Примож Роглич

словенечки скијачки скокач и велосипедист

Примож Роглич (словенечки: Primož Roglič; р. 29 октомври 1989) — словенечки професионален друмски велосипедист и поранешен скијачки скокач, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[1] Роглич ја започнал кариерата како скијачки скокач, но подоцна се префрлил во велосипедизмот.

Примож Роглич
Роглич на Тур де Франс 2018
Лични податоци
Цело имеПримож Роглич
Роден29 октомври 1989(1989-10-29)(34 г.)
Трбовље, Југославија Југославија
Висина1,77 м
Маса65 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЏамбо-Висма
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
3 поединечни етапи (2016, 2019)
Тур де Франс
2 поединечни етапи (2017, 2018)

Етапни трки

Тур де Романди (2018, 2019)
Тирено-Адријатико (2019, 2023)
Трка околу Баскија (2018)
Трка ОАЕ (2019)
Трка околу Словенија (2015, 2018)
Волта ао Алгарве (2017)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2016)
Џиро дел’Емилија (2019)
Тре Вали Варезине (2019)

Други

Светски пласман UCI (2019)
Последна промена
2 јануари 2020

На Тур де Франс 2017, Роглич станал прв Словенец кој освоил етапа на Тур де Франс. Во септември 2019 година, Роглич ја освоил Вуелта а Еспања, станувајќи прв Словенец кој освоил некоја голема трка.[2]

Кариера

уреди

Скијачки скокови

уреди

Роглич е поранешен скијачки скокач, каде настапувал од 2003 до 2011 година и бил светски јуниорски првак во 2007 година.[3] Негов најдобар личен резултат бил на 183 метри на скокалницата Хајни-Клопфер во Оберстдорф, Германија во 2011 година. Имал тежок пад пред домашната публика во 2007 година на скокалницата Горишек во Планица, Словенија.[4][5]

друмски велосипедизам

уреди

Адрија-Мобил (2013-2015)

уреди

Роглич започнал со велосипедизам во 2012 година, откако се повлекол од скијачките скокови, бидејќи не се чувствувал дека може да биде на највисокото ниво на спортот. Роглич брзо стигнал до платените нивоа со континенталната екипа Адрија Мобил во сезоната 2013. По три сезони со екипата и успешната сезона 2015, вклучувајќи ја и победата на Трката околу Словенија 2015, добил договор со Лото НЛ-Џамбо за следната сезона.[6]

ЛотоНЛ-Џамбо (2016-денес)

уреди

Во својата прва година во Светската турнеја, Роглич го покажал својот талент веднаш со петтото место на португалската трка Волта ао Алгарве. Само еден месец подоцна завршил втор на седмата етапа на Волта а Каталуња, каде бил поразен во спринтот од Алексеј Цатевич. Настапил на Џиро д’Италија 2016,[7] каде изненадил со второто место на воведниот хронометар во Апелдорн, при што доцнел само една стотинка зад победникот Том Димулен.[8] Ја освоил деветатта етапа, поединечниот хронометар во Кјанти во должина од 40,5 километри. Ова било изненадување за многумина бидејќи Роглич морал да го користи резервниот велосипед бидејќи неговиот велосипед не ги исполнувал условите на UCI. Само две недели по завршување на Џиро д’Италија, Роглич го освоил националното хронометарско првенство. Во 2016 година завршил десетти на хронометар на Летните олимписки игри 2016.

 
Роглич на пат кон победа на седумнаесеттата етапа на Тур де Франс 2017.

Во сезоната 2017, Роглич започнал со победа на трката Волта ао Алгарве. Еден месец подоцна завршил на четвртото место на Тирено-Адријатико. На Трката околу Баскија, Роглич освоил две етапи, четвртата и шестата етапа, која била поединечен хронометар. Не само што освоил две етапи, туку и завршил петти на трката. Не му требало долго да дојде до друга победа. На крајот на април, Роглич учествувал на Тур де Романди, каде го освоил поединечниот хронометар на петтата етапа. Поради тоа, завршил на третото место на трката. Негова последна подготвителна трка за Тур де Франс била Стер ЗЛМ Тур, каде го освоил прологот и завршил втор.

Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[9] Ја освоил седумнаесеттата етапа на трката[10] со што станал првиот Словенец кој освоил етапа на Тур де Франс. Исто така, освоил доволно бодови да заврши втор во планинскиот пласман. Го освоил сребрениот медал на хронометарот на Светското друмско првенство.[11]

 
Роглич (лево) на деветнаесеттата етапа на Тур де Франс 2018

Сезоната 2018 го покажала потенцијалот на Роглич на етапните и големите трки. Успеал да ги освои следниве трки: Трката околу Баскија, Тур де Романди и Трката околу Словенија. Во текот на првите етапи на Тур де Франс 2018, Роглич успеал да ги избегне падовите и механичките проблеми како многумина други фаворити, со што го ставило во можност да се трка со фаворитите како Герајнт Томас, Том Димулен, Крис Фрум, Наиро Кинтана и Ричи Порт. Успеал да се задржува со нив на планинските етапи, одговарајќи скоро на секој напад. По нападот на спуст ја освоил деветнаесеттата етапа на Тур де Франс и се нашол на место за подиум,. На крајот завршил на импресивното четврто место.

 
Роглич го подигнува трофејот како победник на Вуелта на 15 септември 2019 година во Мадрид.

Ја освоил трката Тирено-Адријатико 2019, како и Тур де Романди 2019 и бил еден од фаворитите пред трката на Џиро д’Италија 2019. Таму, завршил на третото место, носејќи ја розовата маичка шест етапи, освојувајќи две етапи, обете поединечни хронометри.

Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019.[12] На поединечниот хронометар на етапата 10 бил втор во генералниот пласман на само шест секунди зад Наиро Кинтана, 11 секунди пред Мигел Анхел Лопес и 14 секунди пред Алехандро Валверде. Роглич го освоил хронометарот со добра разлика пред неговите соперници и по таа етапа го преземал водството во генералниот пласман со скоро две минути пред Валверде, над две минути пред Лопес и точно 3 минути со Кинтана. Црвената маичка не била доведена во прашање во остатокот од трката, бидејќи Роглич преовладувал на планинските етапи, одговарајќи на секој напад и само добивал повеќе време како трката одела кон крајот.

Успешната сезона била крунисана со победи на две класични трки во октомври; Џиро дел’Емилија, која му била прва победа меѓу класиците[13] и Тре Вали Варезине.

Достигнувања

уреди
2014
1. Етапа 2 Трка околу Азербејџан
1. Хрватска-Словенија
3. Краен пласман Велосипедска трка Сибиу
1. Планински пласман
2015
1.   Краен пласман Трка околу Азербејџан
1. Етапа 2
1.   Краен пласман Трка околу Словенија
1. Етапа 3
1. Етапа 5 Трка околу езерото Ќингхаи
1.   Планински пласман Сетимана Копи & Бартали
2. Краен пласман Трка околу Хрватска
4. Краен пласман Трка околу езерото Ќингхај
1. Етапа 5
2016
1.   Национално хронометарско првенство
1. Етапа 9 (ITT) Џиро д’Италија
4. Краен пласман Тур ди Поату Шарант
5. Краен пласман Волта ао Алгарве
7. Европско хронометарско првенство
10. Олимписки друмски хронометар
2017
1.   Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 17 Тур де Франс
2.   Светско хронометарско првенство
2. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
1. Пролог
3. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 5 (ITT)
4. Краен пласман Тирено-Адријатико
5. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 4
1. Етапа 6 (ITT)
5. Национално друмско првенство
2018
1.   Краен пласман Трка околу Баскија
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 4 (ITT)
1.   Краен пласман Тур де Романди
1.   Краен пласман Трка околу Словенија
1. Етапа 4
1. Етапа 5 (ITT)
1. Етапа 3 Тирено-Адријатико
3. Краен пласман Трка околу Британија
1. Етапа 5 (TTT)
4. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 19
6. Волта а ла Комунитат Валенсијана
7. Џиро дел’Емилија
2019
1.   Краен пласман Вуелта а Еспања
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 10 (ITT)
  Награда за борбеност на етапа 10
1.   Краен пласман Тур де Романди
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 5 (ITT)
1.   Краен пласман Трка ОАЕ
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 6
1.   Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Џиро дел’Емилија
1. Тре Вали Варезине
3. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 1 (ITT)
1. Етапа 9 (ITT)
3. Хроно де Насионс
4. Национално друмско првенство
7. Џиро ди Ломбардија

Распоред на резултатите

уреди
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
  Џиро 58 3
  Тур 38 4 2 DNF DNF
  Вуелта 1 1 1 DNF
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 2023
  Париз-Ница 15 1
  Тирено-Адријатико 52 4 29 1 1
  Волта а Каталуња 44
  Трка околу Баскија 5 1 1 8
  Тур де Романди 3 1 1
  Критериум ди Дофине DNF 1
  Тур де Свис

СО = се откажал; — = не учествувал

Награди

уреди
  • Спортист на годината во Словенија: 2019[14]

Наводи

уреди
  1. „Team Jumbo-Visma 2020 roster presented in Amsterdam“. Bianchi. F.I.V. Edoardo Bianchi S.p.A. 20 декември 2019. Посетено на 2 јануари 2020.
  2. Џон Меклири (15 септември 2019). „Primoz Roglič makes history“. Telegraph (англиски). Посетено на 15 септември 2019.
  3. Вудпауер, Зеб (20 јануари 2016). „Former ski jumper Primož Roglič on domestique duty at Tour Down Under“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 7 мај 2016.
  4. „horrible crash at Letalnica bratov Gorišek ski flying hill in Planica, Slovenia in 2007 shorter version“. YouTube. 22 март 2007.
  5. „horrible crash at Letalnica bratov Gorišek ski flying hill in Planica, Slovenia in 2007 longer version“. YouTube. 22 март 2007.
  6. Вудпауер, Зеб (20 јануари 2016). „Former ski jumper Primož Roglič on domestique duty at Tour Down Under“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 4 јануари 2019.
  7. „99th Giro d'Italia Startlist“. Pro Cycling Stats (англиски). Посетено на 6 мај 2016.
  8. „Giro d'Italia: Tom Dumoulin wins Apeldoorn time trial“. BBC News (англиски). Посетено на 10 мај 2016.
  9. „2017: 104th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 28 јуни 2017.
  10. „2017: 104th Tour de France: Stage 17“. Pro Cycling Stats. Посетено на 19 јули 2017.
  11. „First Worlds medal for Roglic“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 21 септември 2017. Посетено на 4 јануари 2019.
  12. „2019: 74th La Vuelta ciclista a España“. ProCyclingStats. Посетено на 23 август 2019.
  13. „Roglic wins Giro dell'Emilia“. cyclingnews.com. Посетено на 10 октомври 2019.
  14. T. O.; D. S. (17 декември 2019). „Primož Roglič, Janja Garnbret in odbojkarji so športniki leta“ [Primoz Roglic, Janja Garnbret and the national volleyball team are the Sportspersons of the Year] (словенечки). RTV Slovenija. Посетено на 22 декември 2019.

Надворешни врски

уреди