Грб на Хрватска
Грбот на Хрватска е официјалниот грб на државата усвоен на 21 декември 1990 година. Грбот се состои од штит во поделен на коцки во бела и црвена боја кои формираат шаковница. Шаховницата е составена од 13 црвени и 12 бели (сребрени) полиња. Над штитот има пет помали штита кои формираат круна и ги претставуваат петте историски региони на Хрватска.
Грб на Хрватска | |
---|---|
Подробно | |
Усвоен | 21 декември 1990 |
Шаховницата се верува дека е создадена во 13 век од страна на Стефан Држислав. Боите ги претставуваа двете рани хрватски држави: Бела Хрватска и Црвена Хрватска. За петте малечки штита симболиката е следна:
- првиот штит го претставува најраниот хрватски грб, ѕвезда Деница и месечина;
- вториот е грб на Дубровничката Република,
- третиот е грб на Далмација
- четвртиот е грб на Истра
- петтиот е симбол на Славонија
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Министерство за надворешни работи на Хрватска за грбот Архивирано на 4 февруари 2012 г.
- Знаме, грб и химна на Влада на Хрватска. Архивирано на 5 април 2007 г.
- Историја на грбот
Оваа статија поврзана со Хрватска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |