Ијан Станард

британски велосипедист

Ијан Декстер Станард (англиски: Ian Dexter Stannard; р. 25 мај 1987) — поранешен британски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2008-2020 за екипите Ландбувкредит-Тенисштајнер, ИСД и Инеос Гренадиерс, пред да се повлече откако добил дијагноза на ревматоиден артритис.[2] Сега работи како спортски директор за континенталната екипа Тринити Рејсинг.[3]

Ијан Станард
Станард на Трката околу Британија 2016
Лични податоци
Цело имеИјан Декстер Станард
ПрекарЈоги[1]
Роден25 мај 1987(1987-05-25)(37 г.)
Челмсдорф, Англија,  Обединето Кралство
Висина1,89 м
Маса83 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТринити Рејсинг
Дисциплинавелодромски и друмски велосипедизам
Улога
  • возач (пензиониран)
  • спортски директор
Вид на возач
  • специјалист за класици
  • помошник
Аматерски клубови
2007 Т-Мобајл Тим (стажант)
Професионални клубови
2008
2009
2010–2020
Ландбувкредит-Тенисштајнер
ИСД
Тим Скај
Менаџер на клубови
2021–2022
2023-
Тринити Рејсинг
Инеос Гренадиерс
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Национален друмски првак (2012)
Омлоп хет Ниусблад (2014, 2015)

Кариера

уреди

Рана кариера

уреди
 
Станард на Париз-Тур 2011

Роден во Челмсфорд, Станард првично се насочил кон друмскиот и велодромскиот велосипедиза, освојувајќи златен медал на хронометарот на Комонвелтските младински игри и злато на екипната потера на Европските велодромски првенства под 23 години, заедно со идниот колега во Скај Герајнт Томас. Станард го имал своето професионално деби во друмскиот велосипедизам во август 2007 придружувајќи му се на Т-Мобајл Тим како стажант. Во 2008 возел за Ландбувкредит-Тенисштајнер и бил трет во генералниот пласман на Трката околу Британија возејќи во екипата на Велика Британија. Во 2009 се приклучил во новата екипа ИСД[4] и бил избран да вози на Џиро д’Италија на возраст од 21 година. Станард завршил на 160. место на крајот.[5]

Тим Скај (2010-2020)

уреди

Станард се приклучил во новата британска екипа Тим Скај на почетокот на сезоната 2010 и оттогаш бил повеќе насочлен кон класиците и еднодневните трки. Го освоил третото место во смрзнувачки услови на Курне-Брисел-Курне.[6]

Скоро и да победел на Гент-Вевелгем 2011, откако побегнал на последното искачување со Петер Саган, Маќеј Боднар (обајцата од Ликвигас-Канондејл) и Силвен Шаванел (Квик Степ) на 34 километри пред целта. Квартетот се одвоил од главната група, а подоцна Станард нападнал и го поминал искачувањето сам. Сепак, на 500 метри пред целта бил поминат од главната група која го достигнала и Том Бонен спринтал за победа.[7] Првата професионална победа ја остварил на Трката околу Австрија 2011, каде победил на етапата 5, кога бил подобар во групата на пет бегалци во спринтот.[8]

 
Станард на Тур Даун Андер 2013

Станард бил дел од екипата на Велика Британија, која му помогнала на Марк Кевендиш да стигне до победа на друмската трка на Светските друмски првенства UCI 2011, особено во последните метри од трката кога го одржал Кевендиш на чело на групата. Станард е добро познат како еден од најсилните помошници во групата, извозувајќи вкупно 14.713 километри и поминал 93 дена во тркање во 2011 година.

 
Во 2012 година, Станард бил победник на националното друмско првенство.

Во 2012 година, Станард победил на Лондон Ноктур. Исто така, станал национален друмски првак, победувајќи пред колегата од Скај Алекс Даусет. Станард бил избран да вози во олимпискиот друмски состав за 2012, заедно со Дејвид Милар, Крис Фрум, Бредли Вигинс и Марк Кевендиш.[9] Екипата имала цел да го предводи Кевендиш во спринтерска победа на трката. И покрај најдобрите напори на Станард, екипата на Велика Британија не можела да ја достигне големата група на бегалци во Лондон и златниот медал му припаднал на Александар Винокуров. Станард повторно ја претставувал Британија на Светските друмски првенства UCI 2012 и бил активен во бегството со Ендру Талански во претпоследниот круг, но на крајот завршиле со главната група.

 
Станард го носел дресот како британски првак, возејќи на Е3 Харелбеке 2013

Станард имал импресивен резултат во смрзнувачките услови на Милано-Санремо 2013, првично возејќи на чело на трката како поддршка на Герајнт Томас, но потоа нападнал со Силвен Шаванел, откако Томас паднал на искачувањето Поџо, но биле достигнати на спустот од група на пет возачи. Станард го направил последниот потег во последните два километар, но бил достигнат од Петер Саган и завршил како шести во спринтот.[1] Станард бил избран да вози на Тур де Франс по првпат во 2013 година и одиграл клучна улога како помошник за Крис Фрум, кој ја освоил трката.[10]

Во 2014 година, Станард победил на трката Омлоп хет Ниувсблад — еден од фландриските класици — откако го претекнал другиот член на бегството Грег ван Авермат.[11] Со тоа, Станард станал првиот британски возач кој ја освоил трката.[12] На Гент-Вевелгем, Станард имал тежок пад во канал покрај патот и бил однесен во болница.[13] Му било пронајдено напукнување на ’рбетниот столб, ставајќи го надвор од тркање во остатокот на сезоната на класиците.[14]

Станард се вратил на трките за настап за Англија на друмската трка на Комонвелтските игри 2014. Сè уште неспремниот Станард се повлекол рано од трката, која се одржала во лизгави врнежливи услови — само 12 возачи завршиле од 140 возачи — и која на крајот била освоена од колегата Герајнт Томас. Станард се обидел уште еднаш да се врати, возејќи за Тим Скај на класикот РајдЛондон-Сари 2014. Станард помогнал неговиот колега Бен Свифт да доспее во групата на победоносните бегалци.[15] Станард бил избран да вози на Трката околу Британија, но го скршил својот зглоб при пад на првата етапа, со што со повреда ја завршил сезоната.[16]

 
Станард на подиум на Омлоп Хет Ниувсблад 2015, каде ги поразил колегите од Етикс-Квик Степ, Ники Терпстра (лево) и Том Бонен (десно)

Станард се опоравил од повредите за почетокот на сезоната 2015, повторно завршувајќи четврти на Трката околу Катар. На 28 февруари, Станард го освоил Омлоп Хет Ниусблад, одбранувајќи ја титулата од 2014 година. Го поразил Ники Терпстра во спринтот, откако ги поминал завршните 40 километри во група од четворица со колегите на Терпстра (Етикс-Квик Степ) Том Бонен и Стејн Ванденберг и одолевајќи на нападите од Бонен и Терпстра во завршните моменти на трката.[17][18]

 
Станард (скроз десно) во водечката група на Париз-Рубе 2016

Во интервју во јануари 2016 година, Станард потврди дека нема да настапи на Омлоп Хет Ниувсблад или Курне-Брисел-Курне во 2016 година, настапувајќи на овие две трки во белгиската класична сезона секоја година од 2010 година и пропуштајќи ја шансата да победи на Омлоп трета година по ред, со цел да се насочи на фламанските класици. Објавил дека неговите подготовки за пролетните класици ќе ги вклучува првите настапи на Волта ао Алгарве и на Париз-Ница.[19] Станард завршил трет на Е3 Харелбеке, водејќи мала група низ целта зад победоносниот двоец Михал Квјатковски и Петер Саган, кои се одвоиле од групата претходно.[20] Исто така завршил на подиум на Париз-Рубе, каде завршил трет во спринтот од петмина, кои возеле заедно по нападот на Станард на секторот со калдрма Кампфен ан Певел. Во 2016 година, Станард бил дел од победничката екипа на Тур де Франс, како главен помошник за Скај на рамните етапи.

Достигнувања

уреди
2004
1.   Комонвелтски младински игри - хронометар
Национални јуниорски друмски првенства
1.   Хронометар
3. Друмска трка
2. Париз-Рубе за јуниори
2005
1.   Национално јуниорско велодромско првенство - бодовна трка
1.   Краен пласман Тур ди По де Во
1. Етапа 3 (ITT)
2006
1.   Европско велодромско првенство под 23 години - екипна потера
2007
1. Клејтон Вело Спринг Класик
1. Еди Сунс
1. Милано-Брусето
4. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години
2008
3. Краен пласман Трка околу Британија
2009
1. Етапа 1b (ТТТ) Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
2010
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Катар
3. Национално друмско првенство
3. Курне-Брисел-Курне
2011
1. Етапа 5 Трка околу Австрија
4. Национално друмско првенство
4. Париз-Тур
2012
1.   Национално друмско првенство
1. Лондон Ноктурн
2013
2. Национално друмско првенство
6. Милано-Санремо
7. Краен пласман Трка околу Британија
8. Краен пласман Трка околу Баварија
9. Дварс дор Вландерен
2014
1. Омлоп хет Ниусблад
4. Краен пласман Трка околу Катар
2015
1. Омлоп хет Ниусблад
1. Етапа 1 (ТТТ) Тур де Романди
3. Национално друмско првенство
4. Краен пласман Трка околу Катар
2016
1. Етапа 3 Трка околу Британија
3. Е3 Харелбеке
3. Париз-Рубе
2017
1. Етапа 4 Хералд Сан Тур
2018
1. Етапа 7 Трка околу Британија
2019
2. Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 160 132
  Тур 135 128 161
  Вуелта СО 128 111 148 106

Распоред на резултатите на класиците

уреди
Монумент 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Милано-Санремо СО СО 102 СО 6 СО 57 92 127
Трка околу Фландрија 72 83 50 57 103 57 32 64 СО 76
Париз-Рубе 88 СО 36 51 51 47 3 72 СО 82 НСО
Лиеж-Бастоњ-Лиеж не настапил во текот на неговата кариера
Џиро ди Ломбардија
Класик 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Омлоп Хет Ниусблад 142 103 27 26 34 1 1 78 26 49
Курне-Брисел-Курне 91 3 70 80 НСО 44 67 14 45 62
Е3 Харелбеке 47 48 23 СО 26 3 56 90 НСО
Гент-Вевелгем 161 35 70 43 СО СО 21 90 74
Дварс дор Вландерен 94 25 9 15 79 НСО
Париз-Тур 4 140

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Галагер, Брендан (17 март 2013). „Britain's Ian Stannard runs out of steam when in sight of victory in Milan-San Remo classic“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. Посетено на 27 мај 2013.
  2. Fletcher, Patrick (5 November 2020). „Ian Stannard retires due to rheumatoid arthritis“. Cyclingnews.com. Посетено на 5 November 2020.
  3. „Ian Stannard takes directeur sportif role at Trinity Racing“. Cyclingnews.com. 4 February 2021. Посетено на 1 March 2021.
  4. „Cycling Weekly“. Архивирано од изворникот на 2009-05-01. Посетено на 2013-03-18.
  5. Le classifiche La Gazzetta dello Sport. 25 јули 2011.
  6. Ијан Станард: П&О Daily Telegraph 24 јуни 2011. 25 јули 2011.
  7. Нил Роџерс (27 март 2011). „Том Бонен победи на Гент-Вевелгем 2011“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2014-02-02. Посетено на 16 декември 2012.
  8. „Станард спринташе за првата победа“. SKY Sports. 2012 BSkyB. 7 јули 2011. Посетено на 16 декември 2012.
  9. „Милар избран во олимпискиот друмски состав на Велика Британија“. Cyclingnews.com. 4 јули 2012.
  10. „History - All rankings, starters, stages, jersey wearers, stage winner on the Tour de France“. letour.fr. Посетено на 27 June 2022.
  11. Декалуве, Брехт (1 март 2014). „Станард победи на Омлоп хет Ниувсблад“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 1 март 2014.
  12. „Ијан Станард од Тим Скај станал првиот Британец кој победил на еднодневниот полукласик Омлоп хет Ниувсблад“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. 1 март 2014. Посетено на 2 март 2014.
  13. „Team Sky suffers in Ghent-Wevelgem“. 30 March 2014.
  14. „Stannard out of two Spring Classics“. BBC Sport.
  15. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-08-12. Посетено на 2014-10-17.
  16. „Tour of Britain: Ian Stannard quits race after breaking wrist in crash on stage one“.
  17. „Ian Stannard wins Omloop Het Nieuwsblad for second year in a row“.
  18. Moore, Richard (2 March 2015). „The inside story of Ian Stannard's incredible Het Nieuwsblad win“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 18 October 2021.
  19. Худ, Ендру (19 јануари 2016). „Stannard shakes up classics program to prep for cobbles“. VeloNews. Архивирано од изворникот на 2016-03-25. Посетено на 28 март 2016.
  20. „E3 Harelbeke: Team Sky's Michal Kwiatkowski wins, Ian Stannard third“. bbc.co.uk. 25 март 2016. Посетено на 28 март 2016.

Надворешни врски

уреди