Михаел Албасини

швајцарски велосипедист

Михаел Албасини (германски: Michael Albasini; р. 20 декември 1980) — швајцарски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Џејко-АИУла.[1]

Михаел Албасини
Албасини на Трката околу Австрија 2009
Лични податоци
Цело имеМихаел Албасини
ПрекарАлба
Роден20 декември 1980(1980-12-20)(44 г.)
Мендрисио,  Швајцарија
Висина1,72 м
Маса65 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим Џејко-АИУла
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2001 Фаса Бортоло (стажант)
Професионални клубови
2003–2004
2005–2008
2009–2011
2012–
Фонак
Ликвигас-Бјанки
Тим Колумбија-Хај Роад
ГринЕЏ
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 ТТТ (2013)
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2011)

Етапни трки

Волта а Каталуња (2012)
Трка околу Австрија (2009)
Трка околу Британија (2010)

Еднодневни трки и класици

Тре Вали Варезине (2014)
ГП Кантон Аргау (2011, 2013)
Последна промена
9 април 2019

Кариера

уреди

Албасини ја започнал неговата кариера во 2003 со Фонак, а се преселил во Ликвигас-Бјанки на почетокот на 2005, додека од сезоната 2009 возел за Тим Колумбија-Хај Роад. За оваа сезона потпишал со новата австралиска велосипедска екипа ГринЕЏ.[2]

Во 2012 година, Албасини постигнал огромен успех на трката од Светската турнеја Волта а Каталуња. Трката со шест етапи не содржела хронометри и Албасини го преземал водството преку победа на првата етапа пред Антони Делаплас од Сор-Сожасен, добивајќи 42 секунди во генералниот пласман.[3] На следната етапа, тој бил дел од некоја група од околу 20 возачи кои стигнале на целта со Бредли Вигинс по денот низ планините, а каде ги поминал неговите соперници, освојувајќи својата втора победа по ред.[4] Ја одржал неговата предност на следните планински етапи, освојувајќи го генералниот пласман со 1 минута и 30 секунди пред второпласираниот Самуел Санчес од Еускалтел-Еускади.[5]

Во 2015 година, Албасини го освоил престижниот пласман на подиумот на Флеш Валон, стигнувајќи до третото место на Мур де Хуј зад Алехандро Валверде и Жилијан Алафилип.[6] Подоцна ја освоил втората етапа на Тур де Романди, бивајќи подобар во спринтот од група од 49 возачи, кои го преживеале искачувањето и спустот на Кол де ла Ви де Алп.[7] Го повторил подвигот наредниот ден во Порентри, освојувајќи ја етапата за неколку должини на тркалото пред Жилијан Алафилип.[8] Морал да го напушти Тур де Франс на петтата етапа поради скршена рака при пад.[9]

Достигнувања

уреди
1998
1.   Друмски првак под 19 години
2001
4. Краен пласман Стер Електротур
2002
1.   Друмски првак под 23 години
7. Џиро дел Лаго Маџоре
2004
5. Мајстершафт фон Цирих
9. Париз-Бурж
2005
Тур де Свис
1. Етапа 5
1.   Бодовен пласман
7. Краен пласман Три дена Де Пане
10. Џиро дела Ромања
2006
3. Гран при Фурмие
Тур де Свис
1.   Планински пласман
1.   Бодовен пласман
2007
5. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
1. Етапа 4
2008
2. ГП Мигел Индураин
2. Краен пласман Трка околу Луксембург
1. Етапа 3
3. Краен пласман Средоземна трка
6. Тур ду Хаут Вар
7. Флеш Валон
8. Гран Премио ди Лугано
2009
1.   Краен пласман Трка околу Австрија
1. Етапа 2
1. Етапа 4 Вуелта ал Паис Васко
1. Етапа 5 Тур де Свис
9. Флеш Валон
2010
1.   Краен пласман Трка околу Британија
1. Етапа 3
4. Краен пласман Трка околу Полска
10. Флеш Валон
2011
1. Етапа 13 Вуелта а Еспања
1. ГП Кантон Аргау
1.   Планински пласман Трка околу Баскија
3. Краен пласман Трка околу Баварија
1. Етапа 3
4. Краен пласман Трка околу Оман
2012
1. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 8 Тур де Свис
2. Флеш Валон
2. Национално друмско првенство
4. ГП Кантон Аргау
2013
1. ГП Кантон Аргау
1. Етапа 4 Париз-Ница
1. Етапа 4 (ТТТ) Тур де Франс
2014
Тур де Романди
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Тре Вали Варезине
6. Џиро ди Ломбардија
7. Трофео Муро-Порт д’Алкудија
7. Флеш Валон
2015
Тур де Романди
1. Етапа 2
1. Етапа 3
3. Флеш Валон
2016
Тур де Романди
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 5
2. Лиеж-Бастон-Лиеж
7. Флеш Валон
2017
1. Етапа 2 Трка околу Баскија
1. Етапа 1 Тур де Романди
1. Копа Уго Угостони
2. Вуелта а Ла Риоха
3. Амстел Голд Рејс
4. ГП Бруно Бегели
4. ГП Кантон Аргау
5. Флеш Валон
7. Светско друмско првенство
7. Лиеж-Бастон-Лиеж
10. Тре Вали Варезине
2018
1.   Краен пласман Трка на Фјордовите
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2
7. Европско друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
  Џиро 87 123
  Тур 145 115 58 110 86 70 СО 132 98
  Вуелта 122 118

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. „Орика-ГринЕЏ (OGE) – AUS“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 9 јануари 2013.
  2. Обри, Џејн (5 септември 2011). „Албасини му се придружи на ГринЕЏ по „лесната одлука". Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 1 јануари 2012.
  3. Аткинс, Бен (19 март 2012). „Михаел Албасини сам до победа на Волта а Каталуња“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 14 јануари 2013.
  4. „Албасини победи втора етапа по ред на Каталуња“. Cycling News. Future Publishing Limited. 20 март 2012. Посетено на 14 јануари 2013.
  5. „Албасини победи во Каталуња“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. 25 март 2012. Посетено на 14 јануари 2013.
  6. „Валверде победи на Флеш Валон 2015“. Cyclingnews.com. Future plc. 22 април 2015. Посетено на 22 април 2015.
  7. „Тур де Романди: Албасини победи на втората етапа“. Cyclingnews.com. Future plc. 29 април 2015. Посетено на 29 април 2015.
  8. Спенсер Паулисон (30 април 2015). „Take two: Albasini wins second Romandie stage, wearing yellow“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-06-02. Посетено на 30 април 2015.
  9. „Albasini abandons, fractures for heroic Matthews“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. 8 јули 2015. Посетено на 8 јули 2015.

Надворешни врски

уреди