Максимилијано Ричезе
Ариел Максимилијано Ричезе Аракистаин (шпански: Ariel Maximiliano Richeze Araquistain; р. 7 март 1983 во Буенос Аирес) — аргентински професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.[3] Ричезе го освоил сребрениот медал на Панамериканските игри 2015 во Торонто (екипна потера). Неговите браќа Роберто, Мауро и Адријан се исто така велосипедисти.
![]() Ричезе на Трката околу Британија 2016 | ||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Ариел Максимилијано Ричезе Аракистаин | |||||||||||||||||||||||
Прекар | Атомико[1] | |||||||||||||||||||||||
Роден | 7 март 1983 Буенос Аирес, ![]() | |||||||||||||||||||||||
Висина | 1,77 м[2] | |||||||||||||||||||||||
Маса | 68 кг[2] | |||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | ОАЕ Тим Емирати | |||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||
Вид на возач | спринтер | |||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||
2006–2009 2011–2012 2013–2015 2016-2019 2020- | Керамика Панарија-Навигаре Д’Анџело & Антеники-Нипо Лампре-Мерида Етикс-Квик Степ ОАЕ Тим Емирати | |||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
Последна промена 10 ноември 2022 |
Животопис
уредиВо првата сезона како професионалец завршил втор на последната етапа на Џиро д’Италија 2006, само неколку сантиметри зад Роберт Ферстер. Се смета за аргентински возач со најдобар резултат на некоја од трите големи трки, не сметајќи ги асимилираниот Лисје Пети Бретон кој возел за Франција, Хуан Антонио Флеча, роден во Аргентина, но возел за Шпанија и Алехандро Борахо, кој завршил како трет, исто така на Џиро.
На Џиро д’Италија 2007, Ричезе завршил трет на третата етапа и втор на етапите 18 и 21, сите освоени од Алесандро Петаки. Но, по дисквалификацијата на Петаки во мај 2008 година за допинг, Ричезе бил прогласен за победник на етапите 18 и 21 на Џиро.
Помеѓу неговите други достигнувања се првото место на првата етапа и други втори места на Тур де Лангкави 2006 и Трофео Арведи 2005. Исто така, во 2005 година го освоил Панамериканското друмско првенство под 23 години, а во 2003 година станал аргентински друмски првак под 23 години.
Во 2010 година ја добил наградата Конекс како еден од петте најдобри велосипедисти во последната деценија во Аргентина.
Во октомври 2015 година, по поминати 11 сезони со италијански екипи, белгиската екипа Етикс-Квик Степ објавила дека Ричезе ќе им се приклучи од 2016 година на двегодишен договор со улога за водечки помошник за Марсел Кител и Фернандо Гавирија.[4] По четири години без победи, ја освоил четвртата етапа на Тур де Свис 2016, како и бодовниот пласман за новата екипа.
Допинг
уредиПред почетокот на Џиро д’Италија 2008, Ричезе излегол позитивен на тестот за стероид станозолол, што предизвикало да биде исфрлен од трката. Иако бил прогласен за невин од Аргентинската велосипедска федерација, добил суспензија од две години од Арбитражниот суд за спорт.[5]
Достигнувања
уреди- 2003
- 1. Национално велодромско првенство - кило
- 2. Краен пласман Класика дел Оесте-Добле Брагадо
- 1. Етапа 6
- 2004
- Вуелта Сиклиста Лидер ал Сур
- 1. Етапа 2а
- 1. Етапа 4а
- 1. Етапа 2 Класика дел Оесте-Добле Брагадо
- 2005
- 1. Панамериканско друмско првенство под 23 години
- 1. Сиркуито дел Порто
- Класика дел Оесте-Добле Брагадо
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 6б
- 1. Етапа 2 Џиро дел Венето
- 1. Етапа 9 Вуелта а Сан Хуан
- 2. Национално друмско првенство под 23 години
- 2. Пикола Копа Агостони
- 7. Гран Премио дела Либерационе
- 2006
- 1. Етапа 1 Тур де Лангкави
- 2007
- 1. Етапа 1 Трка околу Луксембург
- 1. Етапа 2 Тур де Лангкави
- 1. Етапа 4 Џиро дел Трентино
- 1. Етапа 4 Вуелта а Сан Хуан
- 4. Гран при де Рен
- 5. Гран Премио Чита ди Мизано - Адријатико
- 2008
- 1. Етапа 2 Тур де Сан Луис
- 1. Етапа 7 Трка околу Турција
- 3. Трофео Лаигвелја
- 4. Џиро ди Тоскана
- 6. Џиро дел Пиемонт
- 7. Гран при де Рен
- 9. Краен пласман Сиркуит де ла Сарт
- 1. Етапа 5
- 2011
- Околу Словачка
- 4. Краен пласман Тур де Кумано
- 1. Пролог
- 5. ГП Крањ
- 6. Гран Премио дела Коста Етруски
- 2012
- 1. Панамериканско друмско првенство
- 1. Краен пласман Тур де Хокаидо
- Трка околу Србија
- 1. Етапа 1 Трка околу Јапонија
- 3. Краен пласман Тур де Кореја
- 3. Копа Берноки
- 4. Краен пласман Џиро дела Провинчија ди Реџо Калабрија
- 5. Краен пласман Тур де Кумано
- 5. Гран Премио дела Коста Етруски
- 8. Краен пласман Вуелта а Венецуела
- 2013
- Панамерикански велодромски првенства
- 1. Пролог Вуелта а Сан Хуан
- 2015
- 2. Панамерикански игри - екипна потера
- 2016
- Тур де Свис
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Тур де Сан Луис
- 2. Трка околу Франкфурт
- 3. ГП Импанис-Ван Петегем
- 2017
- Вуелта а Сан Хуан
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 7
- 5. Париз-Тур
- 6. Јуроајс Класик
- 8. Трка околу Франкфурт
- 2018
- 1. Етапа 1 Трка околу Турција
- 1. Етапа 4 Вуелта а Сан Хуан
- 2. Панамерикански игри - друмска трка
- 2019
- 1. Панамерикански игри - друмска трка
- 1. Национално друмско првенство
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолеми трки | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 138 | 92 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 148 | — | — | СО | 137 | 142 |
Тур | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 144 | — | 135 | 149 | — | — | — |
Вуелта | — | — | — | — | — | — | — | 141 | 138 | 152 | — | — | — | 148 | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Maximiliano Richeze“. Квик-Степ Флорс. Архивирано од изворникот на 2018-03-17. Посетено на 17 March 2018.
- ↑ 2,0 2,1 „Maximiliano Richeze, Deceuninck - Quick-Step Cycling team“. Архивирано од изворникот на 2019-07-15. Посетено на 15 July 2019.
- ↑ „UAE Team Emirates“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2 January 2021. Посетено на 2 January 2021.
- ↑ „Etixx-QuickStep sign Richeze to lead out Kittel“. cyclingnews.com. 7 октомври 2015. Посетено на 7 октомври 2015.
- ↑ CQ Ranking
Надворешни врски
уреди„Максимилијано Ричезе“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Максимилијано Ричезе“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Максимилијано Ричезе“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Максимилијано Ричезе“. ProCycling.