Асоцијација на тениските професионалци
Асоцијацијата на тениските професионалци или АТП е формирана во 1972 за да ги заштити интересите на машките професионални тенисери. Сè до 1990, асоцијацијата ги организираше турнирите за мажи, АТП Тур, кој во јануари 2009 беше преименуван во АТП Светски Тур. Тоа е еволуција од поранешниот Светски Шампионат во Тенис. Извршното тело на АТП се наоѓа во Лондон. АТП Америка е стационирано во Понто Ведра, Флорида, САД; АТП Европа се наоѓа во Монако; а АТП Интенационал, кое ги покрива Африка, Азија и Австралија се наоѓа во Сиднеј.
Асоцијација на тениските професионалци АТП | |
![]() | |
Спорт | Професионален Тенис |
Дата на основање | 1972 |
Локација | Лондон Монако Понте Ведра Сиднеј |
Директор | Адам Хелфант |
Организација за женските професионални тенисерки се вика Женска Тениска Организација.
АТП ТурУреди
АТП Турот го сочинуваат натпреварите во Гренд Слемовите, АТП Мастерс 1000, АТП Мастерс 500, АТП Мастерс 250, АТП Џеленџер Серијата, Фјучерс Турнаментите. АТП исто така ги организира Светскиот Тимски Куп, кој се игра во Диселдорф и АТП Чемпионс Тур.
Деталите за професионалните тениски турнири се:
Настан | Број | Парична награда (УСД) | бодови за победникот | Извршно тело |
---|---|---|---|---|
Гренд Слем | 4 | видете поединечни статии | 2,000 | ИТФ |
АТП Финале на Светкиот Тур | 1 | 4,450,000 | 1100-1500 | АТП & ИТФ |
АТП Мастерс 1000 | 9 | 2,450,000 - 3,645,000 | 1000 | АТП |
АТП Мастерс 500 | 11 | 755,000 - 2,100,000 | 500 | АТП |
АТП Мастерс 250 | 40 | 416,000 - 1,024,000 | 250 | АТП |
АТП Светски Тимски Тур | 1 | 1,750,000 | - | АТП |
АТП Челенџер Серијата | 178 | 35,000 - 150,000 | 75 - 125 | АТП |
Фјучерс Турнири | 534 | 10,000 и 15,000 | 17 - 33 | ИТФ |
РангирањеУреди
АТП го објавува неделното рангирање на професионални тенисери, АТП Рангинг, 52-неделно рангирање, а до 2009 и АТП Трка, годишно рангирање. Ова рангирање се користи за одредување на учесниците и носителите во сингл или дабл. Рангингот трае 52 недели, каде бодовите се собираат, со осклучок на оние освоени од претходната сезона на следниот турнир. Играчот со најмногу бодови на крајот од сезоната е прогласен за 'Светски Рекет број 1 на годината. На стартот од 2009 сезона, сите собрани бодови се дуплираа за да се согласат со новиот систем на рангирање.
АТП Трката беше трка од почетокот на сезоната до нејзиот крај и беше запрена во 2009[1]. Секој играч започнува да собира бодови од почетокот на сезоната. На крајот од сезоната, АТП Трката одлучува кои натпреварувачи и тимови (првите осум за сингл и првите четири за дабл) ќе играат на Тенискиот Мастерс Куп, сега преименуван во Финале на Светскиот Тур.
Моментално рангирањеУреди
АТП ранг листа (поединечно), од 14 септември 2015 [2] | ||||
---|---|---|---|---|
# | Играч | Бодови | Промена† | |
1 | Новак Ѓоковиќ (СРБ) | 16145 | ▬ | |
2 | Роџер Федерер (ШВА) | 9405 | ▬ | |
3 | Енди Мари (ВБР) | 8660 | ▬ | |
4 | Станислас Вавринка (ШВА) | 6000 | ▲1 | |
5 | Томаш Бердих (ЧЕШ) | 5050 | ▲1 | |
6 | Кеј Нишикори (ЈАП) | 5015 | ▼2 | |
7 | Рафаел Надал (ШПА) | 3770 | ▲1 | |
8 | Давид Ферер (ШПА) | 3695 | ▼1 | |
9 | Милош Раониќ (КАН) | 2790 | ▲1 | |
10 | Жил Симон (ФРА) | 2560 | ▲1 | |
11 | Ришар Гаске (ФРА) | 2490 | ▲1 | |
12 | Кевин Андерсон (ЈАР) | 2430 | ▲2 | |
13 | Џон Изнер (САД) | 2325 | ▬ | |
14 | Марин Чилиќ (ХРВ) | 2270 | ▼5 | |
15 | Давид Гофан (БЕЛ) | 2115 | ▬ | |
16 | Фелисијано Лопез (ШПА) | 1935 | ▲3 | |
17 | Жо-Вилфрид Цонга (ФРА) | 1785 | ▲2 | |
18 | Иво Карловиќ (ХРВ) | 1620 | ▲3 | |
19 | Григор Димитров (БУГ) | 1600 | ▼2 | |
20 | Доминик Тим (АВТ) | 1555 | ▬ |
†Промени од минатонеделното рангирање
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ http://www.atpworldtour.com/tennis/en/players/information/rankfaq.asp
- ↑ „Singles Rankings“. ATP World Tour. Посетено на 16 June 2015.