Велебит
Велебит (италијански: Alpi Bebie) е најдолга (145 km), но според надморската височина четврта планина во Хрватска. Пониска е од планините во Загора - Динара (1831 м), Камешница (1809 м) и Биоково (1762 м). Велебит има ширина од 10 до 30 км, површината му е околу 2200 км2, а највисокиот врв е Вагански Врв (1.757 м). Припаѓа на Динаридите.
Велебит | |
---|---|
Тунелот Свети Рок кој минува под Велебит. | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1757 м |
Географија | |
Место | Хрвтска |
Матичен венец | Динариди |
Се наоѓа долж Велебитскиот Канал, на дел од Јаднранското Море, од Вратник над Сењ на северозапад, до кањонот на реката Зрмања на југоисток. Велебит е обиколен од Гацко Поле, Личко Поле, Грачачко Поле, како и со реките Гацка, Лика и Отуча.
Поделба
уредиВообичаено, Велебит се дели на:
- Северен Велебит, започнува од Вратник и завршува Велики Алан, над приморската населба Јабланац. Има должина од околу 30 км, а најголемата широчина изнесува до 30 км.
- Среден Велебит, завршува кај Башка Оштарија од каде поминува патот Карлобаг – Госпиќ. Има должина од околу 24 км, а најголемата широчина изнесува до 20 км.
- Јужен Велебит, завршува кај Мали Алан, на стариот пат кој ги поврзува Обровац и Ловинац. Има должина од околу 46 км, а најмалата широчина изнесува околу 10 км.
- Југоисточен Велебит, завршува кај кањонот на реката Зрмања. Должината му е околу 40 км.
Ваквата поделба се заснова врз географските, морфолошките, релјефните и биолошките одлики на одделни делови од планината. Линиите водат долж превоите каде минуваат патиштата што ја спојуваат внатрешноста со приморскиот дел.
Врвови на Велебит
уреди- Вучјак - 1644 m
- Велики Завижан - 1676 m координати : 44°48′08.5″N 14°58′25.2″E / 44.802361° СГШ; 14.973667° ИГД
- Мали Рајинац - 1699 m координати : 44°47’39.6”N 15°00’47.4”E
- Грмовача - 1676 m координати : 44°46’23.3”N 14°59’03.8”E
- Цриквена - 1641 m
- Велики Козјак - 1629 m координати : 44°43’59.1”N 15°02’07.6”E
- Зечјак - 1622 m координати : 44°42’11.4”N 14°59’21.2”E
- Шаторина -1624 m координати : 44°38’51.8”N 15°02’54.4”E
- Бачиќ кук - 1304 m координати : 44°34’45.8”N 15°05’46.0”E
- Киза - 1214 m координати : 44°32’54.7”N 15°09’35.2”E
- Велики Садиковац - 1286 m координати : 44°30’18.0”N 15°11’11.2”E
- Височица - 1619 m координати : 44°25 46.7”N 15°22 17.0”E
- Бадањ - 1638 m
- Вагански врв - 1757 m координати : 44°22’04.0”N 15°30’16.5”E
- Свето Брдо - 1752 m координати : 44°19’43.0”N 15°34’11.0”E
- Црнопац - 1402 m координати :N 44° 15’ 7.3’’ E 15° 50’ 11.6’’
Заштитени зони
уредиНа Велебит се наоѓаат неколку предели заштитени со закон. Целото подрачје е заштитено како парк на природата, а Северен Велебит и Пакленица се прогласени за национални паркови. Во внатрешноста на Северен Велебит се наоѓаат и посебно заштитените резервати, Хајдучки и Рожански кук. Останати заштитени подрачја се: Мирила, Премужиќевата патека, резерват на шумската вегетација Штировача, а предложени за заштита се: Сењска драга, Наџак било, Мали Рајинац, Велики Козјак, Штировача II, Девчиќа тавани, Рамино корито, Добри-бачиќ кук, Будаково брдо, Велинац и стеблото на обичната елка.[1]
Останати информации
уредиНајпознат растителен ендемски вид е велебитската дегенија (Degenia velebitica), која се наоѓа на монетата од 50 липи. Првпат била опишана и класифицирана од ботаничарот Арпад Деген, и по него го добила името. На Велебит се наоѓаат и најдлабоките спелеолошки објекти во Хрватска: Лукина јама, длабока 1.392 м (од височина 1.436 м до длабочина од 81 м) и Словачка јама 1.320 м.
За планинарите на Велебит уредени се патеки кои се обележани, и кои ги поврзуваат околните места и планинарските домови на планината. Според своите одлики, уреденоста и посетеноста, се издвојува патеката градена меѓу двете светски војни, а ги поврзува планинарскиот дом Завижан, Велики Алан и Оштариска врата, односно минува долж Северен и Среден Велебит.
Планината претставува значајна препрека во комуникацијата меѓу северна и јужна Хрватска. Современ патен систем е изграден дури во 2003 година, со пробивање на тунелот Свети Рок. Крај подножјето на Велебит минува и Јадранската магистрала, кој во овој дел е позната по острите кривини, како и честите затворања во текот на зима.
Велебит се појавува во патриотската хрватска песна „Вилата на Велебит“.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Велебит Архивирано на 29 септември 2007 г. (хрватски)
- ланинарски сојуз на Хрватска - Велебит
- З. Шпањол, Д. Барчиќ, Р. Росавец: Заштитени делови на природата на Велебит, PDF