Кристијан Ѓурасек

хрватски велосипедист

Кристијан Ѓурасек (хрватски: Kristijan Đurasek; р. 26 јули 1987 во Вараждин) — хрватски професионален друмски велосипедизам, кој настапува од 2005 година и моментално вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.[1][2] Ја претставувал Хрватска на Летните олимписки игри 2012 завршувајќи 68. на друмската трка и на Летните олимписки игри 2016.

Кристијан Ѓурасек
Ѓурасек на Тур де Франс 2014
Лични податоци
Цело имеКристијан Ѓурасек
Роден26 јули 1987(1987-07-26)(37 г.)
Вараждин, СР Хрватска, СФРЈ СФР Југославија
Висина1,70 м
Маса56 кг
Податоци за клубот
Мом. клубОАЕ Тим Емирати
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Професионални клубови
2006–2008
2009-2011
2012
2013-
Перутнина Птуј
Лоборика
Адрија Мобил
Лампре-Мерида
Значајни победи
Етапни трки
Трка околу Турција (2015)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2011)
Национален хронометарски првак (2011)
Тре Вали Варезине (2013)
Последна промена
14 мај 2019

Професионална кариера

уреди

Перутнина Птуј (2006–2008)

уреди

Ѓурасек започнал да вози за словенечката континентална екипа Перутнина Птуј во 2006 година, но неговата професионална кариера започнува дури во 2008 година. Во тоа време немал голем успех на меѓународните трки. Настапувал за Перутнина Птуј три години, кога освоил пет медали на националните првенства.

Лоборика (2009–2011)

уреди

Ѓурасек потпишал договор со хрватската континентална екипа Лоборика на почетокот на 2009 година.[3] Во 2011 година ја освоил првата трка од Европската турнеја, на ГП Фолињано. Два дена подоцна, го повторил успехот со победа на Трофео Бастијанели.[4] Во текот на овој период освои уште три медали на националните првенства, вклучувајќи ги и двете титули на првенствата во 2011 година.

Адрија Мобил (2012)

уреди

Во 2012 година, Ѓурасек настапувал за континенталната екипа Адрија Мобил. Негови најголеми резултати биле третото место на ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано, седмото место на Џиро дел’Апенино и третото место на етапа на Џиро ди Паданија. Настапил на Летните олимписки игри 2012, како доцна замена за Роберт Кишерловски, кој се повредил на четиринаесеттата етапа на Тур де Франс.[5][6] Завршил 68. на друмската трка, 40 секунди зад победникот Александар Винокуров.

Лампре-Мерида (2013–)

уреди
 
Ѓурасек на втората етапа на Тур де Свис 2015, која подоцна ја освоил

На крајот на сезоната 2012, Ѓурасек потпишал договор со Лампре-Мерида за сезоната 2013. Со тоа станал третиот хрватски велосипедист кој некогаш возел за UCI ProTeam.[1][7] Негова прва трка во Светската турнеја била Париз-Ница, каде завршил 80. Негова прва победа била на Тре Вали Варезине на 23 август 2013. На крајот на сезоната 2013, Ѓурасек настапил на Светското првенство на друмската трка, но не успеал да ја заврши трката. Завршил седми на Трката околу Турција 2014, 45 секунди зад победникот Адам Јејтс.

Во 2015 година, Ѓурасек ја освоил водечката маичка на Трката околу Турција на шестата етапа со завршница на нагорнина, преземајќи го водството од Давиде Ребелин.[8] Ја освоил трката во генералниот пласман, забележувајќи историски резултат за хрватскиот велосипедизам.[9] На Тур де Свис ја освоил втората етапа со напад на водечката група од осум други велосипедисти, оставајќи четири секунди разлика.[10] Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2015.[11]

Во 2016 година, Ѓурасек се натпреварувал на вторите олимписки игри. На Игрите одржани во Бразил, Ѓурасек завршил 18. со повеќе од 3 минути зад победникот Грег ван Авермат. Со тоа го имал најдобриот пласман на Хрватска на ЛОИ на велосипедските настани. Истата година учествувал на Тур де Франс и на Вуелта а Еспања.

На почетокот на сезоната 2017, Ѓурасек освоил етапа на Трката околу Хрватска, претекнувајќи го Винченцо Нибали.

Достигнувања

уреди
2007
2. Национално хронометарско првенство
2008
3. Национално друмско првенство
2009
2. Трка околу Војводина II
6. ГП Каподарко
7. Трофео Интернационале Бастијанели
10. Краен пласман Трка околу Србија
2010
2. Трофео Интернационале Бастијанели
2. Трка околу Војводина II
3. Краен пласман Трка околу Горна Австрија
5. Краен пласман Џиро дел Фриули
8. Трофео Г. Бјанкин
10. Белград-Бања Лука I
2011
1.   Национално друмско првенство
1.   Национално хронометарско првенство
1. ГП Фолињано
1. Трофео Интернационале Бастијанели
3. Краен пласман Трка околу Словачка
4. Меморијал Хенрик Ласак
2012
2. Национално друмско првенство
2. Национално хронометарско првенство
3. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
7. Џиро дел’Апенино
8. Белград-Бања Лука II
9. Краен пласман Џиро ди Паданија
2013
1. Тре Вали Варезине
2014
7. Краен пласман Трка околу Турција
2015
1.   Краен пласман Трка околу Турција
1. Етапа 2 Тур де Свис
2017
1. Етапа 2 Трка околу Хрватска
2018
9. Краен пласман Трка околу Калифорнија

Распоред на резултати на големите трки

уреди
Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018
  Џиро 68
  Тур 46 76 51 50 40
  Вуелта 63 67

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Ѓурасек, прв хрватски возач за Тим Лампре“. Лампре-ИСД. New Master SRL. 9 ноември 2012. Посетено на 4 декември 2012.
  2. „Лампре-Мерида (LAM) – ИТА“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2013-09-28. Посетено на 6 јануари 2013.
  3. „Рогина и Ѓурасек пристапиле на Лоборика“. BK-Loborika.hr (хрватски). BK Loborika. 6 јануари 2006. Архивирано од изворникот на 2011-05-27. Посетено на 2 јануари 2013.
  4. „Ѓурасек повторно победи!“. BK-Loborika.hr (хрватски). BK Loborika. 7 август 2011. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2 јануари 2013.
  5. „Hooligans throw tacks on race course, Kiserlovski crashes out“. VeloNation. VeloNation LLC. 15 јули 2012. Посетено на 2 јануари 2013.
  6. „Наместо повредениот Кишерловски во Лондон патува Ѓурасек“. Index.hr (хрватски). Index. 20 јули 2012. Посетено на 2 January 2013.
  7. „Ѓурасек во Лампре ИСД (Мерида)“. HBS (хрватски). Хрватска велосипедска федерација. 26 септември 2012. Посетено на 29 септември 2012.
  8. „Трка околу Турција: Билбао победи на шестата етапа во Селчук“. Cyclingnews.com. Future plc. 1 мај 2015. Посетено на 1 мај 2015.
  9. Стивен Падикомб (3 мај 2015). „Durasek wins Tour of Turkey as Mas pips Cavendish on final stage“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 3 мај 2015.
  10. Ричард Виндзор (14 јуни 2015). „Герант Томас се помести на второто место на Тур де Свис додека Кристијан Ѓурасек освои етапа“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 14 јуни 2015.
  11. „Вуелта а Еспања 2015“. Cycling Fever. Посетено на 21 август 2015.

Надворешни врски

уреди