Николас Роуш
Николас Роуш (англиски: Nicolas Roche; р. 3 јули 1984) — ирски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим ДСМ-Фирмених.[3]
Роуш во националниот дрес на Трката околу Британија 2016 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Николас Роуш | ||
Прекар | Нико[1] | ||
Роден | 3 јули 1984 Конфлан Сен Онорен, Франција | ||
Висина | 1,78 м[2] | ||
Маса | 70 кг[2] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Тим ДСМ-Фирмених | ||
Дисциплина | друмски велосипедист | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Аматерски клубови | |||
2002 2003 2003–2004 2004 | ОККВ Драгињан СК Ница Вело-Клуб Ла Пом Марсеј Кофидис (стажант) | ||
Професионални клубови | |||
2005–2006 2007–2008 2009–2012 2013–2014 2015-2016 2017-2018 2019- | Кофидис Кредит Агрикол Аг2р-Ла Мондијал Тим Саксо-Тинкоф Тим Скај Ванти-Груп Гобер Тим Санвеб | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 5 февруари 2020 |
Двапати бил национален првак и многупати завршувал помеѓу првите десет на етапи на големите трки. Ја претставувал Ирска на друмската трка на Летните олимписки игри 2008. Настапил за Ирска седум пати на Светските друмски првенства.
Ран живот
уредиРоуш, кој е роден во Конфлан Сен Онорен, Франција, е син на поранешниот велосипедски првак Стивен Роуш и неговата поранешна жена, Лидија, внук на поранешниот професионален велосипедист Лоренс Роуш и братучед на ирскиот друмски првак од 2008 Даниел Мартин. Роуш учел во колеџот Блекрок, приватно училиште во Даблин, пред да се пресели на југот на Франција во 1999, каде го поминал поголемиот дел од животот. Моментално живее во Варезе, Италија.
Кариера
уредиРани години
уредиСтанал професионалец на крајот на 2004 со екипата Кофидис и станал еден од најмладите возачи во UCI ProTour.[4] Бидејќи неговиот татко е Ирец, а неговата мајка Французинка, Роуш имал двојна националност како аматер. На почетокот на 2005 на Роуш му било кажано од француските власти да одбере една националност. Роуш се изјаснил за Франција бидејќи планирал да го помине остатокот од неговиот живот во Франција.[5] Губитокот на Роуш било удар за ирскиот велосипедизам,[6] откако ја освоил младинската Трка околу Ирска во 2002[7] и завршил трет на ирското првенство во 2004.[8] Меѓутоа, шест месеци подоцна, UCI и велосипедската федерација на Ирска му кажале на Роуш дека му била дадена погрешна информација и дека може да настапува за Ирска и да го зачува двете националности, како што и направил.[9]
Во текот на првите две години, често бил помошник на другите возачи, но остварил неколку добри резултати, главно на француските трки. Негова прва победа била на етапа на Тур де л’Авенир 2006, трка позната како мини-Тур де Франс за возачи под 23 години.[10][11] Ја носел жолтата маичка на две етапи и завршил десетти во генералниот пласман. Бил во големото бегство на Светското првенство во Салцбург, Австрија.[12] Веднаш потоа потпишал двегодишен договор со Кредит Агрикол како последица на многуте добри резултати во сезоната.
Кредит Агрикол (2007–2008)
уредиВо 2007, Роуш возел на Џиро д’Италија. Во јуни ја освоил првата сениорска национална титула, хронометарот во Дангарван.[13] Исто така бил четврти на друмското првенство. Поради повреда, Роуш се повлекол од Трката околу Ирска и го пропуштил Светското првенство.
Роуш ја планирал 2008 за Џиро д’Италија, но организаторите не ја поканиле неговата екипа. Го променил распоред и завршил шести на Тур Ивоарен де ла По, 15. на Класика Интернасионал де Алкобендас во Шпанија и освоил етапа[14] на Гп Интернасионал Паредес Рота дос Мовеис во Португалија. Откако завршил седми на Тур де Валони, настапил на олимписката друмска трка, заедно со Филип Дењан, освоил етапа на Тур ду Лимузен и потоа бил избран за неговата прва Вуелта а Еспања. Роуш покажал добри резултати на трката, скоро освојувајќи ја етапата 18, каде бил отспринтан од Иманол Ервити по бегството составено од 17 возачи. Роуш завршил на 13. место во генералниот пласман на неговиот втор Гранд Тур.
Роуш заедно со Дењан и Роџер Екен биле дел од ирската репрезентација на Светските првенства во Варезе. Роуш имал ран пад и се повлекол.
Аг2р (2009–2012)
уреди2009
уредиРоуш потпишал двегодишен договор со Аг2р-Ла Мондијал по прекинувањето со Кредит Агрикол.
По победата на ирското национално друмско првенство по првпат во јуни 2009, било објавено дека Роуш бил избран од екипата да вози на неговиот прв Тур де Франс. Имал добар настап, завршувајќи 23. во генералниот пласман и 5. во бодовниот пласман.
2010
уредиПо добриот почеток во сезоната, каде завршил десетти на Париз-Ница и петти на Волта а Каталуња, Роуш бил избран како предводник на Аг2р-Ла Мондијал на Тур де Франс и во текот на трката пишувал статии за весникот Irish Independent. Роуш завршил 15. во генералниот пласман. Би можел да се пласира неколку места погоре доколку не изгубел четири минути во однос на предводниците на трката поради дупната гума на етапата 15, а колегата Џон Гадре одбил да му го даде неговиот велосипед.
Во септември, Роуш ја водел екипата на Вуелта а Еспања. Неговиот резултат бил дури и подобар отколку на Тур де Франс, губејќи незначително време на планинските етапи. Завршил на седмото место во генералниот пласман, само пет минути и три секунди за победникот Винченцо Нибали. Овој резултат бил најдобар на Гранд Тур од страна на Ирец по 1988.
Роуш бил дел од ирската репрезентација со тројца членови на Светското првенство 2010 во декември.
2011
уредиСезоната на Роуш била попрачена од повреди и несреќи, особена една несреќа на Критериум ду Дофине[15] Повторно настапил на Тур де Франс како предводник на екипата, но брзо сфатил дека не бил целосно закрепнат од несреќата и дека не може да се надева на добар генерален пласман. Имал голем број неуспешни бегства во последната етапа, надевајќи се на етапна победа и на крајот завршил како 26. во генералниот пласман. Исто така возел на Вуелта а Еспања, завршувајќи 16. во генералниот пласман.
Во октомври, Роуш ја освоил третата етапа на првата Трка околу Пекинг.[16][17] Ова било првата негова меѓународна победа во три години и негова прва победа на Светската турнеја.
Роуш објавил мемоари во 2011 наречени „Во групата“ (Inside the Peloton). Ја освоил годишната национална книжевна награда во категоријата спортски книги.
2012
уредиРоуш ја покажал својата форма со завршувањето во најдобрите 20 возачи на Париз-Ница и Трката околу Калифорнија. Тој завршил десетти во генералниот пласман на Тур де Свис и втор и трет соодветно на националното друмско и хронометарско првенство пред да вози на Тур де Франс. Роуш се искачил до седмото место во генералниот пласман на првата планинска етапа. Меѓутоа изгубил време на хронометарот на етапата 9 и на остатокот од планинските етапи. На етапата 18, Роуш се одвоил од главната група во последните 10 километри со Луис Леон Санчес. Двоецот ги поминале членовите на бегството и изгледале подготвени за етапна победа, но Марк Кевендиш ги отспринтал во последните 200 метри. Роуш бил 11. во генералниот пласман пред хронометарот на етапата 10 и целел на првите десет, но слабиот хронометар го спуштил едно место подолу. Роуш, заедно со Даниел Мартин и Дејвис Мекан, ја претставувале Ирска на олимписката друмска трка. Потоа возел на Вуелта а Еспања, каде имал добар почетоко и бил седми во генералниот пласман до втората недела од трката. Меѓутоа, опаднал со формата во последната недела на трката и паднал на 12. место во генералниот пласман на крајот на трката.
Тинкоф-Саксо (2013–2014)
уредиНа 1 август било објавено дека Роуш ќе го напушти Аг2р-Ла Мондијал на крајот на сезоната 2012, завршувајќи го осумгодишната соработка со француската екипа.[18] Потпишал двегодишен договор со Тим Саксо-Тинкоф за сезоните 2013 и 2014.[19]
2013
уредиНа 25 август, Роуш ја освоил втората етапа на Вуелта а Еспања откако победил во спринтот со други четворица велосипедисти.[20][21] Роуш ја носел водечката црвена маичка до осмата етапа и завршил на петтот место во генералниот пласман.[22][23]
2014
уредиРоуш учествувал на Џиро д’Италија и на Тур де Франс како помошник на предводникот на неговата екипа. Пред Тур, Роуш ја освоил трката Рут ду Суд, освојувајќи ја кралската етапа. Тоа било трка на која неговиот татко исто така победил во 1985 година.[24] Роуш настапил на Трката околу Британија очекувајќи добар пласман[25] и на крајот завршил на петтото место.
Тим Скај (2015–2016)
уреди2015
уредиВо 2015 година, Роуш ќе го напушти Тинкоф-Саксо за да се приклучи на Тим Скај.[26] На 10 септември, Роуш ја освоил осумнаесеттата етапа на Вуелта а Еспања во спринтерска завршница против Ајмар Зубелдија.[27][28]
2016
уредиПо прекинатиот зимски тренинг поради инфекција од пајак, Роуш имал тешкотии во почетокот на сезоната. На крајот на април, Роуш настапил на Тур де Јоркшир за добар резултат. На последната етапа, Роуш ја нападнал групата на фаворити заедно со Тома Веклер, каде бил поразен на целта во завршниот спринт. Ова му го донело второто место во генералниот пласман. По оваа трка било потврдено дека Роуш ќе настапи на Џиро д’Италија по третпат во кариерата. Роуш ја започнал трката како поддршка за Микел Ланда. Неговата форма опаднала во трката, но му помогнал на колегата Микел Ниеве да го освои планинскиот пласман. Во јуни, Роуш ги освоил хронометарското и друмското првенство на Ирска.
БМЦ Рејсинг Тим (2017–2018)
уредиОткако ја напуштил екипата Скај, Роуш се приклучил на БМЦ во сезоните 2017 и 2018.
Тим Санвеб (2019-денес)
уредиВо септември 2018 година било потврдено дека потпишал договор со Тим Санвеб за сезоната 2019, со улога на помошник за Том Димулен во неговите обиди за победа на Тур де Франс.[29]
Роуш ја носел црвената маичка на втората етапа на Вуелта а Еспања 2019 откако бил дел од шестчлена група која нападнала на завршните километри од етапата.[30] Ја носел маичката до петтата етапа, меѓутоа паднал на шестата етапа, станувајќи еден од четворицата возачи кои ја напуштиле трката поради падот. Бил петти во генералниот пласман на почетокот на етапата.[31]
Во септември 2019 година било објавено дека Роуш го продолжил неговиот договор со Тим Санвеб на уште две години.[32]
Личен живот
уредиРоуш моментално живее во Монако. Претходно, до 2003 година, живеел во Варезе, Италија.[33] Женет е со Шпанката Дебора Роблес.
Достигнувања
уреди- 2004
- 4. Тур де Вандеја
- 6. Тур ду Финистер
- 10. Гран при д’Исберг
- 2006
- 1. Етапа 4 Тур де л’Авенир
- 4. Краен пласман Париз-Корез
- 8. Полинорманд
- 10. Париз-Камемберт
- 2007
- 1. Национален хронометарски првак
- 5. Полинорманд
- 6. ГП де Денен
- 9. Париз-Камемберт
- 9. Тро-Бро Леон
- 2008
- 1. Етапа 1 ГП Интернасионал Паредес Рота дос Мовеис
- 1. Етапа 1 Тур ду Лимузен
- 6. Трка околу Франкфурт
- 7. Краен пласман Тур де Валони
- 8. Париз-Камемберт
- 13. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 2009
- 1. Национален друмски првак
- 11. Краен пласман Критериум Интернационал
- 23. Краен пласман Тур де Франс
- 2010
- 2. Национално друмско првенство
- 3. Гран Премио дел’Инсубрија-Лугано
- 5. Краен пласман Волта а Каталуња
- 7. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 8. Класика де Сан Себастијан
- 10. Краен пласман Париз-Ница
- 14. Краен пласман Тур де Франс
- 2011
- 1. Етапа 3 Трка околу Пекинг
- 4. Национално друмско првенство
- 5. Џиро дел Пиемонт
- 8. ГП Индустрија е Комерчо ди Прато
- 10. Париз-Камемберт
- 16. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 2012
- 2. Национално друмско првенство
- 3. Национално хронометарско првенство
- 10. Краен пласман Тур де Свис
- 12. Краен пласман Тур де Франс
- 12. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 2013
- 5. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 2
- 5. Краен пласман Средоземна трка
- 5. Класика де Сан Себастијан
- 2014
- 1. Краен пласман Рут ду Суд
- 5. Краен пласман Трка околу Британија
- Тур де Франс
- Награда за борбеност на етапа 11
- 2015
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Тур де Романди
- 1. Етапа 18 Вуелта а Еспања
- 2016
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Национално хронометарско првенство
- 2. Краен пласман Трка Абу Даби
- 2. Краен пласман Тур де Јоркшир
- 6. Краен пласман Трка околу Британија
- 8. Европско хронометарско првенство
- 9. Класика де Сан Себастијан
- 2017
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
- Национални друмски првенства
- 2. Хронометар
- 4. Друмска трка
- 3. Краен пласман Трка околу Гуангси
- 4. Џиро дел’Емилија
- 10. Класика де Сан Себастијан
- 2018
- 4. Јапонски куп
- 5. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
- 10. Краен пласман Трка околу Турција
- 2019
- 10. Краен пласман Тур де Свис
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 123 | — | — | — | — | — | — | 30 | — | 24 | — | СО | — |
Тур | — | — | 22 | 14 | 25 | 12 | 40 | 39 | 35 | — | 33 | — | 45 |
Вуелта | — | 13 | — | 7 | 16 | 12 | 5 | — | 26 | — | 14 | 40 | СО |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ Мартин, Ден (26 август 2013). „Дневник за Вуелта на Ден Мартин: 'Го видов нападот на Нико. . . . забрза и замина како ракета'“. The Irish Times (англиски). Посетено на 1 септември 2013.
- ↑ 2,0 2,1 „Профил на Николас Роуш“.
- ↑ „Team Sunweb“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 3 јануари 2020. Посетено на 3 јануари 2020.
- ↑ „Roche makes it official“ (англиски). IrishCycling.com. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 18 јули 2007.
- ↑ „Роуш се изјасни за Франција“ (англиски). CyclingNews.com. Посетено на 6 ноември 2007.
- ↑ „Mixed start to season after Roche's shock defection“. IrishAbroad.com. Архивирано од изворникот на 2012-09-10. Посетено на 6 ноември 2007.
- ↑ „Резултати од младинската Трка околу Ирска 2002“ (англиски). CyclingNews.com. Посетено на 29 јуни 2008.
- ↑ „Ирско друмско првенство 2004“ (англиски). CyclingNews.com. Посетено на 29 јуни 2008.
- ↑ „Роуш повторно се изјасни за Ирска“ (англиски). CyclingNews.com. Посетено на 6 ноември 2007.
- ↑ „Резултати за етапа 4 Тур де л'Авенир 2006“ (англиски). CyclingNews.com. Посетено на 18 јули 2007.
- ↑ „Преглед на етапата 4 на Тур де л'Авенир 2006“ (англиски). LeTour.com. Посетено на 27 мај 2008.
- ↑ „Бетини победи на Светското првенство, Роуш импресионира со агресивниот потег“ (англиски). CyclingNews.com. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 18 јули 2007.
- ↑ „Роуш го освоил ирското хронометарско првенство“ (англиски). IrishCycling.com. Архивирано од изворникот на 2008-08-28. Посетено на 27 мај 2008.
- ↑ „Победа за Роуш во Португалија“ (англиски). IrishCycling.com. Архивирано од изворникот на 2008-06-14. Посетено на 27 мај 2008.
- ↑ Кромвел, Џерард (11 јуни 2011). „Cycling: Roche hopes battered by horror crash“. Irish Independent.
- ↑ „Nicolas Roche wins stage three to claim first WorldTour race victory“. Daily Telegraph. Лондон. 7 октомври 201. Посетено на 12 октомври 2011.
- ↑ „Roche beats Deignan in Yong Ning Town“. Cycling News. 7 октомври 2011. Посетено на 12 октомври 2011.
- ↑ Роуш, Николас (1 август 2012). „Придружувањето на екипата на Контадор е огромен нов предизвик“. Irish Independent (англиски). Independent News & Media. Посетено на 1 август 2012.
- ↑ „Роуш потпиша за Саксо Банк-Тинкоф Банк“. Cycling News (англиски). Future Publishing Limited. 1 август 2012. Посетено на 1 август 2012.
- ↑ „Николас Роуш дојде до најголемата победа во својата кариера, додека Винченцо Нибали го презема водството“. Daily Telegraph (англиски). 25 август 2013. Посетено на 26 август 2013.
- ↑ „Николас Роуш победи на втората етапа на Вуелта а Еспања“. RTE Sport (англиски). 25 август 2013. Посетено на 26 август 2013.
- ↑ „Nicolas Roche set to finish fifth in Vuelta after penultimate stage“. Irish Independent. 14 септември 2013. Посетено на 17 септември 2013.
- ↑ „Roche takes over leader's jersey from Nibali“. Cycling News. 31 август 2013. Посетено на 17 септември 2013.
- ↑ „Ирскиот велосипедист Николас Роуш го следи таткото Стивен Роуш со победата на трката Рут ду Суд“. ABC Australia. ABC. Associated Press. 23 јуни 2014. Посетено на 30 септември 2014.
- ↑ „Роуш: „Дојдов на Трката околу Британија за пласман“. Cyclingnews.com. Future plc. 8 септември 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 30 септември 2014.
- ↑ Најџел Вин (30 септември 2014). „Николас Роуш ќе се приклучи на Скај за 2015 година“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 30 септември 2014.
- ↑ „Nicolas Roche: For once I hadn't messed it up and let out a triumphant roar as I took the stage win“. Irish Independent. 11 септември 2015. Посетено на 11 септември 2015.
- ↑ „Emotional Nicolas Roche revels in stunning Vuelta victory“. Irish Examiner. 11 септември 2015. Посетено на 11 септември 2015.
- ↑ „Nicolas Roche confirms contract with Team Sunweb“. cyclingnews.com. 4 септември 2018. Посетено на 5 септември 2018.
- ↑ „Vuelta: Nicolas Roche takes red jersey as Nairo Quintana wins stage two“. 25 август 2019. Посетено на 4 септември 2019.
- ↑ „Vuelta a Espana: Jesus Herrada wins stage six“. 29 август 2019. Посетено на 30 август 2019.
- ↑ „Nicolas Roche signs new two-year deal with German outfit Sunweb“. Independent.ie (англиски). Посетено на 2019-12-06.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеpk
.
Литература
уреди- Роуш, Николас (2011). Внатре во групата: Мојот живот како професионален велосипедист (англиски). Лондон: Random House. ISBN 978-1-84827-110-4. Посетено на 1 септември 2013.
Надворешни врски
уреди„Николас Роуш“ на Ризницата ? |
- Матична страница (англиски)
- Николас Роуш на Sports Reference
- „Достигнувања на Николас Роуш“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Николас Роуш“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Николас Роуш“. ProCycling.