Отвори го главното мени

Томаш Бердих

чешки тенисер

Томаш Бердих (чешки изговор: [toˈmaːʃ ˈbɛrdɪx]; роден на 17 септември, 1985) е чешки професионален тенисер.

Томаш Бердих
Tomas Berdych 2013.jpg
Бердих во 2013 година
Земја Чешка
Место на живеењеМонте Карло, Монако
Роден на17 септември 1985 (1985-09-17) (34 г.)
Роден воВалашки Мезиричи, Чехословачка
СпортTennis pictogram.svg Тенис
Висина1.96 м
Професионалец2002
Игра со• десна рака
• дворачен бекхенд
Заработка$17,501,338
Победи-порази450-243 (64.9%)
Титули9
Највисок пласманБр. 5 (9 август 2013)
Моментално местоБр. 5 (14 април 2014)
Австралијан ОпенSF (2014)
Ролан ГаросSF (2010)
ВимблдонF (2010)
УС ОпенSF (2012)
Други турнири
Мастерс купSF (2011)
Олимписки игриQF (2004)
Победи-порази92–99 (48.17%)
Титули2
Највисок пласманБр. 54 (10 април 2006)
Моментално местоБр. 103 (14 април 2014)
Австралијан ОпенQF (2005)
Ролан Гарос2R (2005)
Вимблдон2R (2005)
УС Опен2R (2004)
Ажурирано на: 20 март 2014.

За негов најзначаен успех во кариерата се смета пласманот во финалето на Вимблдон 2010, приредувајќи изненадувања со победите над првиот носител и шесткратен шампион, Рожер Федерер во четвртфиналето, и третиот играч во светот, Новак Ѓоковиќ во полуфиналето. Во финалето, тој беше поразен од Рафаел Надал.

Бердих е еден од малкуте активни тенисери кои успеал да игра полуфинале на сите четири гренд слем турнири. Во 2010, тој стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на Франција, победувајќи го четвртиот носител Енди Мареј во четвртото коло, пред да биде поразен од Робин Содерлинг.[1] Две години подоцна, тој стигнал до своето единствено полуфинале на Отвореното првенство на САД каде забележал победа над Рожер Федерер во четвртфиналето, а потоа во полуфиналето бил поразен од шампионот Енди Мареј. Во 2014, на Отвореното првенство на Австралија, Бердих стигнал до полуфиналната фаза, каде бил поразен од шампионот Станислас Вавринка во четири сета. Тој е вториот играч (по Давид Налбандијан) кој го победил Рожер Федерер повеќе пати на гренд слем турнирите пред полуфиналната фаза.

Тој го освоил Мастерсот во Париз во 2005, победувајќи го во финалето Иван Љубичиќ во пет сета. Одтогаш, Бердих играл уште две мастерс финалиња, во Мајами во 2010 и во Мадрид во 2012, но бил поразен од Енди Родик и од Рожер Федерер редоследно. Негово највисоко место на АТП листата е 5-то место, кое што го достигнал на 9 август, 2013 година

Тој исто така го играл најдолгиот натпревар во историјата во конкуренција на двојки, заедно со Лукаш Росол, во победата над Марко Чиудинели и Станислас Вавринка во првото коло од Дејвис Купот во 2013 од 6–4, 5–7, 6–4, 6–7, 24–22. Натпреварот беше одигран на 2 февруари 2013 и траеше 7 часа и 2 минути.

Ран животУреди

Бердих е роден во Валашки Мезиричи, Моравија, Чехословачка како син на Хана Бердихова и Мартин Бердих. Тој започнал да игра тенис на пет годишна возраст во тенискиот центар во својот роден град Валашки Мезиричи. Неговиот татко, Мартин, бил инженер за возови, додека пак неговата мајка, Хана, е докторка. На осум годишна возраст, Бердих стигнал до државното финале во Пардубице во својата возрасна група и го освоил. Бердих набрзо станал најдобар чешки јуниор, освојувајќи ја чешката јуниорската титула до 12 години. Тој потоа се преселил во градот Простјејов поради можноста да тренира со подобри спаринг партнери и подобри тренери. Иван Лендл еден период бил негов тренер.

Личен животУреди

Бердих е голем љубител на хокејот на мраз, и негов омилен тим е Детроит Ред Вингс. Тој се има запознаено со многу чешки хокеари од НХЛ-лигата и златниот олимписки тим од 1998 година. Негова омилена подлога е тврдата подлога, и тој смета дека негови најсилни удари се форхендот и сервисот. Негов тренер е чехот Томаш Крупа, а негов фитнес тренер е шпанецот Хозе Феликс Гонзалез Кастиља.[2]

Бердих беше во врска со чешката тенисерка Луција Шафарова девет години се до летото 2011 година. Од есента 2011, тој е во врска со моделот Естер Саторова.

Големи финалињаУреди

Гренд слем финалињаУреди

Поединечно: 1Уреди

Исход Година Гренд слем Подлога Противник Резултат
Финалист 2010 Вимблдон Трева   Рафаел Надал 3–6, 5–7, 4–6

Мастерс финалињаУреди

Поединечно: 3Уреди

Исход Година Мастерс Подлога Противник Резултат
Победник 2005 Париз Тепих   Иван Љубичиќ 6–3, 6–4, 3–6, 4–6, 6–4
Финалист 2010 Мајами Тврда   Енди Родик 5–7, 4–6
Финалист 2012 Мадрид Земја   Рожер Федерер 6–3, 5–7, 5–7

НаводиУреди

  1. Hodgkinson, Mark. „French Open 2010: Andy Murray knocked out of Roland Garros by Czech Tomas Berdych“, „The Telegraph“, 31 мај 2010 (посет. 20 август 2011 г).
  2. „Tomas Berdych – Tennis Players - Tennis“. ATP World Tour. конс. 2013-11-19. 

Надворешни врскиУреди