Обично оригано
Обично оригано | |
---|---|
Обично оригано во цвет | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Оддел: | Magnoliophyta |
Класа: | Magnoliopsida |
Ред: | Lamiales |
Семејство: | Lamiaceae |
Род: | Origanum |
Вид: | O. vulgare |
Научен назив | |
Origanum vulgare Л. |
Обичното оригано или планинскиот чај, односно Origanum vulgare е вид на оригано кој потекнува од Европа (нејзиниот средоземен дел) и од јужна и средна Азија. Тоа е повеќегодишно растение кое расте 20 до 80 cm во височина, со наспрамни листови долги од 1 до 4 cm. Цветовите се розови, долги 3–4 mm и се издигнуваат од исправени боцки. Името на овој вид доаѓа од грчкиот збор origanon - ὀρίγανον со значење планина. Семето од обичното оригано е познато и како Аџвајн (اجوائن) на урду.
Подвидовите на Origanum vulgare се важни хранливи растенија. Тие најчесто се користат во грчката и италијанско-американската кујна. Листовите се користат во готвењето, а исушената билка како зачин.
Обичното оригано често се користи во доматните сосови. Заедно со босилекот, придонесува за исклучителниот карактер на многу италијански јадења (како пицата, на пример).
Сличните видови Origanum onites (Грција, Мала Азија) и O. heracleoticum (Италија, Балкански Полуостров, Западна Азија) имаат сличен вкус и миризба. Близок сродник на ова растение е мајоранот, но неговиот вкус е мошне поразличен.