Монте Карло
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Монте Карло (француски: Monte-Carlo, окситански: Montcarles, моначки: Monte-Carlu) — административна област на Кнежевството Монако. Монте Карло е насекаде познат по неговите казина и неговата еминентност. Постојаното население изнесува 15.000 жители. Квартот Монте Карло не го вклучува само централното место на Монте Карло каде што се наоѓа “Големото Казино”(“Le Grand Casino”) туку исто така ги вклучува соседствата Сент Мишел, Сент Роман-Тенао и заедницата која се наоѓа на самата плажа на Ларвото. Граничи со Францускиот град Бузулеј (понекогаш познат како Монте Карло Супериор).[1]
Монте Карло | |
---|---|
Quarter and ward | |
Monte Carlo | |
View of the principality of Monaco | |
Location in Monaco | |
Location in relation to France | |
Координати: 43°44′23″N 7°25′38″E / 43.73972° СГШ; 7.42722° ИГД | |
Country | Монако |
Управа | |
• Вид | Monarchy |
Население | |
• Вкупно | 15,200 in Quarter and 3,500 in ward |
Потекло на поимот
уредиИмето Монте Карло е од италијанско потекло, наречена по кнезот Шарл III за време на неговото владеење.
Историја
уредиПронајден во 1866, Монте Карло има име од Италијанско потекло со значење планината Чарлс во чест на тогаш владеачкиот принц Чарлс III од Монако. Специфичната планина се наоѓа на подножјето на Мартитајмските Алпи на кои лежи самиот град.
Историјата на самата област и владењеето на фамилијата Грималди датира назад со векови. Пристаништето на Монако за првпат се споменува во историските записи 43 година п.н.е. , кога Јулиј Цезар ја имал собрано својата флота таму чекајќи напразно за Помпеја. Во 12 век оваа област паднала под врховна власт на Џенова,на која и припаднала целиот брег од Порто Венеро до Монако. После многу конфликти,Грималди ја повратила карпата во 1295, но притоа добивајќи значително ниво на опозиција во годините што следеле. Во 1506 жителите на Монако под водство на господарот Луциен од Монако биле под четиримесечна опсада од армијата на Џенова која имала 10 пати поголем број на луѓе. Монако официјално добил своја целосна автономија во 1524, но имал потешкотии да ја поврати моќта и од време на време потпаѓал под доминација на Шпанија,Сардинија и Франција.
Веќе до 1850-тите владечката фамилија на Монако бил пред сам банкрот,ова бил резултат од губењето на два града Менто и Рокбрун кои беа извор на главните приходи на кнежевството со културите кои произведуваат лимони,портокали и маслинки. Во тоа време неколку мали градови во Европа растеле и просперирале со отворањата на казина, посебно во Германските градови како Баден-Баден и Хомбург. Во 1856 Чарлс III од Монако им додели концесии на Наполеон Ланглоис и Алберт Ауберт за отворање на морски бањи за третман на различни болести и за изградба на казино во Германски стил во Монако. Првото казино беше отворено во областа Ла Кондамине во 1862,но не било успешно. Сегашната локација се наоѓа во областа наречена "Les Spelugues"(пештерите) на Монте Карло и е добиена по неколку релокации во годините што следеле.Успешноста на казиното растеше бавно, главно поради непристапноста во оваа област со голем дел од Европа. Со добивањето на железница во 1868, придонело за наплив од луѓе во Монако и пораст на богатството.
Во 1911 кога уставот го подели кнежевството Монако на три општини,општината Монте Карло ги опфаќаше веќе постоечките соседства на Ла Русе, Сеинт Роман, Ларвото и Сент Мишел. Општините биле приспоени во една во 1917, по обвинувањата дека владата водеше политика под мотото “раздели па владеј” и добија статус што соодвестуваше на одделенија (населби). Денеска Монако е поделен во 10 одделенија (населби), со планирано единаесто одделение (моментално одложено) кое треба да го опфати рекултивираното морско земјиште. Во Монако од 1900 до 1953 постоел трамвај,кој ги поврзувал сите делови од Монако. Во 2003 нов бродски столб за крузери бил изграден на пристаништето на Монако.
Спорт и рекреација
уредиНа Монте Карло му припаѓа најголемиот дел од уличната патека на Монако, каде што се одржува Формула I трката, големата награда на Монако. Исто така е домаќин на светското првенство во бокс, финалето на Европското првенство во покет и Светското првенство во табла,како и на модни настани и друго. Иако тенискиот турнир Монте Карло се води како да се одвива во самата заедница, всушност вистинската локација се наоѓа во непосредна близина на Француската комуна на Roquebrune-Cap-Martin. Монте Карло е посетуван од кралски семејства,како и од најпознатите јавни личности и филмски звезди со декади наназад. Релито во Монте Карло е едно од најпочитуваните и со најголема традиција рели трки на автомобили. Од 1973 до 2008, го одбележуваше стартот на секоја сезона во светското рели првенство како прва трка на календарот, но сега е дел од втората лига на Интерконтиненталното рели првенство. Како и да е, релито се одржува надвор од границите на Монте Карло.
Салата Гарние
уредиОперата на Монте Карло или Салата Гарние била изградена од страна на архитектот Чарлс Гарние како точен дупликат во минијатура на Операта во Париз. Аудиториумот на операта е украсена во црвена и жолта боја, има фрески и скулптури насекаде низ аудиториумот. Оваа сала беше отворена на 25 Јануари 1879тата година со изведбата на Сара Бернард која беше облечена како нимфа. Првата опера која беше изведена таму беше операта Le Chevalier Gaston на Роберт Планкит на 8 февруари 1879тата година и беше подоцна проследена со три исти такви изведби во првата сезона.
Со влијанието на првиот директор, Јулиј Коен, добитната комбинација на Раул Гунсбург (новиот директор од 1883тата година) и Принцезата Алис (голема љубителка на опера и сакана жена на наследникот на Чарлс III,Алберт I), компанијата беше ставена на сцена со другите светски опери. Гунсбург остана на врвот на гледаноста наредните 60 години, а повеќето главни улоги ги отпеал историскиот Италијански тенор, Франческо Тамањо.
Во раните години на 20 век, во Салата Гарние се изведоа добри претстави и настапија одлични уметници како Нели Мелба и Енрико Карузо во претставите во La Bohème и Rigoletto (во 1902) како и Феодор Калипин во премиерата Don Quichotte на Жил Масне во 1910та година. Оваа продукција стана дел од долгата асоцијација помеѓу компанијата и оперите на Масне, од кои две беа презентирани постхумано. Други познатни пејачи од 10 век се појавиле во Монте Карло вклучувајќи ги Saint-Saëns (Hélène, 1904); Mascagni (Amica, 1905); и Puccini (La rondine, 1917). Секако, од неговото отворање, театарот беше домаќин на светски продукции на опери. Но, “Златната доба” на салата Гарние ја нема, бидејќи малите компании со мали куќи не можат да ги надминат продукциите кои нудат астрономски цени. Сепак денес оваа компанија сè уште презентира пет до шест опери во една сезона .
Хотел де Париз
уредиХотелот де Париз бил основан во 1864тата година од страна на принцот Чарлс III од Монако на местото каде што требало да биде казинотп. Овој хотел се наоѓа во срцето на Монте Карло. Припаѓа на СБМ групацијата ( државна управувачка компанија која поседува и раководи со Казиното Монте Карло, операта Монте Карло и хотелот Де Париз) и е дел од елитните хотели во Монако, како што се Монте-Карло Бич Хотел, Монте Карло Беј Хотел и Ресорт, Метропол Хотелот и Фермонт Хотелот.
Хотел де Париз има 106 соби поделени во 4 групи врз основа на погледот, декорацијата и луксузноста. Има 20 соби со одличен поглед кон градот, 29 големи соби со поглед во дворот на хотелот, 59 соби со поглед на морето и шест соби со есклузивен поглед кон казиното. Додатни се 74те апартмани и помали апартмани кој се групираат слично како и собите, нудејќи повеќе луксузност повеќе од собите. Има еднокреветни и двокреветни апартмани. Исто така постои и Претседателскиот апартман.[2]
Монте Карло на телевизија и во филмовите
уредиМонте Карло е спомнуван и опишуван во многу филмови и филмски серии. Најново во 2011 година се снимаше филм со истоименото име. Во 1968та година се снимаше документарец за Принцезата Греј на Монако која ја глумаше Грејс Кели, мјузикалот Принцот Реинер од Монако во кој глумеше Дејвид Винтерс и танчери кои беа тренирани да ја прикажат убавината и чудата на Монте Карло на светот. Американскиот филм “Монте Карло” од 1930тата година во кој глумеа Џек Буханан и Џенет МекДоналд бил сниман во самиот град. Во филмовите на Џејмс Бонд “Никогаш не вели никогаш повеќе” и “Златно око” се појавува казиното Монте Карло. Филмот “Да се фати крадецот” на Алфред Хитчкок во 1954тата година чие дејство се одвивало во Монте Карло и неговото казино, глумеле Кери Грант и идната Принцеза Грејс на Монако. Во тој филм има сцена каде тогашната Грејс Кели вози кола многу брзо и опасно, по стрмните патишта на Монако, што е интересна коинциденција до нејзината вистинска судбина во 1892та година. Овој град беше исто така локација за снимање на Британските серии од доцните 1960-ти каде во 11тата епизода насловена како “Духот кој ја спаси банката во Монте Карло” Мајк Прет, Кенет Коуп и Анет Андре заминаа за Монте Карло како придружници на високо талентираната постара жена за коцкање со цел да влезат внатре во казиното и да запрат група на бандити. Во 1970тата, компанијата за автомобили Шевролет го запозна пазарот со кола наречена по градот која се продаваше шест генерации од создавањето до 2007мата година. Трката за мотори Гранд Прикс 1 во Монте Карло беше темата на филмот “Човекот-челик 2”. Други филмови како “Јас,шпион” и “Монте Карло” беа снимани во Монте Карло. Видео играта “Гранд Туризмо” често ја нуди Монте Карло како локација. Хотел де Париз ќе се појави во филмовите кои следат “Мадагаскар 3” и “Најбараните личност во Европа”.
Наводи
уреди- ↑ State.gov, Monaco has four traditional quarters according to US Department State (retrieved 22 September 2007), but see infobox above for other classifications of districts).
- ↑ „Palace Hotel de Paris in Monte-Carlo : Informations about the luxury hotel on the riviera, near from Nice“. En.hoteldeparismontecarlo.com. Архивирано од изворникот на 2010-07-24. Посетено на 2010-07-02.
Надворешни врски
уреди„Монте Карло“ на Ризницата ? |
- The portal to the Principality in 5 languages
- Travel guide for Monte Carlo and Monaco
- Official site about Monte Carlo thermae Архивирано на 4 јули 2008 г.
- Monte Carlo - Fullscreen 360 degree Quicktime VR Panorama Архивирано на 13 април 2005 г.
- Monaco Portal Архивирано на 22 март 2021 г.
- Monaco Hotels reservation Архивирано на 1 февруари 2012 г.