Давид Ферер

шпански тенисер

Давид Ферер Ерн (каталонски изговор: [daˈvit feˈreɾ ˈɛɾn]; роден на 2 април 1982 во Хавеја, Аликанте) — шпански професионален тенисер кој живее во Валенсија, Шпанија, и кое е на 5-то место на АТП листата, како втор најдобро рангиран шпански тенисер зад 4-от Рафаел Надал. Тој почнал професионално да игра тенис во 2000 година.

Давид Ферер
Ферер на Австралиан Опен 2011
Земја Шпанија
Место на живеењеВаленсија, Шпанија
Роден на2 април 1982(1982-04-02)(42 г.)
Роден воХавеја, Аликанте, Шпанија
Спорт Тенис
Висина1.74 м
Професионалец2000 година
Игра со• десна рака
• дворак бекхенд
Заработка$ 16,291,089
Поединечно
Победи-порази484–245
Титули18
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенSF (2011)
Ролан ГаросSF (2012)
ВимблдонQF (2012)
УС ОпенSF (2007, 2012)
Други турнири
Мастерс купF (2007)
Олимписки игри3R (2012)
Во двојки
Победи-порази61–95
Титули2
Највисок пласман42 (24 октомври 2005)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен3R (2005)
Ролан Гарос2R (2009)
Вимблдон1R (2003, 2004, 2005, 2006, 2009)
УС Опен2R (2004, 2006)
Мастерс купДруги турнири во двојки
SF - 4th place (2012)
Ажурирано на: 20 септември 2012.

Ферер е познат како специјалист на тврдите подлоги, и стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на САД 2007, Отвореното првенство на Австралија 2011 и Отвореното првенство на САД 2012. Тој исто така е успешен и на Земјините подлоги, играјќи во полуфиналето на Ролан Гарос 2012. Тој бил дел од шпанскиот Дејвис Куп тим кој победил во 2008, 2009 и 2011. Тој исто така бил финалист на Мастерс Купот во 2007.[1] Во ноември 2012, Ферер го освоил својот прв мастерс од серијата 1000, триумфирајќи на Мастерсот во Париз.[2]

Кариера

уреди

Тој играл постојано на АТП (10–6) и на Челинџер (35–13) турнирите, освојувајќи ја својата прва АТП титула во Букурешт (победувајќи го Акасусо). Тој стигнал до своето прво АТП финале во Умаг (победувајќи ги Давид Налбандијан и Гуљелмо Кориа, губејќи во финалето од Карлос Моја). Тој освоил Челинџер титули во Неапол, Валенсија, и Сасуоло. Сите 10 АТП победи и 34 од 35-те победи на Челинџерите биле на Земјина подлога.

Врв на 2003 година за Ферер била победата над Андре Агаси на Мастерсот во Рим. Тој го остварил својот прв настап на Гренд Слем турнирите, како и на шест турнири од АТП Мастерс Серијата. На Мастерсот во Рим, тој го победил бранителот на титулата, Агаси во првото коло, и загубил од Иван Љубичиќ во второто коло. Ферер стигнал до второто коло на Ролан Гарос и на Вимблдон. Тој успеал да се пласира во своето трето финале во кариерата во Сопот и загубил од Гуљелмо Кориа. Тој отстварил резултат од 13 победи и 16 порази на Земјина подлога, 6 победи и 10 порази на тврда подлога, 1–1 на трева, и ја завршил годината на 71-то место на АТП листата.

Ферер стигнал до четвртфиналето во Буенос Аирес, Валенсија, и на Мастерсот во Хамбург (победувајќи го бр. 6 Давид Налбандијан, но загубил од Гуљелмо Кориа). Тој напредувал до полуфиналето во Штутгарт каде што загубил од Гастон Гаудио. Подоцна во годината, тој стигнал до четвртфиналето во Букурешт и до полуфиналето во Палермо (загубил од Томаш Бердих) и Лион (го победил Хуан Карлос Фереро, но загубил од Ксавиер Малис). Ферер ја завршил годината на 49-то место на АТП листата.

Ферер стигнал до полуфиналето на Мастерсот во Мајами каде што ги победил Давид Налбандијан, Хуан Карлос Фереро, и Доминик Хрбати, но загубил од Рафаел Надал. Во неговиот роден крај, тој загубил од Хрбати. Тој ја затворил годината со четвртфинале на Мастерсот во Мадрид, каде што загубил од Роби Џинепри, и на Мастерсот во Париз, каде што загубил од Енди Родик. На турнирите од Мастерс серијата тој отстварил 20 победи и 9 порази и само еднаш бил поразен во првото коло. Во двојки, Ферер ги освоил своите први две АТП титули во Виња дел Мар и Акапулко (заедно со Вентура) и заработил вкупно 951,772 американски долари. Тој ја завршил годината на 14-то место на АТП листата.

Ферер ја започнал годината со четвртфиналниот настап во Оукленд, каде што загубил од Оливие Рохус. Тој влегол за првпат во првите 10 на АТП листата, благодарение на неговиот најдобар пласман на Отвореното првенство на Австралија, каде што стигнал до четвртото коло победувајќи го Марио Анчич, но загубил од Фабрис Санторо. Во текот на годината тој бил 5 недели дел од првите 10 на АТП листата. Во март, втора година по ред тој стигнал до полуфиналето на Мастерсот во Мајами, каде што го победил 4-от Енди Родик, но загубил од Рожер Федерер. Во неговиот втор турнир на Земјина подлога во годината, на Мастерсот во Монте Карло, тој бил поразен од Федерер. Тој исто така стигнал до четвртфиналето во Хамбург, каде што загубил од шампионот Томи Робредо. Во Диселдорф, тој постигнал победи над двајца топ-10 тенисери, 4-от тенисер во светот, Иван Љубичиќ и 9-от тенисер во светот, Фернандо Гонсалес.

Тој стигнал до третото коло на Ролан Гарос, како и до четвртото коло на Вимблдон, каде што го поразил Гонсалес во третото коло, но подоцна загубил од Лејтон Хјуит. Во јули, тој ја освоил својата втора АТП титула во кариерата во финале против Акасусо кое траело пет часови во Штутгарт. Во август, тој стигнал до четвртфиналето во Синсинати, Охајо, каде што го победил 10-от на АТП листата, Маркос Багдатис, но потоа загубил од Гонсалес. На Отвореното првенство на САД, втора година по ред тој стигнал до третото коло каде што загубил од Михаил Јужни). Ферер ја завршил годината со четвртфиналето во Базел, каде што загубил од Федерер. Во годината, тој отсварил три победи и пет порази против топ-10 тенисерите и отстварил резултат од 18–8 на Земјина подлога и 17–13 на тврда подлога. Тој ја завршил годината на 14-то место на АТП листата и бил дел од најдобрите 15 втора година по ред.

 
Давид Ферер сервира за време на Мастерс Купот 2007

Ферер ја започнал годината со победата на турнирот во Оукленд, победувајќи го Томи Робредо во финалето. На Отвореното првенство на Австралија, тој отсварил победи над Кристијан Плес, Томас Јохансон, и Радек Штепанек и загубил во четвртото коло од Марди Фиш во пет сета. Еден месец подоцна, тој стигнал до четвртфиналето во Ротердам. Тој стигнувал до четвртфиналето на Индиан Велс и во Монте Карло, до четвртото коло во Мајами, до полуфиналето во Барселона, и до четвртфиналето во Хамбург.

На Ролан Гарос, тој бил запрен од Фернандо Вердаско во третото коло. На Вимблдон, тој бил елиминиран од французинот Пол-Анри Матје во второто коло.

Во јули, тој ја освоил втората титула во годината и четврта вкупно во кариерата, победувајќи го Николас Алмагро во финалето на Отвореното првенство на Шведска. Тој потоа стигнал до четвртфиналето на Мастерсот во Синсинати, победувајќи го Енди Родик во третото коло.

На Отвореното првенство на САД, тој бил петнаесетти носител и го победил 24-от носител Давид Налбандијан во третото коло, а потоа приредил изненадување победувајќи го Рафаел Надал во четвртото коло со 6–7, 6–4, 7–6, 6–2. Тој го победил 20-от носител Хуан Игнасио Чела во четвртфиналето и за првпат стигнал до едно Гренд Слем полуфинале, каде што бил поразен од третиот носител Новак Џоковиќ. Неговиот настап на УС Опен му го донело осмото место на АТП листата. Потоа, Ферер ја освоил својата трета титула во годината во Токио, победувајќи го Ришар Гаске во финалето. На Париз Мастерсот, тој стигнал до четвртфиналето, каде што загубил од Давид Налбандијан со 6–7, 7–6, 2–6 во сетови.

Ферер се квалификувал како шести носител за последниот турнир во годината кој го играат најдобрите осум тенисери на АТП листата, Тенискиот Мастерс Куп. Во својот прв натпревар, Ферер го изненадил третиот носител, Новак Џоковиќ, победувајќи го со 6–4, 6–4, а потоа го победил и вториот носител, Рафаел Надал со 4–6, 6–4, 6–3. Тој си обезбедил место во елиминационата фаза од турнирот победувајќи го Ришар Гаске со 6–1, 6–1. Потоа, во полуфиналето тој отстварил победа над петтиот носител Енди Родик со 6–1, 6–3. Во финалниот натпревар, Ферер загубил од првиот носител Рожер Федерер со 6–2, 6–3, 6–2. Тој ја завршил годината како 5-ти на АТП листата, што претставувало за него најдобар резултат во кариерата.

Ферер ја започнал 2008 година со пораз во четвртфиналето од Жулијен Бенето во Оукленд, каде што Ферер бил прв носител. Тој успеал да се пласира во четвртото коло на Отвореното првенство на Австралија како петти носител со ниту еден изгубен сет во првите три кола. Тој потоа го елиминирал 22-от носител Хуан Карлос Фереро во четири сета, пред да загуби од третиот носител а подоцна и шампион Новак Џоковиќ 0–6, 3–6, 5–7 во четвртфиналето. На 25 февруари, Ферер станал 4-ти светски тенисер, и покрај поразот во второто коло во Ротердам.

На 20 април, тој ја освоил својата прва АТП титула во годината, и шеста во кариерата, победувајќи го Николас Алмагро со 4–6, 6–2, 7–6, во финалето на турнирот Валенсија Опен. Тој спасил четири меч топки против Фернандо Вердаско во четвртфиналето, а потоа во финалето, го освоил решавачкиот трети сет и покрај тоа што губел со 5–2 заостанувајќи два брејк сета зад Алмагро.

На Мастерсот во Монте Карло, Ферер загубил во четвртфиналето од подоцна шампионот Рафаел Надал со 6–1, 7–5, и покрај тоа што имал пет сет топки во вториот сет. Следната недела, на турнирот во Барселона, Ферер стигнал до финалето, откако ги поразил Николас Лапенти, шестиот носител Томи Робредо, и четиринаесеттиот носител Станислас Вавринка. Тој повторно загубил од Надал во финалето.

Ферер стигнал до четвртфиналето на Ролан Гарос, изедначувајќи го својот најдобар пласман од 2005 година. Во првите две кола, тој ги победил Стив Дарсис со 6–3, 6–4, 6–3, и Фабрис Санторо со 6–0, 6–1, 6–0. Потоа тој забележал две победи во пет сета над Лејтон Хјуит и Радек Штепанек во третото и четвртото коло. Потоа загубил од домашниот фаворит Гаел Монфилссо 3–6, 6–3, 3–6, 1–6.

Ферер потоа ја започнал сезоната на трева со уште една титула, овојпат во Хертогенбос во Холандија. Тој ги победил Марио Анчиќ и аргентинецот Хуан Мартин дел Потро на патот кон финалето, каде што победил со 6–4, 6–2 над фанцузинот Марк Жикељ. Оваа титула за него била седма во кариерата и прва на тревна подлога. Со оваа победа, тој станал втор шпански тенисер (по Надал) со победа на турнир на трева по 36 годишна пауза.

На Вимблдон, Ферер бил петти носител. Во првото коло, тој го победил Сергеј Стаховски, кој го предал натпреварот при негатива од 2 сета и 3–1 во третиот сет. Во второто коло, ферер го поразил русинот Игор Андреев со 3–6, 6–3, 6–4, 6–2. Потоа во третото коло тој бил елиминиран од Анчиќ со 4–6, 4–6, 7–6, 6–7 во сетови.

Настапувајќи за Шпанија на Летните олимписки игри 2008, Ферер бил елиминиран од Јанко Типсаревиќ во првото коло.

На УС Опен, Ферер стигнал до третото коло како четврти носител, каде што загубил од Кеј Нишикори, кој бил рангиран на 126-то место и го приредил едно од најголемите изненадувања на турнирот.[3] Ферер спасил пет меч топки пред да го загуби натпреварот.

Иако Ферер бил прв носител на Отвореното првенство на Кина во Пекинг, Ферер бил поразен од израелецот Дуди Села во второто коло со 3–6, 3–6.

Во 2009, Ферер бил финалист во Дубаи и Барселона, загубувајќи од Новак Џоковиќ и Рафаел Надал редоследно. Поради повреда, тој го откажал учеството во Дејвис Купот и бил заменет од Хуан Карлос Фереро. Тој загубил во третото коло на Отвореното првенство на Австралија и на Ролан Гарос, како и на Вимблдон, и во второто коло на Отвореното првенство на САД.

 
Ферер сервира на Ролан Гарос 2009.

Ферер ја започнал 2010 година со поразот во второто коло на Отвореното првенство на Австралија од Маркос Багдатис, откако ги освоил првите два сета, во натпревар кој траел повеќе од четири часа.[4] Следниот турнир на кој Ферер играл бил турнирот во Јоханесбург. Во првото коло, тој го поразил Карол Бек. Во второто коло тој бил поуспешен од Филип Прпич, а потоа во четвртфиналето го победил индискиот тенисер Сомдев Деварман. Сепак, во полуфиналето Ферер загубил од Стефан Роберт. Потоа тој се појавил на турнирот во Буенос Аирес, каде што бил прв носител. На патот до финалето тој ги победил Симон Гројл со 6–2, 7–6 во првото коло и Федерико Гил во второто коло со 6–3, 6–0. Ферер потоа во четвртфиналето го победил Игор Андреев со 7–5, 6–2, а потоа во полуфиналето бил поуспешен од Алберт Монтањес со 6–1, 6–1. Сепак, во финалето тој загубил од Хуан Карлос Фереро со 7–5, 4–6, 3–6.

Следниот турнир на кој Ферер играл бил турнирот во Акапулко, каде што тој бил трет носител. Во првото коло, тој отстварил победа над Потито Стараче со 6–2, 6–4, а потоа во второто коло го победил Томаш Белучи со 6–4, 6–1. Во четвртфиналето Ферер бил поуспешен од Пабло Куевас, победувајќи го со 7–5, 6–4. Во полуфиналето, тој го победил фернандо Гонсалес со 6–7, 6–0, 6–4. Во финалето, тој му се одмаздил за претходниот пораз на Хуан Карлос Фереро, победувајќи го со 6–3, 3–6, 6–1, освојувајќи ја својата осма титула во кариерата. Со оваа победа, тој се искачил на 16-то место на АТП листата.

Во првото коло од Дејвис Купот, Ферер го победил Марко Чиудинели со 6–2, 7–6, 6–1, а потоа го победил и Станислас Вавринка со 6–2, 6–4, 6–0, при што и донел на Шпанија пласман во четвртфиналето од Дејвис Купот, каде што за противник ја имала Франција. Следниот турнир за Ферер бил Мастерсот во Индијан Велс. Тој бил 13-ти носител, и поради таа околност бил слободен во првото коло. Во второто коло, тој бил поразен од Џејмс Блејк со 1–6, 4–6.

Следниот турнир на кој Ферер играл бил Мастерсот во Мајами, каде што тој бил 15-ти носител. Во второто коло, тој го победил Микаел Лодра со 6–2, 6–4, а во третото коло Иво Карловиќ со 7–6, 6–3. Како и да е, во четвртото коло, тој бил поразен од Рафаел Надал со 6–7, 4–6.

Првиот турнир за Ферер на Земјина подлога бил Мастерсот во Монте Карло, каде што бил 11-ти носител. По првото коло тој го победил квалификантот Питер Лучак со 6–2, 6–4, а потоа во второто коло го победил Андреј Голубев со 6–3, 6–2. Во третото коло тој бил поуспешен од Иван Љубичиќ со 6–0, 7–6, додека пак во четвртфиналето, го победил Филип Колшрајбер со 7–5, 7–6, и стигнал до полуфиналето, каде што повторно загубил од Надал со 2–6, 3–6.

Потоа следел настапот на турнирот во Барселона, каде Ферер бил осми носител. Во првото коло тој бил слободен, а во второто коло бил поуспешен од Марсел Гранољерс со 7–5, 6–4. Во третото коло, тој убедливо го победил Симоне Болели со 6–0, 3–0, при што во вториот сет Болели морал да го предаде натпреварот поради повреда на зглобот. Потоа во четврфиналето, Ферер се сретнал со Томаш Белучи и го победил со 6–4, 6–0 и си го отворил патот кон полуфиналето, каде што се соочил со неговиот сонародник Фернандо Вердаско. Ферер имал предност пред Вердаско со 7–6, 4–2 во сетови, но на крајот сепак загубил со 7–6, 5–7, 1–6.

Следниот турнир за Ферер бил Мастерсот во Рим, каде што бил 13-ти носител. Во првото коло, Ферер го победил Евгениј Корољов со 6–4, 6–1, а во второто коло бил поуспешен од Потито Стараче со 7–5, 6–2. Во третото коло, Ферер успеал да го победи 5-от тенисер во светот, британцецот Енди Мареј со 6–3, 6–4, а потоа во четвртфинаелто го победил 7-от носител Жо-Вилфрид Цонга со 6–4, 6–1. Тој се соочил со 9-от играч на АТП листата а воедно и 6-ти носител, Фернандо Вердаско за место во неговото прво финале од Мастерс 1000 серијата, и го победил со 7–5, 6–3. Во финалето тој не успеал да го освои својот прв Мастерс 1000 трофеј, бидејќи бил поразен од Рафаел Надал со 5–7, 2–6. Поради неговите фантастични игри на Мастерсот во Рим, тој успеал да се искачи на 12-то место на АТП листата.

Следен турнир за Ферер бил Мастерсот во Мадрид, каде што бил 9-ти носител. Во првото коло, тој го победил Џереми Чарди со 6–3, 7–6, а потоа во второто коло и Маркос Багдатис со 1–6, 6–3, 7–5. Во третото коло, Ферер бил подобар од Марин Чилиќ победувајќи го со 6–3, 6–2. во четвртфиналето, тој, вторпат последователно, го победил британецот Енди Мареј со 7–5, 6–3. Во полуфиналето, Ферер загубил од првиот тенисер во светот, Рожер Федерер во три сета.

На вториот Гренд Слем во годината, Ролан Гарос, Ферер влегол како 9-ти носител. Тој својата кампања ја почнал со победата од 6–1, 6–3, 6–1 над францускиот квалификант Давид Гуез, а потоа го победил Ксавиер Малис со 6–2, 6–2, 2–0, при што Малис во третиот сет се здобил со повреда и го предал мечот. Во третото коло, тој загубил од полуфиналистот на турнирот Јирген Мелцер со 4–6, 0–6, 6–7.

Следен турнир на кој Ферер се појавил бил Вимблдон, каде што тој бил повторно 9-ти носител. Во првото коло, тој го победил Николас Кифер со 6–4, 6–2, 6–3, а потоа во второто коло и Флорент Сера со 6–4, 7–5, 6–7, 6–3. Во третото коло, тој го победил Џереми Чарди со 7–5, 6–3, 4–6, 3–6, 7–5, откако успеал да се врати во последниот сет каде Чарди сервирал за победа. Во четвртото коло, тој бил поразен од Робин Седерлинг со 2–6, 7–5, 2–6, 6–3, 5–7, и покрај тоа што двапати во мечот бил на само два бода од победа.

Потоа Ферер бил дел од шпанскиот тим кој се соочил со Франција во Дејвис Купот. Тој го загубил првиот натпревар од Гаел Монфилс со 6–7, 2–6, 6–4, 7–5, 4–6. На крајот Шпанија загубила од Франција со 0–5. Потоа Ферер отпатувал во Шведска за да игра на Отвореното првенство на Шведска, каде што бил трет носител. Поради тоа што бил трет носител, тој бил слободен во првото коло и во второто коло го победил Фабио Фоњини со 6–3, 7–5. Во четвртфиналето, тој бил поуспешен од Пабло Куевас со 6–3, 6–3 и напредувал до полуфиналето, каде што загубил од Робин Седерлинг со 6–4, 3–6, 2–6. Тој требал да игра на Отвореното првенство на Германија како втор носител, но го откажал своето учество поради повреда на рамото.

Следниот турнир на кој Ферер настапил бил Мастерсот во Монтреал, каде што тој бил десетти носител, но загубил уште во првото коло од Давид Налбандијан со 5–7, 6–3, 3–6. Ферер потоа отпатувал во Синсинати за да игра на Мастерсот во Синсинати, каде што повторно бил десетти носител. Во првото коло, тој го победил Александар Долгополов со 3–6, 6–3, 6–4, а потоа и Сем Квери во второто коло со 7–5, 6–2. Сепак, во третото коло, тој бил поразен од Николај Давиденко со 6–4, 3–6, 5–7.

Потоа следел последниот Гренд Слем во годината, Отвореното првенство на САД, каде што Ферер бил десетти носител. Во првото коло, тој го победил Александар Долгополов со 6–2, 6–2, 6–3, а потоа и Бенџамин Бекер во второто коло со 6–3, 6–4, 6–4. Потоа тој го победил Даниел Гимено-Травер со 7–6, 6–2, 6–2, и изборил место во најдобрите 16. Сепак, тој бил поразен од Фернандо Вердаско со 7–5, 7–6, 3–6, 3–6, 6–7, и покрај тоа што имал предност од 4–2 во решавачкиот сет, и 4–1 во тајбрејкот. Поради пласманот во најдобрите 16, Ферер успеал да се врати во првите 10 тенисери на АТП листата, искачувајќи се на 10-то место.

Ферер потоа отпатувал во Малезија и се појавил на Отвореното првенство на Малезија, каде што бил 5-ти носител. Во првото коло, тој го победил Бернард Томиќ со 6–3, 6–4, а потоа и индиецот Јуки Брамби со 6–2, 6–2, за место во четврфиналето. Во четвртфиналето тој бил поуспешен од седмиот тенисер во светот, Томаш Бердих со 4–6, 7–5, 6–4. Сепак, во полуфиналето, тој бил изненаден од Андреј Голубев со 7–5, 7–6. Потоа Ферер се појавил на Отвореното првенство на Кина како осми носител. Во првото коло, тој го поразил Денис Истомин со 6–4, 6–1, а во второто коло бил подобар од Лу Јен Хсун со 6–3, 3–6, 6–1. Во четвртфиналето, тој го победил Робин Седерлинг со 6–2, 6–4, и си обезбедил место во полуфиналето. Таму, тој го победил Иван Љубичиќ со 6–4, 4–6, 6–4, и се пласирал во финалето. Сепак, во финалето, тој загубил од Новак Џоковиќ со 2–6, 4–6.

Следниот турнир на кој Ферер се појавил бил Мастерсот во Шангај, каде што тој бил 11-ти носител. Во првото и второто коло, тој бил поуспешен од Микаел Лодра со 7–6, 6–1, односно од Томаш Белучи со 7–6, 6–3. Како и да е, тој бил поразен во третото коло од Робин Седерлинг со 7–5, 6–4. Поради пласманот во најдобрите 16, тој се искачил на осмото место на АТП листата, како и на седмото место во трката за завршниот турнир во годината.

Ферер потоа го потврдил учеството во Валенсија како фаворит во родниот крај. На овој турнир, тој бил четврти носител и во првото коло отстварил победа над Гуљелмо Гарсија-Лопес од 6–7, 6–3, 6–3. Во второто коло тој го победил квалификантот Тејмураз Габашвили со 6–4, 6–1, за место во четвртфиналето. Потоа тој се пласирал во полуфиналето со победата над Потито Стараче од 7–5, 6–4. Во полуфиналето тој го победил Робин Седерлинг со 6–3, 3–6, 6–3, за место во финалето. Во финалето, тој го поразил Марсел Гранољерс со 7–5, 6–3 и ја освоил својата деветта титула во кариерата. Со оваа победа, тој го загарантирал своето учество на завршниот турнир во годината во Лондон.

Ферер сезоната ја завршил со последниот мастерс во годината Мастерсот во Париз, каде што бил седми носител. Поради тоа што бил седми носител, тој обезбедил директно учество во второто коло и го победил Фабио Фоњини со 3–6, 6–4, 7–6. Сепак, во третото коло, тој бил поразен од Јирген Мелцер со 6–7, 6–2, 3–6. И покрај поразот, тој успеал да се пласира на завршниот турнир, вторпат во кариерата по 2007 година.

Потоа Ферер отпатувал во Лондон и бил дел од Тенискиот Мастерс Куп, како седми носител. Тој бил дел од групата Б заедно со Рожер Федерер, Робин Седерлинг, и Енди Мареј. Во својот прв натпревар, тој претрпел пораз од Федерер со 6–1, 6–4, а во вториот натпревар тој загубил и од Седерлинг со 5–7, 5–7. Ферер потоа претрпел и трет пораз, овојпат од Мареј со 2–6, 2–6 во сетови, и го завршил турнирот без победа и три порази.

Ферер ја завршил годината со резултат од 60 победи и 24 порази, и повторно во првите 10, завршувајќи на седмото место на АТП листата.

Ферер ја започнал сезоната на турнирот во Оукленд, каде бил прв носител. Тој бил слободен во првото коло, и во второто коло го поразил Тобиас Камке со 3–6, 7–6, 6–4. Во четвртфиналето, тој бил поуспешен од Филип Колшрајбер со 6–3, 6–7, 6–3, и напредувал до полуфиналето, каде бил подобар од Сантјаго Гиралдо со 6–3, 7–5, обезбедувајќи си место во финалето, каде што играл против Давид Налбандијан. Во финалето, Ферер го победил Налбандијан со 6–3, 6–2, за својата прва титула во годината, односно десетта во кариерата.

Ферер потоа допатувал до Мелбурн за да игра на првиот Гренд Слем во годината, Отвореното првенство на Австралија, каде бил седми носител. Во првото коло, тој по поразил Јарко Ниеминен со 6–4, 6–3, 1–6, 6–2, а потоа, во второто коло, го поразил и Мајкл Расел со 6–0, 6–1. 7–5. Местото во најдобрите 16 го обезбедил со победата над Рикардас Беранкис од 6–2, 6–2, 6–1, а потоа за влез во четвртфиналето го победил Милош Раониќ со 4–6, 6–2, 6–3, 6–4. Тој го победил првиот во светот, повредениот Рафаел Надал за место во полуфиналето, победувајќи во три сета од 6–4, 6–2, 6–3. Во полуфиналето, тој бил поразен од петтиот носител, Енди Мареј со 6–4, 6–7, 1–6, 6–7. Со овој пласман во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија, тој се искачил на 6-то место на АТП листата.

Следен турнир на кој Ферер играл бил турнирот во Ротердам, каде бил трет носител, но загубил уште во првото коло од Јарко Ниеминен со 3–6, 4–6. Потоа, Ферер играл на турнирот во Акапулко, какде бил прв носител и бранител на титулата од минатата година. Во првото коло, тој го победил Адријан Унгур со 6–1, 6–3, а потоа во второто коло бил поуспешен од Сантјаго Гонсалес со 6–2, 6–2. Во четвртфиналето, тој го поразил Хуан Монако со 2–6, 7–5, 6–2, а потоа и обезбедил место во финалето со победата над Александар Долгополов од 5–7, 6–1, 6–1 во полуфиналето. Во финалето тој бил поуспешен од Николас Алмагро со 7–6, 6–7, 6–2, при што ја одбранил титулата од минатата година. Оваа титула за Ферер била единаесетта во кариерата.

Ферер потоа се појавил на првиот турнир од серијата 1000 во годината, Мастерсот во Индијан Велс, каде иако бил шести носител, тој сепак загубил во второто коло од Иво Карловиќ со 6–7, 3–6. Ферер потоа отпатувал за Мајами за да игра на Мастерсот во Мајами, каде повторно бил шести носител. Тој бил слободен во првото коло, а потоа во второто коло бил поуспешен од Игор Кунитсин со 6–2, 6–1. Во третото коло, тој го поразил Сомдев Деварман со 6–4, 6–2, а потоа и Марсел Гранољерс за место во четвртфиналето. Сепак, во четвртфиналето, тој загубил од Марди Фиш со 5–7, 2–6.

Ферер потоа отпатувал во Европа за да ја започне сезоната на Земјина подлога. Негов прв турнир бил Мастерсот во Монте Карло, каде бил 4-ти носител. Тој бил слободен во првото коло, а во второто коло бил подобар од Фелисијано Лопес со 6–2, 6–0. Во третото коло, тој го поразил Милош Раониќ со 6–1, 6–3, а потоа го победил и Виктор Троицки за место во полуфиналето втора година по ред. Местото во финалето Ферер го обезбедил со победата над Јирген Мелцер од 6–3, 6–2. Сепак во финалето, тој не успеал да стигне до својот прв АТП Мастерс 1000 трофеј, и бил поразен од Рафаел Надал со 4–6, 5–7.

Следната недела, Ферер повторно се вратил во Шпанија, за да игра на турнирот во Барселона, каде бил 4-ти носител. Во второто коло, тој го поразил Карлос Берлок со 6–2 6–2, а потоа во третото коло и Виктор Ханеску со 6–3 6–2. Во четвртфиналето, тој бил поуспешен од Јирген Мелцер со 6–3, 6–3, и со победата над Николас Алмагро од 6–3, 6–4, тој обезбедил место во финалето на турнирот, кое било трето за него во Барселона. Сепак, во финалето, тој бил поразен од Рафаел Надал со 2–6, 4–6 втора недела по ред. Ферер потоа се појавил на турнирот во Мадрид како шести носител. Поради тоа што бил 6-ти носител, тој добил директно учество во второто коло, каде бил поуспешен од Адријан Манарино со 7–5, 0–6, 6–0. Потоа тој обезбедил место во четвртфиналето со победата над Сергеј Стаховски во два сета. Во четвртфиналето, Ферер за противник го имал Новак Џоковиќ, каде во возбудлив натпревар, Ферер загубил од србинот со 4–6, 6–4, 3–6. Тоа било прв пораз за Ферер од Џоковиќ на Земјина подлога. Ферер го откажал учеството на Мастерсот во Рим, но повторно се вратил на тениските терени на Ролан Гарос.

На Ролан Гарос, Ферер бил седми носител. Тој забележал лесни победи над Јарко Ниеминен, Жулијен Бенето, и Сергеј Стаховски, но неговата серија била прекината во четвртото коло од деветтиот носител Гаел Монгилс со 4–6, 6–2, 5–7, 6–1, 6–8. Поради пласманот во најдобрите 16, Ферер се искачил на шестото место во свет. Ферер потоа земал еден месец одмор, пред да се врати на терените во Лондон на Вимблдон, како седми носител. Во првото коло, тој го поразил Беноа Пер 6–4, 6–4, 6–4, а потоа во второто коло и Рајан Харисон со 6–7, 6–1, 4–6, 6–3, 6–2. Во третото коло тој бил подобар од Карол Бек со 6–4, 6–3, 6–3, и обезбедил место во најдобрите 16, каде сепак бил поразен од полуфиналистот на турнирот, Жо-Вилфрид Цонга со 6–3, 6–4, 7–6.

По добрите игри на двата Гренд Слема, Ферер отпатувал за Шведска за да игра на Отворното првенство на Шведска како втор носител. Во полуфиналето, тој го поразил Николас Алмагро со 6–1, 6–3, но во финалето лесно загубил од Робин Седерлинг со 2–6, 2–6. По овој турнир, Ферер бил подготвен да ја започне сезоната на тврда подлога, но откажал поради повреда на скочниот зглоб. Тој ја излечил на време повредата и се појавил на Мастерсот во Синсинати како петти носител. Во второто коло тој го добил двобојот против Григор Димитров со 4–6, 6–1, 7–5, но во третото коло бил поразен од Жил Симон со 4–6, 7–6, 4–6. Поради резултатот, Ферер повторно станал дел од најдобрите 5 тенисери на АТП листата, искачувајќи се на 5-то место.

На последниот Гренд Слем во годината, на Отвореното првенство на САД, Ферер бил поразен во четвртото коло од Енди Родик во четири сета.

На Мастерсот во Шангај Ферер ги победил Милош Раониќ, поранешниот број еден тенисер Хуан Карлос Фереро, поранешниот број еден а воедно и десетти носител Енди Родик и Фелисијано Лопес на неговиот пат кон финалето кое го загубил од вториот носител Енди Мареј со 7-5, 6-4.

На Мастерс Купот во Лондон, Ферер победил на својот прв натпревар против Енди Мареј со 6–4, 7–5. Во следниот натпревар, Ферер лесно за 75 минути игра го победил првиот тенисер во светот, србинот Новак Џоковиќ со 6–3, 6–1 и обезбедил место во полуфиналето. во последниот натпревар во групата, Ферер загубил од Томаш Бердих во три сета од по 6–3, 5–7, 1–6. Во полуфиналето, Давид се соочил со бранителот на титулата од минатата година Рожер Федерер и загубил со резултат 5–7, 3–6.

Во финалето на Дејвис Купот во декември, Ферер го победил Хуан Мартин дел Потро со 6-2, 6–7, 3–6, 6–4, 6–3.

Статистики во кариерата

уреди

Временска изведба на Гренд Слем турнирите

уреди
Турнир 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 SR Поб–Пор Победи %
Гренд Слем турнири
Австралијан Опен A A A 1R 2R 1R 4R 4R QF 3R 2R SF QF 0 / 10 23–10 69.69
Ролан Гарос A A Q2 2R 2R QF 3R 3R QF 3R 3R 4R SF 0 / 10 26–10 72.22
Вимблдон A A A 2R 2R 1R 4R 2R 3R 3R 4R 4R QF 0 / 10 20–10 66.66
УС Опен A A A 1R 1R 3R 3R SF 3R 2R 4R 4R SF 0 / 10 23–10 69.69
Победи-Порази 0-0 0-0 0–0 2–4 3–4 6–4 10–4 11–4 12–4 7–4 9–4 14–4 18–4 0 / 40 92–40 67.21

Наводи

уреди
  1. Ford, Bonnie D. (2007–09–06). „Golden Arches only option for David Ferrer“. ESPN. Посетено на 2010–01–22. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „Ферер го освои Мастерсот во Париз“. Архивирано од изворникот на 2012-11-06. Посетено на 2012-11-05.
  3. Bergeron, Tom (2008–08–31). „US Open: Kei Nishikori, 18, stuns No. 4 David Ferrer“. New Jersey Sports. Посетено на 2010–01–22. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „Marcos Baghdatis wins from two sets down at Australian Open“. Herald Sun. 2009–01–22. Посетено на 2009–01–22. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски

уреди
Награди и достигнувања
Претходник
  Рожер Федерер
Golden Bagel Award
2007
Наследник
  Рафаел Надал