Жилијан Алафилип
Жилијан Алафилип (француски: Julian Alaphilippe; р. 11 јуни 1992) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Судал Квик-Степ.[1]
Алафилип на Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2018 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Жилијан Алафилип | ||
Роден | 11 јуни 1992 Сен Аман Монрон, Франција | ||
Висина | 1,73 м | ||
Маса | 62 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Судал Квик-Степ | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам, велокрос | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | спринтер | ||
Аматерски клубови | |||
2009-2010 2011-2012 | УС Флорентес Арме де Тере | ||
Професионални клубови | |||
2013 2014- | Етикс-ИХНед Судал Квик-Степ | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 13 декември 2019 |
Тој е брат на велосипедистот Бријан Алафилип.[2]
Кариера
уредиРани години
уредиАлафилип ја започнал својата кариера настапувајќи во велокрос, завршувајќи втор на Светското јуниорско велокрос првенство во 2010 година.
Друмската кариера ја започнал во 2012 година, возејќи за аматерската екипа Арме де Тер. Во текот на сезоната, покажал талент, завршувајќи втор на трката и освојувајќи етапа на Куп де насионс Вил Сагене, трка од Американската турнеја.[3]
По неговиот импресивен резултат во 2012 година, Алафилип се приклучил на Етикс ИХНед, развојна екипа на Омега Парма-Квик Степ. Младиот возач имал уште поуспешна сезона во 2013 година, завршувајќи четврти на Европското друмско првенство и деветти на Светското друмско првенство под 23 години. Освоил етапа и бодовниот пласман на Тур де л’Авенир и ја освоил трката ГП Јужна Корушка.
2014
уредиАлафилип се приклучил на екипата Омега Парма-Квик Степ во 2014 година. Со оваа екипа, го забележил првиот подиум на првата етапа на Волта а Каталуња. Исто така се нашол втор на петтата етапа.[3] Алафилип ја забележал првата победа како нов професионалец на четвртата етапа на Тур де л’Ен, каде ја покажал својата експлозивност на завршницата на нагорнина пред Даниел Мартин.[4] Негов најдобар резултат во Светска турнеја било петтото место на ГП Западна Франција.
2015
уредиСезоната 2015 претставува пресвртна година за Алафилип. Имал улога на поддржувач на арденските класици на неговите колеги и светскиот првак Михал Квјатковски, но изненадувачки завршил седми на Амстел Голд Рејс зад крајниот победник Михал. На Флеш Валон, продолжил да му помага на Михал, но неговиот колега бил предалеку во најважниот дел. Неговиот менаџер му кажал да оди на победа и завршил втор зад трикратниот победник Алехандро Валверде. Ова му било прв настап на трката.[5] Сценариото се повторило на Лиеж-Бастон-Лиеж неколку дена подоцна, откако Алафилип завршил втор на трката на неговиот прв настап, повторно зад Валверде.[6] Со овие резултати, 22-годишниот го забележал најдобриот француски резултат на овој класик од 1998 година, кога Лорен Жалабер завршил втор.[7]
По овие резултати и низа завршници на подиумо на Тур де Романди, Алафилип на 4 мај потпишал продолжување на договорот за уште две години, до крајот на 2017 година.[8] Подоцна во месецот ја освоил кралската етапа на Трката околу Калифорнија и го презел водството во генералниот пласман, две секунди пред Петер Саган.[9] Меѓутоа, на крајот загубил од Саган за само три секунди на последната етапа поради временски бонуси на рамниот спринт.[10] Кон крајот на летото завршил осми на Класика де Сан Себастијан, завршувајќи во водечката група зад победникот, Адам Јејтс. Подоцна, завршил десетти на Енеко Тур, која вклучувала етапа со многу патишта од арденските класици.[11] Неговата форма паднала значително кон крајот на годината, вклучувајќи го откажувањето од Светското друмско првенство. Подоцна, му било одредено дека заболел со мононуклеоза. Болеста довела до екстремна истрошеност, со што ставил крај на својата сезона.[12]
2016
уредиВо април, Алафилип завршил втор на Флеш Валон втора година по ред. Подоцна, ја остварил својата најголема победа на Трката околу Калифорнија, каде освоил една етапа и генералниот пласман на трката. Водството го презел на третата етапа, кога нападнал на искачување од екстра категорија на помалку од еден километар до целта. Неговата форма продолжила на Критериум ди Дофине, каде завршил на шестото место во генералниот пласман и го освоил пласманот за млад возач.[13] Кон крајот на јуни бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс.[14] На Тур де Франс, ја носел маичката за пласманот за млад возач на етапите 2-6 и ја освоил наградата за борбеност на шеснаесеттата етапа.
Алафилип бил избран да ја претставува Франција на олимписката друмска трка и на олимпискиот хронометар.[15] На друмската трка бил еден од фаворитите, возел заедно со водечката група, но неговиот пад на завршниот спуст го спречила да се приклучи на завршниот напад отпочнат од Грег ван Авермат и Јакоб Фуглсанг да го достигнат Рафал Мајка пред целта. Алафилип на крајот на завршил трката на четвртото место, 22 секунди зад победникот Ван Авермат.[16][17] Алафилип завршил на 32. место на хронометарот.
2017
уредиСвојата пролетна подготовка ја започнал на Трката Абу Даби, каде завршил петти во генералниот пласман и го освоил пласманот за млад возач.
Во март возел на Париз-Ница и го освоил поединечниот хронометар со завршница на нагорнина на четвртата етапа. Тоа било прв хронометар што го освоил во неговата кариера.[18] Го одржал водството на трката следните три дена пред да западне во тешкотии на претпоследната етапа и да падне на петтото место во генералниот пласман. Меѓутоа, бил победник во пласманот за млад возач, додека четирите завршници меѓу првите пет биле доволни да го освои бодовниот пласман.
Следниот викенд, Алафилип завршил трет на Милано-Санремо, каде бил тесно поразен во спринт од Михал Квјатковски (Тим Скај) и светскиот првак Петер Саган (Бора-Хансгрое) откако триото се одвоиле на завршното искачување на трката – Поџо ди Санремо –.[19]
По силниот почеток, сезоната на Алафилип била попречена поради повредата здобиена на Трката околу Баскија. Во април било објавено во соопштение до печатот од неговата екипа дека Алафилип ќе ги пропушти идните Арденски класици.[20] Исто така ја пропуштил својата основна цел за годината, Тур де Франс, откако бил подложен на операција за коленото во мај.[21] Алафилип се вратил со возење на Гран при Пино Черами во јули[22] и го имал својот прв настап на Вуелта а Еспања еден месец подоцна. Стигнал до својата прва победа на некоја голема трка на осмата етапа, на која ги претекнал Рафал Мајка и Јан Поланц од бегство.[23]
Во август, Алафилип потпишал двегодишен договор со неговата екипа, со што во Квик-Степ Флорс ќе останел до сезоната 2019.[24]
2018
уредиПри третото и последно искачување на Мур де Хуј на Флеш Валон 2018, Алафилип забрзал близу врвот, претекнувајќи го предводникот на трката Јеле Ванендерт во последните 100 метри на трката. Алехандро Валверде, кој ја освоил трката во последните четири години, имал доцен напад и скоро го достигнал Алафилип, но сепак Алафилип успеал да се издвои во завршните метри и да го зголеми своето водство пред Валверде и на крајот да ја освои трката. Тоа било најголемата победа во неговата кариера досега и прва француска победа по Лорен Жалабер во 1997 година.[25][26]
Алафилип учествувал по вторпат на Тур де Франс и дошол до својата прва етапна победа на Тур де Франс на десеттата етапа на трката со низа напади и агресивен спуст на Алпите. Освоил најмногу бодови за планинскиот пласман на Монте ди плато де Глиер, Кол де Ром и Кол де ла Коломбје, завршувајќи ја етапата 1 минута и 34 секунди пред второпласираниот Јон Изагире од Бахреин-Мерида и 3 минути и 23 секунди од главната група. Алафилип го презел водството во планинскиот пласман по крајот на десеттата етапа.[27][28] Ја освоил и етапата 16 откако Адам Јејтс паднал на спустот, 7 километри пред целта, додека водел на етапата.[29]
Следниот месец, Алафилип победил на Класика де Сан Себастијан, претекнувајќи го Бауке Молема за победа, откако двајцата се одвоиле од групата на последното искачување.[30] Потоа, ја освоил третата етапа и генералниот пласман на Трката околу Британија 2018, откако го презел водството на шестата етапа на трката. Алафилип продолжил со успеси на етапните трки, откако ја освоил и Трката околу Словачка една недела подоцна.
И покрај големите успеси во 2018 година, Алафилип имал разочарување на Светското друмско првенство, каде бил назначен за предводник на составот на Франција. На последното искачување паднал со форма и изгубил врска со предводниците на трката и завршил на осмото место.[31]
2019
уредиАлафилип ја започнал сезоната 2019 во февруари на Вуелта а Сан Хуан и Трка Колумбија. На Вуелта а Сан Хуан завршил втор во генералниот пласман и освоил две етапи и го освоил бодовниот пласман и една етапа на Трката Колумбија. Негова прва поголема трка била Страде Бјанке 2019, која ја освоил, поразувајќи го возачот на Астана, Јакоб Фуглсанг, со напад на завршното искачување.[32] Завршил шести во генералниот пласман на Тирено-Адријатико, освојувајќи изненадувачка победа на шестата етапа и покрај тоа што го предводел спринтерот на екипата Елија Вивијани.[33] Потоа, го освоил својот прв монумент, Милано-Санремо 2019, откако нападнал на Поџо и претекнувајќи ги Оливер Насен и Михал Квјатковски. Потоа се искачил на првата позиција на Светскиот ранкинг. Три дена подоцна го пропуштил местото на подиумот на Амстел Голд Рејс, но успешно ја одбранил својата титула на Флеш Валон од 2018 година.
Алафилип ја освоил третата етапа на Тур де Франс на 8 јули, истовремено преземајќи ја жолтата маичка. Откако ја изгубил жолтата маичка на шестата етапа од Џулио Чиконе, повторно ја презел на осмата етапа, кога завршил трет. Ја освоил етапата 13, поединечен хронометар, во По каде го поразил Герајнт Томас за 14 секунди. Ја чувал маичката до етапата 19 откако потфрлил на Кол де л’Изеран. Тоа било најуспешен Тур дотогаш, завршувајќи на петтото место во генералниот пласман, победи на две етапи и ја носел жолтата маичка на 14 етапи. Иако не бил именуван за најборбен возач на ниту една поединечна етапа, на подиумот во Париз бил прогласен за најборбен возач на цела трка.
Достигнувања
уредидрумски велосипедизам
уреди- 2013
- Тур де л’Авенир
- 1. ГП Јужна Корушка
- 1. Етапа 3 Трка околу Тирингија под 23 година
- 4. Европско друмско првенство
- 5. Краен пласман Тур де Бретања
- 1. Етапа 4
- 8. Краен пласман Кур де ла Пе
- 9. Светско друмско првенство под 23 години
- 2014
- 3. РајдЛондон
- 4. Краен пласман Тур де л’Ен
- 5. ГП Западна Франција
- 2015
- 2. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 2. Флеш Валон
- 2. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 5. Национално друмско првенство
- 7. Амстел Голд Рејс
- 8. Класика де Сан Себастијан
- 10. Краен пласман Енеко Тур
- 2016
- 1. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 1. Етапа 3
- 2. Европско друмско првенство
- 2. Флеш Валон
- 4. Олимписка друмска трка
- 5. Национално друмско првенство
- 6. Амстел Голд Рејс
- 6. Краен пласман Критериум ди Дофине
- 8. Брабантсе Пејл
- 10. ГП Монтреал
- Тур де Франс
- Награда за борбеност на етапата 16
- 2017
- 1. Етапа 8 Вуелта а Еспања
- 2. Џиро ди Ломбардија
- 3. Милано-Санремо
- 4. Краен пласман Трка околу Гуангси
- 5. Краен пласман Париз-Ница
- 1. Бодовен пласман
- 1. Пласман за млад возач
- 1. Етапа 4 (ITT)
- 5. Краен пласман Трка Абу Даби
- 10. Светско друмско првенство
- 2018
- 1. Краен пласман Трка околу Британија
- 1. Етапа 3
- 1. Краен пласман Околу Словачка
- 1. Етапа 1
- 1. Флеш Валон
- 1. Класика де Сан Себастијан
- Тур де Франс
- 1. Планински пласман
- 1. Етапа 10
- 1. Етапа 16
- Трка околу Баскија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 4 Критериум ди Дофине
- 3. Национално друмско првенство
- 4. Краен пласман Трка Абу Даби
- 4. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
- 7. Краен пласман Колумбија Оро и Паз
- 1. Етапа 4
- 7. Краен пласман Колумбија Оро и Пас
- 1. Етапа 4
- 7. Амстел Голд Рејс
- 8. Светска турнеја
- 8. Светско друмско првенство
- 2019
- 1. Милано-Санремо
- 1. Страде Бјанке
- 1. Флеш Валон
- Критериум ди Дофине
- 1. Етапа 2 Трка околу Баскија
- 2. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3 (ITT)
- 2. Брабантсе Пејл
- 4. Амстел Голд Рејс
- 5. Краен пласман Тур де Франс
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 13 (ITT)
- Награда за борбеност на цела трка
- 6. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 6
- 7. Краен пласман Трка Колумбија
- 7. Гран при Квебек
Велокрос
уреди- 2009–2010
- Светски јуниорски куп
- 1. ГП Ерик де Влеминк
- 3. ГП Адри ван дер Пул
- 2. Светско јуниорско првенство
- 3. Национално јуниорско првенство
- 2011–2012
- 1. Државно првенство под 23 години
- 3. Краен пласман Светски куп под 23 години
- 2. Велокрос Лиевен
- 2. ГП Адри ван дер Пул
- Француски куп под 23 години
- 1. Родез
Распоред на резултатите на етапните трки
уредиРаспоред на резултатите на големите трки | |||||
---|---|---|---|---|---|
Голема трка | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Џиро | — | — | — | — | — |
Тур | — | 41 | — | 33 | 5 |
Вуелта | — | — | 68 | — | — |
Распоред на резултатите на етапните трки | |||||
Етапна трка | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Париз-Ница | 43 | — | 5 | 18 | — |
Тирено-Адријатико | — | — | — | — | 6 |
Волта а Каталуња | СО | СО | — | — | — |
Трка околу Баскија | — | — | СО | 35 | СО |
Тур де Романди | СО | — | — | — | — |
Критериум ди Дофине | СО | 6 | — | 21 | 35 |
Тур де Свис | — | — | — | — | — |
Резултати на класиците
уредиМонументи | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | — | — | 3 | 35 | 1 |
Трка околу Фландрија | — | — | — | — | — | — |
Париз-Рубе | — | — | — | — | — | — |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | 2 | 23 | — | 4 | 16 |
Џиро ди Ломбардија | СО | — | 60 | 2 | — | — |
Класични трки | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Страде Бјанке | — | — | — | — | — | 1 |
Амстел Голд Рејс | СО | 7 | 6 | — | 7 | 4 |
Флеш Валон | — | 2 | 2 | — | 1 | 1 |
Класика де Сан Себастијан | СО | 8 | — | — | 1 | СО |
Гран при Квебек | 28 | 46 | 65 | — | — | 7 |
Гран при Монтреал | 57 | 60 | 10 | — | — | 13 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Награди
уреди- Златен велосипед: 2019[34]
- Француски златен велосипед: 2019[34]
Наводи
уреди- ↑ Torrego, José María (23 декември 2018). „El Deceuninck Quick Step busca no sucumbir del cetro mundial del ciclismo en 2019“ [The Deceuninck Quick Step seeks not to succumb from the cycling world title in 2019]. La Guía del Ciclismo (шпански). Digipress Ibérica SL. Архивирано од изворникот на 2019-04-12. Посетено на 2 јануари 2019.
- ↑ „Julian Alaphilippe change de costume“. La Dépêche du Midi (француски). 17 април 2015. Посетено на 15 април 2016.
- ↑ 3,0 3,1 „Жилијан Алафилип“. Посетено на 10 мај 2014.
- ↑ „Алафилип ја освои својата прва професионална трка во кариерата!“. Cyclingnews.com. OPQS Official. 16 август 2014. Посетено на 16 август 2014.
- ↑ „Алафилип ги претекна ветераните на Флеш за одличното второ место“. Cyclingnews.com. Future plc. 23 април 2015. Посетено на 23 април 2015.
- ↑ Најџел Вин (26 април 2015). „Алехандро Валверде победи на Лиеж-Бастон-Лиеж 2015“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 26 април 2015.
- ↑ Аласдер Фотерингем (26 април 2015). „Алафилип го оствари најдобриот француски резултат на Лиеж-Бастон-Лиеж од 1998“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 26 април 2015.
- ↑ „Алафилип потпиша продолжување на договорот со Етикс-КвикСтеп“. Cyclingnews.com. Future plc. 4 мај 2015. Посетено на 4 мај 2015.
- ↑ „Трка околу Калифорнија: Алафилип победи на Маунт Болди“. Cycling News. 22 мај 2015.
- ↑ „Саган ја освои Трката околу Калифорнија со временски бонус“. Cycling News. 18 мај 2015.
- ↑ „Жилијан Алафилип“. ProCyclingStats. Посетено на 1 октомври 2015.
- ↑ „Alaphilippe ends breakthrough season with mononucleosis“. Cycling News. 19 октомври 2015.
- ↑ Стивен Фаранд (12 јуни 2015). „Criterium du Dauphine 2016: Stage 7 Results“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 5 јули 2015.
- ↑ „2016 > 103rd Tour de France > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 30 јуни 2016.
- ↑ „France announce men's Olympic road team“. Cyclingnews. 14 јули 2016.
- ↑ „Jeux Olympiques : Julian Alaphilippe plombé par une chute“. L'Équipe. 6 август 2016.
- ↑ „Jeux Olympiques : Van Avermaet décroche la médaille d'or, Julian Alaphilippe 4e“. L'Équipe. 6 август 2016.
- ↑ „"Un Paris-Nice incroyable" pour le coureur Auvergnat Julian Alaphilippe“. .francetvinfo.fr (француски). 13 март 2017. Посетено на 13 март 2017.
- ↑ Робертшо, Хенри (18 март 2017). „Brilliant Michal Kwiatkowski edges out Peter Sagan to win Milan-San Remo 2017“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 18 март 2017.
- ↑ „Alaphilippe to miss the Ardennes Classics“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 11 април 2017.
- ↑ „Knee surgery knocks Alaphilippe out of Tour de France“. Cyclingnews.com (англиски). 10 мај 2017.
- ↑ „Alaphilippe makes long awaited return to racing at GP Cerami“. The guardian (англиски). 19 јули 2017.
- ↑ „Julian Alaphilippe wins stage eight“. The guardian (англиски). 26 август 2017.
- ↑ „Alaphilippe agrees to new two-year contract with Quick-Step Floors“. Cyclingnews.com (англиски). 2 август 2017.
- ↑ „Alaphilippe wins La Flèche Wallonne“. www.cyclingnews.com. 18 април 2018.
- ↑ „Julian Alaphilippe ends Valverde dominance with powerful victory at La Flèche Wallonne 2018“. www.cyclingweekly.com. 18 април 2018.
- ↑ „2018 Tour de France, Stage 10“. ProCyclingStats. Посетено на 17 јули 2018.
- ↑ „Tour de France: Alaphilippe wins in Le Grand Bornand“. www.cyclingnews.com. 17 јули 2018.
- ↑ „Tour de France 2018: Julian Alaphilippe wins stage 16 after Adam Yates crashes“. BBC. 24 јули 2018.
- ↑ „Alaphilippe sprints to his first Clásica San Sebastián win“. VeloNews.com. 4 август 2018. Посетено на 10 март 2019.
- ↑ „Julian Alaphilippe: Everyone expected me to win the Worlds“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 29 октомври 2018. Посетено на 10 март 2019.
- ↑ Фаранд, Стивен (9 март 2019). „Alaphilippe: I made a good move at a good moment and, voila, I won Strade Bianche“. Cycling News. Immediate Media Company. Посетено на 10 март 2019.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/tirreno-adriatico-deceuninck-quickstep-confound-their-rivals-with-change-of-sprint-tactics/
- ↑ 34,0 34,1 „Julian Alaphilippe élu Vélo d'or 2019“. L'Équipe (француски). Посетено на 1 декември 2019.
Надворешни врски
уреди„Жилијан Алафилип“ на Ризницата ? |
- Матична страница (француски)
- „Достигнувања на Жилијан Алафилип“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Жилијан Алафилип“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Жилијан Алафилип“. ProCycling.
- Жилијан Алафилип на Твитер