Јукија Араширо
Јукија Араширо (新城幸也 (Arashiro Yukiya ); р. 22 септември 1984 во Ишигаки, Окинава) — јапонски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Бахреин Викториус.[1]
Араширо на Тур де Франс 2017 | ||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Јукија Араширо | |||||||||||||||||
Роден | 22 септември 1984 Ишигаки, Јапонија | |||||||||||||||||
Висина | 1,70 м | |||||||||||||||||
Маса | 65 кг | |||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||
Мом. клуб | Тим Бахреин Викториус | |||||||||||||||||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | |||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | |||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||
2006 2007 2008 2009–2015 2016 2017- | Сајкл Рејсинг Тим Ванг Нипо Корпорација Меитан Хомпо-ГДР Ббокс Буиг Телеком Лампре-Мерида Бахреин-Мерида | |||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
Последна промена 30 ноември 2019 |
Кариера
уредиВо 2005 година станал национален хронометарски и друмски првак под 23 години. Исто така станал националн друмски првак во 2007 и 2013.
Во 2009 година бил избран од неговата екипа да вози на Тур де Франс.[2] Заедно со Фумијуки Бепу, тој бил првиот Јапонец, кој ја завршил трката. (Кисо Кавамуро и Даисуке Иманака започнале, но не ја завршиле трката претходно.[3]) Со завршувањето на Џиро д’Италиа 2010, тој станал првиот Јапонец, кој завршил две големи трки.[4] Го завршил неговиот трет Тур де Франс во 2012 на 84. место - највисок пласман за Јапонец дотогаш[5] — и ја освоил наградата за најборбен возач на етапата 4.[6]
Учествувал на друмската трка за мажи на Летните олимписки игри 2012 и завршил на 48. место.[7] Неколку недели по Олимпијадата, станал првиот Јапонец кој освоил трка категоризирана како HC од UCI, Тур ду Лимузен.[8] Настапувајќи на Вуелта а Еспања 2015,[9] станал првиот Јапонец кој ги завршил трите големи трки.[10]
Завршил на 27. место на олимписката друмска трка.
Достигнувања
уреди- 2005
- 1. Национално хронометарско првенство под 23 години
- 1. Национално друмско првенство под 23 години
- 2006
- 2. Етапа 1 Трка околу Јапонија
- 3. Краен пласман Тур ду Лимузен
- 3. Краен пласман Тур де Окинава
- 2007
- 2. Етапа 4 Тур де Бретањ
- 1. Национално друмско првенство
- 2. Тур ду Јура
- 2. Краен пласман Вуелта Сиклиста а Леон
- 3. Краен пласман и етапна победа Тур де Хокаидо
- 3. Краен пласман Тур де Окинава
- 2008
- 3. Азиско велосипедско хронометарско првенство
- 1. Етапа 2 и 3. краен пласман Тур де Кумано
- 1. Етапа 2 и 3. краен пласман Тур ду Лимусен
- 1. Краен пласман и две етапни победи Тур де Окинава
- 2009
- 5. Етапа 2 Тур де Франс (129. краен пласман)
- 2010
- 3. Етапа 5 Џиро д’Италија (93. краен пласман)
- 1. Критериум Килан
- 9. Светско друмско првенство UCI
- 5. Париз-Тур
- 2011
- 1. Азиско велосипедско друмско првенство
- 2. Национално друмско првенство
- 2012
- 1. Краен пласман Тур ду Лимузен
- Награда за борбеност на етапа 4 Тур де Франс
- 2013
- 1. Национално друмско првенство
- 2. Краен пласман Тур ду Лимузен
- 2014
- 10. Амстел Голд Рејс
- 2015
- 3. Јапонски куп
- 5. Париз-Камемберт
- 2016
- 1. Етапа 7 Трка околу Јапонија
- 2. Азиско друмско првенство
- Награда за борбеност на етапа 6 на Тур де Франс
- 9. Јапонски куп
- 2017
- 3. Хонгконг Циклотон
- 2018
- Азиско друмско првенство
- 1. Краен пласман Тур де Тајван
- 2019
- Национални првенства
- 2. Друмска трка
- 7. Хронометар
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | 93 | — | — | — | 127 | — | — | — | — | — |
Тур | 129 | 112 | — | 84 | 99 | 65 | — | 116 | 109 | — | — |
Вуелта | — | — | — | — | — | — | 65 | 106 | — | — | 110 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Bahrain Merida Pro Cycling Team“. Merida Bikes. Merida Industry Co., Ltd. Архивирано од изворникот на 1 јануари 2019. Посетено на 1 јануари 2019.
- ↑ „Arashiro Flies Flag For Japan in Tour de France“. Архивирано од изворникот на 2016-03-25. Посетено на 2012-07-14.
- ↑ Кене, Жан-Франсоа. „Tour de France likely for two Japanese riders“. Cyclingnews. Посетено на 16 мај 2012.
- ↑ Ајано, Макото (31 мај 2010). „Arashiro Yukiya ga Jiro de Itaria sōgō 93-i kansō“. Cyclowired (јапонски). Посетено на 31 мај 2010.
- ↑ „Arashiro Yukiya rēsu-go intabyū“. Cyclowired. Посетено на 28 јули 2012.
- ↑ Бенсон, Даниел. „Грајпел победи на етапата во Руен на Тур де Франс“. CyclingNews.com. Посетено на 28 јули 2012.
- ↑ „Друмска трка за мажи“. Лондон 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 9 август 2012.
- ↑ Tsuji, Kei. „Nihonjin hatsu no chōkyū kategorī rēsu seiha“. Cyclowired. Посетено на 18 август 2012.
- ↑ „Вуелта а Еспања 2015“. Cycling Fever. Посетено на 21 август 2015.
- ↑ Iijima, Miwa. „新城幸也が日本人初のグランツール3大会完走“. Cyclist Sanspo (јапонски). Архивирано од изворникот на 2015-09-15. Посетено на 14 септември 2015.
Надворешни врски
уреди„Јукија Араширо“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Јукија Араширо“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Јукија Араширо“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Јукија Араширо“. ProCycling.