Крапинско-загорска жупанија

Крапинско-загорска жупанија (хрватски: Krapinsko-zagorska županija) — жупанија во северозападниот дел на Република Хрватска и припаѓа на просторот на централна Хрватска.

Крапинско-загорска жупанија
Krapinsko-zagorska županija
Жупанија
Знаме на Крапинско-загорска жупанијаГрб на Крапинско-загорска жупанија
Крапинско-загорската жупанија (светлопортокалова боја) во Хрватска (светложолта боја)
Крапинско-загорската жупанија (светлопортокалова боја)
во Хрватска (светложолта боја)
Главен градГлавен град
Управа
 • ЖупанСиниша Хајдаш Дончиќ (СДПХ)
Површина
 • Вкупна1.224 км2 (473 ми2)
Население (2011)
 • Вкупно133,064
 • Густина0,11/км2 (0,28/ми2)
Повикувачки број049
ISO 3166HR-02
Мреж. местоhttp://www.kzz.hr/

Географија

уреди

Крапинско-загорската жупанија се граничи на север со Република Словенија и Вараждинската жупанија, на запад со Република Словенија, на југ со градот Загреб и Загрепската жупанија и на исток со Загрепската и Вараждинската жупанија. Таа го опфаќа јужниот дел на Хрватско Загорје и се наоѓа меѓу Медведница, Калник, Иванчица, Страхинчица, мацељска Гора и реката Сутла. Релјефот е претежно ритчест, а низ жупанијата поминува реката Крапина. Жупанијата е густо населена, но поголемите населби се сместени по речните долини, додека останатите населби се мали и раштркани. Најголемо место е Крапина, кое лежи во долината Крапинчица. Областа е позната и по големиот број извори на термални води.[1]

Население

уреди

Според пописот од 2011 година на подрачјето на Крапинско-загорската жупанија живееле 133,064 жители, што е околу 3% од вкупниот број на жители во Република Хрватска. Етнички состав бил следниот: Хрвати 98,4%, Словенци 0,3%, Срби 0,2% и други.

година на попис 2011 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 1857
Жители 133.064 142.432 148.779 153.567 161.247 168.952 178.938 181.586 175.227 163.594 168.404 152.047 139.547 125.394 113.711 100.804

Извор

уреди
  • ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.