уреди   

Добре дојдовте на хрватскиот портал!
Dobro došli u hrvatski portal!

Хрватска (хрватски: Hrvatska) или официјално Република Хрватска (Republika Hrvatska) е држава на Балканскиот Полуостров која е географски сместена на раскрсницата на патиштата за Средна Европа и Средоземјето. Главниот град на Хрватска е Загреб. Граничи со Словенија и Унгарија на север, со Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на исток. Го зазема најголемиот дел на источниот брег на Јадранско Море. Во втората половина на 20-тиот век претставува република во рамките на СФР Југославија, но прогласува независност во 1991. Претставува кандидат за членство во Европската Унија и е член на НАТО. Административно, земјата е поделена на жупании и општини. (Дознајте повеќе...)

уреди   

Избрана статија

Иван Мажураниќ (хрватски: Ivan Mažuranić) е најголемиот претставник на романтизмот во хрватската литера. Заедно со Петар Петровиќ Његош и Григор Прличев претставува едно од врвните поетски имиња во литературите на јужнословенските народи. Тој е еден од водечките творци во периодот на романтизмот, на територијата на јужнословенските народи, во време на економско-социјални и политички тешки ситуации на Балканот. Мажураниќ е роден 1814 година во Нови Винодолски (Хрватско Приморје), во средноимотна селска фамилија. Дел од Хрватското Приморје и Далмација по паѓањето на Наполеон не биле присоединети кон Хрватска, туку директно потпаднале под управа на Виена. Во тие краишта се чувствувало силно влијание на Виенскиот двор, кој настојувал да го германизира хрватското население. Германизацијата била спроведувана преку училиштата(основните и средните училишта биле германски). Така и школувањето на Мажураниќ било туѓинско. По завршување на основното училиште во родното место, отишол да учи гимназија во Риека, во која ги совладал германскиот и унгарскиот јазик, а самостојно учел англиски и француски. (Дознајте повеќе...)

уреди   

Избрана слика

Дел од пристаништето во Пула.

уреди   

Дали сте знаеле...

  • ... дека зборот „кравата“ е од француско потекло, но голем број извори тврдат дека доаѓа од поимот Хрват?
  • ... дека Марко Поло најверојатно имал потекло од хрватскиот остров Корчула?
  • ... дека на Светското првенство во фудбал во 1962 година Дражан Јерковиќ постигнал четири гола и со уште пет други фудбалери бил најдобар стрелец со што се стекнал со Златна копачка?
  • ... дека првата хрватска валута се викала хрватски динар?


уреди   

Избрана биографија

Јосип Броз - Тито (српскохрватски и словенечки: Josip Broz - Tito, Кумровец, 7 мај 1892 - Љубљана, 4 мај 1980) бил југословески комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил премиер на Југославија, а подоцна и претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на југословенската народна армија. Покрај државничките обврски и водачки должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар. (Дознајте повеќе...)

уреди   

Категории

уреди   

Мрежни места

уреди   

Википедија на хрватски