Јон Исагире

шпански велосипедист
(Пренасочено од Јон Изагире)

Јон Исагире Инсаусти[1] (шпански: Jon Izagirre Insausti; р. 4 февруари 1989) — шпански професионален друмски велосипедист и велокрос возач, кој вози за UCI World Tour екипата Астана Казахстан Тим.[2]

Јон Исагире
Исагире на Тур де Франс 2014
Лични податоци
Цело имеЈон Исагире Инсаусти
Роден4 февруари 1989(1989-02-04)(35 г.)
Ормаицтеги,  Шпанија
Висина1,73 м
Маса60 кг
Податоци за клубот
Мом. клубАстана Казахстан Тим
Дисциплинадрумски и велокрос велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2009
2009
Сегурос Билбао
Орбеа (стажант)
Професионални клубови
2010
2011–2013
2014–2016
2017-2018
2019-
Орбеа
Еускалтел-Еускади
Мовистар Тим
Бахреин-Мерида
Астана
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2012)
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2016)
Вуелта а Еспања
1 ТТТ етапа (2019)

Етапни трки

Трка околу Баскија (2019)
Трка околу Полска (2015)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2014)
Национален хронометарски првак (2016)
Последна промена
24 ноември 2019

Кариера

уреди
 
Исагире на Париз-Ница 2017.

Роден во Ормаицтеги во Баскија, Исагире доаѓа од семејство на професионални велосипедисти, бидејќи и неговиот татко Хосе Рамон и неговиот брат Горка се имаат натпреварувано во друмски и велокрос велосипедизам. Се придружил на екипата Еускалтел-Еускади – заедно со братот Горка – од сезоната 2011 па наваму,[3]

Исагире ги освоил неговите први професинални трки во пролетта 2012; победил на поединечниот хронометар на Вуелта а Астурија во април,[4] пред да ја освои својата прва победа на дебито на некоја голема трка, како Џиро д’Италија. Во текот на етапата 16, Исагире направил соло бегство на 4 километри пред крајот, со што ја освоил етапата со 16 секунди предност пред најблиските конкуренти.[5][6]

По распадот на екипата Еускател-Еускади на крајот на сезоната 2013, Јон и Горка Исагире потпишале за Мовистар Тим за сезоната 2014.[7]

Во 2015 година, Изагире ја освоил Трката околу Полска. Ја започнал последната етапа како шести во генералниот пласман, но го претекнал предводникот на трката Серхио Енао (Тим Скај) и другите преку супериорен резултат на хронометарот во должина од 25 километри.[8]

Изагире ја освоил етапата 20 на Тур де Франс 2016, откако нападнал на влажен спуст од група со тројца возачи на завршното искачување.[9]

Изагире се префрлил во новосоздадената екипа Бахреин-Мерида за сезоната 2017. Бил предводник на екипата за Тур де Франс 2017, но паднал на првата етапа, поединечен хронометар во Диселдорф, при што се здобил со фрактури во долниот дел на грбот и тоа било крај на неговата сезона.[10]

Неговиот брат Горка му се приклучил во екипата во сезоната 2018. Во август 2018 година било објавено дека браќата ќе се приклучат на Астана за сезоната 2019.[11]

Достигнувања

уреди
2006
3. Национално велокрос јуниорско првенство
2008
1. Поединечен хронометар Гипицкоа
3. Национално друмско првенство под 23 години
2009
1. Баскиско велокрос првенство под 23 години
1. Меморијал Анхел Мантекон
1. Етапа 4 Бицкаико Бира
5. Краен пласман Бидасоа Ичулија
2011
4. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
2012
1. Етапа 2b (ITT) Вуелта а Астурија
1. Етапа 16 Џиро д’Италија
3. Ле Букл ду Суд Ардеш
2013
2. Национално друмско првенство
2. Краен пласман Трка околу Полска
4. Краен пласман Тур Даун Андер
9. Гран при Монтреал
2014
1.   Национално друмско првенство
2. Краен пласман Трка околу Полска
4. Краен пласман Вуелта а Андалусија
6. Краен пласман Трка околу Британија
8. Краен пласман Тур де Романди
2015
1.   Краен пласман Трка околу Полска
2. ГП Мигел Индураин
3.   Светско првенство во екипен хронометар
3. Краен пласман Трка околу Баскија
10. Краен пласман Волта ао Алгарве
2016
1.   Национално хронометарско првенство
1. ГП Мигел Индураин
1. Етапа 20 Тур де Франс
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
2. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 8 (ITT)
3. Краен пласман Тур де Романди
1. Пролог (ITT)
4. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
5. Краен пласман Париз-Ница
8. Олимписки друмски хронометар
8. Краен пласман Енеко Тур
8. Гран при Монтреал
2017
3. Национално друмско првенство
3. Краен пласман Трка околу Баскија
5. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
5. Краен пласман Тур де Романди
6. Вуелта а Мурсија
6. Краен пласман Тур де Свис
7. Краен пласман Париз-Ница
7. Амстел Голд Рејс
2018
3. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Трка околу Баскија
4. Краен пласман Париз-Ница
6. Џиро ди Ломбардија
7. Класика де Сан Себастијан
9. Краен пласман Вуелта а Еспања
2019
1.   Краен пласман Трка околу Баскија
1.   Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
1. Етапа 8 Париз-Ница
1. Етапа 1 (TTT) Вуелта а Еспања
2. Краен пласман Вуелта а Андалусија

Распоред на резултатите

уреди
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 48 27 36
  Тур 69 41 47 СО 22
  Вуелта 9 22
Распоред на резултатите на поважните етапни трки
Етапна трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Париз-Ница 55 19 26 5 7 4 21
  Тирено-Адријатико 24 16
  Волта а Каталуња СО
  Трка околу Баскија 47 55 3 3 3 1
  Тур де Романди 103 8 3 5 11
  Критериум ди Дофине не настапил во кариерата
  Тур де Свис 34 43 СО 2 6 15

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. „Шпанецот Јон Исагире победи на етапата 16 на Џиро додека Родригес останува во водство“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. 22 мај 2012. Посетено на 23 мај 2012.
  2. „Astana Pro Team presented renewed roster for 2019“. Астана. Apgrade. 16 декември 2018. Архивирано од изворникот на 2019-03-27. Посетено на 1 јануари 2019.
  3. Худ, Ендру (23 ноември 2010). „Еускалтел-Еускади ја прославија нивната најдобра сезона во екипната историја“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2015-04-14. Посетено на 23 мај 2012.
  4. „Исагире победник на хронометарот во Пједрас Бланкас“. Cycling News. Future Publishing Limited. 29 април 2012. Посетено на 23 мај 2012.
  5. Вестемајер, Сузан (22 мај 2012). „Исагире триумфирал на етапата 16 на Џиро до Фалцес“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 23 мај 2012.
  6. Аткинс, Бен (22 мај 2012). „Јон Исагире учествувал во бегство на етапата 16 додека групата спиела“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 23 мај 2012.
  7. „Јон Исагире исто така ќе вози за Мувистар Тим“. Мувистар Тим. 4 октомври 2013. Посетено на 6 октомври 2013.
  8. http://www.cyclingnews.com/news/third-time-lucky-for-overall-winner-izagirre-at-the-tour-de-pologne/
  9. Benson, Daniel (23 јули 2016). „Froome set to win 2016 Tour de France ahead of procession to Paris“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 25 јули 2016.
  10. http://www.cyclingnews.com/news/ion-izagirre-sustains-lumbar-fracture-in-tour-de-france-crash/
  11. „Izagirre brothers sign for Astana“. cyclingnews.com. 27 август 2018. Посетено на 8 септември 2018.

Надворешни врски

уреди