Штефан Денифл
Штефан Денифл (германски: Stefan Denifl; р. 22 септември 1987 во Фулпмес) — поранешен австриски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално помеѓу 2006 и 2018 година за седум различни професионални екипи.
Денифл на Трката околу Австрија 2009 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Штефан Денифл | ||
Роден | 22 септември 1987 Фулпмес, Австрија | ||
Висина | 1,79 м | ||
Маса | 65 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување и хронометар | ||
Аматерски клубови | |||
2006 2007–2009 2009 | Предарлскаер Елк Хаус-Симплон Сервело ТестТим (стажант) | ||
Професионални клубови | |||
2010 2011 2012 2013–2016 2017-2018 | Сервело ТестТим Леопард Трек Вакансолел-ДКМ ИАМ Сајклинг Аква Блу Спорт | ||
Значајни победи | |||
|
Во 2019 година, Денифл признал допинг во текот на пет години во неговата кариера и му била доделена четиригодишна забрана од спортот; како последица на ова, Денифл добил двегодишна казна во 2021 година за сериозна трговска измама.
Кариера
уредиДенифл започнал со велосипедизам во 2001 во екипата Тим Бајк Денифл како планински велосипедист. Во 2003 преминал во друмскиот велосипедизам во екипата Тим ЕАМТК Рехајс Латела. Од 2004 е насочен само на друмскиот велосипедизам. Во 2005 бил земен од Хајко Залцведел во развојната програма на екипата Т-Мобајл. Во 2006 потпишал со континенталната екипа Предарлскаер, а од 2007 до 2009 бил дел од Елк Хаус-Симплон. Во 2009 возел како стажант за Сервело ТестТим,[1] и возел со нив како професионалец следната година. Во 2012 година возел со Вакансолел-ДКМ[2] пред да се приклучи на ИАМ Сајклинг следната година.[3] Во октомври 2016 година, Аква Блу Спорт објавиле дека Денифл, заедно со колегата Ли Хауард, ќе бидат дел од нивниот прв состав за сезоната 2017.[4] Откако Аква Блу се распаднала во летото 2018 година, во октомври истата година Денифл првично бил најавен како член на Ванти-Гобер за следната сезона, меѓутоа во декември 2018 година објавиле дека двете страни заеднички се согласиле да го прекинат договорот поради лични причини, кои не биле наведени во тоа време.[5]
Допинг на крв
уредиВо февруари 2019 година, весникот „Кронен Цајтунг“ објавил дека бројни професионални велосипедисти биле вклучен во допинг-скандалот откриен на Светското нордиско првенство 2019. Подоцна, Денифл признал за допингот во полиција[6] додека генералниот менаџер на екипата ЦЦЦ, Џим Очовиц, потврдил дека биолошкиот пасош на Денифл немал предупредувачки значи за допинг на крвта.[7][8] Денифл добил четиригодишна забрана на 27 јуни 2019 година.[9] На 12 јануари 2021 година било објавено дека Денифл ќе добие двегодишна затворска казна за измама.[10] Следната година, првобитната казна била поништена и предметот се вратил на повторно судење.[11]
Достигнувања
уреди- 2004
- 3. Национално јуниорско друмско првенство
- 2005
- Национални јуниорски друмски првенства
- 2. Краен пласман Трофео Карлсберг
- 6. Европско друмско првенство под 23 години
- 2007
- 9. Ешборн-Франкфурт под 23 години
- 2008
- Национални друмски првенства
- 1. Ешборн-Франкфурт под 23 години
- 5. Краен пласман Џиро дела Реџоне Фриули Венеција Џулија
- 2009
- 1. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години
- 7. Краен пласман Трка околу Баварија
- 8. Краен пласман Трка околу Австрија
- 2010
- 7. Краен пласман Трка околу Австрија
- 7. Краен пласман Трка околу Баварија
- 8. Краен пласман Вуелта Кастиља и Леон
- 2011
- 5. Гран при Монтреал
- 9. Краен пласман Гран при де Валони
- 2012
- 5. Краен пласман Тур ду Лимузен
- 2013
- 1. Планински пласман Трка околу Баварија
- 2. Национално друмско првенство
- 5. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
- 2014
- 7. Краен пласман Париз-Ница
- 2015
1. Планински пласман Тур де Свис10. Краен пласман Трка околу Австрија
- 2017
1. Краен пласман Трка околу Австрија1. Етапа 17 Вуелта а Еспања
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | 75 | — | — | — | — | |
Тур | не настапил во текот на својата кариера | |||||||
Вуелта | СО | — | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Cervelo TestTeam Signs Stefan Denifl“. roadcycling.com. Посетено на 5 февруари 2017.
- ↑ „Denifl and Mortensen to Vacansoleil“. Cycling News. Future Publishing Limited. 14 октомври 2011. Посетено на 4 јануари 2012.
- ↑ „IAM Cycling announces 2013 roster“. Cycling News. Future Publishing Limited. 20 септември 2012. Посетено на 24 септември 2012.
- ↑ „Howard and Denifl headline second round of signings for Aqua Blue Sport“. cyclingnews.com. 19 декември 2016. Посетено на 30 март 2017.
- ↑ Худ, Ендру (24 декември 2018). „Zoidl in, Denifl out in late-hour moves at CCC“. VeloNews. Посетено на 26 декември 2018.
- ↑ „Denifl confesses to blood doping in police interview“. 3 March 2019.
- ↑ „Ochowicz: No red flags in Denifl's biological passport“. 3 March 2019.
- ↑ „Austrian cyclist Stefan Denifl 'confesses to blood doping in police interview'“.
- ↑ „Denifl and Preidler handed four-year bans after blood doping confessions“. cyclingnews.com. 27 јуни 2019. Посетено на 26 август 2019.
- ↑ „Stefan Denifl receives a prison sentence“. CyclingTips (англиски). 2021-01-12. Посетено на 2021-01-12.
- ↑ Stoiber, Gerald (27 January 2022). „Ex-Radprofi Denifl erhält neuen Dopingprozess“ [Ex-cyclist Denifl receives new doping process]. Salzburger Nachrichten (германски). Maximilian Dasch Jr., Salzburger Nachrichten Verlag. Посетено на 26 June 2022.
Надворешни врски
уреди„Штефан Денифл“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Штефан Денифл“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Штефан Денифл“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Штефан Денифл“. ProCycling.
- Профил на Cycling Base Архивирано на 4 март 2016 г.