Марди Симпсон Фиш (роден на 9 декември 1981 г.) е поранешен американски тенисер. Негово највисоко место на АТП листата било 7. место кое го достигнал во август 2011 година. Во двојки тој највиско се искачил на 14. место во јули 2009 година.

Марди Фиш
ИмеМарди Симпсон Фиш
Земја САД
Место на живеењеЛос Анџелес, Калифорнија
Роден на9 декември 1981(1981-12-09)(43 г.)
Роден воИдајна, Минесота
Спорт Тенис
Висина&100000000000001880000001,88 м
Професионалец2000
Пензинониран(а)2015
Игра со• десна рака
• дворачен бекхенд
Заработка$7,460,641
Поединечно
Победи-порази302–219 (58%)
Титули6
Највисок пласманБр. 7 (15 август 2011)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенЧФ (2007)
Ролан Гарос3К (2011)
ВимблдонЧФ (2011)
УС ОпенЧФ (2008)
Други турнири
Мастерс купГФ (2011)
Олимписки игри Сребрен медал (2004)
Во двојки
Победи-порази136–105 (56%)
Титули8
Највисок пласманБр. 14 (6 јули 2009)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенЧФ (2005, 2009)
Ролан Гарос2К (2002)
ВимблдонПФ (2009)
УС Опен3К (2001, 2010)

Во својата кариера, Фиш освоил шест АТП титули, а исто така четири пати бил финалист на АТП Мастерс турнирите. На Гренд слем турнирите, Фиш стигнал до четвртфиналната фаза на Отвореното првенство на Австралија 2007, Отвореното првенство на САД 2008 и на Вимблдон 2011. На Летните олимписки игри 2004, тој го освоил сребрениот медал откако во финалето загубил од Николас Масу. Во двојки, Фиш освоил осум АТП титули, од кои една Мастерс титула на Мастерсот во Индијан Велс во 2009 година, заедно со Енди Родик.

Во 2011 година, Фиш го престигнал сонародникот Енди Родик и станал американски бр. 1 на АТП листата, достигнувајќи го 7. место.[1] На крајот на сезоната тој играл на завршниот Мастерс во годината.

Тој се повлекол од тенисот на 33-годишна возраст по Отвореното првенство на САД 2015.[2][3]

Личен живот

уреди

Фиш се оженил со Стејси Гарднер, адвокатка од Калифорнија и модел од телевизиското шоу Се или ништо, во септември 2008 во Беверли Хилс. Тие направиле традиционална еврејска свадба бидејќи Гарднер е еврејка.[4][5] Кум на свадбата бил тенисерот Џејмс Блејк кој е негов добар пријател.[5] Тој исто така е добар пријател со Енди Родик и со Боб и Мајк Брајан.

Тој имал група на навивачи кои се нарекувале „The Fishheads“ кои патувале на турнирите заедно со него и навивале за него за време на натпреварите.[6] Тој е навивач на Минесота Викингс. Тој исто така е навивач на англискиот фудбалски клуб Евертон.

Стил на игра

уреди

Фиш бил специјалист за тврда подлога. Тој имал сличен стил на игра како неговиот сонародник Енди Родик. Негов најсилен удар бил севисот, кој често достигнувал брзина од преку 200 км/ч. Откако во 2010 година ослабел 15 килограми, тој почнал почесто да истрчува на мрежа и да игра подолги бодови, што му донело напредок во играта и пласман во најдобрите 10 играчи на АТП листата. Тој добро играл бекхенд и волеј-удари (кои му донеле предност во двојки). Негов послаб удар бил форхендот.

Големи финалиња

уреди

Олимписки игри

уреди

Поединечно: 1 (1 сребрен медал)

уреди
Исход Година Турнир Подлога Противник Резултат
Сребрен 2004 Летни олимписки игри 2004, Атина, Грција Тврда   Николас Масу 3–6, 6–3, 6–2, 3–6, 4–6

Мастерс финалиња

уреди

Поединечно: 4 (0–4)

уреди
Исход Година Мастерс Подлога Противник Резултат
Финалист 2003 Синсинати Мастерс Тврда   Енди Родик 6–4, 6–7(3–7), 6–7(4–7)
Финалист 2008 Индијан Велс Мастерс Тврда   Новак Ѓоковиќ 2–6, 7–5, 3–6
Финалист 2010 Синсинати Мастерс (2) Тврда   Роџер Федерер 7–6(7–5), 6–7(1–7), 4–6
Финалист 2011 Монтреал Мастерс Тврда   Новак Ѓоковиќ 2–6, 6–3, 4–6

Во двојки: 2 (1–1)

уреди
Исход Година Мастерс Подлога Партнер Противници Резултат
Победник 2009 Индијан Велс Мастерс Тврда   Енди Родик   Макс Мирњи
  Енди Рам
3–6, 6–1, [14–12]
Финалист 2011 Рим Мастерс Земја   Енди Родик   Џон Изнер
  Сем Квери
Без игра

АТП финалиња во кариерата

уреди

Поединечно: 20 (6–14)

уреди
Легенда
Гренд слем (0–0)
Олимписки сребрен медал
АТП Завшрен Мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (0–4)
АТП 500 серија (0–0)
АТП 250 серија (6–9)
Титули по подлога
Тврда (4–11)
Земја (1–0)
Трева (1–3)
Тепих (0–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Финалист 1. 10 март 2003 Делреј Бич, САД Тврда   Јан-Мајкл Гембил 0–6, 6–7(5–7)
Финалист 2. 23 јуни 2003 Нотингем, Обединето Кралство Трева   Грег Руседски 3–6, 2–6
Финалист 3. 18 август 2003 Синсинати, САД Тврда   Енди Родик 6–4, 6–7(3–7), 6–7(4–7)
Победник 1. 20 октомври 2003 Стокхолм, Шведска Тврда   Робин Седерлинг 7–5, 3–6, 7–6(7–4)
Финалист 4. 16 февруари 2004 Сан Хосе, САД Тврда   Енди Родик 6–7(13–15), 4–6
Финалист 5. 14 јуни 2004 Хале, Германија Трева   Роџер Федерер 0–6, 3–6
Финалист 6. 22 август 2004 Летни олимписки игри 2004, Атина, Грција Тврда   Николас Масу 3–6, 6–3, 6–2, 3–6, 4–6
Победник 2. 10 април 2006 Хјустон, САД Земја   Јирген Мелцер 3–6, 6–4, 6–3
Финалист 7. 27 август 2007 Њу Хејвен, САД Тврда   Џејмс Блејк 5–7, 4–6
Финалист 8. 23 март 2008 Индијан Велс, САД Тврда   Новак Ѓоковиќ 2–6, 7–5, 3–6
Финалист 9. 23 август 2008 Њу Хејвен, САД (2) Тврда   Марин Чилиќ 4–6, 6–4, 2–6
Финалист 10. 15 февруари 2009 Сан Хосе, САД (2) Тврда   Радек Штепанек 6–3, 4–6, 2–6
Победник 3. 1 март 2009 Делреј Бич, САД Тврда   Евгениј Корољов 7–5, 6–3
Финалист 11. 13 јуни 2010 Лондон (Квинс), Обединето Кралство Трева   Сем Квери 6–7(3–7), 5–7
Победник 4. 11 јули 2010 Њупорт, САД Трева   Оливие Рохус 5–7, 6–3, 6–4
Победник 5. 25 јули 2010 Атланта, САД Тврда   Џон Изнер 4–6, 6–4, 7–6(7–4)
Финалист 12. 22 август 2010 Синсинати, САД (2) Тврда   Роџер Федерер 7–6(7–5), 6–7(1–7), 4–6
Победник 6. 24 јули 2011 Атланта, САД (2) Тврда   Џон Изнер 3–6, 7–6(8–6), 6–2
Финалист 13. 31 јули 2011 Лос Анџелес, САД Тврда   Ернест Гулбис 7–5, 4–6, 4–6
Финалист 14. 14 август 2011 Монтреал, Канада Тврда   Новак Ѓоковиќ 2–6, 6–3, 4–6

Во двојки: 11 (8–3)

уреди
Легенда
Гренд слем (0–0)
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (1–1)
АТП 500 серија (2–2)
АТП 250 серија (5–0)
Титули по подлога
Тврда (5–2)
Земја (2–1)
Трева (1–0)
Тепих (0–0)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противници Резултат
Победник 1. 29 април 2002 Хјустон, САД Земја   Енди Родик   Невил Годвин
  Јан-Мајкл Гембил
6–4, 6–4
Победник 2. 16 февруари 2004 Сан Хосе, САД Тврда   Џејмс Блејк   Рик Лич
  Брајан Макфи
6–2, 7–5
Победник 3. 19 април 2004 Хјустон, САД Земја   Џејмс Блејк   Рик Лич
  Брајан Макфи
6–3, 6–4
Финалист 1. 27 февруари 2006 Мемфис, САД Тврда   Џејмс Блејк   Крис Хагард
  Иво Карловиќ
6–0, 5–7, [5–10]
Победник 4. 7 јули 2008 Њупорт, САД Трева   Џон Изнер   Рохан Бопана
  Ајсам-ул-Хак Куреши
6–4, 7–6
Победник 5. 13 февруари 2009 Мемфис, САД Тврда   Марк Ноулс   Тревис Перот
  Филип Полашек
7–6(9–7), 6–1
Победник 6. 9 март 2009 Индијан Велс, САД Тврда   Енди Родик   Макс Мирњи
  Енди Рам
3–6, 6–1, [14–12]
Победник 7. 14 февруари 2010 Сан Хосе, САД Тврда   Сем Квери   Бенјамин Бекер
  Леонардо Мајер
7–6(7–3), 7–5
Победник 8. 8 август 2010 Вашингтон, САД Тврда   Марк Ноулс   Томаш Бердих
  Радек Штепанек
4–6, 7–6(9–7), [10–7]
Финалист 2. 15 мај 2011 Рим, Италија Земја   Енди Родик   Џон Изнер
  Сем Квери
Без игра
Финалист 3. 4 август 2013 Вашингтон, САД Тврда   Радек Штепанек   Жулијен Бенето
  Ненад Зимоњиќ
6–7(5–7), 5–7

Наводи

уреди
  1. ATP. „Tennis Players – Mardy Fish“. Посетено на June 13, 2012.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-07-26. Посетено на 2015-09-21.
  3. Лопес со пораз го испрати Марди Фиш во пензија Sportmedia.mk. 2 септември 2015
  4. „Sandra Harwitt: Plenty to remember off the court in 2008“. ESPN. December 12, 2008. Посетено на August 8, 2011.
  5. 5,0 5,1 Cedenheim, Pernilla (September 29, 2008). „Tennis Ace Mardy Fish Gets Hitched – Weddings“. People. Посетено на August 8, 2011.
  6. Fish's Fans Add Flavor To First-Round Victory – NYTimes, August 26, 2003

Надворешни врски

уреди