Јонас Бјоркман
Јонас Ларс Бјоркман (23 март 1972) — поранешен шведски професионален тенисер. Тој е поранешен светски бр. 1 во двојки - парови, а исто така поранешен светски бр.4 во поединечна конкуренција. Бјоркман се повлекол од професионалниот тенис откако се натпреварувал на првенството во двојки на тенискиот Мастерс куп во 2008 година. Почнувајќи од 2019 година, тој е рангиран во првите 40 на сите времиња на листата на заработка на АТП со над 14,5 милиони долари.[1]
На 20 ноември 2006 година, тој го заменил Дик Норман како најстар играч во топ 100 на АТП (поединечна конкуренција) кога Норман за последен пат испаднал од топ 100. На 9 јуни 2008 година, на возраст од 36 години и 2 месеци, Бјоркман бил на листата, но набрзо бил истиснат од Фабрис Санторо.
Бјоркман има долгорочни успешни партнерства во двојки (парови) со Јан Апел, Жако Елтинг, Никлас Култи, Макс Мирни, Патрик Рафтер, Кевин Улиет и Тод Вудбриџ. Тој има освоено во својата кариера вкупно 9 Грен слем турнири.
Биографија
уредиСинот на тенискиот тренер и поштар Ларс Бјоркман, Јонас почнал да игра тенис на шестгодишна возраст.[2] На 18 години, тој го освоил шведското јуниорско првенство[2] и бил меѓу топ 5 шведски јуниорски играчи.[2] Тој се оженил со Петра на 2 декември 2000 година во Стокхолм, и заедно го имаат синот Макс (роден на 15 јануари 2003 година).[2]
Тој игра тенис со десна рака и има особено добри резултати против играчите кои играат со левата рака. Јонас тврди дека тоа е затоа што неговиот татко игра со лева рака и му служи како спаринг-партнер за вежбање.
Кариера
уредиТој станал професионалец во 1991 година. Во 1993 година, освоил три титули во поединечна конкуренција на Челинџер турнирите. Во 1994 година освоил седум титули во двојки, вклучувајќи го и Светското првенство на АТП турнирот во Џакарта (Индонезиоја). Во 1995 година, успеал да стигне до своето прво АТП финале во кариерата во Хонгконг. Во 1997 година, Бјоркман станал деветтиот шведски тенисер кој завршил во топ 10 на АТП и тоа на местото број 4. Таа година се пласирал во своето прво Гренд слем полуфинале и тоа на УС Опен, победувајќи ги Франциско Клавет, Тод Мартин, Густаво Куертен, Скот Дрејпер и во четврт-финалето Петр Корда пред да загуби од Грег Руседски. На Австралија Опен во 1998 година, ја освоил својата прва Грен слем титула во двојки во кариерата. Во 2000 година тој завршил во топ 50 во поединечна конкуренција и тоа по петти пат во последните седум години.
Во својата АТП кариера, Јонас освоил шест титули во поединечна конкуренција и 54 титули во двојки, од кои дури девет биле со Грен слем тежина.
Бјоркман го имал својот прв настап во Дејвис купот во 1994 година и оттогаш играл редовно за својата Шведска. Тој има постигнато рекорд во настапите од Дејвис купот од 21 настап и 14 победи во двојки и рекорд од 14 настапи и 9 победи во поединечна конкуренција. Тој бил член на шведските шампионски тимови во Дејвис купот во 1994, 1997 и 1998 година.
Во 2002 година, Бјоркман го освоил Нотингем Опен победувајќи го Вејн Артурс во финалето, меѓутоа, на Вимблдон, тој налетал на првиот носител Лејтон Хјуит во првото коло.[3] Бјоркман бил поразен од Хјуит кој подоцна го има освоено турнирот во Вимблдон.[4]
На Вимблдон 2006 година, тој неочекувано се пласирал во полуфиналето во поединечна конкуренција и тоа на 34-годишна возраст, што го прави најстариот играч што стигнал до таму на турнирот по легендата Џими Конорс во 1987 година. Тој успеал претходно само еднаш да влезе во четвртфиналето во поединечна конкуренција и тоа во 2003 година. Таа година бил победен од 14-тиот носител Радек Штепанек во натпревар кој вклучувал голема неизвесност. Претходно го победил својот партнер во двојки Макс Мирњи како и Томас Јохансон, Лукаш Длоухи и Даниеле Брачали. Во 2006 година во полуфиналето тој го налетал на светскиот рекет број 1 и бранител на титулата Роџер Федерер кој бил премногу добар и секако успеал да го победи Јонас со 6–2, 6–0, 6–2 во сетови. Кога Џон Мекинро го објавил своето официјално враќање на АТП про турнирите во 2006 година, тој се здружил со Бјоркман за да може да ја освои титулата во двојки на SAP Open во градот Сан Хосе.
За време на Вимблдон во 2008 година, Јонас објавил дека тој турнир ќе му биде последен Вимблдон бидејќи планира да се пензионира на крајот од сезоната. Иако тој бил исфрлен уште во првото коло во поединечна конкуренција, Бјоркман успеал заедно со Кевин Улиет да стигне до финалето каде биле поразени од вторите носители Даниел Нестор и Ненад Зимонјиќ. Тој по крајот на тоа финале добил огромни овации и пристојно збогување за неговата долга кариера на Вимблдон.
Бјоркман се повлекол од професионалниот тенис, откако со неговиот партнер Улиет не успеале да се квалификуваат за полуфиналето во двојки на тенискиот Мастерс куп во 2008 година.[5]
На 2 октомври 2013 година, тој најавил враќање на турнирите и тоа за почеток „If Stockholm Open“, добивајќи вајлд-карта (слободна карта за настап) во пар со сонародникот Роберт Линдштет.[6]
Бјоркман во 2015 година настапувал како танчер во Летс Денс 2015.[7]
Тренирање
уредиЕнди Мареј го приклучил Бјоркман во неговиот тренерски штаб во март 2015 година за почеток на петнеделна проба за да помогне во периодот кога тренерката Амели Мауресмо била отсутна, бидејќи се согласила да работи со него за период од 25 недели.[8] Сепак, на крајот на Австралија опен, Мауресмо го известила Мареј дека е бремена и тој објавил на крајот на април дека Бјоркман ќе биде негов главен тренер за целата сезона на трева и на целиот настап на американските тврди терени. Мауресмо би била присутна во тимот на Мареј само за турнирот во Вимблдон.[9] Јонас Бјоркман му се приклучил на тимот на Мареј во април 2015 година, помагајќи му на Енди да победи на БМВ Опен во Минхен, неговата прва титула на земјени терени.[10] Потоа, Мареј ја освоил својата прва титула на Мастерс 1000 на земјена подлога во Мадрид. Во јуни 2015 година, Бјоркман го тренирал Енди Мареј на Квинс[11] каде што на крајот ја освоил својата четврта титула во Квинс Клубот на првенството во Аегон.[12] Во средината на декември 2015 година, Мареј одлучил да не го продолжува договорот со Бјоркман. Швеѓанецот, кој се приклучил во тимот на светскиот рекет број 2 во 2015 година, ја презел тренерската функција во последните четири месеци од сезоната во отсуство на првиот тренер Амели Мауресмо, но потоа немало да биде дел од тимот.[13]
Големи натпревари
уредиГрен слем финалиња
уредиДвојки: 15 натпревари (9 победи и 6 порази)
уредирезултати | година | првенство | подлога | партнер во двојки | противници | резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Пораз | 1994 | Франција опен | Земја | Јан Апел | Бајрон Блек Џонатан Старк |
4–6, 6–7 |
Пораз | 1997 | САД опен | Тврда | Никлас Култи | Јевгени Кафелников Даниел Вацек |
6–7(8–10), 3–6 |
Победа | 1998 | Австралијаопен | Тврда | Јако Елтинг | Тод Вудбриџ Марк Вудфорд |
6–2, 5–7, 2–6, 6–4, 6–3 |
Победа | 1999 | Австралија опен (2) | Тврда | Патрик Рафтер | Маеш Бупати Леандер Паес |
6–3, 4–6, 6–4, 6–7(10–12), 6–4 |
Победа | 2001 | Австралија опен (3) | Тврда | Тод Вудбриџ | Бајрон Блек Давид Приносил |
6–1, 5–7, 6–4, 6–4 |
Победа | 2002 | Вимблдон | Трева | Тод Вудбриџ | Марк Кноулес Даниел Нестор |
6–1, 6–2, 6–7(7–9), 7–5 |
Победа | 2003 | Вимблдон (2) | Трева | Тод Вудбриџ | Маеш Бупати Макс Мирни |
3–6, 6–3, 7–6(7–4), 6–3 |
Победа | 2003 | САД опен | Тврда | Тод Вудбриџ | Боб Брајан Мајк Брајан |
5–7, 6–0, 7–5 |
Победа | 2004 | Вимблдон (3) | Трева | Тод Вудбриџ | Џулијан Кноули Ненад Зимониќ |
6–1, 6–4, 4–6, 6–4 |
Победа | 2005 | Франција опен | Земја | Макс Мирни | Боб Брајан Мајк Брајан |
2–6, 6–1, 6–4 |
Пораз | 2005 | САД опен (2) | Тврда | Макс Мирни | Боб Брајан Мајк Брајан |
1–6, 4–6 |
Победа | 2006 | Франција опен (2) | Земја | Макс Мирни | Боб Брајан Мајк Брајан |
6–7(5–7), 6–4, 7–5 |
Пораз | 2006 | САД опен (3) | Тврда | Макс Мирни | Мартин Дам Леандер Паес |
7–6(7–5), 4–6, 3–6 |
Пораз | 2007 | Австралија опен | Тврда | Макс Мирни | Боб Брајан Мајк Брајан |
5–7, 5–7 |
Пораз | 2008 | Вимблдон | Трева | Кевин Улјет | Даниел Нестор Ненад Зимониќ |
6–7(12–14), 7–6(7–3), 3–6, 3–6 |
Мешани двојки: 2 (2 второпласирани)
уредиРезултат | година | првенство | Површина | Партнер | Противниците | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Загуба | 1999 година | Вимблдон | Трева | Ана Курникова | Леандер Паес Лиза Рејмонд |
4–6, 6–3, 3–6 |
Загуба | 2007 година | Вимблдон (2) | Трева | Алиша Молик | Џејми Мареј Јелена Јанковиќ |
4–6, 6–3, 1–6 |
Финале на Мастерс серијата
уредиСингл: 1 (1 второпласиран)
уредиРезултат | година | првенство | Површина | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
Загуба | 1997 година | Мастерс во Париз | Тепих синтелон (i) | Пит Сампрас | 3–6, 6–4, 3–6, 1–6 |
Финалиња во кариерата
уредиСингл: 11 (6 победи и 5 порази)
уредиЛегенда |
---|
Грен слем (0–0) |
Мастерс куп во тенис (0–0) |
Мастерс серија на АТП (0–1) |
Злато од меѓународна серија (1–0) |
АТП турнири (5–4) |
Резултат | П–З | Датум | Турнир | Површина | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Загуба | 0–1 | април 1995 | Хонгконг | Тврда | Мајкл Чанг | 3–6, 1–6 |
Победи | 1–1 | јануари 1997 | Окленд, Нов Зеланд | Тврда | Кенет Карлсен | 7–6 (9–7), 6–0 |
Загуба | 1–2 | мај 1997 | Корал Спрингс, САД | Земја | Џејсон Столтенберг | 0–6, 6–2, 5–7 |
Победи | 2–2 | август 1997 | Индијанаполис, САД | Тврда | Карлос Моја | 6–3, 7–6 (7–3) |
Загуба | 2–3 | октомври 1997 | Париз, Франција | Тепих - синтелон (i) | Пит Сампрас | 3–6, 6–4, 3–6, 1–6 |
Победи | 3–3 | ноември 1997 | Стокхолм, Шведска | Тврда(i) | Јан Зимеринк | 3–6, 7–6 (7–5), 6–2, 6–4 |
Победи | 4–3 | јуни 1998 | Нотингем, Велика Британија | Трева | Бајрон Блек | 6–3, 6–2 |
Победи | 5–3 | јуни 2002 | Нотингем, Велика Британија | Трева | Вејн Артурс | 6–2, 6–7, 6–2 |
Загуба | 5–4 | февруари 2003 | Марсеј, Франција | Тврда (i) | Роџер Федерер | 2–6, 6–7 (6–8) |
Победи | 6–4 | септември 2005 | Сити Хо Ши Мин, Виетнам | Тепих - синтелон(i) | Радек Штепанек | 6–3, 7–6 (7–4) |
Загуба | 6–5 | јуни 2006 | Нотингем, Велика Британија | Трева | Ришар Гаске | 4–6, 3–6 |
Двојки: 97 (54 победи и 43 порази)
уреди
|
|
Поединечна конкуренција
уредиТурнир | 1991 | 1992 | 1993 | 1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 | 2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | SR | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Гренд слем натпревари | ||||||||||||||||||||
Австралија опен | A | A | A | 2 коло | 3 коло | 4 коло | 4 коло | четврт финале | 1 коло | 3 коло | 1 коло | четврт финале | A | 1 коло | 1 коло | 1 коло | 2 коло | A | 0 / 13 | |
Франција опен | A | A | ниско квалификуван | 3 коло | 1 коло | 4 коло | 2 коло | 1 коло | 1 коло | 1 коло | 1 коло | 1 коло | 2 коло | 2 коло | 1 коло | 1 коло | 4 коло | 1 коло | 0 / 15 | |
Вимблдон | A | A | ниско квалификуван | 4 коло | 2 коло | 1 коло | 1 коло | 3 коло | 2 коло | 4 коло | 3 коло | 1 коло | четврт финале | 3 коло | 3 коло | полу финале | 4 коло | 1 коло | 0 / 15 | |
САД опен | A | A | 2 коло | четврт финале | 3 коло | 3 коло | полу финале | четврт финале | 3 коло | 2 коло | 2 коло | 1 коло | 4 коло | 1коло | 2 коло | 2 коло | 2 коло | A | 0 / 15 | |
Завршни натпревари | ||||||||||||||||||||
Тенис мастер куп | Не Квалификуван | полу финале | Не Квалификуван | 0 / 1 | ||||||||||||||||
Гренд слем куп | Не Квалификуван | 1 коло | Не квалификуван | четвт финале | четврт финале | Не квалификуван | Не е одржан | 0 / 3 | ||||||||||||
ATP Мастерс серија | ||||||||||||||||||||
Индијан Велс | A | A | A | A | 2 коло | 2 коло | полу финале | 1 коло | 1 коло | 1 коло | 2 коло | 1 коло | A | 3 коло | 3 коло | 2 коло | 2 коло | 2 коло | 0 / 13 | |
Мајами | A | A | A | 3 коло | полу финале | 2 коло | четврт финале | 2 коло | 3 коло | 1 коло | 4 коло | 2 коло | 2 коло | 3 коло | 2 коло | 1 коло | 1 коло | 1 коло | 0 / 15 | |
Монте Карло | A | A | A | A | 2 коло | 1 коло | 1 коло | 1 коло | 1 коло | 1 коло | 2 коло | 1 коло | 1 коло | 2 коло | ниско квалификуван | ниско квалификуван | 1 коло | Ниско квалификуван | 0 / 11 | |
Рим | A | A | A | A | четврт финале | A | A | 1 коло | 1 коло | ниско квалификуван | 1 коло | 1 коло | A | 1 коло | ниско квалификуван | ниско квалификуван | 1 коло | Ниско квалификуван | 0 / 7 | |
Хамбург | A | A | A | A | A | A | A | A | A | A | 1 коло | 1 коло | ниско квалификуван | 1 коло | A | A | 1 коло | A | 0 / 4 | |
Канада | A | A | A | 1 коло | A | 1 коло | 3 коло | четврт финале | 1 коло | 1 коло | 1 коло | A | ниско квалификуван | 1 коло | 2 коло | 1 коло | 1 коло | 2 коло | 0 / 12 | |
Синсинати | A | A | A | A | 2 коло | 2 коло | 1 коло | 1 коло | 2 коло | 3 коло | 1 коло | 1 коло | A | 3 коло | A | 1 коло | 1 коло | 1 коло | 0 / 12 | |
Мадрид | A | 1 коло | A | 1 коло | 1 коло | A | полу финале | полу финале | ниско квалификуван | A | A | ниско квалификуван | 2 коло | 1 коло | A | 1 коло | A | A | 0 / 8 | |
Париз | A | A | A | A | 1 коло | A | финале | 1 коло | A | A | A | ниско квалификуван | четврт финале | 1 коло | A | 1 коло | ниско квалификуван | A | 0 / 6 | |
година на рангирање | 700 | 333 | 96 | 50 | 30 | 69 | 4 | 24 | 75 | 44 | 60 | 48 | 30 | 70 | 62 | 54 | 59 | 173 |
Двојки
уредиТурнир | 1991 | 1992 | 1993 | 1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 | 2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | SR | W–L |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Гренд слем натпревари | ||||||||||||||||||||
Австралија опен | A | A | A | полу финале | 1 коло | 3 коло | 3 коло | победа | победа | 2 коло | победа | 2 коло | A | полу финале | полу финале | четврт финале | финале | A | 3 / 13 | 44–10 |
Франција опен | A | A | 1 коло | финале | 2 коло | четврт финале | 2 коло | полу финале | 3 коло | 2 коло | четврт финале | четврт финале | 2 коло | 3 коло | победа | победа | четврт финале | четврт финале | 2 / 16 | 44–14 |
Вимблдон | A | A | 1 коло | 3 коло | 3 коло | четврт финале | четврт финале | полу финале | четврт финале | 3 коло | 3 коло | победа | победа | победа | полу финале | четврт финале | 1 коло | финле | 3 / 16 | 51–13 |
САД опен | A | A | четврт финале | 1 коло | 1 коло | 1 коло | финале | четврт финале | полу финале | 1 коло | 3 коло | полу
финале |
победа | 3 коло | финале | финале | 3 коло | 2 коло | 1 / 16 | 42–15 |
Победи - порази | 0–0 | 0–0 | 3–3 | 11–4 | 3–4 | 8–4 | 11–4 | 17–3 | 15–3 | 4–4 | 13–3 | 14–3 | 13–1 | 14–3 | 19–3 | 17–3 | 10–4 | 9–3 | 9 / 61 | 181–52 |
Завршни натпревари | ||||||||||||||||||||
Тенис Мастерс куп | A | A | A | победа | A | RR | A | A | A | A | A | NH | RR | полу финале | RR | победа | RR | RR | 2 / 8 | 16–13 |
АТП Мастерс серија | ||||||||||||||||||||
Индијан Велс | A | A | A | A | четврт финале | 2 коло | четврт финале | победа | 2 коло | 1 коло | финале | полу финале | полу
финале |
1 коло | полу финале | полу финале | полу финале | четврт финале | 1 / 14 | 28–13 |
Мајами | A | A | A | четврт финале | 1 коло | 2 коло | 2 коло | 2 коло | 2 коло | четврт финале | финале | 1 коло | четврт финале | финале | победа | победа | четврт финале | 2 коло | 2 / 15 | 30–13 |
Монте Карло | A | A | A | A | 2 коло | финале | полу финале | 1 коло | четврт финале | 1 коло | победа | победа | 2 коло | четврт финале | 2 коло | победа | четврт финале | полу финале | 3 / 14 | 26–11 |
Рим | A | A | A | A | финале | A | A | четврт финале | четврт финале | четврт финале | 1 коло | A | A | полу финале | полу финале | полу финале | 2 коло | полу финале | 0 / 10 | 18–10 |
Хамбург | A | A | A | A | A | A | A | A | A | A | победа | финале | четврт финале | полу финале | победа | четврт финале | четврт финале | 2 коло | 2 / 8 | 17–6 |
Канада | A | A | A | A | A | полу финале | 2 коло | полу финале | победа | полу финале | 2 коло | A | финале | финале | полу финале | четврт финаале | четврт финале | четврт финале | 1 / 12 | 25–11 |
Синсинати | A | A | A | A | 2 коло | четврт финале | четврт финале | 1 коло | победа | четврт финале | полу финале | 1 коло | четврт финале | финале | победа | победа | 2 коло | 2 коло | 3 / 14 | 26–11 |
Мадрид | A | A | A | финале | 2 коло | A | 2 коло | 2 коло | победа | полу
финале |
A | полу финале | четврт финале | 1 коло | A | полу финале | полу финале | полу финале | 1 / 12 | 21–11 |
Париз | A | A | A | A | 2 коло | A | 1 коло | 2 коло | 2 коло | 2 коло | A | полу финале | полу финале | победа | 1 коло | полу финале | четврт финале | победа | 2 / 12 | 18–10 |
Победи - порази | 0–0 | 0–0 | 0–0 | 5–2 | 9–7 | 10–5 | 10–7 | 11–7 | 17–5 | 13–8 | 21–5 | 15–6 | 12–8 | 18–8 | 20–5 | 24–6 | 11–9 | 13–8 | 15 / 111 | 209–96 |
Години и пласман | 408 | 199 | 56 | 9 | 26 | 12 | 17 | 8 | 3 | 26 | 1 | 6 | 6 | 3 | 3 | 4 | 15 | 9 |
Топ 10 победи
уредиСезона | 1991 година | 1992 година | 1993 година | 1994 година | 1995 година | 1996 година | 1997 година | 1998 година | 1999 година | 2000 година | 2001 година | 2002 година | 2003 година | 2004 година | 2005 година | 2006 година | 2007 година | 2008 година | Вкупно |
Победи | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 8 | 2 | 2 | 2 | 1 | 1 | 0 | 2 | 2 | 0 | 0 | 0 | 22 |
# | играч | ранг | настан | подлога | ниво | резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
1994 | ||||||
1. | Серџи Бругуера | 3 | Шенектади САД | Тврда | 2 коло | 2–6, 6–4, 6–2 |
2. | Стефан Едберг | 5 | САД опен Њујорк | Тврда | 3 коло | 6–4, 6–4, 6–0 |
1997 | ||||||
3. | Марсело Риос | 9 | Мајами, САД | Тврда | 3 коло | 6–3, 3–6, 6–1 |
4. | Пит Сампрас | 1 | Квинс клуб, Лондон | Трева | четврт финале | 3–6, 6–3, 6–4 |
5. | Карлос Моја | 9 | Индијанополис,
САД |
Тврда | финале | 6–3, 7–6(7–3) |
6. | Густаво Куертен | 9 | САД опен, Њујорк | Тврда | 3 коло | 6–3, 6–1, 7–5 |
7. | Пат Рафтер | 3 | Стокхолм Шведска | Тврда (i) | полу финале | 7–6(7–3), 7–6(7–3) |
8. | Серџи Бругуера | 8 | АТП турнир, Хановер | Тврда (i) | RR | 6–3, 6–1 |
9. | Мајкл Чанг | 2 | АТП турнир, Хановер | Тврда (i) | RR | 6–4, 7–5 |
10. | Мајкл Чанг | 3 | Дејвис куп, Гетеборг | Тепих - синтелон(i) | RR | 7–5, 1–6, 6–3, 6–3 |
1998 | ||||||
11. | Алекс Коретја | 7 | Дејвис куп, Стокхолм | Тепих - синтелон (i) | RR | 6–3, 7–5, 6–7(5–7), 6–3 |
12. | Карлос Моја | 5 | Дејвис куп, Стокхолм | Тепих - синтелон (i) | RR | 6–3, 7–5 |
1999 | ||||||
13. | Ричард Крајчек | 4 | Токио, Јапонија | Тврда | четврт финале | 3–6, 7–5, 6–1 |
14. | Марк Филипусис | 10 | Светски клупски куп, Диселдорф | Земја | финале | 6–4, 7–6(7–3) |
2000 | ||||||
15. | Николас Лапенти | 9 | Ротердам, Холандија | Тврда(i) | 1 коло | 7–6(7–5), 6–2 |
16. | Алекс Коретја | 7 | Синсинати, САД | Тврда | 1 коло | 6–4, 6–4 |
2001 | ||||||
17. | Себастијан Грожан | 9 | Лион, Франција | Тепих - синтелон(i) | 2 коло | 7–6(7–2), 1–6, 6–4 |
2002 | ||||||
18. | Тим Хенман | 8 | Австралија опен, Мелбурн | Тврда | 4 коло | 6–2, 7–6(8–6), 6–4 |
2004 | ||||||
19. | Енди Родик | 1 | Доха, Катар | Тврда | 2 коло | 6–3, 6–4 |
20. | Марк Филипусис | 9 | Дејвис куп, Аделаида | Тврда | RR | 7–5, 6–2, 6–2 |
2005 | ||||||
21. | Николај Давиденко | 7 | Вимблдон, Лондон | Трева | 2 коло | 6–7(4–7), 1–2 ret. |
22. | Мариано Пуерта | 10 | Хо Ши Мин, Виетнам | Тврда | полу финале | 6–1, 6–0 |
Наводи
уреди- ↑ http://www.protennislive.com/posting/ramr/career_prize.pdf
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „ATP Tour profile for Jonas Björkman“. Посетено на 9 July 2007.
- ↑ Bjorkman in Wimbledon warning to Hewitt - theage.com.au
- ↑ Hewitt wins first-round scrap with Swede - smh.com.au
- ↑ „Bjorkman Retires After 17-Year Career“. Tennis Masters Cup. 14 November 2008. Архивирано од изворникот на 4 March 2009. Посетено на 17 November 2008.
- ↑ „Tennis - Jonas Bjorkman to make doubles comeback at If Stockholm Open“. Tennis World Italia. 2 October 2013. Архивирано од изворникот на 5 October 2013. Посетено на 2 October 2013.
- ↑ Henley, Blair. „Bjorkman competes on Sweden's Let's Dance“. atpworldtour.com. ATP Tour.
- ↑ https://www.telegraph.co.uk/sport/tennis/andymurray/11464204/Andy-Murray-to-hire-Jonas-Bjorkman-when-hes-finished-with-Swedens-answer-to-Strictly-Come-Dancing.html
- ↑ https://www.theguardian.com/sport/2015/apr/26/andy-murray-jonas-bjorkman-coach
- ↑ Andy Murray: Jonas Bjorkman to help Scot be more aggressive
- ↑ Andy Murray column: Winning titles & testing Bjorkman
- ↑ Andy Murray wins fourth Queen's Club title with two wins in a day
- ↑ https://www.independent.co.uk/sport/tennis/andy-murray-splits-with-assistant-coach-jonas-bjorkman-a6776296.html
Надворешни врски
уреди- jonasbjorkman.com Архивирано на 12 јуни 2009 г. – официјална веб-страница
- Јонас Бјоркман Профил на мрежното место на АТП (англиски)
- Јонас Бјоркман на официјалното мрежно место на Дејвис купот
- Историја на светското рангирање на Бјоркман Архивирано на 27 јануари 2021 г.