Никола Димитров (дипломат)

Македонски политичар и дипломат

Никола Димитров (р. 30 септември 1972 во Скопје) — македонски дипломат и поранешен министер за надворешни работи на Македонија. Во минатото работел како заменик министер за надворешни работи и амбасадор на Македонија во САД и Холандија. Во 2014 го одбил амбасадорското место во Русија и привремено се повлекол од дипломатијата.[1]

Никола Димитров
Министер за надворешни работи на Македонија
На должноста
1 јуни 2017 – 31 август 2020
Премиер Зоран Заев
Претходник Никола Попоски
Наследник Бујар Османи
Вицепремиер за европски прашања
На должноста
31 август 2020 – 17 јануари 2022
Премиер Зоран Заев
Претходник Бујар Османи
Наследник Бојан Маричиќ
Лични податоци
Роден(а) 30 септември 1972(1972-09-30)(52 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Партија Независен
Деца 3
Установа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Кембрички универзитет
Професија правник, амбасадор, дипломат

Животопис

уреди

Никола Димитров дипломирал меѓународно право на универзитетите во Скопје и Кембриџ. Димитров својата професионална кариера ја започнал во 1996 година во Министерството за надворешни работи на Република Македонија како советник од областа на меѓународното право за човековите права. Во 2000 година бил назначен за заменик министер. Тој бил и советник за национална безбедност на претседателот Борис Трајковски. Во 2002 година бил именуван за амбасадор на Република Македонија во САД, наследувајќи ја амбасадорката Љубица Ацевска. Како 32-годишен, Димитров бил најмладиот амбасадор во САД. За време на неговиот престој во 2004 година САД ја признале Република Македонија под уставното име.[2]

 
Потпишување на Преспанскиот договор

Димитров бил македонски претставник во преговорите околу спорот за името помеѓу Република Македонија и Република Грција, а бил и правен застапник на Република Македонија при тужбата пред Меѓународниот суд за правда во Хаг против Република Грција за прекршување на привремената спогодба од 1995 година.[3]

Во 2009 година Димитров станал македонски амбасадор во Холандија.[4] По завршувањето на неговиот мандат во 2013 година требало да замине како амбасадор во Германија, но на негово место бил назначен Никола Колев. Во 2014 година одбил да биде македонски амбасадор во Русија и кариерата ја продолжил во Хашкиот институт за глобална правда.[1]

Никола Димитров е син на Димитар Димитров и Ратка Димитрова, истакнати функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Geteva, Katerina (2014-02-24). „Никола Димитров одбил да биде амбасадор во Москва“. PlusInfo. Посетено на 2014-02-25.
  2. „Никола Димитров“. Утрински. 2008-03-26. Посетено на 2017-05-28.[мртва врска]
  3. „Никола Димитров, амбасадор во Хаг!“. Вечер. 2009-04-03. Посетено на 2017-05-28.[мртва врска]
  4. „Macedonian ex-negotiator Nikola Dimitrov is starting his term as Macedonian Ambassador to Holland“. Highbeam Business. 2009-10-08. Архивирано од изворникот на 2011-01-07. Посетено на 2014-02-24.

Надворешни врски

уреди
Политички функции
Претходник
Никола Попоски
Министер за надворешни работи на Македонија
2017-2020
Наследник
Бујар Османи
Претходник
Бујар Османи
Вицепремиер за европски прашања
2020-
Наследник
моментален