Сапа Инка, во превод „единствениот Инка“ или познат и како апу (божество) или сапа (единствениот) бил владетелот на Кралството Куско, а подоцна и император на Империјата на Инките. Потеклото на оваа функција се митски и е поврзано со основањето на градот Куско, но историски се верува дека оваа функциија се создала во 1200 година. Оваа функција или титула била наследна, синот го наследува таткото. Имало две познати династии, едната предводена од Ханан, а другата од страна на Хурин. Последниот официјален Сапа Инка бил Атахуалпа, кој бил погубен од страна на Шпанците во 1533.

Сапа Инки
Приказ на Сапа Инките.
Хуринска династија
   Манко Капак
   Синчи Рока
   Локе Јупанки
   Мајта Капак
   Капак Јупанки
Хананска династија
   Инка Рока
   Јавар Вакак
   Виракоча
   Пачакути
   Тупак Инка Јупанки
   Вајна Капак
   Нинан Кујочи
   Уаскар
   Атауалпа
Сапа Инки од Вилкабамба
   Тупак Хуалпа
   Манко Инка Јупанки
   Паулу Инка
   Сајри Тупак
   Титу Куси
   Тупак Амару
Поврзано
   Тавантинсују
   Сапа Инка
   Список

Династии уреди

Династија Хурин уреди

Цивилизација на Инките



 
Приказ на Сапа Инките.

Во историјата малку се знае за првата династија Сапа Инки. Нивното владеење започнало со Хурин и опсегот на владеење не се проширил надвор од границите на Кралството Куско. Нивното потекло е тесно сврзано со митското основање на Куско. Династијата била основана од Манко Капак, кој се сметал за син на богот на сонцето и негови наследници се: Синчи Рока, Локе Јупанки, Мајта Капак и Капак Јупанки. Како репутација на Сапа Инките, наредните владетели се именувале како „капак“ или воен водач и „синчи“ или водач. Како почеток на династијата се смета 1200 година.

Династија Ханан уреди

Втората династија била основана од Инка Рока, син на Капак Јупанки. По смртта на Капак Јупанки, полубратот на Инка Рока Киспе Јупанки требало да го наследи престолот. Ханан се побунил и наместо него како Сапа Инка бил назначен Инка Рока. Наследници на Инка Рока во рамките на Кралството Куско се: Јахуар Хуакак, Виракоча и Пачакути. Пачакути (1438-1471) бил првиот Сапа Инка кој бил владетел на транзициониот период кога од Кралството Куско се создала Империјата на Инките. Тој бил наследен од: Тупак Инка Јупанки (1471-1493), Хуајна Капак (1493-1527), Нинан Кујочи (?-1527), Хуаскар (1527-1532) и како последен бил Атахуалпа (1532-1533).

Пачакути ја реорганизирал државата на четири покраини, секоја владеена од Апо со неколку слоеви администрација. Нинан Кујочи бил Инка за неколку денови и поради тоа некогаш не се смета за Сапа Инка.

Марионети Сапа Инки уреди

По освојувањето на Империјата на Инките од страна на Шпанија, имало уште неколку Инки до комплетниот распад на Империјата, тие се сметаат за марионети на шпанските колонисти и тие се: Тупак Хуалпа (1533), Манко Инка Јупанки (1533–1545), Сајри Тупак (1545–1560), Титу Куси (1560–1571) и Тупак Амару.

Поврзано уреди