Диего Роза (велосипедист)

италијански велосипедист

Диего Роза (италијански: Diego Rosa; р. 27 март 1989) — италијански професионален планински и друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Фортунео-Самсик.[1]

Диего Роза
Роза во 2014 година
Лични податоци
Цело имеДиего Роза
Роден27 март 1989(1989-03-27)(35 г.)
Корнелијано д’Алба,  Италија
Висина1,78 м
Маса65 кг
Податоци за клубот
Мом. клубФортунео-Самсик
Дисциплинапланински и друмски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2011
2012
Џајант Италија Тим
Палацаго Еледент Рад
Професионални клубови
2013–2014
2015-2016
2017-2019
2020-
Андрони Џокатоли-Венецуела
Астана
Тим Скај
Аркеа-Самсик
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Милано-Торино (2015)
Последна промена
3 август 2020

Возел на Џиро д’Италија 2014 и ја освоил класичната трка Милано-Торино 2015.

Кариера

уреди

Во август 2014 година, Астана објавила дека потпишале со Роза за сезоната 2015, додека генералниот менаџер Александар Винокуров ја објаснил неговата улога како помошник за Фабио Ару.[2] Негова прва професионална победа била трката Милано-Торино 2015.[3] Во 2016 година ја освоил планинската петта етапа на Трката околу Баскија. Ја прославил соло-победата пренесувајќи го велосипедот на раце низ целта.[4]

Роза настапил на четири големи трки. На неговиот прв настап на некоја голема трка, Џиро д’Италија 2013, завршил на 22. место. Откако не успеал да го заврши Џиро д’Италија 2014, завршил помеѓу најдобрите 25 на Џиро д’Италија 2015 и Вуелта а Еспања 2015.[5]

Се приклучил на Тим Скај за сезоната 2017.

Достигнувања

уреди
2012
1. Краен пласман Џиро дел Фурланија-Јулиска Краина
1. Етапа 3
1. Планински пласман Џиробио
3. Трофео Франко Балестра
5. Трофео Интернационале Бастијанели
6. ГП Сан Џузепе
2013
1. Пласман за млад возач Средоземна трка
5. Краен пласман Рут ду Суд
2014
8. Џиро дел’Емилија
10. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
2015
1. Милано-Торино
5. Џиро ди Ломбардија
5. Страде Бјанке
2016
Трка околу Баскија
1. Етапа 5
1.   Планински пласман
2. Џиро ди Ломбардија
7. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
8. Краен пласман Критериум ди Дофине
10. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
2017
1.   Планински пласман Трка околу Полска
5. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2018
1.   Краен пласман Сетимана Интернационале Копи е Бартали
1. Етапа 1б (TTT)
2019
2. Меморијал Марко Пантани
3. Краен пласман Трка околу Гуангси
2020
3. Трофео Лаигвелја
4. Трофео Сера де Трамунтана
5. Поленка-Андрат
10. Страде Бјанке

Распоред на резултати за големите трки

уреди
Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017
  Џиро 23 СО 23 55
  Тур 37
  Вуелта 20 53

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. „Franck Bonnamour et Romain Le Roux avec Arkéa-Samsic en 2020“ [Franck Bonnamour and Romain Le Roux with Arkéa-Samsic in 2020]. Аркеа-Самсик (француски). Pro Cycling Breizh. 14 October 2019. Архивирано од изворникот на 2020-01-11. Посетено на 11 January 2020.
  2. Фаранд, Стивен (1 август 2014). „Трансфери: Астана потпиша со Бом, Санчес, Роза и Малакарне“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 3 август 2014.
  3. „Diego Rosa (#ProWins)“. ProCyclingStats. Посетено на 8 април 2016.
  4. О’Ши, Садб (8 април 2016). „Pais Vasco: Rosa wins in Arrate“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 8 април 2016.
  5. „Diego Rosa (#GrandTours)“. ProCyclingStats. Архивирано од изворникот на 2016-06-03. Посетено на 8 април 2016.

Надворешни врски

уреди