Естебан Чавес
Хоан Естебан Чавес Рубио (шпански: Jhoan Esteban Chaves Rubio; р. 17 јануари 1990 во Богота) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Џејко-АИУла.[2] Чавес настапувал како професионалец од почетокот на сезоната 2012, потпишувајќи за екипата Колумбија-Колдепортес,[3] откако три сезони поминал како аматер со екипата Колумбија ес Пасион-Колдепортес.
Чавес на Вуелта а Еспања 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Хоан Естебан Чавес Рубио | ||
Прекар | Чавито[1] | ||
Роден | 17 јануари 1990 Богота, Колумбија | ||
Висина | 1,64 м | ||
Маса | 54 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Тим Џејко-АИУла | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Аматерски клубови | |||
2009–2011 | Колумбија ес Пасион-Колдепортес | ||
Професионални клубови | |||
2012–2013 2014– | Колумбија-Колдепортес Орика-ГринЕЏ | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 9 април 2019 |
Кариера
уредиРана кариера
уредиКако аматер, Чавес победил на француската трка Тур де л’Авенир во 2011. Чавес бил дел од бегството на првата друмска трка на етапата, преземајќи ја маичката за планинскиот пласман по етапата.[4] Го препуштил водството на Гарикоиц Браво следниот ден, но повторно го преземал на третата етапа.[5] Браво повторно го преземал водството по четвртата етапа до крајот на трката, но Чавес имал за цел за победа на целата трка со неколку последователни завршници во првите десет,[6] и доцнел зад предводникот на трката Давид Боали седум секунди пред последната етапа. Чавес бил дел од четиричленото бегство кое се одвоило по претпоследното искачување и иако бил поразен на целта од Варан Баргиј и Матија Катанео, третото место на Чавес и разликата од 24 секунди на групата, му овозможила да победи на трката за 17 секунди.[7]
Колумбија Колдепортес (2012-2013)
уредиЧавес станал професионалец со новосоздадената екипа Колумбија-Колдепортес во сезоната 2012,[8] откако неговата поранешна екипа Колумбија ес Пасион-Кафе де Колумбија се вратила на домашните трки во Колумбија. Настапувал на неколку од претсезонските италијански трки, вклучувајќи го Тирено-Адријатико, но се повлекол од трката на претпоследниот ден. Откако завршил 18. на неговата домашна трка, Вуелта а Колумбија, Чавес се вратил во Европа за Пруеба Вилјафранка де Ордизија. Чавес направил напад на 10 километри пред целта, но возачот на Еускалтел-Еускади Горка Изагире го поразил Чавес на целта.[9] Чавес продолжил на Вуелта а Бургос, каде ја освоил последната етапа на трката. Колегите од Тим Скај Ригоберто Уран и Серхио Енао се одвоиле од групата на последното искачување и единствено Чавес можел да ги следи; на крајот Чавес ги победил неговите поранешни колеги доаѓајќи до својата прва професионална победа на целта и завршувајќи на трката на третото место.[10] Следниот викенд, Чавес ја однел победата на ГП Чита ди Камаиоре.[11]
Чавес се здобил со сериозни повреди при пад на Трофео Лаигвелја во февруари 2013.[12]
Орика-ГринЕЏ (2014-денес)
уредиЧавес се префрлил во екипата Орика-ГринЕЏ за сезоната 2014 на двегодишен договор.[13]
2015
уредиНа Вуелта а Еспања 2015, Чавес ја освоил втората етапа претекнувајќи ги Том Димулен(Џајант-Алпецин) и Николас Роуш (Тим Скај) на врвот на искачувањето од трета категорија. Со тоа го преземал водството во трката.[14] Чавес го изгубил водството на трката на петтата етапа, кога групата се поделила при целта и доцнел 6 секунди зад Димулен.[15] Меѓутоа, на шестата етапа, Чавес нападнал на 2 километри од врвот на завршното искачување и се одржал пред Даниел Мартин и Димулен со пет секунди за негова втора етапна победа и повторно преземање на водството.[16] Во текот на Вуелта, Чавес го продолжил договорот за дополнителни три сезони.[17] На крај завршил на Вуелта на петтото место.[18]
2016
уредиСезоната 2016 била одлична за него откако завршил втор во генералниот пласман на Џиро д’Италија и трет на Вуелта а Еспања. На 1 октомври 2016 година, Чавес ја освоил Џиро ди Ломбардија, негова прва победа на еден од петте велосипедски „монументи“.[19]
2017
уредиВо јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[20] Се мачел на трката, на крајот завршувајќи на 62. место, скоро два и пол часа зад победникот Крис Фрум.[21] Се вратил на Вуелта а Еспања подоцна во сезоната. Покажал добра форма на воведните етапи,[22] но подоцна завршил само како единаесетти.[23]
2018
уредиЧавес ја започнал својата сезона со Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“, пред да настапи на Хералд Сан Тур. Се одвоил од главната група на последното искачување на претпоследната етапа, освојувајќи ја победата и преземајќи го водството во генералниот пласман.[24] Го одржал водството и ја освоил трката следниот ден, негова втора победа на етапна трка. Чавес настапил на Џиро д’Италија 2018,[25] каде ја освоил шестата етапа
Достигнувања
уреди- 2006
- 2. Национално младинско друмско првенство
- 2009
- 1. Етапа 1 Вуелта а Кундинамарка
- 2010
- 5. Краен пласман Сиркуито де Комбита
- 2011
- 1. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 1. Етапа 1 Класика Клуб Депортиво Бојака
- 3. Краен пласман Сиркуито де Комбита
- 2012
- 1. ГП Чита ди Камаиоре
- 1. Пласман за млад возач Вуелта а Колумбија
- 2. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
- 3. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 1. Етапа 5
- 1. Пласман за млад возач
- 5. Меморијал Марко Пантани
- 6. Светско друмско првенство под 23 години
- 2014
- 1. Етапа 8 Тур де Свис
- 3. Краен пласман Трка околу Пекинг
- 4. Краен пласман Тур де Лангкави
- 7. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 1. Етапа 6
- 2015
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
- 1. Краен пласман Трка Абу Даби
- 5. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 6
- 8. Џиро ди Ломбардија
- 2016
- 1. Џиро ди Ломбардија
- 1. Џиро дел’Емилија
- 2. Краен пласман Џиро д’Италија
- 1. Етапа 14
- 3. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 2017
- 2. Краен пласман Тур Даун Андер
- 9. Краен пласман Хералд Сан Тур
- 2018
- 1. Краен пласман Хералд Сан Тур
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 6 Џиро д’Италија
- 2019
- 1. Етапа 19 Џиро д’Италија
- 6. Краен пласман Трка околу Словенија
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолеми трки | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | 55 | 2 | — | 72 | 40 |
Тур | — | — | — | 62 | — | — |
Вуелта | 41 | 5 | 3 | 11 | — | 19 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „"Chavito" getting to like it!“. Колумбија-Колдепортес. Libero. 11 август 2012. Посетено на 11 август 2012.
- ↑ „Wins from January to October: Mitchelton-Scott men confirm roster and goals for 2020“. Мичелтон-Скот. New Global Cycling Services. 11 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 2 јануари 2020.
- ↑ Стоукс, Шејн (6 декември 2011). „Complete Colombia-Coldeportes 2012 roster finalized, team to push for big invites“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 11 август 2012.
- ↑ „Хофланд победи од бегство во Линевил“. Cycling News. Future Publishing Limited. 5 септември 2011. Посетено на 11 август 2012.
- ↑ „Хепбурн ја освои втората етапа на Тур де л'Авенир“. Cycling News. Future Publishing Limited. 7 септември 2011. Посетено на 11 август 2012.
- ↑ „Колумбија ја одбрани титулата на Тур де л'Авенир“. Cycling News. Future Publishing Limited. 12 септември 2011. Посетено на 11 август 2012.
- ↑ Стоукс, Шејн (12 септември 2011). „Чавес ја запечати победата на Тур де л'Авенир за Колумбија“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 11 август 2012.
- ↑ „Заокружен составот на Колумбија-Колдепортес 2012“. Колумбија-Колдепортес. Libero. 9 јануари 2012. Посетено на 11 август 2012.
- ↑ „Изагире триумфирал во Шпанија“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. 25 јули 2012. Посетено на 11 август 2012.
- ↑ „Outstanding Chaves' premiere at Vuelta a Burgos“. Колумбија-Колдепортес. Libero. 5 август 2012. Архивирано од изворникот на 2013-01-19. Посетено на 11 август 2012.
- ↑ „Camaiore, a party for Chaves; Bravo Pellizotti: third“. La Gazzetta dello Sport (италијански). RCS MediaGroup. 11 август 2012. Посетено на 11 август 2012.
- ↑ Мур, Кајл (18 февруари 2013). „Colombia's Johan Esteban Chaves recovering after Trofeo Laigueglia crash“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 18 февруари 2013.
- ↑ „Орика ГринЕЏ потпиша со Естебан Чавес“. Cyclingnews.com. Future plc. 18 октомври 2013. Посетено на 16 декември 2013.
- ↑ Мекви, Најал (23 август 2015). „Esteban Chaves wins second stage to take overall Vuelta a España lead“ – преку The Guardian.
- ↑ „Caleb Ewan takes maiden Grand Tour victory on Vuelta a España stage five“. 26 август 2015.
- ↑ „Esteban Chaves regains Vuelta a España lead from Tom Dumoulin“. 27 август 2015 – преку The Guardian.
- ↑ Виндзор, Ричард (8 септември 2015). „Esteban Chaves earns extended contract with Orica-GreenEdge after Grand Tour breakthrough“. Cycling Weekly. Time Inc. (UK) Ltd. Посетено на 8 септември 2015.
- ↑ „Fifth place overall for Chaves at the Vuelta a Espana“.
- ↑ „Giro di Lombardia: Esteban Chaves beats tearful Diego Rosa“. BBC. 1 октомври 2017. Архивирано од изворникот на 26 февруари 2018. Посетено на 26 февруари 2018.
- ↑ „2017: 104th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 28 јуни 2017.
- ↑ Флечер, Патрик (23 јули 2017). „Chaves fights through setbacks to make Paris in Tour de France debut“. cyclingnews.com. Архивирано од изворникот на 26 февруари 2018. Посетено на 26 февруари 2018.
- ↑ „Esteban Chaves impresses on challenging Vuelta a Espana stage into Gruissan“. Еurosport. 21 август 2017. Архивирано од изворникот на 26 February 2018. Посетено на 26 февруари 2018.
- ↑ „Chris Froome completes Tour de France - Vuelta a Espana double“. cyclingnews.com. 11 септември 2017. Архивирано од изворникот на 26 февруари 2018. Посетено на 26 февруари 2018.
- ↑ „Chaves moves into Herald Sun Tour lead with Lake Mountain stage win“. cyclingnews.com. 4 февруари 2018. Архивирано од изворникот на 26 февруари 2018. Посетено на 26 февруари 2018.
- ↑ „Chaves seals Herald Sun Tour overall victory“. Cycling Weekly. 8 февруари 2018. стр. 14. Отсутно или празно
|url=
(help)
Надворешни врски
уреди„Естебан Чавес“ на Ризницата ? |
- Естебан Чавес на Твитер
- „Достигнувања на Естебан Чавес“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Естебан Чавес“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Естебан Чавес“. ProCycling.