Симон Шпилак
Симон Шпилак (словенечки: Simon Špilak; р. 23 јуни 1986 во Тишина) — поранешен словенечки професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2019 година.[1]
Шпилак на Тур де Романди 2013 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Симон Шпилак | ||
Прекар | Спиле | ||
Роден | 23 јуни 1986 Тишина, Словенија | ||
Висина | 1,76 м | ||
Маса | 68 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Професионални клубови | |||
2005–2007 2008–2011 2012–2019 | КРКА-Адрија Мобил Лампре Катјуша | ||
Значајни победи | |||
|
Професионална кариера
уредиШпилак е најмногу познат по победата на Тур де Романди 2010 откако му биле одземени постигнатите резултати на првичниот победник Алехандро Валверде. Шпилак завршил на второто место на трката во 2013 и 2014, на двапати зад победникот на Тур де Франс 2013, Крис Фрум. Во 2013 година победил на ГП Мигел Индураин и на Трката околу Франкфурт, единствените победи во годината.
Во 2015 година го освоил генералниот пласман на Тур де Свис со само пет секунди предност пред Герајнт Томас. Победата била одлучена на завршниот хронометар.[2]
Шпилак се смета за реткост во друмскиот велосипедизам, бидејќи како возач за генерален пласман повеќе цели кон еднодневните трки отколку кон големите трки од три недели.[3] Во интервју изјавил дека не ја сака жештината, поради што се подготвува за пролетните трки наместо големите трки кои се одржуваат лете.[4]
Во октомври 2019 година, Шпилак го објавил своето повлекување откако неговата екипа Катјуша-Алпесин се распаднала.[1]
Достигнувања
уреди- 2004
- 1. Национално јуниорско друмско првенство
- 1. Национално јуниорско хронометарско првенство
- 3. Светско друмско првенство за под 19 години
- 2005
- 1. Национално друмско првенство под 23 години
- 2006
- 1. Трофеј Сина Лагуна 1
- 2007
- 1. Ла Кот Пикард под 23 години
- 4. Краен пласман Трка околу Словенија
- 4. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 2008
- 5. Краен пласман Трка околу Словенија
- 5. Краен пласман Три дена Де Пане
- 9. Трка околу Фландрија
- 2009
- 1. Етапа 3 Трка околу Словенија
- 6. Краен пласман Џиро дела Провинча ди Гросето
- 2010
- 1. Краен пласман Тур де Романди[б 1]
- 3. Краен пласман Трка околу Баварија
- 2011
- 5. Краен пласман Трка околу Словенија
- 5. Џиро дел Фриули
- 2012
- 4. Краен пласман Париз-Ница
- 8. Краен пласман Тур де Романди
- 8. Краен пласман Трка околу Белгија
- 10. Краен пласман Трка околу Баскија
- 2013
- 1. ГП Мигел Индураин
- 1. Трка околу Франкфурт
- 2. Краен пласман Тур де Романди
- 1. Етапа 4
- 4. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 4. Краен пласман Трка околу Баскија
- 6. Краен пласман Париз-Ница
- 9. Краен пласман Тур де Свис
- 10. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
- 2014
- 1. Етапа 5 Критериум ду Дофине
- 1. Етапа 3 Арктичка трка околу Норвешка
- 2. Краен пласман Тур де Романди
- 1. Етапа 3
- 4. Краен пласман Трка околу Баскија
- 8. Краен пласман Париз-Ница
- 9. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 2015
- 1. Краен пласман Тур де Свис
- 2. Краен пласман Тур де Романди
- 3. Краен пласман Париз-Ница
- 2016
- 7. Краен пласман Тур де Романди
- 8. Краен пласман Трка околу Баскија
- 9. Краен пласман Тур де Свис
- 2017
- 1. Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 7
- 2. Про Ецталер 5500
- 10. Краен пласман Трка околу Баскија
- 2018
- 6. Краен пласман Тур де Свис
- 9. ГП Мигел Индураин
- 2019
- 5. Трофео Сера де Трамунтана
- 6. Краен пласман Тур де Свис
- 6. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 9. Краен пласман Тур де Романди
- 10. Краен пласман Волта ао Алгарве
Распоред на резултатите
уредиРаспоред на резултатите на големите трки | ||||||||||||||||
Голема трка | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 48 | — | — | 117 | — | — | — | — | — | — | — | — | ||||
Тур | — | 109 | 109 | — | — | — | СО | — | — | — | — | — | ||||
Вуелта | не настапил во текот на кариерата | |||||||||||||||
Распоред на резултатите на етапните трки | ||||||||||||||||
Етапна трка | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | ||||
Париз-Ница | 12 | СО | — | 13 | 4 | 6 | 8 | 3 | 31 | — | — | 59 | ||||
Тирено-Адријатико | — | — | 18 | — | — | — | — | — | — | 11 | 27 | — | ||||
Волта а Каталуња | — | — | — | — | — | 34 | — | — | — | — | — | СО | ||||
Трка околу Баскија | — | — | — | — | 10 | 4 | 4 | 12 | 8 | 10 | 48 | — | ||||
Тур де Романди | — | — | 1 | 21 | 8 | 2 | 2 | 2 | 7 | 30 | 30 | 9 | ||||
Критериум ди Дофине | — | 77 | — | — | — | — | 85 | — | — | — | — | — | ||||
Тур де Свис | — | — | СО | — | СО | 9 | — | 1 | 9 | 1 | 6 | 6 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Белешки
уреди- ↑ Награден ретроактивно откако резултатите на Алехандро Валверде биле повлечени по неговата двегодишна забрана во јуни 2010 година.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Here are all the riders retiring at the end of the 2019 season“. Посетено на 13 октомври 2019.
- ↑ Стјуарт Кларк (21 јуни 2015). „Geraint Thomas falls just short of Tour de Suisse title as Spilak wins overall“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 21 јуни 2015.
- ↑ „Tour de Suisse: 10 riders to watch“.
- ↑ „Primož Roglič končuje sezono, Simon Špilak pa kariero“. Delo. Посетено на 13 октомври 2019.
Надворешни врски
уреди„Симон Шпилак“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Симон Шпилак“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Симон Шпилак“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Симон Шпилак“. ProCycling.