Реин Тарамае

естонски велосипедист

Реин Тарамае (естонски: Rein Taaramäe; р. 24 април 1987 во Тарту) — естонски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Тим ТоталЕнержи.[2]

Реин Тарамае
Лични податоци
Цело имеРеин Тарамае
ПрекарВадер (од „reinuvader“ - лисица)
Роден24 април 1987(1987-04-24)(37 г.)
Тарту,  Естонија
Висина1,84 м[1]
Маса67 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубТим ТоталЕнержи
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачвозач за генерален пласман
Аматерски клубови
2007 Кофидис (стажант)
Професионални клубови
2008–2014
2015
2016-2017
2018-
Кофидис
Астана
Катјуша
Директ Енержи
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2016)
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2011)

Етапни трки

Трка околу Словенија (2016]
Вуелта а Бургос (2015)
Арктичка трка на Норвешка (2015)
Тур де л’Ен (2009)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2009, 2013)
Национален хронометарски првак (2009, 2011, 2012)
Вуелта Сиклиста а Мурсија (2015)
Последна промена
24 мај 2018

Кариера

уреди

Тарамае станал професионалец во 2008 година со Кофидис, откако возел за тимот како практикант на крајот од 2007 година и победил на етапа на Трката околу Ардените рано во сезоната. Во 2008 година освоил две етапи на ГП Португал и етапа на Тур де л'Авенир. На Летните олимписки игри 2008, Тарамае ги завршил друмската трка и хронометарот.

 
Реин Тарамае на Тур де л’Eн

Во 2009 година завршил трет на Тур де Романди и осми на Тур де Свис. Тарамае ги освоил националните друмски и хронометарски првенства во 2009 година.[3] Тој го освоил и Тур де л’Ен откако победил на последната етапа на Кол ди Гран Коломбје.[4] Во 2010 година завршил седми на Париз-Ница и трет на Волта а Каталуња.

Во 2011 година, Реин завршил 11. во генералниот пласман на Тур де Франс. На етапата 14 на Вуелта а Еспања 2011 Тарамае и другиот член на бегството Давид де ла Фуенте биле последните двајца возачи од бегството со 17 возачи, но на 2 километри пред Де ла Фуенте отпаднал со цел да му помогне на колегата Хуан Хосе Кобо при искачување, со што му дозволил Тарамае сам да дојде до неговата прва етапна победа на некоја голема трка. На крајот се повлекол пред трката да заврши во Мадрид.

Во август 2014 година, генералниот менаџер на Астана, Александар Винокуров, објавил дека Тарамае потпишал едногодишен договор со екипата за сезоната 2015.[5][6]

Сезоната 2015 започнала добро за Реин со победа на Вуелта Сиклиста а Мурсија. Надежите биле високи, особено со настапот на големите трки, како Тур де Франс. На Тур де Франс 2015, Тарамае требало да му помага на Винченцо Нибали во планините. На крајот, Тарамае бил приморан да ја напушти единаесеттата етапа поради болест. По разочарувачкиот Тур, Тарамае победил на Вуелта а Бургос и Арктичката трка на Норвешка во август. Истовремено се појавиле гласини дека Тарамае ја напушта Астана и на крајот на август, Тарамае потпишал едногодишен договор со Катјуша.

Бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016.[7] Ја освоил дваесеттата етапа на трката, станувајќи првиот Естонец кој освоил етапа на Џиро.[8] По краток одмор во Естонија, Тарамае ја освоил Трката околу Словенија, заедно со победа на втората етапа.

Достигнувања

уреди
2005
3. Краен пласман Курс де По
2006
1.   Хронометарски првак под 23 години
1. ГП Уест-Франција под 23 години
2007
1. Етапа 4 Сиркут де Ардени
1.   Европски хронометарски првак под 23 години
2. Национално хронометарско првенство
2008
Гран при ду Португал
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 6 Тур де л’Авенир
2009
1.   Национален хронометарски првак
1.   Национален друмски првак
1. Краен пласман Тур де л’Ен
1. Етапа 5
1.   Планински пласман Вуелта ал Паис Васко
3. Краен пласман Тур де Романди
8. Краен пласман Тур де Свис
2010
3. Краен пласман Волта а Каталуња
7. Краен пласман Париз-Ница
2. Пласман за млад возач
9. Краен пласман Рут ду Суд
2011
3. Краен пласман Критериум Интернационал
1.   Пласман за млад возач
4. Краен пласман Париз-Ница
1.   Пласман за млад возач
5. ГП Тарту
8. Краен пласман Волта ао Алгарве
10. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
1.   Национално хронометарско првенство
Ја носел белата маичка   на етапата 18 Тур де Франс
2012
1.   Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Вуелта а Андалусија
3. Краен пласман Етоал де Бесеже
8. Краен пласман Тур ду Поату Шарент
2013
1.   Национално друмско првенство
2. Национално хронометарско првенство
3. Шоле-По де Лоара
2014
1. Тур ду Дуа
2. Краен пласман Трка околу Турција
1. Етапа 3
6. Краен пласман Тур ду Лимузен
8. Краен пласман Етоал де Бесеже
2015
1. Вуелта Сиклиста а Мурсија
1.   Краен пласман Вуелта а Бургос
1.   Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
6. Краен пласман Волта ао Алгарве
2016
1. Етапа 20 Џиро д’Италија
1.   Краен пласман Трка околу Словенија
1. Етапа 2
2017
9. Краен пласман Трка околу Гуангси
2018
3. Краен пласман Тур де л’Ен
4. Краен пласман Вуелта а Арагон

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
  Џиро 29
  Тур СО 12 36 102 88 СО
  Вуелта 74 СО СО 147

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Профил на Реин Тарамае“.
  2. „Two-year extension for Calmejane at Direct Energie“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 29 август 2017. Посетено на 2 јануари 2018.
  3. Грег Џонсон (28 јули 2009). „Тарамае победи и на друмската трка“. Cycling News. Посетено на 23 јули 2011.
  4. „Cofidis sweeps Horner aside“. Cycling News. 12 август 2009. Посетено на 23 јули 2011.
  5. „Тарамае потпиша со едногодишен договор со Астана“. Cyclingnews.com. 20 август 2014. Посетено на 30 август 2014.
  6. „Астана Про Тим (AST) – КАЗ“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 1 јануари 2015.[мртва врска]
  7. „99th Giro d'Italia Startlist“. Pro Cycling Stats. Посетено на 6 мај 2016.
  8. „Sensational Nibali all but wins the Giro d'Italia as Taaramae takes stage 20“. Eurosport. Посетено на 28 мај 2016.

Надворешни врски

уреди