Петр Вакоч
Петр Вакоч (чешки: Petr Vakoč; р. 11 јули 1992 во Прага) — чешки професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Алпесин-Декојнинк.[3]
Вакоч на Брабантсе Пејл 2015 | ||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Петр Вакоч | |||||||||||||||||||||||
Прекар | Ваки[1] | |||||||||||||||||||||||
Роден | 11 јули 1992[2] Прага, Чехословачка | |||||||||||||||||||||||
Висина | 1,79 м[1] | |||||||||||||||||||||||
Маса | 68 кг[1] | |||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Алпесин-Декојнинк | |||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | |||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||
2011 2011 2012 2013 | АСЦ Дукла Праха Сентр Мондијал ду Сиклисм СС Етип Етикс ИХНед | |||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||
2014–2019 2020- | Омега Парма-Квик Степ Алпесин-Феникс | |||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
Последна промена 8 ноември 2020 |
Кариера
уреди2013
уредиВо 2013 година, Вакоч станал професионалец, возејќи за Етикс ИХНед, развојната екипа на Омега Парма-Квик Степ. Во јуни ја освоил Трката околу Словачка на 20 години. Успехот на младиот велосипедист продолжил со победата на Вуелата а ла Комунидад де Мадрид под 23 години. Во август ја освоил трката ГП Краловехрадецкехо краје, пет секунди пред Јозеф Хозек.
2014
уредиПо успехот на Вакоч во 2013 година, добил договор за Омега Парма-Квик Степ. Завршил 10. и освоил етапа на Трката околу Полска. Исто така завршил втор на националното друмско и хронометарско првенство.
2015
уредиВо 2015 година, Вакоч го освоил националното друмско првенство, 11 секунди пред Леополд Кениг. Во мај возел на својата прва голема трка, Џиро д’Италија. Вакоч ја завршил трката на 116. место. Младиот велосипедист освоил уште една победа, која ја освоил Велосипедската трка Чешка, една од најголемите домашни трки. Исто така, освоил етапа на Трката околу Британија. Настапил на Европските игри 2015 за Чешка на друмската трка, каде го освоил бронзениот медал.
2016
уредиВакоч прославил успех на еднодневните трки, победувајќи на три поголеми трки: Класик Сид-Ардеш и Класик Ла Дром на неколку дена разлика во февруари. Во април ја забележал својата најголема победа на Брабантсе Пејл во Белгија. Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2016.[4]
Достигнувања
уреди- 2010
- 2. Краен пласман Тур ду По де Вод
- 1. Етапа 3
- 3. Национално јуниорско друмско првенство
- 3. Краен пласман Завод Миру
- 5. Брно-Велка Битеш-Брно
- 2011
- 1. Национално хронометарско првенство под 23 години
- 2013
- 1. Краен пласман Трка околу Словачка
- 1. Пласман за млад возач
- 1. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид под 23 години
- 1. Бодовен пласман
- 1. Етапа 1
- 1. ГП Краловехрадецкехо краје
- 2. Европско друмско првенство под 23 години
- 2. Меморијал Ван Конингсло
- 3. Национално хронометарско првенство под 23 години
- 4. Краен пласман Трка околу Чешка
- 1. Бодовен пласман
- 1. Етапа 4
- 4. Меморијал Јана Веселехо
- 2014
- 1. Светско универзитетско велосипедско првенство — друмска трка
- 1. Светско универзитетско велосипедско првенство — хронометар
- 2. Национално друмско првенство
- 2. Национално хронометарско првенство
- 5. Трофео Сера де Трамунтана
- 10. Краен пласман Трка околу Полска
- 1. Етапа 2
- 2015
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Краен пласман Трка околу Чешка
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 1. Етапа 2 Трка околу Британија
- 3. Европски игри - друмска трка
- 3. Национално хронометарско првенство
- 7. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
- 2016
- 1. Брабантсе Пејл
- 1. Класик Сид-Ардеш
- 1. Класик Ла Дром
- 2. Краен пласман Тур Ла Прованс
- 2. ГП де Валони
- 3. Национално хронометарско првенство
- 4. Национално друмско првенство
- 5. Европско друмско првенство
- 5. Краен пласман Тур ди От Вар
- 5. Страде Бјанке
- 9. ГП Квебек
- 2017
- Национални друмски првенства
- 2. Хронометар
- 3. Друмска трка
- 2. Брабантсе Пејл
- 6. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
- 7. ГП Квебек
- 8. Бинше-Шиме-Бинше
- 10. Краен пласман БинкБенк Тур
- 2019
- Национални друмски првенства
- 3. Друмска трка
- 3. Хронометар
- 2020
- 3. Национално друмско првенство
- 6. Париз-Тур
- 9. Краен пласман Велосипедска трка Чешка
- 9. Краен пласман Трка околу Луксембург
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Петр Вакоч“. Омега Парма-Квик Степ. Decolef. Посетено на 15 февруари 2014.
- ↑ http://www.procyclingstats.com/rider/Petr_Vakoc
- ↑ „De nieuwe speelkameraadjes van MVDP: "Er zal meer naar ons gekeken worden"“ [The new playmates for MVDP: "We will be looked at more"]. Sporza (холандски). Vlaamse Radio- en Televisieomroeporganisatie. 2 January 2020. Посетено на 3 January 2020.
- ↑ „2016 > 103rd Tour de France > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 30 јуни 2016.
Надворешни врски
уреди„Петр Вакоч“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Петр Вакоч“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Петр Вакоч“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Петр Вакоч“. ProCycling.