Матеј Мохорич
Матеј Мохорич (словенечки: Matej Mohorič; р. 19 октомври 1994 во Крањ) — словенечки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Бахреин Викториус.[1] Мохорич станал професионалец во 2014 година.[2]
Мохорич на Трката околу Австрија 2018 | ||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Матеј Мохорич | |||||||||||||||||||||||
Роден | 19 октомври 1994 Крањ, Словенија | |||||||||||||||||||||||
Висина | 1,85 м | |||||||||||||||||||||||
Маса | 70 кг | |||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Тим Бахреин Викториус | |||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за искачување | |||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||
2013 | Сава | |||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||
2014 2015 2016-2017 2018- | Канондејл Канондејл-Гармин Лампре-Мерида Бахреин-Мерида | |||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
Последна промена 24 мај 2020 |
Кариера
уредиМохорич го освоил Светското јуниорско друмско првенство 2012[3] и Светското друмско првенство 2013 под 23 години,[4][5] станувајќи првиот возач кој ги освоил титулите на јуниорското и на првенството под 23 години во последователен редослед.[3]
Потпишал за екипата Канондејл за сезоната 2014.[6][7]
Потпишал со екипата Канондејл-Гармин за сезоната 2015.[2][8][9][10] Бил именуван во почетниот состав на екипата за Вуелта а Еспања 2015,[11] но се повлекол на шестата етапа.[12] Подоцна било објавено дека ќе се приклучи на Лампре-Мерида од 2016 година со двегодишен договор.[3] Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016.[13] Мохорич стигнал до првата своја етапна победа на некоја голема трка со соло победа на седмата етапа на Вуелта а Еспања 2017. На десеттата етапа на Џиро д’Италија 2018 стигнал до својата втора етапна победа на некоја голема трка, освојувајќи го меѓусебниот спринт против Нико Денц.
Во јули 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[14]
Достигнувања
уреди- 2011
- 7. Краен пласман Реџо Тур
- 2012
- 1. Краен пласман Џиро дела Луниџана
- 1. Планински пласман
- 1. Бодовен пласман
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3 (ITT)
- 1. Етапа 4
- 1. Светско јуниорско друмско првенство
- 2. Светско јуниорско хронометарско првенство
- 3. Европско јуниорско хронометарско првенство
- 4. Европско јуниорско друмско првенство
- 2013
- 1. Светско друмско првенство под 23 години
- 4. Национално друмско првенство
- 4. Национално хронометарско првенство
- 2014
- 5. Национално друмско првенство
- 2015
- 5. Национално друмско првенство
- 6. Јапонски куп
- 2016
- 2. Национално друмско првенство
- 3. Краен пласман Трка околу Хајнан
- 1. Етапа 6
- 2017
- 1. Етапа 7 Вуелта а Еспања
- 1. Хонгконг Челинџ
- 3. Национално друмско првенство
- 6. Краен пласман Трка околу Гуангси
- 8. Трофео Лаигвелја
- 2018
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Краен пласман БинкБенк Тур
- 1. Краен пласман Трка околу Германија
- 1. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
- 1. Етапа 10 Џиро д’Италија
- 1. Етапа 1 Трка околу Австрија
- 3. Краен пласман Трка околу Словенија
- 7. Џиро ди Тоскана
- 2019
- 1. Етапа 7 Трка околу Полска
- Национални првенства
- 2. Хронометар
- 5. Друмска трка
- 3. Гран Премио ди Лугано
- 5. Милано-Санремо
- 9. Гент-Вевелгем
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | 98 | 135 | 30 | — |
Тур | — | — | — | — | 119 |
Вуелта | СО | — | 30 | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ Останек, Даниел (26 декември 2019). „2020 Team Preview: Bahrain McLaren“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 1 јануари 2020.
- ↑ 2,0 2,1 „Матеј Мохорич“. Канондејл-Гармин. Колорадо: Slipstream Sports LLC. Архивирано од изворникот на 2015-01-21. Посетено на 25 јануари 2015.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Мохорич се приклучи на Лампре-Мерида“. Cyclingnews.com. 5 ноември 2015. Посетено на 7 ноември 2015.
- ↑ Аласдер Фотерингем (27 септември 2014). „Мохорич го освоил Светското друмско првенство под 23 години“. Cyclingnews.com. Future plc. Архивирано од изворникот на 2015-09-14. Посетено на 2 декември 2014.
- ↑ „Мохорич нападна за соло победа на Светското друмско првенства под 23 години“. VeloNews. Сан Диего, Калифорнија: Competitor Group, Inc. 27 септември 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2 декември 2014.
- ↑ „Канондејл Про Сајклинг го заокружува составот на екипата за 2014“. Cyclingnews.com. Англија: Future plc. 22 ноември 2013. Посетено на 14 октомври 2014.
- ↑ „Канондејл го откри составот од 27 возачи за 2014“. VeloNews. Сан Диего, Калифорнија: Competitor Group, Inc. 21 ноември 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 6 октомври 2014.
- ↑ Даниел Бенсон (15 септември 2014). „Mohoric signs with Cannondale team for 2015“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 14 октомври 2014.
- ↑ „Канондејл-Гармин Про Сајклинг го објави составот за 2015“. Cyclingnews.com. Англија: Future plc. 14 октомври 2014. Посетено на 14 октомври 2014.
- ↑ „Тим Канондејл-Гармин (TCG) - САД“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 25 јануари 2015.
- ↑ „Вуелта а Еспања 2015“. Cycling Fever. Посетено на 21 август 2015.
- ↑ „De La Cruz no toma la salida y se retira el esloveno Mohoric“ [De la Cruz doesn't take the start and the Slovenian Mohoric withdraws]. El Mundo Deportivo (шпански). Grupo Godó. 27 август 2015. Посетено на 27 август 2015.
- ↑ „99th Giro d'Italia Startlist“. Pro Cycling Stats. Посетено на 6 мај 2016.
- ↑ „2019: 106th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 1 јули 2019.
Надворешни врски
уреди„Матеј Мохорич“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Матеј Мохорич“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Матеј Мохорич“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Матеј Мохорич“. ProCycling.
- Достигнувања на Cycling Base Архивирано на 4 март 2016 г.