Rosmarinus
Обичен рузмарин Rosemarinus officinalis
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Ред: Усноцветовидни
Семејство: Усноцветни
Род: Рузмарин
Видови

Rosmarinus eriocalyx
Rosmarinus officinalis

Rosmarinus officinalis

Рузмарин (научRosmarinus) — мал род во кој припаѓаат дрвенести многугодишни растенија со зимзелени игловидни листови кои имаат многу пријатен мирис и арома. Овој род е дел од фамилијата на усноцветни растенија и потекнува од средоземниот регион.

Постојат само два вида во овој род - R. officinalis (или обичен рузмарин), распространет во средоземниот регион и R. eriocalyx, кој потекнува од северозападна Африка и јужна Шпанија. Последниот се разликува од добро познатиот обичен рузмарин по неговите помали листови кои се долги само 5-15 мм и широки помалку од 2 мм, како и по погустите влакнести цветни дршки. Тој е и понизок по раст, често под 25 см, и никогаш не достигнува височина од 1 м (R. officinalis достигнува и до 1,5 м, а понекогаш и до 2 м).

Корисни својства

уреди

Рузмаринот е древен симбол на мудроста и со векови се употребувал за јакнење на мозочните функции. Тој содржи корнозинска киселина (СА), силен антиоксиданс што го неутрализира дејството на слободните радикали, така што помага во превенцијата на појава на мозочен удар и невродегенерација, а делува превентивно и кај Алцхајмеровата болест.[1]

Наводи

уреди
  1. „Рузмаринот ги јакне мозочните функции“, Здравје, понеделник, 15 декември 2014, стр. 24-25.