Отвори го главното мени

Васил Кириенка

белоруски велосипедист

Васил Кириенка (белоруски: Васіль_Кірыенка; р. 28 јуни 1981 во Речица) — белоруски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Инеос.[2] Кириенка е моментален светски, европски и национален првак во дисциплината хронометар.

Васил Кириенка
Кириенка на Џиро д’Италија 2011
Лични податоци
Цело имеВасил Кириенка
ПрекарРобокап[1]
Роден28 јуни 1981 (1981-06-28) (38 г.)
Речица, СССР СССР
Висина1,82 м
Маса75 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим Инеос
ДисциплинаДрумски и велодромски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за хронометри
Професионални клубови
2006
2006
2007–2008
2009–2012
2013–
ОТЦ Дорс (мај–)
Риетуму Банк (–јуни)
Тинкоф Кредит Системс
Кес д’Епарњ
Тим Скај
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
3 индивидуални етапи (2008, 2011, 2015)
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2013)

Етапни трки

Рут ду Суд (2011)

Еднодневни трки и класици

Светски хронометарски првак (2015)
Белоруски национален хронометарски првак (2002, 2005, 2006, 2015, 2018)
Индивидуален хронометар на Европските игри (2015)
Последна промена
10 јули 2019

КариераУреди

Рани годиниУреди

Роден во Речица во Белоруска ССР во 1981 година, Кириенка ја освоил првата национална титула во хронометар во 2002 година. Првично бил насочен кон велодромските дисциплини, каде ја освоил бодовната трка на Светското првенство во 2008 година.

Васил Кириенка ја започнал својата кариера во екипата на Радспорт-Тим Група ПСБ во 2004 година. Следната 2005 година, тој победил на еднодневната трка Копа дела Паче и станал државен првак во хронометар. Во 2006 година, Кириенка настапувал за латвиско-швајцарската континентална екипа Риетуму Банк-Рига-Идеал. Меѓудругото, тој завршил на четвртото место на гран при трката во Талин и победил на една етапа од трката Корс де ла Солидарите во Полска. На светското првенство во друмски велосипедизам во Салцбург, Кириенка бил изненадувачки шести на хронометарската трка. Во 2007 и 2008 година, тој возел за руско-италијанската професионална континентална екипа Тинкоф Кредит Системс.

Кејс д’ЕпарњУреди

 
Кириенка настапувајќи на олимпискиот хронометар 2012 во Лондон

Кириенка преминал во шпанската екипа Кејс д’Епарњ за сезоната 2009.

На 23 мај 2011 година, во текот на Џиро д’Италија 2011, колегата на Кириенка Хавиер Тондо починал во бизарна случка во неговиот дом додека се подготвувал да тренира со колегите. Бил згмечен помеѓу неговиот автомобил и вратата од гаражата.[3] Пет дена подоцна, Кириенка возел за победа во солонапад на дваесеттата етапа, планинска завршница до Сестриере, каде ја посветил етапната победа на Тондо, покажувајќи кон небото кога поминал на целта.[4] Екипата разгледувала опција да се повлече од трката по смртта на Тондо, но возачите едногласно гласале да продолжат.[5] Кириенка изјавил дека екипата на Џиро се надевала да добие уште една етапна победа (бидејќи победата на Франсиско Вентосо била пред смртта на Тондо) во негова чест.[6]

Во септември 2012 година, Кириенка завршил трет на индицидуалниот хронометар на Светското првенство.[7]

Тим СкајУреди

 
Кириенка на Тур де Франс 2014

Кириенка го напуштил Мовистар Тим на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Тим Скај со тригодишен договор од сезоната 2013.[2]

Во мај 2015 година, Кириенка го освоил индивидуалниот хронометар]] на Џиро д’Италија, кој бил долг 59,5 километри.[8] Во јуни 2015 година го освоил индивидуалниот хронометар на воведните Европски игри во Баку.[9] На 23 септември 2015 година, Кириенка победил на индивидуалниот хронометар на Светското првенство во Ричмонд.[10]

Кириенка бил знаменосец на родната Белорусија на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро, каде што настапил на хронометарската трка; завршил на 17. место.

ДостигнувањаУреди

1999
3. Национално хронометарско првенство
2000
2. Национално хронометарско првенство
2001
2. Национално хронометарско првенство
2002
1.   Национално хронометарско првенство
2003
Акваскалиентес
1. Индивидуална потера
3. Екипна потера
Европско првенство под 23 години
3. Индивидуална потера
3. Екипна потера
2004
3. Акваскалиентес - индивидуална потера
6. Краен пласман Трка околу Турција
2005
1.   Национално хронометарско првенство
1. Манчестер Бодовна трка
1. Копа дела Паче
1. Џиро дел Касентино
1. Етапа 3 Џиро дела Тоскана под 23 години
2006
1.   Национално хронометарско првенство
Сиднеј
1. Скреч
3. Бодовна трка
2. Краен пласман Скандинавска недела
1. Етапа 3
2. Москва Бодовна трка
2. Скандинавијан Опен
3. Светско велодромско првенство - Бодовна трка
3. Рига ГП
4. ЕОС Талин ГП
4. Шлаким
5. Краен пласман Пет прстена околу Москва
6. Светско хронометарско првенство
8. Краен пласман Курс де ла Солидарите Олимпик
1. Етапа 6
2007
1. Етапа 3 Стер Електротур
1. Етапа 5 Вуелта а Бургос
2. Краен пласман Етоал де Бесеже
2. Екипен хронометар Ајндховен
3. Национално хронометарско првенство
7. Краен пласман Тирено-Адријатико
8. Краен пласман Трка околу Австрија
9. Светско хронометарско првенство
9. Тур ду Хаут Вар
9. Гран при де Фурмие
2008
1. Етапа 1 (ТТТ) Сетимана Сиклистика Ломбарда
1. Етапа 19 Џиро д’Италија
2. Краен пласман Стер Електротур
2. Национално хронометарско првенство
2. ГП Чита ди Камаиоре
7. Краен пласман Вуелта а Мурсија
2011
1. Краен пласман Рут ду Суд
1. Етапа 20 Џиро д’Италија
2. Краен пласман Критериум Интернасионал
1. Бодовен пласман
9. Краен пласман Вуелта а Мурсија
10. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 2
2012
3. Светско хронометарско првенство
6. Краен пласман Критериум ду Дофине
2013
1. Етапа 18 Вуелта а Еспања
Светско друмско првенство
3.   Екипен хронометар
4. Индивидуален хронометар
2014
1. Етапа 1b (ТТТ) Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
3. Краен пласман Трка околу Баварија
4. Светско хронометарско првенство
  Награда за борбеност на етапа 11 на Вуелта а Еспања
2015
1.   Светско хронометарско првенство
1.   Национално хронометарско првенство
1.   Хронометар на Европските игри
1. Етапа 14 (ITT) Џиро д’Италија
1. Хроно де Насионс
2016
1. Хроно де Насионс
Светско друмско првенство
2.   Хронометар
4. Екипен хронометар
2017
Светско хронометарско првенство
3.   Екипен хронометар
5. Хронометар
6. ГП Мигел Индураин
2018
1.   Национално хронометарско првенство
9. Светско хронометарско првенство
2019
1.   Европски игри - хронометар

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Голема трка 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
  Џиро 35 73 37 25  —  —  — 84  — 102 СО
  Тур  —  — 60 СО 77 СО 86  — 103 112
  Вуелта 34 16  —  —  — 73 110 83  —

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. Милс, Бенџамин. „Фотогалерија на Тим Скај“. Cyclist. Team Sky. конс. 7 ноември 2012. 
  2. 2,0 2,1 Кириенка во Скај на три години“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 август 2012 (посет. 20 август 2012 г).
  3. „Хавиер Тондо умрел во инцидент во неговиот дом“. Cyclingnews.com. Future plc. 23 мај 2011. Архивирано од изворникот на 25 јуни 2014. конс. 17 август 2011. 
  4. Феликс Лоу (28 мај 2011). „Кириенка му оддава почит на Тондо со победа“. Eurosport. Yahoo! News Network. Архивирано од изворникот на 25 јуни 2014. конс. 17 август 2011. 
  5. „Мувистар продолжува на Џиро по смртта на Тондо“. Cyclingnews.com. Future plc. 23 мај 2011. Архивирано од изворникот на 25 јуни 2014. конс. 24 мај 2011. 
  6. Жан Франсоа Кене (28 мај 2011). „Кириенка оддаде почит на Хавиер Тондо“. Cyclingnews.com. Future plc. Архивирано од изворникот на 25 јуни 2014. конс. 31 мај 2011. 
  7. Светски друмски првенства: Тони Мартин ја задржа титулата во индивидуален хронометар“, „BBC Sport“, BBC, 19 септември 2012 (посет. 23 септември 2015 г).
  8. Контадор се врати во водство на Џиро на етапата 14, индивидуален хронометар, освоена од Кириенка“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 23 мај 2015 (посет. 1 јуни 2015 г).
  9. Кириенка и Ван Дејк ги освоил хронометарските титули на Европските игри“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 18 јуни 2015 (посет. 23 септември 2015 г).
  10. Кириенка го освои златото на хронометарот на Светското првенство“, „BBC Sport“, BBC, 23 септември 2015 (посет. 23 септември 2015 г).

Надворешни врскиУреди