Мерцедес-Бенц 770 (Mercedes-Benz 770), наречен Großer Mercedes (Голем Мерцедес) бил луксузен автомобил од марката Мерцедес-Бенц од 1930 до 1943. Најпознат е како автомобилот на високите нацистички државници пред и за време на Втората светска војна, меѓу кои и Адолф Хитлер и Херман Геринг.

Серија I - W07 (1930-1938)

уреди
 
Мерцедес-Бенц 770 од 1932 (модел W07) „Grosser“ кабриолет, користен од германскиот цар Вилхелм II во прогонство

Моделот 770 се појавил со интерен код W07 во 1930.[1] Овие автомобили главно биле владини и државни возила[2].

Верзијата W07 на моделот 770 имала осумцилиндричен праволиниски мотор со работна зафатнина од 7655 cm³ со алуминиумски клипови.[1][2][3] Овој мотор давал сила од 150 КС при 2800 врт./мин без компресија.[1][3] Се нудел и изборен Рутсов компресор, кој се активирал при полно забрзување, и давал моќ од 200 КС при 2800 врт/мин, при што автомобилот развивал 160 км/ч.[1][2] Преносот четири брзини, од кои третата била директна, а четвртата била надбрзина (овердрајв).[3]

Серијата W07 имала современа шасија со полуелиптична амортизација на принцип на лиснати пружини врз едноделни осовини напред и назад.[2] Димензиите се разликувале според каросеријата, но шасијата имала меѓуоскино растојание од 3750 mm и растојание меѓу тркала од 1500 mm.[1]

Биле произведени 117 автомобили од серијата W07 .[2]

Серија II - W150 (1938-1943)

уреди
 
Мерцедес-Бенц 770 (W150)

Моделот 770 бил значајно променет во 1938, и со тоа интерната ознака се променила во W150.[4] Сосема новата шасија била изработена со цевки со елиптичен профил и сета амортизација била со спирални пружини, со независна амортизација напред и де Дионова оска назад.[2]

Моторот во основа бил мошне сличен на оној кај серијата W07, но сега била дотеран до 155 КС при 3000 врт/мин без компресија и 230 КС при 3200 врт/мин со компресија.[4] Преносот имал пет брзини со директна четврта и петта надбрзина.[2][4]

Биле произведени вкупно 88 автомобили од серијата W15. Производството прекинало во 1943.[2][4]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Oldtimers Gallery - Mercedes-Benz 770 W07(K) Grosser.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Robson, G. The World's Most Powerful Cars стр. 100-101 Quintet Publishing Ltd. 1990 ISBN 1-85076-254-6
  3. 3,0 3,1 3,2 Ruiz, M. The History of the Automobile стр.57 Gallery Books, W.H. Smith Publishers, Inc. 1988 ISBN 0-8317-6550-X
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Oldtimers Gallery - Mercedes-Benz 770 W150 Grosser.

Поврзано

уреди