6:3, 6:4 |
56. | 8 септември 2008 | Отворено првенство на САД, Њујорк, САД (5) | Тврда | Енди Мареј | 6:2, 7:5, 6:2 |
57. | 26 октомври 2008 | Базел, Швајцарија (3) | Тврда (во затворено) | Давид Налбандијан | 6:3, 6:4 |
58. | 17 мај 2009 | Мадрид, Шпанија (2) | Земја | Рафаел Надал | 6:4, 6:4 |
59. | 7 јуни 2009 | Ролан Гарос, Париз | Земја | Робин Содерлинг | 6:1, 7:6(1), 6:4 |
60. | 5 јули 2009 | Вимблдон, Лондон, Обединето Кралство (6) | Трева | Енди Родик | 5:7, 7:6(6), 7:6(5), 3:6, 16:14 |
61. | 23 август 2009 | Синсинати, САД (3) | Бетон | Новак Ѓоковиќ | 6:1, 7:5 |
62. | 31 јануари 2010 | Отворено првенство на Австралија, Мелбурн (4) | Бетон | Енди Мареј | 6:3, 6:4, 7:6(11) |
Второ место (26)
уреди
|
|
|
Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Противник во финалето | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
1. | 13 февруари 2000 | Марсеј, Франција | Тепих (во затворено) | Марк Розет | 2:6, 6:3, 7:6(5) |
2. | 29 октомври 2000 | Базел, Швајцарија | Тепих (во затворено) | Томас Енквист | 6:2, 4:6, 7:6(4), 1:6, 6:1 |
3. | 25 февруари 2001 | Ротердам, Холандија | Тврда (во затворено) | Николас Ескуде | 7:5, 3:6, 7:6(5) |
4. | 28 октомври 2001 | Базел, Швајцарија (2) | Тепих (во затворено) | Тим Хенман | 6:3, 6:4, 6:2 |
5. | 3 февруари 2002 | Милано, Италија | Тепих (во затворено) | Давид Сангвинети | 7:6(2), 4:6, 6:1 |
6. | 31 март 2002 | Мајами, САД | Тврда | Андре Агаси | 6:3, 6:3, 3:6, 6:4 |
7. | 11 мај 2003 | Рим, Италија | Земја | Феликс Мантиља | 7:5, 6:2, 7:6(8) |
8. | 13 јули 2003 | Гаштад, Швајцарија | Земја | Јиржи Новак | 5:7, 6:3, 6:3, 1:6, 6:3 |
9. | 20 ноември 2005 | Мастерс Куп, Шангај, Кина | Тепих (во затворено) | Давид Налбандијан | 6:7(4), 6:7(11), 6:2, 6:1, 7:6(3) |
10. | 5 март 2006 | Дубаи, Обединети Арапски Емирати | Тврда | Рафаел Надал | 2:6, 6:4, 6:4 |
11. | 23 април 2006 | Монте Карло, Монако | Земја | Рафаел Надал | 6:2, 6:7(2), 6:3, 7:6(5) |
12. | 14 мај 2006 | Рим, Италија (2) | Земја | Рафаел Надал | 6:7(0), 7:6(5), 6:4, 2:6, 7:6(5) |
13. | 11 јуни 2006 | Ролан Гарос, Париз | Земја | Рафаел Надал | 1:6, 6:1, 6:4, 7:6(4) |
14. | 22 април 2007 | Монте Карло, Монако (2) | Земја | Рафаел Надал | 6:4, 6:4 |
15. | 10 јуни 2007 | Ролан Гарос, Париз (2) | Земја | Рафаел Надал | 6:3, 4:6, 6:3, 6:4 |
16. | 12 август 2007 | Монтреал Канада | Тврда | Новак Ѓоковиќ | 7:6(2), 2:6, 7:6(2) |
17. | 21 октомври 2007 | Мадрид, Шпанија | Тврда (во затворено) | Давид Налбандијан | 1:6, 6:3, 6:3 |
18. | 27 април 2008 | Монте Карло, Монако (3) | Земја | Рафаел Надал | 7:5, 7:5 |
19. | 8 мај 2008 | Хамбург, Германија | Земја | Рафаел Надал | 7:5, 6:7(3), 6:3 |
20. | 8 јун 2008 | Ролан Гарос, Париз (3) | Земја | Рафаел Надал | 6:1, 6:3, 6:0 |
21. | 6 јули 2008 | Вимблдон, Лондон | Трева | Рафаел Надал | 6:4, 6:4, 6:7(5), 6:7(8), 9:7 |
22. | 1 февруари 2009 | Отворено првенство на Австралија, Мелбурн, Австралија | Тврда | Рафаел Надал | 7:5, 3:6, 7:6(3), 3:6, 6:2 |
23. | 13 септември 2009 | Отворено првенство на САД, Њујорк, САД | Тврда | Хуан Мартин дел Потро | 6:3, 6:7 (5), 6:4, 6:7(4), 2:6 |
24. | 8 ноември 2009 | Базел, Швајцарија | Бетон (затворено) | Новак Ѓоковиќ | 4:6, 6:4, 2:6 |
25. | 16 мај 2010 | Мадрид (2), Шпанија | Земја | Рафаел Надал | 4:6, 6:7(5) |
26. | 13 juni 2010 | Хале, Германија | Трева | Лејтон Хјуит | 6:3, 6:7(4), 4:6 |
Во двојки (12)
уредиПобеди (8)
уреди
Второ место (4)уреди
Успеси на големите турнириуреди
Заработувачка на АТП туротуреди
Наводиуреди
Надворешни врскиуреди
|