Отвори го главното мени

Хуан Мартин дел Потро

аргентински тенисер

Хуан Мартин дел Потро (шпански изговор: [ˈxwan maɾˈtin del ˈpotɾo]) (роден 23 септември 1988), често именуван по својот прекар Делпо, е аргентински професионален тенисер кој е моментално најдобро рангиран аргентински тенисер како и седми тенисер во светот.[1] Дел Потро влегол во најдобрите 10 на АТП листата за прв пат на 6 октомври, 2008. Во јануари 2010, тој го достигнал своето највисоко место на АТП листата, 4-то место. Набргу по достигнувањето на ова место, дел Потро морал да се повлече од поголем дел од турнирите во 2010 поради повреда на зглобот.[2]

Хуан Мартин дел Потро
Flickr - Carine06 - Juan Martin Del Potro (2).jpg
Земја Аргентина
Место на живеењеТандил, Аргентина
Роден на23 септември 1988 (1988-09-23) (30 г.)
Роден воТандил, Аргентина
СпортTennis pictogram.svg Тенис
Висина1.98 м
Професионалец2005
Игра со• десна рака
• дворачен бекхенд
Тренер(и)Себастијан Прието
Заработка$ 10,597,349
Победи-порази254–107 (70.04%)
Титули13
Највисок пласман4 (11 јануари, 2010)
Моментално место7 (28 јануари, 2013)
Австралијан ОпенQF (2009, 2012)
Ролан ГаросSF (2009)
Вимблдон4R (2011, 2012)
УС ОпенW (2009)
Други турнири
Мастерс купF (2009)
Олимписки игриBronze medal.svg Бронзен медал (2012)
Победи-порази41–44
Ажурирано на: 15 October 2012.
Олимписки медали
Натпреварувач за  Аргентина
Машки тенис
Бронза 2012 Лондон

Дел Потро започнал да игра тенис на седум годишна возраст,[3] и на 15 годишна возраст во 2004 тој ја остварил својата прва сениорска победа. Во 2008, тој станал првиот тенисер во историјата на АТП кој ги освоил своите први четири титули на исто толку турнири.[4] Тој исто така ја имал втората најдолга победничка низа во 2008, и втора најдолга од тинејџер, зад Рафаел Надал кој имал победничка низа од 23 победи на 5 турнири.[4] Дел Потро ја освоил својата прва Гренд слем титула на Отвореното првенство на САД 2009, победувајќи го Надал во полуфиналето и Рожер Федерер во финалето. Дел Потро е единствениот тенисер кој покрај 'Големата четворка' - Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Рожер Федерер, и Енди Мареј успеал да освои гренд слем титула од 2005. Тој станал вториот аргентинец и петтиот најмлад тенисер кој успеал да го освои Отвореното првенство на САД во Опен ерата.[5] Дел потро исто така бил освојувач на бронзен медал од Летните олимписки игри во 2012 во поединечна конкуренција.

Ран животУреди

Хуан Мартин дел Потро е роден во Тандил, Аргентина. Неговиот татко, Даниел дел Потро, играл полу-професионално рагби во Аргентина и тој е ветеринар.[3][6] Неговата мајка, Патриција, е учителка и тој има помлада сестра која се вика Џулиета. Дел Потро зборува шпански, англиски и помалку италијански јазик.[7] Настрана од тенисот, тој ужива играјќи фудбал и навива за Бока Јуниорс и Јувентус.[7] За време на своето детство тој многу често го посветувал своето време на тенисот и фудбалот, и фудбалерот Мауро Каморанези е еден од најблиските пријатели на дел Потро.[3]

Дел Потро започнал да игра тенис на седум годишна возраст заедно со тренерот Марсело Гомез.[3] Талентот на дел Потро бил откриен од страна на поранешниот италијански тенисер Уго Коломбини, кој го следел низ почетните фази во неговата кариера, и до ден денес е негов агент и близок пријател.[8] Кога бил запрашан за неговите амбиции во тенисот, тој одговорил, "Сонувам да освојам гренд слем и дејвис куп."

Стил на играУреди

Дел Потро е првенствено напаѓач од основната линија со силен сервис и длабоки, рамни топспин удари.[9][10] Неговиот форхенд е еден од неговите главни предности и најверојатно најсилен во играта, кој често достигнува брзина од 100 милји на час,[11] и тој исто така поседува многу постојан и силен дворак бекхенд.[12] Неговата висина му овозможува моќен прв сервис, како и полесно враќање на високите топспин топки.[13]

АТП финалиња во кариератаУреди

Поединечно: 18 (13–5)Уреди

Легенда
Grand Slam tournaments (1–0)
Year-end championships (0–1)
ATP World Tour Masters 1000 (0–1)
ATP World Tour 500 series (4–2)
ATP World Tour 250 series (8–1)
Титули по подлога
Тврда (9–5)
Земја (4–0)
Трева (0–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Победник 1. 13 јули 2008 Штутгарт, Германија Земја   Ришар Гаске 6–4, 7–5
Победник 2. 20 јули 2008 Кицбил, Австрија Земја   Јирген Мелцер 6–2, 6–1
Победник 3. 10 август 2008 Лос Анџелес, САД Тврда   Енди Родик 6–1, 7–6(7–2)
Победник 4. 17 август 2008 Вашингтон, САД (1) Тврда   Виктор Троицки 6–3, 6–3
Финалист 1. 5 октомври 2008 Токио, Јапонија Тврда   Томаш Бердих 1–6, 4–6
Победник 5. 17 јануари 2009 Оукленд, Нов Зеланд Тврда   Сем Квери 6–4, 6–4
Победник 6. 9 август 2009 Вашингтон, САД (2) Тврда   Енди Родик 3–6, 7–5, 7–6(8–6)
Финалист 2. 16 август 2009 Монтреал, Канада Тврда   Енди Мареј 7–6(7–4), 6–7(3–7), 1–6
Победник 7. 14 септември 2009 Отворено првенство на САД, Њујорк Сити, САД Тврда   Рожер Федерер 3–6, 7–6(7–5), 4–6, 7–6(7–4), 6–2
Финалист 3. 29 ноември 2009 ATP World Tour Finals, Лондон, Велика Британија Тврда   Николај Давиденко 3–6, 4–6
Победник 8. 27 февруари 2011 Делреј Бич, САД Тврда   Јанко Типсаревиќ 6–4, 6–4
Победник 9. 1 мај 2011 Есторил, Португалија (1) Земја   Фернандо Вердаско 6–2, 6–2
Финалист 4. 30 октомври 2011 Виена, Австрија Тврда   Жо-Вилфрид Цонга 7–6(7–5), 3–6, 4–6
Финалист 5. 19 февруари 2012 Ротердам, Холандија Тврда   Рожер Федерер 1–6, 4–6
Победник 10. 26 февруари 2012 Марсеј, Франција Тврда   Микаел Лодра 6–4, 6–4
Победник 11. 6 мај 2012 Есторил, Португалија (2) Земја   Ришар Гаске 6–4, 6–2
Победник 12. 21 октомври 2012 Виена, Австрија Тврда   Грега Жемља 7–5, 6–3
Победник 13. 28 октомври 2012 Базел, Швајцарија Тврда   Рожер Федерер 6–4, 6–7(5–7), 7–6(7–3)

Двојки: 1 (1–0)Уреди

Легенда
Grand Slam tournaments (0–0)
Year-End Championships (0–0)
ATP Masters 1000 (0–0)
ATP World Tour 500 series (0–0)
ATP World Tour 250 series (1–0)
Титули по подлога
Тврда (1–0)
Земја (0–0)
Трева (0–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противници Резултат
Победник 1. 30 јули 2007   Индијанаполис, САД Тврда   Парот, ТревисТревис Парот   Габашвили, ТејмуразТејмураз Габашвили
  Карловиќ, ИвоИво Карловиќ
3–6, 6–2, [10–6]

Други турнириУреди

Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Победник 1. 5 август 2012 Летни олимписки игри, Лондон, Велика Британија Трева   Новак Ѓоковиќ 7–5, 6–4

НаводиУреди

  1. „ATP World Tour Rankings“. ATP World Tour. конс. 2009-12-10. 
  2. http://espndeportes.espn.go.com/news/story?id=1013782&s=ten&type=story
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Greg Bishop. „Town of Red Meat and Tennis Raises Another Star“, New York Times, 7 септември 2009 (посет. 14 септември 2009 г).
  4. 4,0 4,1 „Del Potro Captures Fourth Straight ATP Title“. 2008-08-17. конс. 2008-08-28. 
  5. ATP Staff (2009-09-14). „Del Potro stuns Federer to win title“. ATP World Tour. конс. 2009-10-04. 
  6. Mariano Przybylski. „Trama secreta de la final“, Revista Noticias (посет. 24 август 2009 г). (на Spanish)
  7. 7,0 7,1 ATP World Tour profile“, ATP World Tour (посет. 14 септември 2009 г).
  8. Del Potro ničí soupeře. Jako Sampras“, Denik Sport, 10 јули 2009 (посет. 21 август 2009 г). (на Czech)
  9. Paul Newman. „Murray insists on doing the talking against Del Potro“, The Independent, 3 септември 2008 (посет. 15 септември 2009 г).
  10. William Johnson (2009-08-10). „Del Potro turning up the heat“. The National. конс. 2009-09-15. 
  11. „Federer stunned by del Potro“. New York Post. 2009-09-14. конс. 2009-09-23. 
  12. Bud Collins (2009-09-15). „Stunning upset by del Potro? Roger“. The Boston Globe. конс. 2009-09-15. 
  13. Rob York (2009-09-15). „The Morning After: How Bright a Future for Juan Martin Del Potro?“. Bleacher Report. конс. 2009-09-15. 

Надворешни врскиУреди