Јоанис Тамуридис
Јоанис Тамуридис (грчки: Ιωάννης Ταμουρίδης; р. 3 јуни 1980 во Солун) — грчки велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа СП Таблеваре. Започнал со велосипедизам во 1995 и настапувал на друмски и велодромски трки.
Тамуридис на Светското друмско првенство 2011 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Јоанис Тамуридис | ||
Прекар | Таму | ||
Роден | 3 јуни 1980 Солун, Грција | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | СП Таблеваре | ||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Аматерски клубови | |||
1999–2001 2003 2006 | Бергамаска Афтофромос Салоника Техал Кастро | ||
Професионални клубови | |||
2009–2012 2013 2014– | СП Таблеваре Еускалтел-Еускади СП Таблеваре | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 21 октомври 2014 |
Кариера
уредиРана кариера
уредиНекои од најголемите достигнувања во неговата кариера се двата медала на светските велодромски првенства, во бодовна трка во 2005 и скреч во 2006. Освоил 4 медали во Светскиот велодромски куп во 2006 и повеќе од 30 пати бил национален првак во сите дисциплини и категории.[1] На Средоземните игри во Пескара, Италија, освоил бронзен медал во хронометар.[2].
Од 2009 до 2012, Тамуридис возел за грчката екипа Таблеваре-Идеал Бајкс.
Еускалтел-Еускади (2013)
уредиТамуридис станал член на екипата Еускалтел-Еускади за сезоната 2013,[3] каде го добил прекарот Таму од неговите колеги.[4]
До денес, тој е единствениот грчки велосипедист кој настапил на пролетните класици Милано-Санремо, Париз-Рубе, Тирено-Адријатико и Трката околу Фландрија. Исто така, тој е првиот грчки велосипедист кој настапил и завршил една голема трка, Џиро д’Италија во 2013.[5]
Во јуни 2013, Тамуридис ги освоил друмската трка и хронометарот на националните првенства, посветувајќи ја победата на хронометарот на Руфино Мургуја, масер во екипата Еускалтел-Еускади, кој загинал кога нивниот автобус имал несреќа.[6]
Тамуридис повторно му се приклучил на СП Таблеваре во 2014, откако неговата претходна екипа, Еускалтел-Еускади, се распаднала на крајот на сезоната 2013.[7]
Достигнувања
уреди- 1997
- 1. Национално јуниорско првенство во планински велосипедизам
- 1. Национално јуниорско друмско првенство
- 1. Национално јуниорско велодромско првенство - Бодовна трка
- 1998
- 1. Национално јуниорско друмско првенство
- 1. Национално јуниорско велодромско првенство - Бодовна трка
- 1. Балканско јуниорско друмско првенство
- 1. Балканско јуниорско велодромско првенство - Бодовна трка
- 1. Краен пласман Трка околу Грција
- 1. Фиренца-Неапол
- 1999
- 1. Национално друмско првенство под 23 години
- 1. Национално велодромско првенство под 23 години - Бодовна трка
- 7. Светски велодромски куп - Екипна потера
- 2000
- 1. Национално друмско првенство под 23 години
- 2001
- 1. Национално друмско првенство под 23 години
- 6. Средоземни игри - Поединечен хронометар
- 2002
- 1. Национално друмско првенство под 23 години
- 1. Балканско друмско првенство под 23 години
- 1. Пролог Трка околу Грција
- 2. Европско велодромско првенство под 23 години - Бодовна трка
- 2003
- 1. Национално хронометарско првенство
- 3. Краен пласман Трка околу Грција
- 6. Светски велодромски куп Кејптаун - Медисон
- 6. Светски велодромски куп Сиднеј - 4000 м
- 6. Светски велодромски куп Сиднеј - Бодовна трка
- 2004
- 1. Манчестер - 1500 м
- 4. Краен пласман Трка околу Грција
- 7. Светски велодромски куп Мексико - 4000 м екипна потера
- 2005
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Национално велодромско првенство - 4000 м бодовна трка
- 2. Светско велодромско првенство - Бодовна трка
- 2. Светски велодромски куп Сиднеј - Бодовна трка
- 3. Национално друмско првенство
- 3. Светски велодромски куп Манчестер - Скреч
- 2006
- 1. Национално друмско првенство
- 2. Светски велодромски куп Лос Анџелес - Бодовна трка
- 3. Светско велодромско првенство - Скреч
- 3. Светски велодромски куп Манчестер - Скреч
- 6. Светско велодромско првенство - Бодовна трка
- 2009
- 1. Национално хронометарско првенство
- 2. Светски велодромски куп Мелбурне - Бодовна трка
- 3. Средоземни игри - Хронометар
- 3. Краен пласман Тур ду Мароко
- 9. Краен пласман Трка околу Романија
- 1. Пролог (ITT)
- 2010
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Национално хронометарско првенство
- 3. Краен пласман Трка околу Романија
- 5. Краен пласман Трка околу Словачка
- 2011
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Национално хронометарско првенство
- 2. Краен пласман Трка околу Грција
- 1. Етапа 2a
- 2. Краен пласман Трка Шеклерланд
- 1. Етапа 1
- 2. Краен пласман Трка околу Романија
- 1. Етапа 3
- 2. Јурмала ГП
- 3. Краен пласман Малезија
- 1. Етапа 3
- 3. ГП де ла Вил де Ножен сир Оас
- 5. Трка Војводина II
- 7. Трка Војводина I
- 2012
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Сиркут д’Алжир
- Трка околу Романија
- 1. Етапа 1 (ITT)
- 1. Етапа 7
- 1. Етапа 9
- 1. Етапа 4b Трка Шеклерланд
- 6. Краен пласман Трка околу Алжир
- 2013
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Национално хронометарско првенство
- 9. Париз-Тур
- 2014
- 2. Краен пласман Трка околу Тајван
- 1. Етапа 4
- 7. Краен пласман Пет прстени околу Москва
Наводи
уреди- ↑ the-sports: Јоанис Тамуридис
- ↑ Средоземни игри, Друмски хронометар 2009
- ↑ Brown, Gregor (10 декември 2012). „Euskaltel to sell team vehicles to balance books“. Cycling Weekly. IPC Media Ltd. Посетено на 4 јануари 2013.
- ↑ [1]
- ↑ [2]
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-06-26. Посетено на 2013-11-01.
- ↑ „Ioannis Tamouridis (Euskaltel) returns to SP Tableware“. Biciciclismo (шпански). Cycling Total comunicación y servicios S.L. 2 ноември 2013. Посетено на 22 декември 2013.
Надворешни врски
уреди„Јоанис Тамуридис“ на Ризницата ? |