Игор Андреев

руски тенисер

Игор Валереевич Андреев ( руски: Игорь Валерьевич Андреев; роден на 14 јули 1983 година во Москва ) е поранешен руски професионален тенисер кој го постигнал најдобриот пласман во сингл на 3 ноември 2008 година кога го зазел 18-тото место на АТП листата.

Игор Андреев
Земја Русија
Место на живеење Москва, Русија
Дата на раѓање 14 јули 1983 година (37 години)
Место на раѓање Москва, Руска СФСР

Советскиот Сојуз

Висина 1,85
Тежина 80 кг
Професионалец
Игра со Десна рака, дворачен бекхенд
Заработка 4.510.376 $
Синглови
Резултат: 237–231
Титули во кариера: 3
Највисок дострел: Бр. 18 (3. ноември 2008)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен 3K (2006, 2008, 2009)
Ролан Гарос ЧФ (2007)
Вимблдон 4K (2009)
УС Опен 4K (2008)
Двојки
Резултат: 59–83
Титули во кариера: 1
Највисок дострел: Бр. 59 (18 јули 2005)

Инфокутијата е последен пат надоградена на:
{{{надоградено на}}}.

Игор Андреев на Вимблдон 2013

Кариера

уреди

Почнал да игра тенис на седумгодишна возраст во Москва, во спортскиот центар Спартак. Кога имал 15 години, се преселил во Валенсија каде го усовршил својот тениски талент. Тој сметал дека форхендот е неговиот најдобар удар, а површините на кои најмногу сакал да настапува биле земја и тврд гринсет (англиски: GreenSet). Негов идол за време на неговото растење бил Андре Агаси . Тој ја освоил наградата кам-бек играч во 2007 година.[1]

Во својата кариера освои три титули во сингл ( Валенсија [2], Палермо [3] и Москва [4] ) и една во двојки. Тој е познат како последниот играч кој го победил Рафаел Надал на оваа површина пред познатата Надалова серија на земја од 81 последователен триумф.[5][6]

Најголемиот успех го постигна на Гренд слем турнирите на Ролан Гарос во 2007 година кога се пласираше во четвртфиналето откако го победи Маркос Багдатис.[7]

Тој беше член на Дејвис купот на руската репрезентација, во која победи во решавачките натпревари во 2007 година против Чиле [8] и Германија [9] кои репрезентацијата на Русија ги доби со 3:2, со што се пласираше во финалето на Светската група Дејвис куп во 2007 година.

2013 година објави повлекување од професионалниот тенис, наведувајќи ги бројните повреди како главна причина што довела до оваа одлука.[10]

Во април 2018 година тој беше назначен за селектор на ФЕД Купот на руската репрезентација по повлекувањето на Анастасија Мискина од таа позиција.[11][12]

Приватен живот

уреди

Таткото на Игор, Валериј е стопанственик, а неговата мајка Марина е домаќинка. Тој има еден помал брат, Никита, кој исто така игра тенис. Хокејот се издвојува од своето хоби и неговиот омилен тим е ХК Динамо Москва. Тој зборува на три јазици: руски, англиски и шпански.[1]

Андрејев беше во долга врска со руската тенисерка Марија Кириленко, и заедно тие неколку пати настапија на гренд слем турнирите во конкуренција на мешани двојки.[13]

АТП финале

уреди

Синглови: 9 (3-6)

уреди
Легенда
Грен слем турнири (0-0)
Завршно сезонско првенство (0-0)
АТП-Мастерс 1000 (0-0)
АТП 500 (0-0)
АТП 250 (3-6)
Финали на подлога
Тврда (0-1)
Земја (2-5)
Трева (0-0)
Тепих (1-0)
Финалиња според локација
Отворено (2-6)
Сала (1–0)
Исход Бр. датум Турнир Подлога Противник Резултатот
Финалист 1 11 јули 2004 година Гштад, Швајцарија Земја   Роџер Федерер 2–6, 3–6, 7–5, 3–6
Финалист 2 19 септември 2004 година Букурешт, Романија Земја   Хосе Акасусо 3–6, 0–6
Победник 1 10 април 2005 година Валенсија, Шпанија Земја  Давид Ферер 6–3, 5–7, 6–3
Финалист 3 18 септември 2005 година Букурешт, Романија (2) Земја   Флоран Сера 3–6, 4–6
Победник 2 2 октомври 2005 година Палермо, Италија Земја   Филипо Воландри 0–6, 6–1, 6–3
Победник 3 16 октомври 2005 година Москва, Русија Тепих (с)   ГерманијаНикола Кифер 5–7, 7–6 (7–3), 6–2
Финалист 4 14 јануари 2006 година Сиднеј, Австралија Тврда  Џејмс Блејк 2–6, 6–3, 6–7 (3–7)
Финалист 5 13 јули 2008 година Гштад, Швајцарија (2) Земја   Виктор Ханеску 3–6, 4–6
Финалист 6 20 јули 2008 година Умаг, Хрватска Земја   Фернандо Вердаско 6–3, 4–6, 6–7 (4–7)

Парови: 2 (1-1)

уреди
Легенда
Гренд слем турнири (0-0)
Завршно сезонско првенство (0-0)
АТП-Мастерс 1000 (0-0)
АТП 500 (0-0)
АТП 250 (1-1)
Финалиња по подлога
Тврда (0-0)
Земја (0-0)
Трева (0-0)
Тепих (1-1)
Финалиња според локација
Отворено (0-0)
Сала (1-1)
Исход Бр. датум Турнир Подлога Партнер Противници Резултатот
Победник 1 17 октомври 2004 година Москва, Русија Тепих (с)   Николај Давиденко  Махеш Бупати
 Јонас Бјеркман
3–6, 6–3, 6–4
Финалист 1 16 октомври 2005 година Москва, Русија Тепих (с)   Николај Давиденко  Макс Мирни
 Мајкл Јужни
1–5, 1–5

Други финалиња

уреди

Тимски натпревари: 2 (0–2)

уреди
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Партнери Противници Резултатот
Финалист 1 30 ноември - 2 декември 2007 година Дејвис куп, Портланд, САД Тврда (с)  Николај Давиденко
 Мајкл Јужни
 Дмитриј Турсунов
 Енди Родик
 Џејмс Блејк
 Мајк Брајан
 Боб Брајан
1–4
Финалист 2 24 мај 2008 година Екипно првенство, Диселдорф, Германија Земја   Мајкл Јужни



  Дмитриј Турсунов
  Робин Седерлинг
 Томас Јохансон
  Роберт Линдстед
1-2 [14]

Користена литература

уреди
  1. 1,0 1,1 „Igor Andreev – bio“. ATP World Tour. Архивирано од изворникот на 2018-07-18. Посетено на 18 јули 2018.
  2. „Andreev beats Ferrer to take Valencia Open“. Think Spain. 11 април 2005. Архивирано од изворникот на 2018-07-18. Посетено на 18 јули 2018.
  3. „Andreev se lleva el título en torneo de Palermo“ (шпански). El Universo. 2 октомври 2005. Посетено на 18 јули 2018.
  4. „Andreev`s Title“. VTB Kremlin Cup. Посетено на 18 јули 2018.
  5. „Nadal beats Andreev“. The Himalayan Times. 17 мај 2007. Посетено на 18 јули 2018.
  6. „Federer ends Nadal's clay streak in Hamburg“. Reuters. 20 мај 2007. Посетено на 18 јули 2018.
  7. „Andreev subdues Baghdatis to reach quarter-finals“. Reuters. 4 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 2018-07-18. Посетено на 18 јули 2018.
  8. „Russia Defeats Chile in Davis Cup“. OhmyNews International. 13 февруари 2007. Архивирано од изворникот на 2018-07-18. Посетено на 18 јули 2018.
  9. „Andreev powers Russia into final with United States“. Times of Malta. 24 септември 2007. Посетено на 18 јули 2018.
  10. „Andreev to retire at end of season“. Tennis. 18 септември 2013. Архивирано од изворникот на 2018-07-18. Посетено на 18 јули 2018.
  11. „Andreev replaces Myskina as Russia Fed Cup captain“. Fed Cup. 3 април 2018. Архивирано од изворникот на 2018-07-18. Посетено на 18 јули 2018.
  12. „Анастасия Мыскина покидает сборную России по теннису“ (руски). Коммерсантъ. 1 април 2018. Посетено на 18 јули 2018.
  13. „Tennis Birthdays – July 14, 2015“. Open Court. 15 јули 2015. Архивирано од изворникот на 18 јули 2018. Посетено на 18 јули 2018.
  14. „ARAG World Team Cup 2008“ (PDF). Pro Tennis Live. Посетено на 18 јули 2018.

Надворешни врски

уреди