Емануел Бухман

германски велосипедист

Емануел Бухман (германски: Emanuel Buchmann; р. 18 ноември 1992 во Равенсбург) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[2][3]

Емануел Бухман
Бухман на националното друмско првенство 2015
Лични податоци
Цело имеЕмануел Бухман
Роден18 ноември 1992(1992-11-18)(32 г.)
Равенсбург,  Германија
Висина1,79 м[1]
Маса59 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубБора-Хансгрое
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Национален друмски првак (2015)
Последна промена
16 декември 2022

Во 2015 година го освоил националното друмско првенство. Настапил на Тур де Франс шест пати, завршувајќи четврти во 2019 година и двапати на Вуелта а Еспања.

Кариера

уреди

Бухман е роден во Равенсбург во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг.[4] Моментално живее во Брегенц, Австрија.[5]

Бора-Аргон 18 (2015-денес)

уреди
 
Бухман на Тур де Франс 2015

Во 2015 година, Бухман ги победил силните германски спринтери на националното друмско првенство, кога нападнал од водечката група.[6] Во текот на подоцнежниот Тур де Франс завршил на солидното трето место на етапа која завршувала на Кол ди Турмале.[4]

 
Бухман (десно) завршил втор зад колегата Маркус Бургхарт на националното друмско првенство 2017

По тивката сезона 2016 завршил десетти на Тур де Романди 2017 го изгубил местото од подиумот дури во завршниот хронометар на трката.[4] Потоа, Бухман завршил седми во генералниот пласман и го освоил пласманот за млад возач на Критериум ди Дофине 2017, една од главните трки за подготовка за Тур де Франс. Во текот на последната етапа завршил пред Крис Фрум, Алехандро Валверде и Алберто Контадор. Бухман изјавил по етапата дека бил почестен што успеал „да остане со најдобрите“ на трката.[7] На државното првенство една недела подоцна, Бухман му помогнал за победа на колегата Маркус Бургхарт, завршувајќи на второто место.[8] Неговата форма малку опаднала за време на Тур де Франс, каде бил одреден да работи за водачот Рафал Мајка, кој се повлекол рано на трката.[9] На крајот завршил на 15. место.[10]

Бухман ја отворил сезоната силно, со 10. место на Трката Абу Даби. Потоа следел неговиот најдобар резултат во кариерата, четврто место на Трката околу Баскија. Завршил на 9. место на Тур де Романди и на 18. место на Трката околу Франкфурт. На Критриум ди Дофине во јуни, Бухман завршил на шестото место во генералниот пласман, повторувајќи го силниот настап од претходната година. Нападнал бројни пати на последната етапа, но бил достигнуван и ја завршил етапата како четврти.[11] Бил избран да вози на Вуелта а Еспања 2018.[12] Бил добар на воведните етапи. На четвртата етапа ја нападнал групата на фаворити на завршното искачување, добивајќи време во однос на нив и се искачил на второто место во генералниот пласман, на седум секунди зад предводникот на трката.[13] Откако задоцнил на подоцнежните планински етапи,[14] На крајот, Бухман завршил на 12. место, негов најдобар пласман на некоја голема трка дотогаш.[15]

Бухман настапил на Трката околу Баскија, освојувајќи ја петтата етапа откако нападнал на претпоследното искачување на етапата и го преземал водството на трката.[16] Ја изгубил водечката маичка на следната завршна етапа на трката. Во завршните метри, Бухман свртел погрешно и изгубил значително време. Времето кое го изгубил поради тоа, подоцна му било вратено, со што ја завршил трката на третото место.[17] На Тур де Романди 2019, Бухман завршил седми во генералниот пласман.[18]

Како подготовка за идниот Тур де Франс, Бухман настапил на Критериум ди Дофине, каде завршил трет во генералниот пласман, откако Адам Јејтс ја напуштил трката на завршната етапа, предавајќи му го местото на подиумот на Бухман.[19] Останал во добра форма на Тур, одговарајќи скоро на секој напад од другите фаворити за генералниот пласман. Додека трката да стигне до Шанзелизе, доцнел само две минути зад предводникот на жолтата маичка, заземајќи го четвртото место.[20][21][22]

Бухман ја започнал сезоната 2020 силно, освојувајќи го Трофео де Трамунтана, втората трка на Предизвик Мајорка. Бил дел од бегство кое се создало на претпоследното искачување на денот и го искористил спустот за да направи разлика, која ја одржал до целта.[23] Негова последна трка пред сезоната да биде прекината поради пандемијата на КОВИД-19 била Трката ОАЕ, на која бил принуден да се откаже по пад. Негови следни цели откако трките се вратиле во календарот биле Критериум ди Дофине пред да ја предводи екипата на Тур де Франс.[5] На Дофине, Бухман бил трет во генералниот пласман кога пад на четвртата етапа го принудила да се повлече.[24] Поради здобиените повреди, неговото учество на Тур де Франс било доведено во прашања, но на крајот ја започнал трката,[25] завршувајќи на 38. место во генералниот пласман.

За 2021 година, Бухман првично избрал да го пропушти Тур де Франс, бидејќи рутата не била соодветна за неговите предности, содржејќи премногу хронометри и премалку завршници на нагорнина. Наместо тоа, одлучил да настапи на Џиро д’Италија.[26] По слабиот воведен хронометар и губејќи секунди на првите планински етапи, Бухман ја нашол формата на етапата 11 со делови од чакал, напаѓајќи и единствено Еган Бернал можел да го следи, искачувајќи се до шестото место. Исто така, возел силно на етапата 14, која завршила на Монте Ѕонколан, задржувајќи го своето место во генералниот пласман. Меѓутоа, учествувал во масовниот пад рано на етапата 15. Иако успеал да стане од падот, докторот на трката одлучил да се повлече од трката. Бил пренесен во болница, каде добил дијагноза дека има слаб потрес на мозокот и гребаници по лицето и колкот.[27][28] Во јуни, Бухман бил додаден во составот на Бора-Хансгрое за Тур де Франс, возејќи како поддршка за предводникот на екипата Вилко Келдерман.[29]

Достигнувања

уреди
2010
9. Трка околу Фландрија за јуниори
10. Краен пласман Тур ди Валроми
2012
6. Краен пласман Трка околу Азербејџан
2014
3. Краен пласман Околу Јужна Чешка
1. Етапа 3
7. Краен пласман Тур де л’Авенир
7. Краен пласман ГП Каподарко
8. Краен пласман Трка околу Азербејџан
8. Краен пласман Тур Мзанси
2015
1.   Национално друмско првенство
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино
2016
4. Трка Руди Алтиг
8. Краен пласман Џиро дел Трентино
2017
2. Национално друмско првенство
6. Трофео Сера де Трамунтана
7. Краен пласман Критериум ди Дофине
1.   Пласман за млад возач
7. Краен пласман Трка на Алпите
10. Краен пласман Тур де Романди
10. Краен пласман Вуелта а Мурсија
2018
4. Краен пласман Трка околу Баскија
6. Краен пласман Критериум ди Дофине
7. Краен пласман Трка околу Полска
9. Краен пласман Тур де Романди
10. Краен пласман Трка Абу Даби
2019
1. Трофео Андрат-Љосета
2. Трофео Сера де Трамунтана
3. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 5
3. Краен пласман Критериум ди Дофине
4. Краен пласман Тур де Франс
4. Краен пласман Трка ОАЕ
4. Гран Пиемонт
7. Краен пласман Тур де Романди
8. Џиро ди Ломбардија
2020
1. Трофео Сера де Трамунтана
9. Поленка-Андрат
2021
4. Национално друмско првенство
2022
4. Национално друмско првенство
5. Сиркуито де Гечо
6. Трофео Сера де Трамунтана
7. Краен пласман Џиро д’Италија
9. Трофео Калвија

Распоред на резултатите на етапните трки

уреди
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
  Џиро СО 7
  Тур 83 21 15 4 38 33
  Вуелта 65 12
Распоред на резултатите на поважните етапни трки
Етапна трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
  Париз-Ница СО
  Тирено-Адријатико 66 28
  Волта а Каталуња не настапил во текот на неговата кариера
  Трка околу Баскија 13 4 3 НСО 13 СО
  Тур де Романди 10 9 7
  Критериум ди Дофине 32 20 7 6 3 СО
  Тур де Свис НСО

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „BORA - hansgrohe“. Архивирано од изворникот на 2022-06-25. Посетено на 8 July 2022.
  2. „Емануел Бухман“. Pro Cycling Stats. Посетено на 14 март 2015.
  3. „Bora - Hansgrohe“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
  4. 4,0 4,1 4,2 Mustroph, Tom (2 July 2017). „Der Kletterer aus der Schreinerei“. Die Tageszeitung (германски). Архивирано од изворникот на 9 October 2017. Посетено на 9 October 2017.
  5. 5,0 5,1 Ryan, Barry (18 June 2020). „Buchmann: Winning the Tour de France is not impossible“. cyclingnews.com. Посетено на 18 June 2020.
  6. „Buchmann wins (германски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на германски]]national road race“. cyclingnews.com. 28 јуни 2015. Архивирано од изворникот на 9 октомври 2017. Посетено на 9 октомври 2017. URL–wikilink conflict (help)
  7. Кнут, Јоханес (27 јуни 2017). "Ich bin nun bei den Allerbesten angekommen" (германски). Süddeutsche Zeitung. Посетено на 9 октомври 2017. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  8. „Burghardt claims (германски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на германски]]road race title“. cyclingnews.com. 25 јуни 2017. Архивирано од изворникот на 9 октомври 2017. Посетено на 9 октомври 2017. URL–wikilink conflict (help)
  9. Вебер, Јоша (19 јули 2017). „Tour de France rising star Emanuel Buchmann on the 'brutal' Alpine stretches“. Deutsche Welle. Архивирано од изворникот на 9 октомври 2017. Посетено на 9 октомври 2017.
  10. Леополд, Јерг (21 јули 2017). „Die Deutschen bei der Tour de France“ (германски). Der Tagesspiegel. Архивирано од изворникот на 9 октомври 2017. Посетено на 9 октомври 2017. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  11. „Buchmann fährt zufrieden vom Critérium du Dauphiné nach Hause“. radsport-news.com (германски). 11 јуни 2016. Посетено на 12 јуни 2018.
  12. „Peter Sagan confirmed for Vuelta a Espana“. cyclingnews.com. 17 август 2018. Посетено на 22 август 2018.
  13. Рајан, Бери (28 август 2018). „Vuelta a Espana: Ben King wins stage 4“. cyclingnews.com. Посетено на 28 август 2018.
  14. „Buchmann fällt weiter zurück“. Frankfurter Allgemeine Zeitung (германски). 7 септември 2018. Посетено на 17 јуни 2019.
  15. „Yates gewinnt Vuelta - Buchmann verpasst Top 10“. sport.de (германски). 16 септември 2018. Посетено на 17 јуни 2019.
  16. Фратини, Кирстен (12 април 2019). „Tour of the Basque Country: Buchmann wins stage 5“. cyclingnews.com. Посетено на 17 јуни 2019.
  17. Останек, Даниел (14 април 2019). „Fuglsang reacts after losing Basque Country podium spot“. cyclingnews.com. Посетено на 17 јуни 2019.
  18. „Roglic gewinnt erneut Tour de Romandie - Buchmann Siebter“. Süddeutsche Zeitung (германски). 5 мај 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-17. Посетено на 17 јуни 2019.
  19. „Critérium du Dauphiné - Buchmann klettert aufs Podium“ (германски). Sportschau. 16 јуни 2019. Архивирано од изворникот 17 јуни 2019. Посетено на 17 јуни 2019.
  20. „Tour de France - Emanuel Buchmann: There are more years to come“. cyclingpub.com.
  21. „Tour de France: Buchmann battles on through the Alps“. cyclingnews.com. 26 јули 2019. Посетено на 7 август 2019.
  22. Браун, Грегор (23 јули 2019). „Emanuel Buchmann quietly climbs the Tour de France leaderboard“. VeloNews.
  23. „Buchmann wins Trofeo Serra de Tramuntana“. cyclingnews.com. 31 January 2020. Посетено на 31 January 2020.
  24. Long, Jonny (15 August 2020). „Steven Kruijswijk and Emanuel Buchmann crash out of Critérium du Dauphiné“. Cycling Weekly. Посетено на 2 September 2020.
  25. Benson, Daniel (1 September 2020). „Tour de France: Which GC contenders lost time on first summit finish“. Cyclingnews.com. Посетено на 2 September 2020.
  26. Aumüller, Johannes (7 May 2021). „Die Tour ist ihm zu leicht“ [The Tour is too easy for him]. Süddeutsche Zeitung (германски). Посетено на 25 May 2021.
  27. Frattini, Kirsten (23 May 2021). „Emanuel Buchmann forced to abandon Giro d'Italia in stage 15 mass crash“. cyclingsnews.com. Посетено на 25 May 2021.
  28. Knuth, Johannes (24 May 2021). „Schrammen in der Seele“ [Scratches in the soul]. Süddeutsche Zeitung (германски). Посетено на 25 May 2021.
  29. „Buchmann to ride Tour de France in support of Kelderman“. Cyclingnews.com. Future plc. 10 June 2021. Посетено на 9 September 2021.

Надворешни врски

уреди