Џорџ Бенет (велосипедист)
Џорџ Бенет (англиски: George Bennett; р. 7 април 1990) — новозеландски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[3]
Бенет на Трката околу Белгија 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Џорџ Бенет | ||
Роден | 7 април 1990 Нелсон, Нов Зеланд | ||
Висина | 1,80 м[1] | ||
Маса | 58 кг[2] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Џамбо-Висма | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Аматерски клубови | |||
2011 2011 | Хагенс Берман Аксеон Тим РадиоШек (стажант) | ||
Професионални клубови | |||
2012–2013 2014 2015- | РадиоШек-Нисан Канондејл Лото НЛ-Џамбо | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 1 февруари 2020 |
Кариера
уредиБенет е роден во Нелсон, Нов Зеланд. Откако станал професионалец во 2012 година,[4][5] Бенет настапувал две години за екипата РадиоШек-Нисан пред да се пресели во Канондејл во 2014.[6][6][7] Во октомври 2014 година било објавено дека ќе се приклучи на Џамбо-Висма за сезоната 2015.[8] Во мај 2015 година бил спречен од учество на Џиро д’Италија поради ниско ниво на кортизол (подоцна било откриено дека било предизвикано од болест), поради правилата MPCC. Не бил заменет од неговата екипа.[9] Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2016[10] и завршил на 53. место.[11] Негов најдобар резултат на трката бил седмото место на деветтата етапа, според некои најтешката етапа во сезоната.[12]
Настапил на друмската трка на Летните олимписки игри 2016 и завршил на 33. место; ја опишал трката како „апсолутно“ најтешката во неговата кариера и 79 не завршиле.[13]
Во 2017 година станал првиот Новозеланѓанец кој освоил генерален пласман на некоја трка од Светската турнеја, кога ја освоил трката Трката околу Калифорнија.[14] Бенет настапил и на Тур де Франс 2017 и завршил седми на деветтата етапа, но се повлекол на шеснаесеттата етапа поради гастроентеритис.[15][16] Се повлекол во Ѓирона на опоравување.
Достигнувања
уреди- 2009
- 2. Краен пласман Трка околу лозјата
- 9. Краен пласман Велосипедски класик Нов Зеланд
- 9. Краен пласман Трка околу Велингтон
- 2010
- 2. Краен пласман Трка околу лозјата
- 1. Етапа 3
- 6. Краен пласман Ронд де л’Исар
- 9. Краен пласман Велосипедски класик Нов Зеланд
- 9. Краен пласман Трка околу Велингтон
- 2011
- 1. Краен пласман Трка околу Велингтон
- 1. Етапа 3 Трка на лозјата
- 2. Краен пласман Ронд де л’Исар
- 2012
- 4. Краен пласман Трка околу лозјата
- 2013
- 2. Национално друмско првенство
- 8. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
- 2014
- 9. Краен пласман Трка околу Јута
- 9. Национално друмско првенство
- 9. Краен пласман Трка на лозјата
- 2015
- 5. Национално друмско првенство
- 10. Краен пласман Тур Даун Андер
- 2016
- 7. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 10. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 2017
- 1. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 7. Краен пласман Трка Абу Даби
- 9. Краен пласман Волта а Каталуња
- 2018
- 4. Национално друмско првенство
- 4. Краен пласман Трка околу Полска
- 5. Краен пласман Трка на Алпите
- 6. Краен пласман Волта а Каталуња
- 8. Краен пласман Џиро д’Италија
- 9. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 10. Џиро ди Ломбардија
- 2019
- 1. Етапа 2 (ТТТ) Тур де Франс
- 4. Национално хронометарско првенство
- 4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 6. Краен пласман Париз-Ница
- 2020
- 8. Краен пласман Тур Даун Андер
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 122 | — | СО | — | — | 8 | — |
Тур | — | — | — | 53 | СО | — | 24 |
Вуелта | — | 89 | 37 | 10 | СО | 35 | 33 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Team Jumbo-Visma - George Bennett“. Архивирано од изворникот на 2019-07-15. Посетено на 15 јули 2019.
- ↑ „George Bennett“. ProCyclingStats. Посетено на 15 јули 2019.
- ↑ „Team Jumbo-Visma 2020 roster presented in Amsterdam“. Bianchi. F.I.V. Edoardo Bianchi S.p.A. 20 декември 2019. Посетено на 2 јануари 2020.
- ↑ „Кител, Фојгт и Велитс подготвени за Сантос Тур Даун Андер“. Cycling Central. Special Broadcasting Service. 8 јануари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-01-10. Посетено на 10 јануари 2013.
- ↑ „Бенет ќе се поврзе со РадиоШек-Нисан-Трек“. Cyclingnews.com. Future plc. 11 ноември 2011. Посетено на 20 ноември 2013.
- ↑ 6,0 6,1 Брајан Холкомб (19 ноември 2013). „Bennett survives tough job market with Cannondale deal“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 20 ноември 2013.
- ↑ Шејн Стоукс (19 ноември 2013). „Kiwi climber Bennett signs contract with Cannondale Pro Cycling“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 20 ноември 2013.
- ↑ „Џорџ Бенет се приклучува на Белкин“. sbs.com.au. 10 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-20. Посетено на 18 октомври 2014.
- ↑ Емил Акселгард (8 мај 2015). „Low cortisol levels take Bennett out of the Giro“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 9 мај 2015.
- ↑ „2016 > 103rd Tour de France > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 30 јуни 2016.
- ↑ Роло, Филип (31 јули 2016). „Riding to Rio - George Bennett backs up from solid Tour de France debut“. Stuff.co.nz. Посетено на 6 август 2016.
- ↑ Лонг, Дејвид (12 јули 2016). „Kiwi rider George Bennett has bike checked for motor at Tour de France“. Stuff.co.nz. Посетено на 6 август 2016.
- ↑ Гилхули, Даниел (7 август 2016). „Gamble doesn't pay for shattered George Bennett“. Stuff.co.nz. Посетено на 7 август 2016.
- ↑ „George Bennett becomes first Kiwi to win World Tour cycling event at Tour of California“. Stuff.co.nz. 21 мај 2017. Посетено на 21 мај 2017.
- ↑ „Tour de France 2017: George Bennett forced to pull out due to illness“. Newshub. 19 јули 2017. Посетено на 19 јули 2017.
- ↑ „Tour de France 2017: George Bennett forced to pull out due to illness“. Newshub. 19 јули 2017. Посетено на 19 јули 2017.
Надворешни врски
уреди„Џорџ Бенет“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Џорџ Бенет“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Џорџ Бенет“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Џорџ Бенет“. ProCycling.
- Џорџ Бенет на Твитер