Даниел Теклехајманот
Даниел Теклехајманот Гирмазион (тигриња: ዳንኤል ተክለሃይማኖት ግርማጽዮን; р. 10 ноември 1988) — еритрејски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Кофидис.[1]
Теклехајманот на Тур де Франс 2015 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Даниел Теклехајманот Гирмазион | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 10 ноември 1988 Дебарва, Еритреја | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,88 м | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 71 кг | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Кофидис | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2009–2011 | Сентре мондијал ди сиклисм | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2008 2010 2012-2013 2014-2017 2018- | Аморе & Вита-Мекдоналдс (стажант) Сервело ТестТим (стажант) ГринЕЏ МТН Кубека Кофидис | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 10 февруари 2018 |
Кариера
уредиТеклехајманот бил член на тренинг програмата на Светскиот велосипедистички центар на UCI пред да потпише за новата австралиска велосипедска екипа ГринЕЏ во 2012 година.[2] Додека бил во Светскиот велосипедистички центар му била дијагностицирана тахикардија, која била отстранета со операција на почетокот во 2009 година. Се вратил со возење во мај истата година и завршил шести во генералниот пласман на Тур де л’Авенир.[3] Во 2010 година возел како стажант за Сервело ТестТим. Истата година ја освоил друмската трка, поединечниот хронометар и екипниот хронометар на африканските првенства, како на елитни, така и за возачи под 23 години. На Африканската турнеја на UCI 2010-2011 ја освоил Трката околу Руанда и Квита Изина.[4] Учествувал на Летните олимписки игри, станувајќи првиот Еритреец кој настапил во спорт различен од атлетиката; ја завршил друмската трка на 73. место. Во 2012 година станал првиот Еритреец кој возел на Вуелта а Еспања, една од трите големи трки; ја завршил трката на 146. место.
Теклехајманот се приклучил на екипата МТН Кубека за сезоната 2014 на двегодишен договор.[5] Во 2015 година, на Критериум ди Дофине ја освоил првата маичка на трка во Светската турнеја во историјата на екипата, освојувајќи го планинскиот пласман.[6] Бил вклучен во составот на екипата за Тур де Франс 2015[7] заедно со колегата и сонародник Мерхави Кудус,[8] станувајќи еден од двајцата црни Африканци кои возеле на Тур.[9]
Теклехајманот стана прв црн африкански возач кој ја носел точкестата маичка по освојувањето на истата на шестата етапа на Тур де Франс 2015.[10]
Достигнувања
уреди- 2008
- 1. Национално друмско првенство
- 5. Краен пласман Тур Ивоарин де ла По
- 2009
- 2. Краен пласман Трка околу Еритреја
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3
- 6. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 2010
- Африкански првенства
- 1. Друмска трка
- 1. Поединечен хронометар
- 1. Екипен хронометар
- 1. Краен пласман Трка околу Руанда
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 2 Куп де Насионс Вил Сагене
- 2011
- Африкански првенства
- 1. Поединечен хронометар
- 1. Екипен хронометар
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Краен пласман Квита Изина
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 5 Трка околу Алжир
- 5. Краен пласман Тропикал Амиса Бонго
- 1. Етапа 4
- 2012
- Африкански првенства
- 1. Поединечен хронометар
- 1. Екипен хронометар
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Национално хронометарско првенство
- 2013
- Африкански првенства
- 1. Поединечен хронометар
- 1. Екипен хронометар
- 1. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
- 2014
- 4. Краен пласман Мзанси Тур
- 2015
- Африкански првенства
- 1. Екипен хронометар
- 2. Поединечен хронометар
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Планински пласман Критериум ди Дофине
- 2016
- 1. Планински пласман Критериум ди Дофине
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Национално друмско првенство
- 2017
- 3. Национално хронометарско првенство
- 7. Краен пласман Трка околу Австрија
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 |
---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | — | 111 |
Тур | — | — | — | 49 | 85 | — |
Вуелта | 146 | — | 47 | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Teklehaimanot signs late deal with Cofidis“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 2 февруари 2018. Посетено на 3 февруари 2018.
- ↑ Кери, Пјер (4 август 2011). „Теклехајманот потпиша за ГринЕџ“. cyclingnews.com. Посетено на 5 август 2011.
- ↑ Ли, Шон (17 август 2012). „Теклехајманот е етапен возач во прогрес“. theroar.com. Посетено на 8 јуни 2015.
- ↑ Аринаитве, Остине (13 јуни 2011). „Руанда: Теклехајманот победи на Квита Изина“. allafrica.com. Посетено на 5 август 2011.
- ↑ „Теклехајманот се сели во МТН-Кубека“. Cyclingnews.com. Future plc. 10 октомври 2013. Посетено на 14 декември 2013.
- ↑ „МТН-Кубека ја прослави првата маичка од Светската турнеја на Критериум ди Дофине“. Cyclingnews.com. Future plc. 15 јуни 2015. Посетено на 15 јуни 2015.
- ↑ „Почетна листа за Тур де Франс 2015“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2015-06-29. Посетено на 2 јули 2015.
- ↑ Камингс, Басија (10 јули 2015). „Даниел Теклехајманот: „Јас сум горд што сум Еритреец возејќи на Тур де Франс"“. theguardian.com. Посетено на 10 јули 2015.
- ↑ „Даниел Теклехајманот стана прв Африканец кој настапи на Тур де Франс“. thenational.ae. 4 јули 2015. Посетено на 5 јули 2015.
- ↑ „UCI World Cycling Centre: former trainee Teklehaimanot makes Tour de France history“. Меѓународен велосипедистички сојуз. 10 јули 2015. Посетено на 2 август 2015.
Надворешни врски
уреди„Даниел Теклехајманот“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Даниел Теклехајманот“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Даниел Теклехајманот“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Даниел Теклехајманот“. ProCycling.