Мајкл Вудс (велосипедист)

канадски велосипедист

Мајкл Вудс (англиски: Michael Woods; р. 12 октомври 1986 во Отава) — канадски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн Фирст.[2]

Мајкл Вудс
Вудс на Трката околу Алберта 2015
Лични податоци
Цело имеМајкл Вудс
ПрекарРасти (Rusty)
Роден12 октомври 1986 (1986-10-12) (34 г.)
Отава,  Канада
Висина1,75 м
Маса64 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубЕФ Едукејшн Фирст
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2012 Стивенс Рејсинг
Професионални клубови
2013
01.2014-06.2014
07.2014-12.2014
2015

2016-
Гарно-Кебекор
Аморе & Вита-Селе СМП

5-Ауар Енерџи

Оптум–Кели Бенефит Стратеџис
Канондејл-Драпак
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2018)

Еднодневни трки и класици

Милано-Торино (2019)
Последна промена
17 мај 2020

КариераУреди

АтлетикаУреди

Прв спорт на Вудс бил хокејот на мраз и неговата детска амбиција била да игра како лево крило за Торонто мејпл лифс.[1] Пред да стане велосипедист, Вудс бил ветувачки тркач на средна далечина, поставувајќи национални јуниорски рекорд на една милја и 3000 метри во 2005 година, а во 2005 година го освоил и златниот медал на 1500 метри на Панамериканското јуниорско атлетско првенство.[3] Меѓутоа, се здобил со фрактура на неговото лево стапало, настаната од честите тренинзи и трчање, што го принудило да се повлече од трчањето во 2007 година.[3][4] Вудс бил подложен двапати на операција со цел да го реши проблемот, но без успех. Првично започнал со велосипедизам како тренинг пред пријателите да го натераат да настапи на трки.[3]

Вудс го посетувал Мичигенскиот универзитет со стипендија како атлетски тркач, дипломирајќи во 2008 година.[3]

ВелосипедизамУреди

Вудс започнал со велосипедизам професионално со Тим Кебекор Гарно во 2013 година.[5]

На 20 август 2015 година било објавено дека Вудс ќе се приклучи на Канондејл-Гармин за сезоната 2016.[6]

Во 2016 бил официјален дел од канадската делегација на Летните олимписки игри.[7] Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[8] Завршил на 38. место на Џиро 2017, негова прва голема трка, освојувајќи две петти места и помагајќи му на колегата Пјер Ролан за победана етапа.[9] Подоцна бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2017, со што ја завршил својата втора голема трка, на седмото место.[10]

Во 2018 година, Вудс го забележал како што самиот го опишал „најдобриот резултат во мојата кариера“, завршувајќи втор на трката Лиеж-Бастоњ-Лиеж.[11] Во септември 2018 година, Вудс ја освоил етапата 17 на Вуелта а Еспања, која завршувала на стрмно искачување.[12] На 30 септември, Вудс завршил трет на Светското друмско првенство во Инсбрук, Австрија; прв Канаѓанец со подиум по Стив Бауер во 1984 година.[13]

Во јули 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[14] Во октомври 2019 година ја освоил најстарата класична трка, 100. издание на Милано-Торино.[15]

ДостигнувањаУреди

2013
9. Краен пласман Тур де Бос
2014
6. Краен пласман Тур де Бос
2015
1. Класика Луле
2. Краен пласман Трка околу Јута
1. Етапа 5
4. Краен пласман Трка Џила
1. Етапа 5
10. Краен пласман Трка околу Алберта
1.   Пласман за канадски возач
2016
2. Милано-Торино
5. Краен пласман Тур Даун Андер
2017
2. ГП Мигел Индураин
7. Краен пласман Вуелта а Еспања
9. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
2018
1. Етапа 17 Вуелта а Еспања
2. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
3.   Светско друмско првенство
4. Џиро дел’Емилија
4. Тре Вали Варезине
9. Краен пласман Трка околу Јута
2019
1. Милано-Торино
2. Џиро дел’Емилија
2. Јапонски куп
3. Краен пласман Хералд Сан Тур
1. Етапа 2
5. Џиро ди Ломбардија
5. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
6. Краен пласман Волта а Каталуња
7. Краен пласман Тур Даун Андер
8. ГП Монтреал
9. Класика де Сан Себастијан
10. Краен пласман Тур де Романди

Распоред на резултатите на етапните тркиУреди

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2016 2017 2018 2019
  Џиро 38 19
  Тур 32
  Вуелта 7 34
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2016 2017 2018 2019
  Париз-Ница 54
  Тирено-Адријатико
  Волта а Каталуња 18 37 79 6
  Трка околу Баскија 53 12 29
  Тур де Романди 10
  Критериум ди Дофине СО
  Тур де Свис 26

Распоред на резултатите на класицитеУреди

Монумент 2016 2017 2018 2019
Милано-Санремо
Трка околу Фландрија
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 9 2 5
Џиро ди Ломбардија 31 13 5
Класик 2016 2017 2018 2019
Амстел Голд Рејс 20 68
Флеш Валон 12 11 33 55
Класика де Сан Себастијан 61 9
Гран при Квебек 27 17
Гран при Монтреал 30 8

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Вудс, Мајкл (13 октомври 2015). „Michael Woods: Letting the ink dry“. Сyclingnews.com (англиски). Посетено на 13 октомври 2015.
  2. Бејкон, Елис (1 јануари 2020). „2020 Team Preview: EF Education First“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 2 јануари 2020.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Холдер, Горд (28 август 2013). „Profile: Ottawa's Mike Woods' journey from runner to racing in the Tour of Alberta“. Ottawa Citizen (англиски). Посетено на 13 април 2015.
  4. Малак, Пат (3 март 2015). „Michael Woods: Turning running heartbreak into cycling success“. Сyclingnews.com (англиски). Посетено на 13 април 2015.
  5. „Canadian cyclist Michael Woods among top 10 at Vuelta“. Посетено на 4 септември 2017.
  6. „Cannondale-Garmin announces Mike Woods, former runner-turned-pro-cyclist, to join team in 2016“ (англиски). Посетено на 20 август 2015.
  7. Тозер, Џејми (29 јуни 2016). „Returning Olympians highlight Canada's cycling team“. www.olympic.ca. Canadian Olympic Committee. Посетено на 29 јуни 2016.
  8. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 2 мај 2017.
  9. „A sub-4-minute miler at age 18, Rusty Woods is now lighting up pro cycling at age 30“. Business Insider (англиски). Посетено на 31 мај 2017.
  10. http://www.procyclingstats.com/rider/michael-woods
  11. Рајан, Бери (22 април 2018). „Jungels wins Liege-Bastogne-Liege“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 22 април 2018.
  12. „Vuelta a Espana 2018: Simon Yates maintains overall classification lead“. BBC Sport. Посетено на 12 септември 2018.
  13. „Mike Woods achieves rare Canadian cycling feat at road race worlds“. CBC Sports. Посетено на 30 септември 2018.
  14. „2019: 106th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 1 јули 2019.
  15. „Woods wins Milano-Torino“. cyclingnews.com. Посетено на 9 октомври 2019.

Надворешни врскиУреди