Ларс Петер Нордхауг

норвешки велосипедист

Ларс Петер Нордхауг (норвешки: Lars Petter Nordhaug; р. 14 мај 1984) — поранешен норвешки професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2005-2017 година.[1]

Ларс Петер Нордхауг
Нордхард на Трката на Фјордовите 2013
Лични податоци
Цело имеЛарс Петер Нордхауг
ПрекарЛПН
Роден14 мај 1984(1984-05-14)(40 г.)
Тенсберг,  Норвешка
Висина1,76 м
Маса63 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски и планински велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2005–2009
2010–2012
2013–2014
2015-2016
2017
Тим Максбо Бјанки
Тим Скај
Бланко Про Сајклинг
Тим Скај
Аква Блу Спорт
Значајни победи
Етапни трки
Тур де Јоркшир (2015)

Еднодневни трки и класици

Гран при Монтреал (2012)
Национален друмски првак (2006)

Кариера

уреди

Рана кариера

уреди

Нордхауг ја започнал својата кариера како планински велосипедист, но откако завршил 5. на норвешкото друмско првенство 2005, неговиот фокус се променил кон друмскиот велосипедизам. Неговиот пробив дошол две години подоцна, во 2006, кога го освоил националното друмско првенство. Оваа година се случил неговиот пробив, кога победил и на Биркебајнеритет, норвешка далечинска велосипедска трка за планински велосипедизам.

 
Нордхауг вози на Гран при Монтреал 2011

Во август 2009, Нордхауг го освоил второто место во генералниот пласман на Трката околу Ирска додека возел за континенталната екипа Тим Џокер Бјанки. Неговата победа на последната етапа му го донела овој пласман, откако бил подобар во бегството со неговиот соперник Расел Даунинг, кој го освоил генералниот пласман.[2]

Тим Скај: 2010–12

уреди

По една недела гласини било објавено на 10 септември 2009, дека Нордхауг ќе се приклучи на Тим Скај од сезоната 2010, заедно со сонародниците Едвалд Боасон Хаген и Курт Асле Арвесен.[3] Нордхауг ги поминал сезоните 2010 и 2011 главно работејќи како помошник, возејќи на арденските класици и Џиро д’Италија. Потпишал нов договор со Скај на крајот на 2011.

Нордхауг ја освоил својата прва победа за Скај на Трофео Деја 2012, третата трка на Челинџ Мајорка. Ги отфрлил последните членови на групата на последното искачување на етапата, пред да се спушти сам и да помине низ целта во Деја, забележувајќи ја неговата прва победа од 2009.[4] Исто така возел на силната трка Критериум Интернасионал во Корзика, завршувајќи четврти на крај зад силниот подиум составен од Кедел Еванс (Аксент.џобс-Вилемс Веранда), Пјерик Федриго (ФДЖ-БигМет) и неговиот колега Мајкл Роџерс.[5]. Нордхауг го предводел Скај на Трката околу Баскија, каде завршил шести во генералниот пласман.[6] Неговата ветувачка сезона на почетокот на сезоната му донела важна улога во екипата на арденските класици. Нордхауг бил добро пласиран на завршните етапи на Амстел Голд Рејс, но доживеал пад во последните 300 метри на последното искачување Кауберг, откако допрел со тркалата до возачот на Лампре-ИСД Дамијано Кунего.[7]

Белкин: 2013-14

уреди

Нордхауг го напуштил Тим Скај на крајот на сезоната 2012 и се приклучил на Бланко Про Сајклинг на двегодишен договор од сезоната 2013.[8] Како последица на неговата одлука, Нордхауг не бил избран во составот на екипата за Вуелта а Еспања и наместо тоа возел на Трката околу Данска, каде ја освоил третата етапа и го преземал водството на трката. Негова најголема победа во кариерата било освојувањето на Гран при Монтреал 2012, победувајќи во спринт во група од четворица возачи откако неговиот соло напад бил достигнат во последните метри на трката.[9]

Враќање во Скај: 2015-2016

уреди
 
Нордхауг на Тур де Свис 2015

На Светското друмско првенство 2014, Нордхауг потврдил дека ќе го напушти Белкин.[10] Екипата Скај подоцна објавил дека ќе им се приклучи од 1 јануари 2015 година.[11]

Направил историја на Тур де Јоркшир, освојувајќи ја воведната етапа на новата трка од бегство на пет возачи.[12] Со потегот ја освоил водечката маичка и маичката за бодовниот пласман, а на крајот станал првиот победник на трката. Ова била прва етапна трка која ја освоил Нордхауг надвор од родната Норвешка.[13]

Достигнувања

уреди
2004
1.   Нордиски крос-кантри првак во планински велосипедизам
2005
1.   Национално друмско првенство под 23 години
2006
1.   Национално друмско првенство
1. Првак на Биркебајнеритет во планински велосипедизам
2007
1. Краен пласман Гјевик ГП
2008
1.   Национален крос-кантри првак во планински велосипедизам
1. Краен пласман Фестнингсритет
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Бодовен пласман
2. Краен пласман ГП Бореманс Виане
3. Краен пласман Калас Куп Трофи
7. Краен пласман Шпаркасен Џиро
7. Краен пласман Трка околу Ирска
8. Краен пласман Трка Рона-Алпи
1. Планински пласман
9. Краен пласман Рингерике ГП
2009
2. Краен пласман Трка околу Ирска
1. Етапа 3
4. Краен пласман Тур де Норманди
1. Етапа 5
2011
1. Тенсберг Велокрос
2012
1. Гран при Монтреал
1. Трофео Деја
1. Етапа 3 Трка околу Данска
2. Национално друмско првенство
3. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Трка околу Норвешка
4. Краен пласман Критериум Интернасионал
6. Краен пласман Трка околу Баскија
2013
1.   Планински пласман Арктичка трка Норвешка
1.   Национално велокрос првенство
2. Краен пласман Трка околу Фјордовите
8. Гран при Монтреал
2014
3. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
1. Етапа 1
2015
1.   Краен пласман Тур де Јоркшир
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
10. Краен пласман Трка околу Норвешка
2016
6. Краен пласман Тур де Јоркшир
9. Страде Бјанке

Наводи

уреди
  1. „Aqua Blue Sport: Nordhaug retires and Howard leaves to focus on track“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 20 ноември 2017. Посетено на 5 јануари 2018.
  2. Шејн Стоукс (24 август 2009). „Нордхауг победи на последната етапа во Ирска“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 11 септември 2012.
  3. „Повеќе ѕвезди за Тим Скај“. Sky News. 10 септември 2010. Посетено на 2009-09-10.
  4. „Нордхауг сам до победа на Мајорка“. Cycling News. Future Publishing Limited. 7 февруари 2012. Посетено на 11 септември 2012.
  5. Шејн Стоукс (25 март 2012). „Еванс ја запечатил победата на Критериум Интернасионал, Федриго ја зеде последната етапа“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 11 септември 2012.
  6. Најџел Вин (7 април 2012). „Санчес победи на Трката околу Баскија“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 11 септември 2012.
  7. „Несреќата им стави крај на шансите на Кунего за постигнување резултат на Амстел Голд Рејс“. Cycling News. Future Publishing Limited. 16 април 2012. Посетено на 11 септември 2012.
  8. „Ларс Петер Нордхауг го напушта Тим Скај поради двегодишен договор со Рабобанк“. VeloNation. VeloNation LLC. 6 август 2012. Посетено на 6 август 2012.
  9. Кајл Мур (9 септември 2012). „Lars Petter Nordhaug nails career best win in GP Cycliste de Montréal“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 10 септември 2012.
  10. [1]
  11. [2]
  12. Стјуарт Кларк (1 мај 2015). „Team Sky's Nordhaug wins Tour de Yorkshire stage one“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 1 мај 2015.
  13. Емил Акселгард (3 мај 2015). „Hermans and Nordhaug share the spoils in Yorkshire“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 3 мај 2015.

Надворешни врски

уреди