Кваме Нкрума (анг. Kwame Nkrumah, 1909 - 1972) бил државник и политичар, прв премиер и претседател на Гана. Еден од најзначајните африкански и светски државници во втората половина на XX век, во времето на борбата против колонијализмот и Студената војна.

Кваме Нкрума
1-от Претседател на Гана
На должноста
1 јули 1960 – 24 февруари 1966
Претходник Елизабета II
како кралица на Гана
додека тој бил
премиер на Гана
Наследник Џозеф Артур Анкра
3-ти раководител на оргазизацијата за африканско единство
На должноста
21 октомври 1965 – 24 февруари 1966
Претходник Гамал Абдел Насер
Наследник Џозеф Артур Анкра
како раководител на Националниот ослободителен совет
1-иот премиер на Гана
На должноста
6 март 1957 – 1 јули 1960
Монарх Елизабета II
Генерален управник Чарлс Арден Кларк
Лордот од Листовел
Претходник самиот како премиер на Златниот Брег
Наследник самиот како Претседател
1-иот премиер на Златниот Брег
На должноста
21 март 1952 – 6 март 1957
Монарх Елизабета II
Генерален управник Чарлс Арден Кларк
Претходник Воспоставена титула
Наследник самиот како премиер на Гана
Лични податоци
Роден(а) 18 септември 1909(1909-09-18)
Нкрофул, Златен Брег
(денес Гана)
Починал(а) 27 април 1972(1972-04-27) (возр. 62)
Букурешт, Романија
Партија Обединета конвенција на Златниот Брег (1947–1949)
Партија за народна конвенција (1949–1966)
Сопружник Фатија Рицк
Деца Франсис
Гамал
Самија
Секо
Установа Линконов универзитет
Пенсилваниски универзитет
Лондонско школо за економија
Универзитетки колеџ во Лондон
Градско правно училиште
Вероисповед крстен римски католик; од 1957,[1]

Живот и дело

уреди

Роден е во 1909 година во Нкрофул, село на брегот на Атлантскиот Океан во Гана. Се образувал на универзитетот „Линколн“ во САД, а потоа се запишал и докторски студии на неколку универзитети во Велика Британија. По враќањето во родната земја која во тоа време била британска колонија под името Златен Брег, одлежал затвор по што ја основал Конвенцијата на народната партија и градејќи силна мрежа и база меѓу работништвото и населението започнал движење за доделување самоуправа, при што во 1951 станал премиер. Оттука преку ова движење тој го предводел и процесот за стекнување на независност на колонијата, која успешно бил прогласена токму од него на 6 март 1957. Потпирајќи се на силниот африкански национализам, анти-колонијализам, историски традиции и стремеж за африканско единство и самостојност, за име на новосоздадената држава го избрал Гана кое било име на африканско кралство - империја од 4 до 13 век. Истовремено, како ново знаме ги избрал боите на знамето на Етиопија во обратен редослед како симбол на африканското богатство, самобитност и стремеж за слобода. Во текот на своето владеење како прв премиер и претседател на Гана спроведувал низа радикални економски, културни и социјални политики како отворање училишта, промовирање на пан-африканска култура и единство, силна индустријализација. Бил активен и во процесот на деколонизација при што бил основачки член, а потоа и трет претседател на Организацијата на африканско единство. На глобално ниво го поддржувал комунистичкото движење и врските со земјите од социјалистичкиот Источен блок при што во 1963 ја добил Лениновата награда за мир, а самиот себеси се сметал за „африкански Ленин“ истакнувајќи дека политичката филозофија на неговото владеење е марксизмот-ленинизмот[2]. За време на неговата посета на Северен Виетнам и Кина во 1966 во Гана е извршен државен удар и преврат на власта од страна на војската, по што тој продолжил да живее во егзил во Гвинеја на покана на тогашниот гвинејски претседател Ахмед Секу Туре, добивајќи ја функцијата ко-претседател (потпретседател). Починал во 1972 година во Букурешт каде бил на лечење од рак.

Значење, награди и признанија

уреди

За време на својот живот, како и по смртта, поради исклучително значајните постигнувања во светската политика Кваме Нкрума е одликуван со бројни награди и признанија. Неговите посмртни останки се префрлени од гробницата во родното село во голем национален меморијален комплекс во Акра, главниот град на Гана. Со одлука на претседателот Џон Ата Милс, од 2009 денот на раѓањето на Кваме Нкрума (21 септември) се слави како национален празник во Гана. Во текот на својот живот е одликуван со титулата „почесен доктор“ на универзитетите во Москва, Каиро, Краков, Источен Берлин и др. Во 2000 година слушателите на светскиот сервис на ВВС го изгласале за „Африкански човек на милениумот“ опишувајќи го како „Херој на независноста“ и „Меѓународен симбол на слободата како прв црномурест водач на африканска земја кој ги скинал синџирите на колонијалното ропство“.

Наводи

уреди
  1. George P. Hagan, “Nkrumah's Leadership Style—An Assessment from a Cultural Perspective”, in Arhin (1992), The Life and Work of Kwame Nkrumah.
  2. Ama Biney, “The Legacy of Kwame Nkrumah in Retrospect”; ; Journal of Pan African Studies 2.3, March 2008.

Надворешни врски

уреди