Дарил Импи

јужноафрикански велосипедист

Дарил Импи (англиски: Daryl Impey; р. 6 декември 1984 во Јоханесбург) — јужноафрикански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Џејко-АИУла.[1]

Дарил Импи
Импи на Трката околу Алберта 2014
Лични податоци
Цело имеДарил Импи
Роден6 декември 1984(1984-12-06)(39 г.)
Јоханесбург, Јужна Африка ЈАР
Висина1,83 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим Џејко-АИУла
Дисциплинадрумски велосиепдист
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Професионални клубови
2008–2009
2010
2011
2011
2012–
Барловорлд
Тим РадиоШек
МТН Кубека
Тим НетАп
ГринЕЏ
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 поединечна трка (2019)
1 ТТТ етапа (2013)

Етапни трки

Трка околу Турција (2009)
Трка околу Алберта (2014)
Тур Даун Андер (2018, 2019)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2018, 2019)
Национален хронометарски првак (2011, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019)
Последна промена
2 февруари 2020

Импи е универзален возал, но главно се бори на стрмните спринтови.[2][3]

Импи е двократен победник на Тур Даун Андер и единствен возач кој ја освоил трката две години по ред, освојувајќи ја во 2018,[4] и во 2019 година. Го освоил националното друмско првенство двапати и е осумкратен победник на националното хронометарско првенство, вклучувајќи седум последователни титули помеѓу 2013 и 2019 година.

Кариера

уреди
 
Импи ја носел жолтата маичка на Тур де Франс 2013

Откако возел за јужноафриканската екипа Барловорлд во 2008 и 2009 година, во 2010 година Импи се приклучил на Тим РадиоШек.[5] Првично, Импи за 2011 потпишал со австралиската екипа Пегасус, но бил присилен да бара друга екипа, откако Пегасус не успеал да добие лиценце од UCI.[6] По возењето за МТН Кубека и Тим НетАп во 2011, Импи му се приклучил на ГринЕЏ за првата сезона на екипата во 2012.[7] Тој освоил етапа на Трката околу Баскија во април оваа година, пред да го направи своето деби на некоја голема трка на Џиро д’Италија во мај.[8] Во 2013 станал првиот јужноафрикански предводник на Тур де Франс.[9]

Во јули 2014 година, Импи објавил дека се покажал позитивен на забранетото средство пробенецид на јужноафриканските друмски првенства во февруари, иако отфрлил какви било престапки.[10] Импи подоцна бил прогласен за виновен од обвиненијата на сослушувањето во август 2014 година, на кое било прифатено неговото објаснување дека пробенецидот влегол во неговиот систем преку капсули кои ги купил од аптека.[11] По неговото враќање, ја освоил Трката околу Алберта со една секунда предност благодарение на победата во последната етапа, која му донеле доволно бонус секунди да ја освои трката пред Том Димулен.[12] Импи ја потврдил неговата добра форма неколку денови подоцна, завршувајќи на четвртото место на Гран при Квебек.[13]

Во 2015 година морал да го напушти Тур де Франс откако бил вклучен во масовниот пад на третата етапа.[14] Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања.[15]

Достигнувања

уреди
2004
1. Етапа 5 Џиро дел Капо
6. Краен пласман Трка околу Тунис
2006
3. Африкански хронометарски првенства
2007
Џиро дел Капо
1. Пролог
1. Етапа 2
1. Етапа 10 Тур ду Марок
7. Дом2Дом Сајклинг Спектакулар
2008
1. Етапа 6 Хералд Сан Тур
6. Меморијал Вивијана Мансервиси
9. Светски Вју Челинџ 1
9. Светски Вју Челинџ 2
2009
1. Краен пласман Трка околу Турција
1. Етапа 4
2. Национално друмско првенство
3. Џиро дел Капо II
7. Џиро дел Капо IV
2011
1.   Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Тур ду Марок
1. Етапа 7
3. Краен пласман Трка околу Јужна Африка
9. Краен пласман Трка околу Азербејџан
2012
1. Етапа 2 Трка околу Баскија
1. Етапа 2 Трка околу Словенија
2013
1.   Национално хронометарско првенство
1. Етапа 2 Трка околу Баскија
1. Етапа 2 Трка околу Баварија
Тур де Франс
1. Етапа 4 (ТТТ)
2. Светско првенство во екипен хронометар
5. Краен пласман Енеко Тур
5. Вуелта а Ла Риоха
2014
1.   Национално хронометарско првенство
1. Етапа 3 Трка околу Баварија
1.   Краен пласман Трка околу Алберта
1. Етапа 5
2. Национално друмско првенство
4. Гран при Квебек
7. Краен пласман Тур Даун Андер
2015
1.   Национално хронометарско првенство
2. Вуелта а Ла Риоха
6. Класик Сид Ардеш
7. Краен пласман Тур Даун Андер
1.   Спринтерски пласман
2016
1.   Национално хронометарско првенство
3.   Светско првенство во екипен хронометар
2017
1.   Национално хронометарско првенство
1. Етапа 6 Волта а Каталуња
1. 94.7 Сајкл Челинџ
2018
Национални друмски првенства
1.   Друмска трка
1.   Хронометар
1.   Краен пласман Тур Даун Андер
Критериум ди Дофине
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
3. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
8. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
10. Брабантсе Пејл
2019
Национални друмски првенства
1.   Друмска трка
1.   Хронометар
1.   Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 4
1.   Краен пласман Трка околу Чешка
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 9 Тур де Франс
3. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
2020
6. Краен пласман Тур Даун Андер
3. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро СО
  Тур 111 74 СО 38 47 46 72
  Вуелта 84

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. „Wins from January to October: Mitchelton-Scott men confirm roster and goals for 2020“. Мичелтон-Скот. New Global Cycling Services. 11 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 2 јануари 2020.
  2. „ORICA GreenEDGE Cycling Australia : News : In His Own Words: Daryl Impey on Tour of Oman Stage 4“. Orica GreenEdge Cycling Australia. Архивирано од изворникот на 2018-01-23. Посетено на 2019-01-23.
  3. „CyclingQuotes.com Bonus seconds a goal for Impey“. cyclingquotes.com.
  4. „Daryl Impey wins Santos Tour Down Under, Andre Greipel claims final stage“. CyclingTips (англиски). 2018-01-21. Архивирано од изворникот на 2018-01-23. Посетено на 2018-01-23.
  5. „Impey joins Armstrong at RadioShack“. Cyclingnews.com.
  6. „Импи и Ван Голен пронајдоа нови екипи“. Velonation.com. 25 јануари 2011.
  7. „ГринЕЏ го добива Импи и Мајер“. Cycling News. Future Publishing Limited. 11 октомври 2011. Посетено на 1 јануари 2012.
  8. Декалуве, Брехт (23 април 2012). www.cyclingnews.com http://www.cyclingnews.com/news/goss-spearheads-greenedge-at-giro. Посетено на 12 мај 2012. Отсутно или празно |title= (help)
  9. Импи стана првиот Јужноафриканец во жолта маичка, cyclingnews.com
  10. „Дарил Импи: Јужноафриканскиот велосипедист падна на допинг тест“. bbc.co.uk. 2 јули 2014. Посетено на 2 јули 2014.
  11. „Дарил Импи: Јужноафриканскиот велосипедист прогласен за невин“. bbc.co.uk. 29 август 2014. Посетено на 30 август 2014.
  12. Пет Малак (7 септември 2014). „Impey wins Tour of Alberta“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 11 септември 2014.
  13. „Геранс го освои Гран при Квебек“. Cyclingnews.com. Future plc. 12 септември 2014. Посетено на 12 септември 2014.
  14. О’Ши, Садб (6 јули 2015). „Disastrous day for Orica-GreenEdge at Tour de France“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 6 јули 2015.
  15. „Вуелта а Еспања 2015“. Cycling Fever. Посетено на 21 август 2015.

Надворешни врски

уреди