Дуке Бојаџиев
Дуке Бојаџиев (24 септември 1972) — македонски композитор, продуцент и пијанист, кој живее и работи во Њујорк.
Дуке Бојаџиев | |
---|---|
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Дуке Б. |
Роден(а) | 24 септември 1972 Скопје, Република Македонија |
Жанрови | филмска музика |
Занимања | композитор, продуцент и пијанист |
Инструменти | Клавир |
Период на активност | 2001 - сè уште |
Мреж. место | http://www.dukeb.com/ |
Животопис
уредиУште од мал Дуке Бојаџиев имал можност да биде во допир со музиката и медицината, како син на Тодор Бојаџиев, македонски композитор на забавни мелодии и гинеколог по вокација. Свири пијано од три годишна возраст, а компонира од свои десет години.[1] Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, и потоа заминал за Бостон, каде дипломирал на колеџот Беркли во 2001 година. Од таму се сели во Њујорк, каде и денес живее и работи.[2]
Долги години работи во студио како композитор и продуцент, а од 2005 година и како музички директор и пијанист на култната њујоршка театарска група „Д Ситизенс Бенд“ (The Citizens Band), со која работел две и пол години на големи сцени низ цела Америка. Во неговата кариера остварил соработка со холивудската глумица Џина Гершон како музички директор и пијанист на нејзиното кабаре шоу во Њујорк, потоа со добитници на Оскар, како Џонатан Деми и Данис Тановиќ, меѓу кои и македонскиот режисер, номиниран за Оскар, Столе Попов. Работел на рекламни кампањи на големи фирми, како Мерцедес, Лореал, Пежо, Ланком и други, но и како продуцент на ремиксови на пејачката Синди Лопер.
Со свои концерти започнал од 2011 година, најнапред во Античкиот Театар во Охрид, а потоа и во „Карнеги хол“.[3] Соработува со Македонската филхармонија, Тања Царовска, Мартин Ѓаконовски, Каролина Гочева, Анѓела Мекласки, и други имиња од музичкиот свет.
Творештво
уредиДуке Бојаџиев досега има издадено седум соло албуми. Неговата музика е дел од светски познатите компилации „Буда Бар” (Buddha Bar), „Маракеш Експрес” (Marrakech Express) и „Чил аут ин Париз“ (Chill out in Paris). Исто така, продуцирал ремикс за Синди Лопер и за „Блу Мен Груп“, а соработувал со Џонатан Дем и Данис Танович.[2] Има изработено авторска музика за повеќе македонски и странски филмски остварувања, меѓу кои за филмот „Страв од паѓање“ на Џонатан Дем, и за македонскиот филм „До балчак“ на режисерот Столе Попов.
Филм
уреди- До балчак - од Столе Попов
- The secret life of Walter Mitty - Бен Стилер
- Fear of falling - Џонатан Деми
- Dreaming American - Ли Перси
- The War is over - Митко Панов
- Wingles – Иво Трајков
- The Ten – Кен Марино и Дејвид Вејн
- Сенки – Милчо Манчевски
- Hell – Данис Тановиќ
- Suffering Man's Charity – Ален Каминг
- Shortcut to Nirvana – Ник Деј
- Sweetbreads (краткометражен) – Ноора Нисканен
- Nuts (краткометражен) – Андре Лион
TV
уреди- Марта Стјуарт (Martha Stewart)
- Момент на луксуз (Moment of Luxury)
- Светлина што води (Guiding Light)
Реклами
уредиДуке Бојаџиев работел на рекламните кампањи за: Мерцедес, Крајслер, Ланком, Лореал, Мејбелин, Ана Суи, Куерво, Крест, Пежо, Веризон.
Мултимедијални проекти
уреди- FontaineBleau Hotels
- Vera Wang
- GE
- W hotels
- Vanity Fair
- Cosmopolitan
Дискографија
уреди- New York a.m.
- The War is Over - музика од филмот
- Love is The Way
- Stream of Consciousness - соло пијано
- Digital Confessions 2
- Digital Confessions
- Esma’s Dream
ЦД компилации
уреди- Buddha Bar XIV
- Chill Out in Paris 4, 5 & 7
- Airfrance
- Fashion Week 5
- Marrakech Express 2
- Diesel_U_Music
- Styled in Italy
- Papeete Beach Lounge
- La Suite 6
- Ram Cafe 4
- KU DE TA 4
Награди и признанија
уреди- Личност на годината за 2015, награда што ја доделува Нова Македонија на најистакнатите личности што ја обележиле годината во областа на бизнисот, културата, политиката, уметноста, науката, образованието, спортот, општествените и хуманитарните дејности.[4]
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ „www.mkd.mk“. Архивирано од изворникот на 2015-11-25. Посетено на 2015-11-25.
- ↑ 2,0 2,1 55 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12 July -20 August 2015.
- ↑ „www.carnegiehall.org“. Архивирано од изворникот на 2015-11-26. Посетено на 2015-11-25.
- ↑ http://m.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.aspx?vestId=55889&r=1&t&p#.VskJV_krLIV[мртва врска]