Тврдина Копакабана

Тврдина Копакабана (португалски: Forte de Copacabana) — воена база на јужниот крај на плажата, по која е познат округот Копакабана. Базата е отворена за јавноста и во неа се наоѓа Музејот за историја на армијата (Museu Histórico do Exército) и крајбрежната одбранбена тврдина, која всушност е самата тврдина.

Воздушна фотографија на тврдината

Историја

уреди
 
Купола со два 190 мм митралези во тврдината

Тврдината е изградена на ’рт, на кој првично се наоѓала мала капела во која се наоѓала реплика на девицата од Копакабана, светица-заштитничка на Боливија. Во 1908 година, бразилската војска започнала да гради современа одбранбена крајбрежна тврдина на ’ртот за заштита на плажата Копакабана и влезот во пристаништето на Рио де Жанеиро. Тврдината, завршена во 1914 година, се состои од две армирани куполи, едната поседува двојни топови Круп, а другата двојни 190 мм митралези.

Името на куполата со топовите е „Дуке де Кашијас“, а топовите се именувани „Барозо“ и „Озорио“. Оваа купола е зад и над онаа со митралезите од 190 мм, така што може да пука над нив. Топовите Круп може да испукаат гранати тешки 445 кг на далечина од 23 км. Името на куполата со митралезите од 190 мм е „Андре Видал“. Овие митралези може да пукаат од 200 метри до 18,2 км.[заб. 1]

Тврдината, исто така, има две мали склопувачки делови на крилата, секоја со митралез од 75 мм со агол на вртење од 180 степени и досег од 7 км. За разлика од големите топови, овие митралези не се наоѓаат повеќе таму. Северниот дел е именуван „Антонио Жоао“, а јужниот дел е именуван „Рикардо Франко“.[заб. 2]

На 5 јули 1922 година, тврдината била средишна точка на револтот на младите офицери во армијата. Бил прв револт на движењето „тенентиста“ во текот на Старата република. Бунтовните офицери ги свртеле топовите на тврдината кон Рио де Жанеиро. За задушување на револтот, владата ги донела воените бродови „Сао ПаулО“ и „Минар Гераес“. На 6 јули, „Саун Пауло“ ја бомбардирал тврдината, а по половина час подоцна, бунтовниците се предале.[1]

Бразил ја распуштил крајбрежната одбранбена артилерија во 1987 година. Во тоа време, војската ја напуштила тврдината. Куполата со топовите „Круп“ е една од неколкуте останати во светот со истиот дизајн.

Посета

уреди
 
Стражар при влезот на тврдината

Музејот е отворен од 10:00 наутро до 18:00 попладне, а тврдината е отворена од 10:00 наутро до 20:00 навечер, од вторник до недела и празници. Влезот за возрасни е 4 реали за возрасни, но постојат попусти и слободни тури за постари лица и деца. На влезот во тврдината се наоѓа стражар во униформа, каква што носеле војниците во тврдината, кога била отворена во 1914 година.

Музеј и парк

уреди
 
Хочкис топ во тврдината

Музејот има неколку изложби за различни периоди и настани во историјата на војската на Бразил. Сепак, учеството на Бразилскиот експедициски корпус на италијанска страна во Втората светска војна добило ограничено прикажување, додека бразилското учество во Втората светска војна никакво прикажување.

Надвор од музејот, постојат артилериски парчиња од крајот на XIX и почетокот на XX век.

Летни олимписки игри 2016

уреди

За Летните олимписки игри 2016, тврдината се очекува да биде домаќин на велосипедската друмска трка (почеток и крај), маратонското пливање и триатлонот.[2][3]

Белешки

уреди
  1. Дуке де Кашијас бил португалски војник и еден од основачите на бразилската војска во почетокот на XIX век. Франсиско Мануел Барозо да Силва бил бразилски адмирал. Мануел Луис Озорио бил бразилска политичка и воена личност од Рио. Андре Видал де Негреирос бил гувернер на португалската колонија Бразил во XVII век.
  2. Антонио Жоао Рибеиро бил началник, кој се истакнал во Парагвајската војна. Рикардо Франко де Алмеида Сера бил португалски војник, кој бил важен во почетокот на XIX век во Бразил и се смета за основач на инженерскиот вод на бразилската војска.

Наводи

уреди
  1. Guilherme Poggio. „Um encouraçado contra o forte: 2ª Parte“ (португалски). Poder Naval Online. Архивирано од изворникот на 2009-04-12. Посетено на 2016-08-07.
  2. Olympic Games Facilities: Copacabana Region
  3. „Rio de Janeiro Olympic venues map“. Архивирано од изворникот на 2016-03-17. Посетено на 2016-08-07.

Надворешни врски

уреди

22°59′12″S 43°11′16″W / 22.986763° ЈГШ; 43.187674° ЗГД / -22.986763; -43.187674