Бауке Молема
Бауке Молема (холандски: Bauke Mollema; р. 26 ноември 1986 во Гронинген) — холандски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Лидл-Трек.[2]
Молема на Трката околу Алберта 2016 | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Бауке Молема | ||||||||||||||
Роден | 26 ноември 1986 Гронинген, Холандија | ||||||||||||||
Висина | 1,81 м[1] | ||||||||||||||
Маса | 64 кг[1] | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Мом. клуб | Лидл-Трек | ||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | ||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||
2007 | Рабобанк Континентал Тим | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
2008–2014 2015- | Рабобанк Трек Фактори Рејсинг | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Последна промена 15 декември 2019 |
Завршил меѓу првите десет на сите три големи трки со етапна победа во 2011 година на Вуелта а Еспања, каде завршил на третото место и етапна победа на Тур де Франс 2017. Негов најдобар резултат во генералниот пласман на Тур де Франс бил во 2013 година кога завршил шести. Исто така, ја освоил Класика де Сан Себастијан во 2016 година и завршил на подиум трипати во претходните изданија на трката. Во 2019 година ја постигнал својата најголема победа во кариерата на Џиро ди Ломбардија.
Кариера
уредиРани години
уредиВо 2007 година, Молема ги освоил престижните етапни трки за таленти, кои допрва доаѓаат, Тур де л‘Авенир и Сиркуито Монтањес.
Рабобанк (2008–2014)
уреди2008–2009
уредиСе придружил на Рабобанк ПроТим во 2008, потпишувајќи го својот прв договор како професионалец. Неговиот прв голем резултат бил шестото место на крајниот пласман на Вуелта а Кастиља и Леон 2008. Го направил неговото деби во ProTour на Тур де Романди 2008, но не ја завршил трката, поради пад, што довело до фрактура на клучната коска. Тој потполно се вратил во врвна форма на Трката околу Германија, во која започнал како водач на екипата Рабобанк, на крајот завршувајќи на седмото место во генералниот пласман. По разочарувачката пролет во 2009, сезоната била готова за Молема поради болест.
2010
уредиМолема првпат настапил на една од големите трки на Џиро д‘Италија 2010, во која оставил добар впечаток, но излегол од првите 10 возачи во генералниот пласман, освојувајќи го пласманот за млад возач, делумно поради пропуштањето на бегството од 50 возачи, каде многу негови соперници направиле разлики до 12 минути. Молема продолжил да вози силно во сезоната со планинската етапна победа на Трка околу Полска и трето место во генералниот пласман зад победникот Даниел Мартин и второпласираниот Грега Боле.
2011
уредиВо пролетта 2011 веќе ја покажал неговата добра форма со деветтото место во генералниот пласман на Париз-Ница и десеттото место во крајниот пласман на Волта а Каталуња. Но сепак на Арденските класици, тој не покажал многу, па така постигнал и разочарувачки резултати. Главната цел на Молема за сезоната 2011 било првото учество на Тур де Франс. Како подготовка за Трката, возел заедно со колегата Стевен Краусвајк, на Тур де Свис. Двајцата возачи се покажале многу добри на трката; со освоен подиум за Крујсвајк, додека Молема го изгубил местото на подиумот поради дупната гума. Поради болест, неговото учество на Тур де Франс не било некако успех. Во последната недела, се чувствувал подобри и се обидел со бегство. Бегството му го донело второто место на 17. етапа, веднаш зад Едвалд Боасон Хаген.
Молема се вратил на неговиот трет Гранд Тур, Вуелта а Еспања 2011. На стрмните врвови на етапите 5 и 8, завршил во првите пет возачи. Тој не заостанувал многу во генералниот пласман во првата недела и бил награден со водство во пласманот за црвената маичка по неговото второ место на етапата 9. Поради неговите послаби хронометарски вештини споредени со другите кандидати за генерален пласман, како Бредли Вигинс, Крис Фрум и Винченцо Нибали, тој ја загубил водачката маичка еден ден откако ја освоил. Молема возел исклучително силно по хронометарот и се борел за место на подиумот, но Холанѓанецот паднал на четвртото место поради резултататот на Хуан Хосе Кобо на Алто де Л’Англиру. На крај, Молема во Мадрид го освоил бодовниот пласман. Тоа било првпат од 1992, Холанѓанец да освои некој од пласманите во некоја од големите трки, откако тоа го направил Еди Бауман со пласманот за млад возач на Тур де Франс.
2013
уредиВо 2013, Молема имал добра форма, завршувајќи втор на Вуелта а Мурсија, трет на Вуелта а Андалусија и четврти на Критериум Интернасионал. На Тур де Свис, Молема ја освоил втората етапа, забележувајќи ја својата прва победа во 2013.[3] Откако добро се покажал на планините, Молема влегол на последниот хронометар на 4. место. Подоцна се поместил на второто место.[4]
Добрата форма на Молема продолжила на Тур де Франс, каде завршил четврти на првата планинска етапа, каде се искачил и на четвртото место и во генералниот пласман. Завршил осми на следната етапа и бил трет во генералниот пласман откако Ричи Порт загубил повеќе од 18 минути. На етапата 13 се искачил на второто место во генералниот пласман, кога Алехандро Валверде загубил скоро 10 минути поради дупната гума на околу 80 километри пред целта, успевајќи исто така да добие и минути во однос на водството на Фрум. Меѓутоа, изгубил време во последната недела поради болест и завршил шести во генералниот пласман.
Молема исто така возел и на Вуелта а Еспања 2013. Ја освоил седумнаесеттата етапа со напад од главната група на 500 метри од целта и се одржал пред групата предводена од Едвалд Боасон Хаген (Тим Скај).[5]
2014
уредиНа Тур де Франс 2014, Молема завршил седум на крајот од претпоследната етапа, поединечен хронометар од 54 километри. Меѓутоа, возејќи на новиот Бјанки за првпат, Молема завршил дури на 140. место и на крајот завршил како десетти во генералниот пласман, 21 минута и 24 секунди зад победникот, Винченцо Нибали.[6]
На крајот на сезоната го напуштил Белкин и се приклучил на Трек Фактори Рејсинг.[7]
Трек Фактори Рејсинг (2015–денес)
уреди2015
уредиВо март 2015 година, Молема завршил втор зад Наиро Кинтана (Мовистар Тим) на Тирено-Адријатико.[8] Меѓутоа, подоцна доживеал повреда на грбот, што го попречило во неговите подготовки за Тур де Франс 2015.[9] Молема завршил седми во генералниот пласман на Тур.
Во септември 2015 година, Молема ја освоил Трката околу Алберта.[10]
2016
уредиНа дванаесеттата етапа на Тур де Франс 2016, Молема го неутрализирал нападот на предводникот во трката, Крис Фрум, и Ричи Порт, и бил единствениот кандидат за генералниот пласман, кој успеал во тоа. Меѓутоа, сите тројца возачи биле вклучени во несреќа со мотор откако публиката го принудила моторот да застане. Молема успеал да го оспособи својот велосипед и да продолжи да вози, додека Порт бил попречен и бил поминат од другите кандидати за генералниот пласман, а Фрум го фрлил својот велосипед и продолжил пеш додека не добил замена од екипниот автомобил. Молема ја завршил етапата 1 минута и 40 секунди пред Фрум и првичниот пласман го ставил Молема на второто место зад новиот предводник Адам Јејтс. Меѓутоа, Фрум го добил истото место како Молема по одлуката на жирито и ја задржал жолтата маичка.[11] Новиот пласман исто така го поставиле Наиро Кинтана пред Молема, кој сега бил четврти. Молема го критикувал раководењето на UCI за етапата.[12] На етапата 13, Молема го постигнал како што тоа тој го опишал „најдобриот хронометар во животот“, завршувајќи шести на ридскиот хронометар од 37,5 километри. Завршил 51 секунда зад Фрум, но освоил време пред сите други фаворити и се искачил на второто место во генералниот пласман.[13] На крајот завршил на единаесеттото место, поради пад во последната недела.[14] Само една недела по разочарувачкиот Тур, Молема успеал да ја освои Класика де Сан Себастијан со победа на класикот по доцен напад.[15]
2017
уредиВо неговата трета сезона со екипата, Молема одбрал да вози на Џиро д’Италија, откако Алберто Контадор возел на Тур де Франс како предводник на екипата. Ја освоил првата победа веќе во јануари, кога го освоил генералниот пласман на Вуелта а Сан Хуан. Негов следен добар резултат бил во февруари, кога завршил четврти на новата трка од Светската турнеја, Трка Абу Даби. На неговиот прв вистински тест на Џиро, Молема завршил четврти на деветтата етапа до Блокхаус. Следната етапа, Молема го имал еден од најдобрите хронометри и завршил десетти, искачувајќи се на третото место во генералниот пласман. Меѓутоа, отпаднал од подиумот на предизвикувачката етапа до Оропа, кога загубил скоро 2 минути зад етапниот победник Том Димулен. Завршил седми на Џиро, што бил негов најдобар резултат. Негова следна трка била Тур де Франс, каде работел како помошник за предводникот на екипата Контадор. Ја имал својата шанса на етапата 15 кога заминал во бегство. Ги нападнал другите членови на бегството на последното големо искачување и успеал да биде напред до целта. Тоа што отпрвин изгледало на невозможен напад, Молема стигнал до својата прва етапна победа на Тур де Франс со 19 секунди пред Диего Улиси. Иако возел на две големи трки во сезоната, учествувал на Класика де Сан Себастијан следната седмица и завршил на третото место. Тоа бил трет подиум на трката.
2018
уредиОткако пропуштил етапна победа на Волта ао Алгарве во февруари, Молема ја имал својата прва победа во сезоната на Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали, каде ја освоил втората етапа и завршил втор. Негов следен резултат бил следната седмица, кога завршил седми на Трката околу Баскија. Сезоната на класици била измешана за Молема, бидејќи успеал да заврши меѓу првите десет само на Флеш Валон (6. место). На Тур де Франс, Молема повторно бил предводник на екипата и изгледал ветувачки по првата добра недела, каде бил еден од најдобрите кандидати за генералниот пласман. Меѓутоа, веќе на втората планинска етапа, Молема паднал со форма и го префрлил фокусот на етапни победи. Бил близу победа на етапа, но морал да се задоволи со трето и четврто место на етапите. Повторно учествувал на Класика де Сан Себастијан неделата по Тур. Бил единствено кој можел да го следи темпото на Жилијан Алафилип во завршницата, но го изгубил спринтот од Французинот. Неговото второ место на трката бил четврти подиум вкупно и седма завршница меѓу првите десет на седум учества.
Молема одбрал да учествува на Вуелта а Еспања, што била негова втора голема трка во сезоната. Покажал добра форма на петтата етапа, кога завршил втор зад Сајмон Кларк. Четири дена подоцна уште еднаш бил во бегство и повторно морал да се задоволи со второто место. Бен Кинг нападнал пред завршното искачување и не бил следен веднаш од другите членови на бегството. Подоцна на брдото се чинело како Кинг да има проблеми и Молема постепено го стигнал. Меѓутоа, како целта била поблизу, Кинг продолжил да вози брзо темпо, кое Молема не можел да го следи. Молема завршил втор во планинскиот пласман. Во октомври го освоил италијанскиот полукласик Гран Премио Бруно Бегели, која му била втора победа во сезоната.
Достигнувања
уреди- 2006
- 1. Етапа 2 Вуелта Сиклиста а Леон
- 2007
- 1. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 1. Краен пласман Сиркуито Монтањес
- 1. Етапа 6
- 2008
- 6. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
- 7. Краен пласман Трка околу Германија
- 2010
- 3. Краен пласман Трка околу Полска
- 1. Етапа 6
- 5. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 8. Џиро дел Пиемонт
- 2011
- 2. Џиро дел’Емилија
- 2. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
- 1. Комбиниран пласман
- 4. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 1. Бодовен пласман
- Ја носел црвената маичка на етапата 9 Вуелта а Еспања
- Ја носел белата маичка на етапите 9-12 Вуелта а Еспања
- 5. Краен пласман, Тур де Свис
- 9. Краен пласман, Париз-Ница
- 10. Краен пласман, Волта а Каталуња
- 2012
- 3. Краен пласман Трка околу Баскија
- 5. Класика де Сан Себастијан
- 6. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 7. Џиро ди Ломбардија
- 2013
- 1. Етапа 17 Вуелта а Еспања
- 2. Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 2
- 2. Вуелта а Мурсија
- 3. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 4. Краен пласман Критериум Интернасионал
- 4. Краен пласман Трка околу Норвешка
- 6. Краен пласман Тур де Франс
- 6. Краен пласман Средоземна трка
- 9. Флеш Валон
- 9. Класика де Сан Себастијан
- 10.Амстел Голд Рејс
- 2014
- 2. Класика де Сан Себастијан
- 3. Краен пласман Трка околу Норвешка
- 1. Етапа 4
- 3. Краен пласман Тур де Свис
- 4. Флеш Валон
- 6. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 7. Амстел Голд Рејс
- 10. Краен пласман Тур де Франс
- 10. Гран при Квебек
- 10. Гран при Монтреал
- 2015
- 1. Краен пласман Трка околу Алберта
- 1. Јапонски куп
- 2. Вуелта а Мурсија
- 2. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 4. Трофео Андрат-Мирадор д’ес Коломер
- 6. Класика де Сан Себастијан
- 6. ГП Квебек
- 7. Краен пласман Тур де Франс
- 8. Класик Ла Дром
- 2016
- 1. Класика де Сан Себастијан
- 2. Краен пласман Трка околу Алберта
- 1. Етапа 4 (ITT)
- 3. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 8. ГП Квебек
- 9. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 9. Краен пласман Тур де Романди
- 9. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 2017
- 1. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
- Тур де Франс
- 1. Етапа 15
- Награда за борбеност на етапа 15
- 2. Краен пласман Трка околу Гуангси
- 3. Класика де Сан Себастијан
- 4. Краен пласман Трка Абу Даби
- 5. ГП Монтреал
- 7. Краен пласман Џиро д’Италија
- 9. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 2018
- 1. Гран Премио Бруно Бегели
- 2. Краен пласман Сетимана Интернационале Копи е Бартали
- 1. Етапа 2
- 2. Класика де Сан Себастијан
- 4. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 6. Флеш Валон
- 7. Краен пласман Трка околу Баскија
- Вуелта а Еспања
- 2019
- 1. Светско првенство во екипен хронометар во мешан состав
- 1. Европско првенство во екипен хронометар во мешан состав
- 1. Џиро ди Ломбардија
- 1. Јапонски куп
- 3. Трофео Кампос, Поререс, Феланит, Сес Салинес
- 3. Трофео Андрат-Љосета
- 4. Краен пласман Етоал де Бесеж
- 4. Џиро дел’Емилија
- 5. Краен пласман Џиро д’Италија
- 5. Класика де Сан Себастијан
- 5. Гран Премио Бруно Бегели
- 6. Флеш Валон
- 7. Милано-Торино
- 10. Гран при Монтреал
Распоред на резултатите
уредиРаспоред на резултатите на големите трки | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Голема трка | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Џиро | — | — | 12 | — | — | — | — | — | — | 7 | — | 5 |
Тур | — | — | — | 70 | СО | 6 | 10 | 7 | 11 | 17 | 26 | 28 |
Вуелта | — | — | — | 4 | 28 | 52 | — | — | — | — | 30 | — |
Распоред на резултатите на поголемите етапни трки | ||||||||||||
Етапна трка | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Париз-Ница | — | — | — | 9 | СО | — | — | — | — | — | 30 | — |
Тирено-Адријатико | — | — | — | — | — | 21 | 22 | 2 | 9 | 9 | — | — |
Волта а Каталуња | — | — | — | 9 | — | — | — | — | — | СО | — | — |
Трка околу Баскија | — | СО | 98 | — | 3 | — | 28 | СО | 18 | — | 7 | 21 |
Тур де Романди | СО | — | 39 | — | 17 | — | — | — | 9 | — | — | — |
Критериум ди Дофине | — | — | — | — | — | — | — | 60 | СО | — | — | — |
Тур де Свис | — | — | 29 | 5 | 33 | 2 | 3 | — | — | — | 12 | — |
Распоред на резултатите на класиците
уредиМонумент | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | — | — | — | — | — | 37 | — | — | — | — | — |
Трка околу Фландрија | никогаш не настапил во кариерата | |||||||||||
Париз-Рубе | ||||||||||||
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | — | — | 47 | 6 | 77 | 15 | 35 | 9 | — | 25 | — |
Џиро ди Ломбардија | СО | 68 | 12 | СО | 7 | — | 89 | 75 | 19 | 19 | 64 | 1 |
Класична трка | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Амстел Голд Рејс | — | — | — | — | 10 | 10 | 7 | 55 | 14 | — | 35 | 12 |
Флеш Валон | СО | — | 69 | 53 | 7 | 9 | 4 | 19 | — | — | 6 | 6 |
Класика де Сан Себастијан | СО | — | — | — | 5 | 9 | 2 | 6 | 1 | 3 | 2 | 5 |
Гран при Квебек | трката не постоела |
— | — | — | — | 10 | 6 | 8 | 36 | — | 14 | |
Гран при Монтреал | — | — | — | — | 10 | 17 | 24 | 5 | — | 10 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Профил на Бауке Молема“.
- ↑ „Trek-Segafredo announce official 2019 rosters for men and women“. Trek Bicycle Corporation. Intrepid Corporation. 27 декември 2018. Посетено на 5 јануари 2019.
- ↑ „Бауке Молема победи на втората етапа на Тур де Свис 2013; Камерон Мајер го одржа водството“. VeloNation. VeloNation LLC. 9 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-12. Посетено на 17 јуни 2013.
- ↑ „Руј Кошта победил на Тур де Свис 2013“. VeloNation. VeloNation LLC. 16 јуни 2013. Посетено на 17 јуни 2013.
- ↑ http://www.bbc.co.uk/sport/cycling/24056089
- ↑ http://www.cyclingquotes.com/news/mollema_i_should_never_have_used_a_new_bike/
- ↑ http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/mollema-joins-trek-belkin-lose-another-star-rider-132199
- ↑ http://www.cyclingnews.com/blogs/bauke-mollema/bauke-mollema-my-season-review/
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/tour-de-france-mollema-over-his-injury-and-dialled-in-for-top-five-ambitions/
- ↑ http://www.edmontonsun.com/2015/09/07/bauke-mollema-wins-tour-of-alberta
- ↑ „Tour de France: Chris Froome forced to run up Mont Ventoux after crash“. BBC Sports. BBC.
- ↑ „Tour de France: Mollema angered by UCI's handling of Ventoux crash“. Cyclingnews.com.
- ↑ „Tour de France: Mollema produces 'best time trial of my life' to move to second overall“. Cyclingnews.com.
- ↑ „Tour de France: Mollema's podium hopes slide away in the rain“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 5 октомври 2018.
- ↑ „Bauke Mollema wins Clasica San Sebastian“. Cycling Weekly (англиски). 30 јули 2016. Посетено на 5 октомври 2018.
Надворешни врски
уреди„Бауке Молема“ на Ризницата ? |
- Матична страница (холандски)
- „Достигнувања на Бауке Молема“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Бауке Молема“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Бауке Молема“. ProCycling.
- Достигнувања на Cycling Base Архивирано на 26 февруари 2012 г. (француски)