Маркос Багдатис
Маркос Багдатис (грчки: Μάρκος Παγδατής, арапски: ماركوس بغداتيس; р. 17 јуни 1985 г. во Лимасол) — кипарски професионален тенисер.[1] Во 2006, тој бил финалист на Отвореното првенство на Австралија и полуфиналист на Вимблдон. Негово највисоко место на АТП листа е осмото место кое го постигнал во август 2006.[2]
Маркос Багдатис Μάρκος Παγδατής | |
---|---|
Багдатис на Летните олимписки игри 2012 | |
Земја | Кипар |
Место на живеење | Лимасол, Кипар |
Роден на | 17 јуни 1985 |
Роден во | Парамита, Лимасол, Кипар |
Спорт | Тенис |
Висина | 1,83 м |
Професионалец | 2003 |
Игра со | • десна рака • дворак бекхенд |
Заработка | $ 5,081,835 |
Поединечно | |
Победи-порази | 241–163 |
Титули | 4 |
Највисок пласман | Бр. 8 (21 август 2006) |
Сегашен пласман | Бр. 31 (7 јануари 2013) |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | Ф (2006) |
Ролан Гарос | 4Р (2007) |
Вимблдон | ПФ (2006) |
УС Опен | 2Р (2004, 2006, 2012) |
Други турнири | |
Олимписки игри | 3Р (2012) |
Во двојки | |
Победи-порази | 34–34 |
Титули | 1 |
Највисок пласман | Бр. 93 (7 јануари 2008) |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | 2Р (2007) |
Вимблдон | 1Р (2007) |
Личен живот
уредиМаркос Багдатис е син на Кипарка и Либанец со име Христос, кој се преселил во Кипар.[1] Тој има два поголеми браќа, Маринос и Петрос и една помала сестра по име Зена која била посвоена од страна на родителите на Маркос кога имала само еден месец.
Багдатис почнал да игра тенис на пет годишна возраст со неговиот татко и браќа. Тој ужива играјќи и гледајќи фудбал, и е навивач на кипарскиот клуб Аполон Лимасол.
Во 2005 година тој ја добил наградата за Најдобар кипарски спортист.
На почетокот на 2006, Багдатис бил ослободен од задолжителната 25-месечна кипарска воена служба, за да може целосно да му се посвети на тенисот.
На 14 јули 2012 Багдатис се оженил со поранешната професионална хрватска тенисерка Каролина Шпрем. Двојката го добила своето прво дете, ќерка со име Захара, на 20 октомври 2012.[3]
Кариера
уредиЈуниор
уредиБагдатис се искачил на 1-то место на ИТФ листата за јуниори во 2003 и се приклучил на АТП професионалната серија наредната година.
Јуниорски Гренд Слем резултати:
Отворено првенство на Австралија: Победник (2003)
Отворено првенство на Франција: Четвртфинале (2003)
Вимблдон: 2 коло (2001, 2002)
Отворено првенство на САД: Финале (2002, 2003)
2004
уредиБагдатис остварил скромни резултати во поголемиот дел на 2004 година. Тој ја подигнал својата форма подоцна во годината
на Отвореното првенство на САД, Багдатис за првпат се појавил во главниот ждреб на еден Гренд Слем турнир. Во првото коло тој остварил победа над Оливер Мутис со 2–6, 6–2, 6–1, 7–5. На турнирот, тој и Андре Агаси биле единствените кои успеале да му одземат сет на подоцна шампионот на турнирот Рожер Федерер. Багдатис ја завршил годината со две челинџер титули, каде победил многу повисоко рангирани противници.
2005
уредиБагдатис сезоната ја започнал со пораз во првото коло во Ченај.
На следниот турнир, Отвореното првенство на Австралија, како квалификант, Багдатис остварил победа над тогаш топ-20 играчот Иван Љубичиќ во второто коло и остварил уште една убедлива победа над уште еден топ-20 играч, Томи Робредо, во третото коло, а потоа следувал пораз од Рожер Федерер во четвртото коло.
Багдатис доживеал повреда на лактот веднаш по Отвореното првенство на Австралија и бил надвор од тениските терени сè до крајот на април, каде што се појавил на турнирот на земја, во Есторил во Португалија. Во првото коло тој имал две меч топки против Хуан Карлос Фереро, но не успеал да ги претвори во победа.
Багдатис продолжил да игра на челенџер турнири и на повисоки АТП турнири во продолжението на 2005 и ја подобрил својата форма кон крајот на годиата. Како квалификант, тој стигнал во финалето на АТП турнирот во Базел, победувајќи ги Томи Хас, Хосе Акасусо, и Давид Налбандијан. Но во своето прво големо финале, тој бил поразен од Фернандо Гонсалес со 7–6, 4–6, 5–7, 4–6.
2006
уредиБагдатис влегол во главниот ждреб на Отвореното првенство на Австралија како неносител, под тренерската палка на Гуилом Пејре, и остварил неочекувана победа во четири сета над вториот носител и 3-от играч во свет, Енди Родик во четвртото коло. Потоа тој го победил седмиот носител Иван Љубичиќ во четвртфиналето со 6–4, 6–2, 4–6, 3–6, 6–3. Во полуфиналето, тој ја надокнадил негативата од два сета и успеал да го победи Давид Налбандијан со 3–6, 5–7, 6–3, 6–4, 6–4. Во финалето, Багдатис започнал доста силно добивајќи го првиот сет, но загубил од 1-от играч во светот, Рожер Федерер со 5–7, 7–5, 6–0, 6–2.
Мислам дека мојот тренер ќе гледа а јас ќе спијам со мојата девојка.
На Отвореното првенство на Франција, Багдатис загубил во второто коло во натпревар од пет сета од Жулиен Бенето.
На Вимблдон, Багдатис го победил Енди Мареј во четвртото коло без изгубен сет. Во четвртфиналето, Багдатис го победил шампионот од 2002 и поранешниот светски Бр.1 играч, Лејтон Хјуит. Багдатис потоа бил поразен во полуфиналето од Рафаел Надал.
На Отвореното првенство на САД, Багдатис го победил Александар Васке од Германија во првото коло. Потоа во второто коло, тој бил поразен од Андре Агаси со 4-6, 4–6, 6–3, 7–5, 5–7. Ова била за Агаси последна победа во дваесет годишната тениска кариера, бидејќи во третото коло тој бил поразен од Бенџамин Бекер.
На Отвореното првенство на Кина, Багдатис го победил Марио Анчиќ во финалето со 6–4, 6–0 и ја освоил својата прва АТП титула.
2007
уредиБагдатис бил 11-ти носител на Отвореното првенство на Австралија но не можел да го повтори успехот од минатата година, губејќи од Гаел Монфилс во второто коло со 6–7, 2–6, 6–2, 0–6.
Тој го освоил својот нареден турнир во Загреб, победувајќи го Иван Љубичиќ во финалето со 7–6, 4–6, 6–4. На АТП Марсеј, Багдатис се пласирал во своето второ второ по ред финале и петто во кариерата, каде загубил од Жил Симон во два сета.
На Отвореното првенство на Франција, Багдатис го победил Себастијан Гросјан во првото коло со 6–3, 6–2, 6–4. Потоа на патот кон четвртото коло тој остварил победи над Криситјан Плес и Јан Хајек, но таму бил поразен од Игор Андреев во четири сета.
на својот прв турнир во сезоната во Хале, Багдатис се пласирал во своето шесто финале во кариерата, победувајќи го Филип Колшрајбер во полуфиналето со 7–6, 6–4. Во финалето, кое се одржало на неговиот роденден, тој загубил од Томаш Бердих.
На Вимблдон, како десетти носител, тој стигнал до четвртфиналето, победувајќи ги Ернест Гулбис, Николас Девилдер, Давид Налбандијан и шестиот носител Николај Давиденко, пред да загуби од Новак Ѓоковиќ во натпревар кој траел пет часа. На наредниот гренд слем, на Отвореното првенство на САД, Багдатис бил поразен од Макс Мирњи во првото коло.
На Мастерс Купот, Багдатис ја пронашол својата форма. Тој стигнал до полуфиналето, победувајќи ги Николај Давиденко и Томи Робредо. Потоа тој бил поразен од вториот носител Рафаел Надал во три сета.
2008
уредиБагдатис ја започнал сезоната во 2008 година на турнирот во Ченај во Индија, каде што бил поразен од Робин Хасе во првото коло.[5]
На Отворено првенство на Австралија, Багдатис го победил Томас Јохансон и шампионот од 2005 година, Марат Сафин, за во третото коло да биде поразен од фаворитот на домашната публика, Лејтон Хјуит во пет сета. Натпреварот траел 282 минути, започнувајќи во 11:52 и завршувајќи во 4:34 часот.[6]
На Отвореното првенство на Франција, како 17-ти носител, тој бил лесно поразен од Симоне Болели во три сета.
Потоа на турнирот во Хале, Германија, каде што бил финалист во 2007, тој загубил од Рожер Федерер во четвртфиналето.
На Вимблдон, како десетти носител, Багдатис стигнал до четвртото коло, каде што бил поразен од Фелисијано Лопес во натпревар од пет сета.
Потоа Багдатис претрпел повреди до крајот на сезоната. Па затоа, тој не настапил на последниот гренд слем турнир во годината, Отвореното првенство на САД.
АТП Финалиња во кариерата
уредиПоединечно: 11 (4–7)
уреди
|
|
Исход | Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Финалист | 1. | 30 октомври 2005 | Базел, Швајцарија | Тепих | Фернандо Гонсалес | 7–6(12–10), 3–6, 5–7, 4–6 |
Финалист | 2. | 29 јануари 2006 | Мелбурн, Австралија | Тврда | Рожер Федерер | 7–5, 5–7, 0–6, 2–6 |
Победник | 1. | 17 септември 2006 | Пекинг, Кина | Тврда | Марио Анчиќ | 6–4, 6–0 |
Победник | 2. | 4 февруари 2007 | Загреб, Хрватска | Тепих | Иван Љубичиќ | 7–6(7–4), 4–6, 6–4 |
Финалист | 3. | 18 февруари 2007 | Марсеј, Франција | Тврда | Жил Симон | 4–6, 6–7(3–7) |
Финалист | 4. | 17 јуни 2007 | Хале, Германија | Трева | Томаш Бердих | 5–7, 4–6 |
Победник | 3. | 25 октомври 2009 | Стокхолм, Шведска | Тврда | Оливер Рохус | 6–1, 7–5 |
Победник | 4. | 16 јануари 2010 | Сиднеј, Австралија | Тврда | Ришар Гаске | 6–4, 7–6(7–2) |
Финалист | 5. | 8 август 2010 | Вашингтон, САД | Тврда | Давид Налбандијан | 2–6, 6–7(4–7) |
Финалист | 6. | 24 октомври 2010 | Москва, Русија | Тврда | Виктор Троицки | 6–3, 4–6, 3–6 |
финалист | 7. | 2 октомври 2011 | Куала Лумпур, Малезија | Тврда | Јанко Типсаревиќ | 4–6, 5–7 |
Во парови: 2 (1–1)
уреди
|
|
Исход | Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Партнер | Противници | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Финалист | 1. | 6 јануари 2008 | Ченај, Индија | Тврда | Марк Гикел | Санчај Ративатана Сончат Ративатана |
4–6, 5–7 |
Победник | 1. | 5 февруари 2012 | Загреб, Хрватска | Тврда | Микаил Јужни | Иван Додиг Мате Павиќ |
6–2, 6–2 |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Who is Marcos Baghdatis?“. Hellenictennis.org.au. January 21, 2007. Архивирано од изворникот на 2007-08-30. Посетено на 2007-07-12.
- ↑ „ATP Rankings“. Посетено на 2009-06-19.
- ↑ Baghdatis Becomes a Father to Baby Zahara
- ↑ „Quotes of the week“. BBC Sport. 23 January 2006. Посетено на 2008-06-28.
- ↑ Association of Tennis Professionals (2008-01-01). „Nadal Rolls, Haase Springs New Year Surprise“. Association of Tennis Professionals. Архивирано од изворникот 2008-01-04. Посетено на 2008-01-01.
- ↑ „Saturday Night Fever“. Tennis Australia. 2008-01-20.
Надворешни врски
уреди„Маркос Багдатис“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место (англиски) (француски) (грчки)
- Маркос Багдатис Профил на мрежното место на АТП (англиски)
Олимписки игри | ||
---|---|---|
Претходник Георгиос Ахиелос |
Знаменосец за Кипар Лондон 2012 |
Наследник Наследник |