Стив Камингс
Стивен Филип „Стив“ Камингс (англиски: Stephen Philip "Steve" Cummings; р. 19 март 1981) — поранешен англиски професионален друмски и велодромски велосипедист,[2] кој возел професионално во периодот 2005-2019 за екипите Ландбувкредит-Колнаго, Дискавери Канал, Барловорлд, Тим Скај, Ванти-Груп Гобер и Тим Дименжн Дата.
Камингс на Трката околу Британија 2016 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Стивен Филип Камингс | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Стив-о | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 19 март 1981 Клетербриџ, Англија, Обединето Кралство | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,90 м[1] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 75 кг[1] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | пензиониран | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за бегства | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
— | Биркенхед Нортх Енд СС | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2005–2006 2007 2008–2009 2010–2011 2012–2014 2015-2019 | Ландбувкредит-Колнаго Дискавери Канал Барловорлд Тим Скај Аксент.џобс-Вилемс Веранда Тим Кубека Асос | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Животопис
уредиКамингс ја освоил екипната потера на Светските велодромски првенства 2005 во Лос Анџелес и на Комонвелтските игри 2006. Исто така освоил бронза во поединечна потера. На Олимпијадата 2004 во Атина, Камингс и Велика Британија оствариле време од 3:59.
Во 1999 година возел за Биркенхед Норт Енд СС како јуниор, со 17 години, Камингс ја освоил друмската трка Меморијал Еди Сенс, трка отворена за сите категории. Тоа било првпат во период од 46 години да победи јуниор. Истата година го освоил националното друмско првенство за јуниори.
Во 2006 година возел за Ландбувкредит-Колнаго и бил втор на Трофео Лаигвелја, зад Алесандро Балан од Лампре-Фондитал. Во 2007 се префрлил во екипата Дискавери Ченл, пред да замине во Барловорлд во 2008 година.
Негова прва професионална победа била во 2008, на втората етапа на Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија.
Во февруари 2021 година, Камингс објавил дека ќе се врати во Инеос Гренадиерс, приклучувајќи се во управата на екипата како развоен спортски директор и тренер.[3]
Тим Скај (2010-2011)
уредиКамингс му се приклучил на новосоздадениот британски Тим Скај за сезоната 2010.
Во 2011, возејќи за Скај, ја имал најуспешната трка за него во професионална кариера, на Волта ао Алгарве. Ја освоил третата етапа која завршувала на нагорнина пред Алберто Контадор, со што го преземал водството на трката, кое го задржал до последниот хронометар; завршил на седмото место.
Во септември, Камингс завршил втор на Трката околу Британија. Подоцна истиот месец објавил дека ќе му се приклучи на Аксент.џобс-Вилемс Веранда за сезоната 2012.[4]
Камингс бил дел од екипата на Велика Британија, која му помогнала на Марк Кевендиш да победи на друмската трка на Светското друмско првенство во Копенхаген. Потоа завршил 4. во генералниот пласман на првото издание на Трката околу Пекинг.
БМЦ Рејсинг Тим (2012-2015)
уредиВо февруари 2012, Камингс ја скршил својата карлица во несреќа додека настапувал на Волта ао Алгарве. [5] Во април повторно имал лоша среќа, откако се здобил со фрактура на левиот зглоб на Трката околу Баскија.[6] Повторно се вратил од овие повреди и настапил на Тур де Франс, каде бил помошник за неговиот водач Кедел Еванс и завршил 95. во генералниот пласман.[7] На Вуелта а Еспања 2012 стигнал до првата победа на Гранд Тур. На етапата 13, се одвоил со шест други возачи во првиот час на етапата. Бегството се одржало до самиот крај, а на 4 километри пред целта нападнал и направил разлика. Го одржал неговото водство и победил со четири секунди предност пред останатите членови на бегството, Камерон Мајер од Орика-ГринЕЏ и возачот на Тим Скај Хуан Антонио Флеча.[8]
МТН-Кубека (2015-2019)
уредиВо октомври 2014 година, Камингс објавил дека ќе се приклучи на МТН Кубека за сезоната 2015.[9]
На 18 јули 2015 година, Камингс ја освоил четиринаесеттата етапа на Тур де Франс 2015, победувајќи ги француските возачи Тибо Пино и Ромен Барде, 1,5 километри по искачувањето од втора категорија. Тоа било прва етапна победа на Тур де Франс за Камингс и неговата африканска екипа МТН Кубека.[10] На 8 јули 2016 имал уште една победа од бегство на Тур де Франс, овој пат на седмата етапа, со разлика од 65 секунди пред Дарил Импи и Даниел Наваро.[11]
Во јули 2016 година бил додаден во репрезентацијата на Велика Британија за Летните олимписки игри, заменувајќи го Питер Кенох.[12]
Камингс ја имал својата најважна победа на етапна трка во кариерата на Трката околу Британија 2016. Завршил втор на втората етапа, освојувајќи минута пред неговите сопрници. Подоцна го презел водството на шестата етапа и ја задржал позицијата во останатите два дена.[13]
На Трката околу Баскија 2017, Камингс имал сериозен пад, завршувајќи на операција. По долг период на опоравување, ги освоил националните првенства, друмското и хронометарското, станувајќи само втор возач кој ги освоил обете титули по истиот подвиг на Дејвид Милар во 2007 година.[14]
Во ноември 2019 година, Камингс го објавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам.[15]
Достигнувања
уреди- 1999
- 1. Национално јуниорско друмско првенство
- 1. Друмска трка Меморијал Еди Сенс
- 2001
- 1. Национално велодромско првенство - екипна потера
- 2004
- 2. Олимписки игри - екипна потера
- 2005
- 1. Светско велодромско првенство - екипна потера
- 1. Национално велодромско првенство - екипна потера
- 2. Национално друмско првенство
- 6. Гран при де Вијер-Котерет
- 2006
- Комонвелтски игри
- 1. Национално велодромско првенство - екипна потера
- 2. Светско велодромско првенство - екипна потера
- 2. Трофео Лаигвелја
- 2007
- 1. Светски велодромски куп - екипна потера, Сиднеј
- 2008
- 1. Копа Берноки
- 2. Краен пласман Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија
- 1. Етапа 2
- 2. Краен пласман Трка околу Данска
- 2. Краен пласман Трка околу Британија
- 2009
- 1. Ден 3 Џиро дел Капо
- 4. Копа Берноки
- 5. Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија
- 7. Трофео Лаигвелја
- 2010
- 4. Краен пласман ГП Сиклисте ла Марселеза
- 2011
- 2. Национално хронометарско првенство
- 2. Краен пласман Трка околу Британија
- 4. Краен пласман Трка околу Пекинг
- 7. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 3
- 9. Краен пласман Трка околу Полска
- 9. Краен пласман Средоземна трка
- 2012
- 1. Етапа 13 Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 5 Трка околу Пекинг
- 2013
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Катар
- 2014
- 1. Краен пласман Средоземна трка
- 1. Етапа 4 (ITT)
- 2. Краен пласман Трка Дубаи
- 4. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
- 7. Комонвелтски игри - хронометар
- 8. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
- 2015
- 1. Трофео Андрат-Мирадор д’ес Коломер
- 1. Етапа 14 Тур де Франс
- 6. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 6. Краен пласман Сиркут Сиклист Сарт
- 2016
- 1. Краен пласман Трка околу Британија
- 1. Етапа 7 Тур де Франс
- 1. Етапа 4 Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 3 Трка околу Баскија
- 1. Етапа 7 Критериум ди Дофине
- 2017
- Национални друмски првенства
- 1. Етапа 1 Џиро ди Тоскана
- Награда за борбеност на етапа 12 на Тур де Франс
- 2019
- 3. Национално хронометарско првенство
- 10. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 110 | 96 | — | 55 | — | — | 149 | — | — | — | — | — | — |
Тур | — | — | — | 151 | — | 95 | — | — | 86 | 140 | 141 | — | 129 |
Вуелта | — | — | — | — | — | 156 | — | — | 102 | — | — | 124 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Биографија за спортист - КАМИНГС Стивен“. Официјална страница на Олимпијадата Пекинг. Архивирано од изворникот на 2008-08-13. Посетено на 2012-08-31.
- ↑ Farrand, Stephen (26 November 2019). „Steve Cummings: The retirement interview“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 3 January 2020.
- ↑ Benson, Daniel (8 February 2021). „Steve Cummings signs with Ineos as development director and coach“. cyclingnews.com. Посетено на 24 April 2021.
- ↑ Бул, Ник (30 септември 2011). „Стив Камингс го напушта Скај за БМЦ“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 1 јануари 2012.
- ↑ „Steve Cummings faces Olympic fitness battle after breaking pelvis“. BBC Sport. 18 февруари 2012. Посетено на 18 февруари 2012.
- ↑ Alasdair Fotheringham (31 август 2012). „Cummings puts injuries behind him for biggest career win“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 31 август 2012.
- ↑ „Tour de France 2012, stage 20: race details and standings“. The Telegraph. Telegraph Media Group Limited 2012. 22 јули 2012. Посетено на 31 август 2012.
- ↑ Бери Рајан (31 август 2012). „Камингс сам до победа во Ферол“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 31 август 2012.
- ↑ Вин, Најџел (1 октомври 2014). „Стив Камингс потпиша со МТН-Кубека“. Cycling Weekly. Посетено на 1 октомври 2014.
- ↑ „Cummings celebrates a big day out at the Tour de France“. Cyclingnews.com. 18 јули 2015. Посетено на 18 јули 2015.
- ↑ „Tour de France 2016: Steve Cummings wins stage seven“. BBC Sport. 8 јули 2016. Посетено на 8 јули 2016.
- ↑ „Rio 2016: Steve Cummings replaces Peter Kennaugh in GB road race team“. BBC Sport. Посетено на 19 јули 2016.
- ↑ Вилијам Фотерингем (11 септември 2016). „Steve Cummings claims Tour of Britain for biggest win of career“. The Guardian. Посетено на 12 септември 2016.
- ↑ „Steve Cummings: 'That was the worst race I have ever done in my life'“. cyclingweekly.com. 25 јуни 2017. Посетено на 26 јуни 2017.
- ↑ „Steve Cummings: Olympic silver medallist retires from cycling aged 38“. bbc.co.uk. 20 November 2019. Посетено на 23 November 2019.
Надворешни врски
уреди„Стив Камингс“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Стив Камингс“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Стив Камингс“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Стив Камингс“. ProCycling.