Чаковец (хрватски: Čakovec ) – град во северна Хрватска и седиште на Меѓимурската Жупанија, област која се наоѓа меѓу реките Мура и Драва и е позната по своите лозја, обработени полиња и ловишта. Спрема пописот од 2011 година, градот со своите приградски населби брои 27.820 жители (самиот град брои 15.147 жители) , првенствено Хрвати, а најголеми малцинства се Ромите, Србите и Словенците.

Чаковец
Čakovec
Град
Знаме на Чаковец Čakovec
Прекар(и): Градот на Зрински
Чаковец Čakovec is located in Хрватска
Чаковец Čakovec
Чаковец
Čakovec
Местоположба на Чаковец во Хрватска
Координати: 46°23′10.58″N 16°26′08.57″E / 46.3862722° СГШ; 16.4357139° ИГД / 46.3862722; 16.4357139
Држава Хрватска
Жупанија Меѓимурје
Управа
 • ГрадоначалникСтјепан Ковач (СДП)
Површина
 • Вкупна72,8 км2 (28,1 ми2)
Надм. вис.&10000000000000164000000164 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно27.104
 • Густина370/км2 (960/ми2)
 (општина)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број40 000
Повик. бр.040
Рег. таб.ČK
Највисока точка146 m
Мреж. местоhttp://www.cakovec.hr

Во изворите на унгарски јазик, градот се нарекува Чакторнија (унгарски: Csáktornya, а на германски Чакатурн (германски: Tschakathurn).

Историја

уреди

Според записите на Страбон, во римско доба, на местото на денешен Чаковец била Аквама (латински: Aquama), војна станица и легионерски камп.

Името на градот доаѓа од грофот Димитриус Чаквија, кој на почетокот на 13 век подигнал дрвена тврдина, подоцна наречена „Чакова кула“. Првпат е спомената во 1328 година. Во службените записи населбата се појавува во 1333 година. Од 1350 до 1397 година, Чаковец е во сопственост на семејството Лацковиќ. Значаен економски и културен раст Чаковец доживува после 15 март 1547 година кога Никола Шубиќ Зрински од Сигет станал сопственик на подрачјето. Во тоа време, дворецот бил богато украсен, опкружен со парк и скулптури на познати војсководци и владетели. Грофот Јурај IV Зрински им дал привилегии на жителите на чаковечката тврдина и околните населби на 29 мај 1579 година, што било почеток на претворање на Чаковец во слободен трговски град. Тој ден се прославува како Ден на градот. Во текот на 18 век Меѓимурје е во посед на австриско-чешкото семејство Алтан, кое борави во Чаковец и значајно го надградуваат Стариот Град. Во 1738 година, градот е разрушен од земјотрес, а во 1741 година е изгорен од пожар. Уште еден земјотрес го погодил градот во 1880 година. Кон крајот на 18 век, сопственици на градот стануваат грофовите Фештетиќи, а во градот се развила индустрија и трговија. Во 1848 година, банот Јосип Јелачиќ го ослободил Чаковец од Унгарците и го припоил кон Хрватска, а во 1893 година во градот првпат е воведена електрична струја. Од 1941 до 1945 година, градот бил под унгарска окупација. Во 1945 го ослободила советската Црвена армија.

Архитектура и знаменитости

уреди

Во средишниот дел на Чаковец се наоѓа тврдината Стар Град (Чаковска тврдина), симбол на градот некогаш и денес. Сопствениците на тврдината биле со векови и сопственици на градот и целото Меѓимурје. Првично тврдината е изградена во средниот век за семејството Ернушт, а подоцна повеќепати е доградувана од семејството Зрински, кои оставиле и најзначаен печат за историјата и наследството на Чаковец. Во времето на семејството Зрински, во 16 век средишниот дел на тврдината бил преобликуван во ренесансна палата, околу која се подигнати ѕидини градени со печена тула. Ѕидините никогаш не биле довршени, а со текот на времето делумно биле доградени, а делумно и разрушени.

Палатата била обновена околу 1743 година за австриско-чешкото семејство Алтан-Пињатели, кога и го добила денешниот барокен изглед. Дворецот е дело на архитектот Антон Ерхард Мартинели, и се смета за еден од најголемите и најзначајните барокни споменици во Хрватска. На ѕидините е изградена барокна кула која ја прави препознатливата силуета на Чаковец. Во Стариот Град денес е сместен Музејот на Меѓимурје.

Сообраќај

уреди

Првата железничка пруга е изградена во 1860 година, а ја поврзувала Будимпешта со пристаништата Риека и Трст. Чаковец со железница е поврзан со Мурско Средишќе и Лендава во 1889 година. Патната инфраструктура е добра. Покрај жупаниските патишта, Чаковец е поврзан и со новиот автопат кој го поврзува граничниот премин Горичан со Загреб, Карловац и Јадранското Море.

Стопанство

уреди

Чаковец е економски, културен и административен центар на Меѓимурската Жупанија. Стопанството на градот се заснова на металопреработувачката индустрија, производството на храна, дрвопреработувачката индустрија, градежништвото и трговијата.

Друг важен историски споменик во Чаковец е францисканската црква и манастир на Францисканскиот Плоштад. Манастирот е изграден на место на поранешен дрвен манастир кој го основал Никола Зрински. Денешниот е изграден постепено меѓу 1702 и 1750 година. Црквата Св. Никола (1707-1728) во внатрешноста има барокен инвентар, а надворешноста ја краси претставителна фасада, која е украсена со кипови на светци. Камбанаријата потекнува од средината на 18 век (1753-1757) и исто така е изградена во барокен стил.

Во самиот центар на Чаковец се наоѓаат Францисканскиот Плоштад, Плоштадот на Републиката и улицата која ги спојува – улица Крал Томислав. Во тој простор се наоѓа низа куќи од XVIII и XIX век изградени во доцнобарокен и класичен стил, кои својот денешен изглед го добиле кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Најраскошна од сите градби во центарот на Чаковец е бившото Трговско казино, изградено во стил на унгарската сецесија, со фасада со комбинирани украси од тули и малтер. Зградата е подигната во 1903 година, архитект бил Одон Хорватин, а била наменета за потребите на чаковечкото здружение на трговци. Објектот служел како друштвено собиралиште на богатите граѓани, а во него се наоѓале просторија за картање, читална и танцов салон. После Втората светска војна зградата служела како библиотека, а подоцна како седиште на синдикатот.

На Плоштадот на Републиката се наоѓа споменик на Никола Зрински, квалитетно вајарско дело од 1904 година кое се состои од постамент со бистата на Никола Зрински како и столб со Орел. Во паркот на Стариот Град се наоѓа барокен кип на св. Јероним, поставен во 1766 година. Ова дело на познатиот штаерски вајар Вајт Кенигер, подигнато е во времето на семејството Алтан во 18 век, кога се верувало дека св. Јероним е роден во Меѓимурје.

Култура

уреди

Во градот делуваат повеќе установи на културата: Музејот на Меѓимурје Чаковец во Стариот Град чува 17.000 вредни предмети, библиотеката и Центарот за култура, кои се исто така од жупаниско значење. Библиотеката Никола Зрински нуди бројни печатени дела како и мултимедијални содржини на граѓаните од целата жупанија, а Центарот за култура организира годишно преку 700 програми.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население по возраст и пол, по населени места, попис 2011: Чаковец“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.

Надворешни врски

уреди